Добро, каде треба да се врти за да се информирам што се случува со моите пакетчиња?
Ова веќе е претеризам.. Пратки од Англија со Ројал Мејл ми стигаа порано за 10 бизнис дена, сега две ми каснат, едната е дури од 20 Март..
Исто нема абер/статус од Алиекспрес Стандард Шипинг пратките.. веќе 35 дена.
Шо се случува со пошта/царина знае ли некој?
Sent from my OnePlus 6T using Tapatalk
Ако си во Скопје, пробај следно: оди во Пошта 2-Достава, кај Железничка, кај паркингот спроти старо Космофон, влези кај поштарите, таму има шалтери, побарај го дежурниот контролор и објасни му ја ситуацијата, биди персистентен/на, земи и фактури/скриншоти со себе во врска со пратките. Веќе пишав дека некаде од октомври-ноември минатата година катастрофа е ситуацијата, особено со обичните пратки. Ги снемува или доцнат ептен. Мене во последните 6 месеци ми исчезнаа 4 пратки пуштени обично од Германија и Англија (од Англија со Ројал мејл). Од западна Европа до тука ако не стигнат за максимум три недели значи очекувај проблем, а ако не ти стигнат за месец дена, 95% веројатност е дека никогаш нема да ти стигнат. Решение: тие што имаат твитер масовно пингање Министерство за транспорт и Министерство за финансии, и пропратните Дирекции... Ако јавно не ги избрукаш ништо не се менува. Чаре друго незнам.