Симнав филм (XviD), за кој немаше никаков превод освен на словенечки и бугарски. Бугарскиот превод го внесов во google translate и го преведов на македонски. Истото го направив и со словенечкиот превод и го преведов на српски. Отворив нов текст документ и македонски преведениот текст од google го пастирав во новиот документ и со помош на српскиот превод, рачно си ги преправав зборовите бидејќи не беа идеално преведени од бугарски. Значи пробував да правам македонски превод за филмот. Дел од буквите беа истите од бугарскиот,а кај што преправав внесував текст со мак поддршка. Го направив повеќе од пола (немав време па останатиот дел до крај остана како што си беше преведуван на google) и го сочував како .SRT екстензија. Го пуштив филмот,но никако не го прикажува преводот. Бугарскиот и словенечкиот ги пушта иако едниот е на кирилица, а другиот латиница, а додека овој не сака никако. Пробав и со српскиот превод од google кој го сочував во .srt ама и тој не го пушта. Подесувањата во плеерите ги менував и за кирилица и за латиница,ама нема ефект. Користам КМ плеер, БС плеер, винд, медиа плеер, MV плеер, ама нема успех. До што ли може да биде :zbunet2: Има ли решение?