DarthJe5us
poweruser
- 2 јануари 2012
- 3.104
- 2.343
Според закон ЗББСП возилото е навлезено во раскрсницата кога предната осовина ќе ја премине стоп линијата.Колку си сигурен дека така функционира системот?
„Кога станува збор за поминување на црвено светло камерите треба да го констатираат поминувањето на црвено светло и прават фотографија од задниот дел на возилото на која се гледа регистарската табличка. Што се однесува до оние прекршоци каде се констатира брзината во тој случја камерите го снимаат предниот дел на возилото каде се гледа регистарската таблика и лицето што го управува возилото“,
појасни Велковски.
![]()
Системот „Безбеден град“ ќе „лови“ и ќе санкционира и непрописно паркирани возила, велат од МВР - 360 степени
Тоа, како што кажа началничката на Секторот за сообраќај во МВР, Маја Арсовска-Манов во вечерашното гостување во...360stepeni.mk
„Системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови во кои тие сообраќаат во Скопје, реагира Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје. Приватните превозници велат дека во градот нема посебни жолти ленти за автобусите, па кога долгите автобуси влегуваат на раскрсница на трепкаво зелено светло, поради должината на возилото, системот „Безбеден град“ ги регистрира како поминуваат на црвено. Ова значи високи парични казни и одземање на возачката дозвола од возачите.“![]()
Превозниците бараат да бидат посебна категорија во системот „Безбеден град“ - МКД.МК
„Ова може да предизвика сериозни последици во јавниот превоз, бидејќи немаат доволен број возачи за замена, а поголем број изречени забрани за управување би можеле да доведат до паркирање на автобусите и нарушување на редовниот сообраќај“, вели Зафировски и додава дека превозниците бараат да...mkd.mk
Ако системот изрекува казни за возила што со предната осовина веќе се во раскрсницата тогаш е незаконски калибриран. И за црвено и за жолто.