Не се разбираме. Купувајте. Ете и ја купив, и пишав дека купив и пишав да се искористи можноста, нели бев јасен?
Само греота е одма да се плука по нашиве тука ради маркетинг капања на жирафава. И да мислиме дека они као се на наша страна јер анхоч и другите не дерат
Не е ни првиот маус стасан, ние више почнавме да бараме косовски пасоши...
Мислам дека овие два поста дават доста приземјен увид за реалноста (барем шо се однесва до куперациите за ИТ џиџи-миџи).Жирафа си прави реклама во моментов и продава работи по набавни цени ( а можда и подоле). Лично јас пред повеќе од 10 дена порачав две графички картички RTX 3090 по цена од 2030 евра кои сеуште не се стигнати иако требаше да стигнат во рок од 3 дена. Кога им побарав да купам повеќе исти такви и на фактура добив цена 40% повисока од таа по која ги имав порачано тие 2. Прашав дали за кеш ќе ја имам старата цена, добив одговор не, дека таа им била промотивна цена на ограничени количини и дека другите картички ќе бидат по повисоката цена...
Со други зборови, жирафа наместо да плаќа реклами по медиуми за да се докажува меѓу веќе етаблирани компании во земјава рекламата си ја направи на друг, далеку поинтелегентен и поуспешен начин. Сега сите ИТ ентузијасти слушнале за жирафа и за нивните ниски цени, па така во секој случај ќе ја разгледуваат и нивната понуда. Времето ќе покаже колку ќе успеат на нашиов пазар со оглед на тоа што немаат ритејл мрежа, а допрва треба да се докажуваат.
Дали на некој да му затребало да се повика на гаранцијата и какво искуство имал?
Во ред е тоа бе пеер, само дали тоа сепак значит дека немат гаранција, тоа ми е прашањето. Бидејќи тоа би било голема антиреклама, кога сервисот не би им функционирал и не би уважувале гаранција (тука првенствено мислам на скапи производи). Мада моментот со искалкулиран ризик држи вода, само се надевам секој што купува од нив го зема во предвид ризикот. Ме интересира дали навистина постои таков ризик.Пеер...Искалкулиран е ризикот. Ако сакаш да си мирен си купуваш од анхоч. Исто ти е со мобилен. Купуваш од ледиком 20% поефтин со жими мајка гаранција има, ако не сакаш да се ебаваш идеш у телеком го кешираш...
Повели, единствениот посериозен пост околу гаранција во темава.Во ред е тоа бе пеер, само дали тоа сепак значит дека немат гаранција, тоа ми е прашањето. Бидејќи тоа би било голема антиреклама, кога сервисот не би им функционирал и не би уважувале гаранција (тука првенствено мислам на скапи производи). Мада моментот со искалкулиран ризик држи вода, само се надевам секој што купува од нив го зема во предвид ризикот. Ме интересира дали навистина постои таков ризик.
Би го спомнал и моралниот момент во врска со внесувањето во државата и дали воопшто се плаќа данок/царина. Но, заради лакомлукот на локалните продавници нема да се замарам со тоа. Без вакви удари со ниски цени тешко да се сетат дека одлетале со маржите. Ако воопшто се сетат.
Сум го пропуштил постовПовели, единствениот посериозен пост околу гаранција во темава.
Сакав да го споделам и моето искуство пошо испадна малце покомплицирано од другите што ги прочитав на форумов пред да нарачам.
Имено сакав да нарачам Superlight од gjirafa пошо беше доста поефтино од Анхоч, а не бев у можност да си го купам коа беше Black Friday попустот. Маусот го нарачав регуларка со плаќање при достава. Стигна за 11тина дена, мислам дека малце каснеше ради Нова Година. Коа стигна при првиот unboxing очигледно беше дека нешо не е океј.
Погледнете го атачментот 108409 Ова не е superlight.
Ме фати страшна паника дека спичкав пари за апсолутно џабе, бидејќи и јас бев многу скептичен за корисничка поддршка, гаранција и слични ствари. Исто така не си го снимав unboxing-ot и технични немав никаков доказ дека стварно е грешен продуктот.
Се јавив на македонскиот број што е наведен, комуницирав на англиски да го објаснам проблемот. Уште истата вечер ми се јавија од Хело Пост и ми рекоа дека е настаната грешка од страна на gjirafa, наредниот ден ми го земаа маусот и ми ги вратија парите, а една недела покасно ми го донесоа и точниот маус со гаранција со се. Очигледно беше дека е направен fuckup бидејќи и на гаранцијата си пишуваше Superlight и на фактурата, само маусот беше грешен.
Иксрено се изнанедив што релативно брзо изреагираа, немаше никаков проблем низ целиот процес и 10 пати ми се извинија за настанатиот хаос. Се надевам дека нема да имам потреба да ја активирам гаранцијата ама дури и да треба не верувам дека ќе е негативно искуство.
Благодарам за споделување искуство. Јас кога работев во Паком - немаше воопшто проблем за замена на расипан дел - Диск ако појави расипан сектор - автоматски замена. Матична - исто. Не сервисиравме воопшто поединечни компоненти - само требаше да лоцираме во која компонента е проблемот и автоматски под гаранција купувачот си добиваше нова компонента. Брзо и едноставно - расипаните компоненти - спакувани се праќаа назад и беа секогаш заменети со нови.Ај да се надоврзам нешто во врска со гаранција од нашиве фирми, ене го кај ми е, ќе однесам одма, ќе ми сменат или поправат. Па не е баш така....
Сум имал спротивно искуство.... Купив цела конфигурација и на секоја игра при поголем лоад, се гасеше компјутерот. Го однесов во сервис повикувајќи се на гаранцијата, еј супер се е ок земи го. Дома истата приказна..... Земав сам да дијагностицирам, си играв со рамовите, со друго напојување, друга графичка со елементите од конфата, на крај излезе дека е графичката. Го однесов пак во сервис укажувајќи точно на проблемот, после 4 дена ми се јавија да го земам, се е средено.
Пак истото..... Пак го однесов, се е ок средено, дома пак истото..... Значи јас одев 4-5 пати се ебавав натаму наваму по гужви со куќиште под мишка, излагав од работа за да фатам сервис во работно време и на крај требаше да отидам во салон и да дигнам џева за да ми дадат друга графичка со доплата (таква иста немале), за да го решам проблемот. Вкупно целиот процес траеше 3 недели.....
Ама ене го кај ми е, ќе одам 100 пати така? Не сум имал конкретно искуство со Жирафа за гаранција и сервис или замена, ама среќа нашава фирма ептен ми излезе во пресрет за гаранцијава, кај што работат мрзливи луѓе од 8:00-16:00.
Не е се до тоа дали е гаранцијата во МК или надвор, туку колку и како ќе ја оствариш. Фино си пишува таму дека ако имаш дефект, производот го носиш во канцеларија во Скопје, не те боли глава за транспорт и граници тебе, они му ја мислат. И верувам дека кога е таков случај со граници и со подолга релација, дека барем ќе се сработи или дијагностицира проблемот проперно, а не иди ми дојди ми....
На крај краева за конкретно графичка што Жирафа ми ја дава скоро по MSRP цена за 1 недела на врата без да ми бара пари однапред во ова лудо доба со графички, не ми ни треба гаранција, ќе ја искинам
Можеби грешам, ама тоа е моето искуство и мислење.
Досега јас и мое другарче сме имале проблем со рам и некој ситен гаџет од ДДСторе , замена добивме одма доколку подлежи на гаранција нормално , иначе ајде да споделам и јас кога веќе споделувате сите предходна недела бев во ГТЦ во сетек да купам нови кулери за куќиштето другарчето што ми ги продаде имаше колега кој се потеше на една конфигурација како што разбрав меѓу редови го заебал слотот од матичната за графичката при самиот билд како и што не знам али ако НЕ ДАЈ БОЖЕ на некој му се случи ваква случка и ти мрсат муда после не се оправа и те тераат како будала да се шеташ секој втор ден тоа е навистина страшно .....Благодарам за споделување искуство. Јас кога работев во Паком - немаше воопшто проблем за замена на расипан дел - Диск ако појави расипан сектор - автоматски замена. Матична - исто. Не сервисиравме воопшто поединечни компоненти - само требаше да лоцираме во која компонента е проблемот и автоматски под гаранција купувачот си добиваше нова компонента. Брзо и едноставно - расипаните компоненти - спакувани се праќаа назад и беа секогаш заменети со нови.
Зошто оваа едноставна практика не е застапена кај сите фирми - не ми е јасно. Производителот што ги доставува компонентите ја нуди оваа опција.
Реално ова е гага !!!На кој му треба, џабе.
Погледнете го атачментот 109925
Ама сте се размазиле со цениве - Како бе гага ? Слушалки со микрофон - 1000ден - Глуфче - 1000 ден - Зошто мора 9900 да се даде ? Подобри се нешто ?Реално ова е гага !!!
да.Подобри се нешто ?
Многу си контрадикторен друже.Ама сте се размазиле со цениве - Како бе гага ? Слушалки со микрофон - 1000ден - Глуфче - 1000 ден - Зошто мора 9900 да се даде ? Подобри се нешто ?
Купувате таму се лажете - Маусот имал пул рејт - 200 херци - осетливост 12 000 дпи - и после - „Па исто е - не приметувам некоја разлика ...„ - Па исто е нормално !
Или слушалки Рејзер од 8000 ќе купи - „Абе не ми се погодија нешто - ги продавам„ „Купив бољи сеа„ Абе ајде...
Ај нека биде така - ама за 6900 повеќе - не се подобри!
Гледам на двајцата процесорите ви се AMD Athlon 64... За секој си има пазар, сега ние во Македонија што сме утепани е друга приказна.
Ова намерно го утна примеров до даска за да не посумњаме дека висиш на фемина, ама касно е.Тоа ти е исто ко да упаднеш на фемина и да им кажеш дека на битпазар има шминка за 100ден што сте запнале да купувате gucci.
не бе друже, само лично искуство пренесувам со тој бренд. Еве вака изгледа производ на Лоџитек после година дена користење отприлика. А бонус е ако работи после тој период.
![]()
EXTERNAL CAPTURE ELGATO GAME CAPTURE NEO 4K60 HDR USB 3.0 (TYPE-C), 10GBV9901
8.630,00 ден
USB Flash Drive 3.2 Gen1 64GB KINGSTON DATA TRAVELER EXODIA G2, BLACK, DTXG2/64GB
450,00 ден
CASE CORSAIR FRAME 4000D WOOD RS, Black/Walnut, CC-9011340-WW
9.850,00 ден
MEMORY USB 3.2/Gen.1 Type-C, 64GB SANDISK ULTRA SLIDER, Black, SDCZ480-064G-G46
1.300,00 ден
PSU 850W CORSAIR RM850E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, BLACK, CP-9020296-EU
8.410,00 ден
UPS 1200VA / 600W POWERWALKER VI 1200 SH, 2xSHUKO, 2x IEC C13, USB, RJ11, 10120050
9.120,00 ден