Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

kebe

hello world
29 март 2012
301
270
Како што спомна некој погоре методот е FIFO, член 22 од "Закон за данокот на личен доход" стр 38-39.
АИ сумарум :
Под FIFO методот (член 21 од Преодните одредби и објаснувањето во практичниот дел на водичот), се продава првокупената акција — онаа од 100 долари.

Пресметка:

  • Продажна цена: 305 $
  • Набавна цена (FIFO, прва влезена): 100 $
  • Капитална добивка: 305 − 100 = 205 $
  • Данок (10%): 20,5 $

Преостануваат во сопственост акциите купени по 200 $ и по 300 $. Тие се „на ред" за следните продажби — следната продажба би се спарила со акцијата од 200 $, потоа со онаа од 300 $.
Или ко шо спомнав, платете си професионалец доколку не сте сигурни во оваа работа ќе ви објасни најубаво како што, башка ако веќе се работи за поголема сума дефинитивно вреди заради евентуални цаки кај шо можеш легално да си намалиш на сумата шо ја должиш
Нема врска ова. Ова е чиста халуцинација. Член 22 нема никаква врска со Фифо. Те молам отвори прочитај пред да пишуваш.
 
-echo-

hello world
26 јули 2009
109
88

Атачменти

  • Screenshot_804.png
    Screenshot_804.png
    71,5 KB · Прегледи: 14
  • Screenshot_803.png
    Screenshot_803.png
    37,5 KB · Прегледи: 13

kebe

hello world
29 март 2012
301
270
Изгледа законов има повеќе членови со ист број. Луда работа.

Тоа фифо дава некаков редослед на продажбите на една иста акција, и е начин за пресметка на добивка или загуба на само една иста акција. Но што правиме кога некој тргува и продава различни акции. Пак останува тоа што го кажувам, се даночи крајната добивка на крајот на годината, не се даночи секоја мала индивидуална добивка оти така се занемаруваат загубите.
 
Не е најпроста ама не е ни екстремно сложена материја законов искрено... нема шо да се мешаат една со друга акција, пример мајкрософт си пријавуваш кога ќе продадеш мајкрософт, тесла пријавуваш кога ќе продадеш тесла...

Принципот за пријавување доход е до 10ти нареден месец со е-пдд ( ова важи строго за странски акции/хартии од вредност )

FIFO ( first in, first out) важи за една иста акција во случајов, пример купено една акција на Тесла на 200$, 2 на 210, и уште 2 на 220. Продадено 5 акции на 300$ - вкупна набавна цена: 200 + 420 + 440 = 1.060 $ = вкупен приход: 5 × 300 = 1.500 $ = капитална добивка: 1.500 − 1.060 = 440$ , тие 440$ ги пресметуваш по курсот на НБРМ на денот кога си ги продал акциите , т.е. кога си го реализирал доходот, и тоа го должиш на државата.

Најчестата забуна шо ја гледам овде е разликата во тоа како се пријавува доход на домашни и странски акции.
За домашни акции еве пример на Комерцијална банка, не си должен да го правиш ова со е-ппд, тие податоци автоматски ги добива ујп и на крај на година ти дава годишен извештај колку должиш.

За работа со странски акции иде овој механизам на пријавување на доход веднаш после извршена продажба ( при реализација ).

Друга работа е тоа шо пример пребивање со капитални загуби важи само за работа со домашни ( во земјава ) хартии од вредност и сл. Додека за странство немаш опција за било какво пребивање, строго плаќаш на заработка.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Не е најпроста ама не е ни екстремно сложена материја законов искрено... нема шо да се мешаат една со друга акција, пример мајкрософт си пријавуваш кога ќе продадеш мајкрософт, тесла пријавуваш кога ќе продадеш тесла...

Принципот за пријавување доход е до 10ти нареден месец со е-пдд ( ова важи строго за странски акции/хартии од вредност )

FIFO ( first in, first out) важи за една иста акција во случајов, пример купено една акција на Тесла на 200$, 2 на 210, и уште 2 на 220. Продадено 5 акции на 300$ - вкупна набавна цена: 200 + 420 + 440 = 1.060 $ = вкупен приход: 5 × 300 = 1.500 $ = капитална добивка: 1.500 − 1.060 = 440$ , тие 440$ ги пресметуваш по курсот на НБРМ на денот кога си ги продал акциите , т.е. кога си го реализирал доходот, и тоа го должиш на државата.

Најчестата забуна шо ја гледам овде е разликата во тоа како се пријавува доход на домашни и странски акции.
За домашни акции еве пример на Комерцијална банка, не си должен да го правиш ова со е-ппд, тие податоци автоматски ги добива ујп и на крај на година ти дава годишен извештај колку должиш.

За работа со странски акции иде овој механизам на пријавување на доход веднаш после извршена продажба ( при реализација ).

Друга работа е тоа шо пример пребивање со капитални загуби важи само за работа со домашни ( во земјава ) хартии од вредност и сл. Додека за странство немаш опција за било какво пребивање, строго плаќаш на заработка.
А што ако продадам и веднаш вложам во друга акција?
 
-echo-

hello world
26 јули 2009
109
88
А што ако продадам и веднаш вложам во друга акција?
Епа нели со продажба на веќе купена акција остваруваш доход ? Значи тоа треба да го пријавиш па ти после шо сакаш купувај наредно... фифо ... веќе имаш "ин" aко продадеш значи правиш out...
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.052
7.725
И како што веќе споменав - отворете си фирма и после сметководителот ќе си пријавува и загуби и добивки... Но сикирики
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Колку си сигурен дека не бараат експортиран фајл со трејдинг историја?

Другар има уште 40 дена до 2 години од чување на акција, се работи за сума од над 100.000€, и му кажаа дека ке мора да покаже трејдинг историја, за да го ослободат од плаќање на данок на добивка.
Што ако другар ти е "scalper trader" и има направено милион трансакции, како ќе ги пресметаат данок од УЈП?
Имаш видено како изгледа репортот од Trading212 ? Се уште нема стручна и техничка подготвеност од УЈП за ова
 
kebe

hello world
29 март 2012
301
270
Во ниедна нормална држава и по сите сметководствени приници што ми се мене познати данок се плаќа на разликата а не само на добивките. После кратко размислување сфатив дека методот ФИФО воопшто не е контрадикторен на тоа што јас го велам. Еве ви еден „посложен“ примр за да сфатите.

Јас сум купувал 3 години од акција А и Б. Четвртата годин продавам дел. Види табела.
датумактивностназивколичинаценадобивка/загуба
јануари 2023купувамакција А2100
февруари 2023купувамакција Б201000
јануари 2024купувамакција А3200
февруари 2024купувамакција Б301010
јануари 2025купувамакција А4300
февруари 2025купувамакција Б401020
март 2026продавамакција А44001000
април 2026продавамакција Б25990-300

Објаснување. Јас сум купувал три години од акција А и Б. Четвртата година се решавам да продадам дел. Е дури тогаш се применува принципот ФИФО за да се пресмета капитална добивка и загуба поеднично на секоја акција. Сепак, основата за даночење е разликата на сите добивки и на сите загуби. Во примерот погоре:
  1. Во 2026 продаваме четири акции А. По приницпот ФИФО ги продаваме двете од 2023 што чинеле 100 денари и две од 2024 што чинеле 200 денари. Сме вложиле 600 денари сме добиле 1600, имаме капитална добивка од 1000 денари.
  2. За акција Б, по приниципот ФИФО имаме капитална загуба од 300 денари.
За 2026 основата за даночење е 700 денари! Кога ќе дојде 2027, бројачот за капитална добивка или загуба се враќа на 0.
 
Последна промена:

Таа е методологијата да но со една разлика - гледам во денари дека ти е примеров и претпоставувам дека се базира на домашни акции во земјава, ако е така тогаш за 2026та основата за даночење ќе биде 0.
"данок не се плаќа на капитална добивка од хартии од вредност ако се поседувани подолго од две години." - Акција А првиот лот е купен во јануари 2023 (3год+), акција А вториот лот купен во јануари 2024та (2год+).

Едит : интересно сега баш проверувам и не можам да го проценам точно законов за загуби, мислам на ова - јасно е дека акции/хартии од вредност се ослободени од данок ако поминале повеќе од 2 години од купувањето, ама по таа логика и евентуални загуби би требало да бидат надвор од даночна пресметка доколку поминале повеќе од 2 години од моментот кога биле купени...
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.052
7.725
Сакате многу да работите со акции ама како физички лица? Сакате било што многу да работите а да не направите фирма? Well...

Дури и Гугле Гемини знае:

- многу тргувам со американски акции. според македонските закони изгледа дека како физичко лице треба да плаќам данок на сите добивки, но не сум ослободен од данокот кога имам загуба. како да го надминам ова?

Во право сте и за жал ја дефиниравте една од најголемите неправедности во македонското даночно законодавство кога станува збор за инвестирање во странство.
Според Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), пребивањето на капиталните загуби со капиталните добивки е експлицитно дозволено само за хартии од вредност тргувани на домашната (Македонска) берза. Кога тргувате на странски берзи (на пример, преку Interactive Brokers), УЈП го третира секој профитабилен излез како посебна даночна основа, додека загубите едноставно ги игнорира. Во превод: ако на една акција заработите $1.000, а на друга изгубите $1.000, вашиот реален нето-профит е нула, но во Македонија ќе платите данок на целите $1.000 добивка.
За да го надминете ова како сериозен трејдер, постојат три главни правни и практични насоки:

1. Тргување преку правно лице (Отворање Компанија / ДОО)​

Ова е најчистиот и најисплатливиот начин да се реши овој проблем доколку тргувате со поголеми суми и имате голем волумен на трансакции.
  • Како помага: Кога тргувате како фирма, сите трансакции влегуваат во вкупниот биланс на успех на компанијата. Добивките и загубите автоматски се пребиваат (се нетираат) на ниво на претпријатие.
  • Даночна стапка: Наместо данок на личен доход, фирмата плаќа 10% данок на добивка само на крајниот, нето-профит на крајот од годината (вкупни добивки минус вкупни загуби и признаени трошоци).
  • Дополнителен бонус: Како фирма, можете да ги одбиете и сите придружни трошоци како даночни расходи: претплати за платформи (TradingView, Bloomberg), сметководствени услуги, банкарски провизии, па дури и дел од сметките за интернет и опрема.

2. Искористување на долгорочно инвестирање (Hold)​

Доколку вашата стратегија дозволува, менувањето на стилот на тргување од "day trading / swing trading" во долгорочно инвестирање може да ве ослободи од данок.
  • Правилото за временски рок: Според моменталните законски одредби, доколку поседувате одредена акција или удел во фонд подолго од одреден временски период (обично 2 години) пред да ја продадете, остварената капитална добивка е целосно ослободена од данок.
  • Како помага: Ако купувате со намера да чувате (Buy and Hold), прашањето со пребивањето на загубите станува нерелевантно за позициите што ќе ги затворите со профит по истекот на законскиот рок, бидејќи даночната стапка за нив ќе биде 0%.

3. Намалување на бројот на даночни настани (Реализации)​

Бидејќи УЈП пресметува данок само на реализирани добивки (кога позицијата е затворена/продадена), даночниот настан не настанува сè додека акцијата е "отворена" на вашата брокерска сметка.
  • Стратегија: Избегнувајте прекумерно купување и продавање (overtrading) на исти или слични позиции во кратки рокови каде што ситни добивки ќе ви акумулираат даночна обврска, а привремените загуби нема да можете да ги искористите за да ја намалите таа основа.

Важна сметководствена напомена за физички лица​

Ако продолжите да тргувате како физичко лице, имајте предвид дека УЈП налага поднесување на електронска пресметка (е-ПДД) за секој остварен доход од странство до 10-ти во месецот за претходниот месец, каде што при пресметката на набавната вредност се користи строго хронолошката FIFO (First-In, First-Out) метода.
Доколку вашиот годишен обем на тргување прави сериозен промет, дефинитивно вреди да се консултирате со сметководител за префрлање на активноста во ДОО, бидејќи заштедата од нетирањето на загубите и признавањето на трошоците многу брзо ги покрива трошоците за одржување на фирмата.
 
TexasUS

user
25 февруари 2017
1.301
1.324
Па нели сакаме да се усогласуваме со европските регулативи? Ова го нема никаде!

Само кај нас може да имаш да некои двајца имаат идентична нето добивка од инвестирање, а да едниот може да пребива загуби другиот не само порафи тоа што инвестираат на различни берзи.

После сите биле со бугарски пасоши, фирми во Србија, Бугарија, Естонија, САД… Епа ќе бидат. :)
 
Последна промена:

-echo-

hello world
26 јули 2009
109
88
Сакате многу да работите со акции ама како физички лица? Сакате било што многу да работите а да не направите фирма? Well...

Дури и Гугле Гемини знае:

- многу тргувам со американски акции. според македонските закони изгледа дека како физичко лице треба да плаќам данок на сите добивки, но не сум ослободен од данокот кога имам загуба. како да го надминам ова?

Во право сте и за жал ја дефиниравте една од најголемите неправедности во македонското даночно законодавство кога станува збор за инвестирање во странство.
Според Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), пребивањето на капиталните загуби со капиталните добивки е експлицитно дозволено само за хартии од вредност тргувани на домашната (Македонска) берза. Кога тргувате на странски берзи (на пример, преку Interactive Brokers), УЈП го третира секој профитабилен излез како посебна даночна основа, додека загубите едноставно ги игнорира. Во превод: ако на една акција заработите $1.000, а на друга изгубите $1.000, вашиот реален нето-профит е нула, но во Македонија ќе платите данок на целите $1.000 добивка.
За да го надминете ова како сериозен трејдер, постојат три главни правни и практични насоки:

1. Тргување преку правно лице (Отворање Компанија / ДОО)​

Ова е најчистиот и најисплатливиот начин да се реши овој проблем доколку тргувате со поголеми суми и имате голем волумен на трансакции.
  • Како помага: Кога тргувате како фирма, сите трансакции влегуваат во вкупниот биланс на успех на компанијата. Добивките и загубите автоматски се пребиваат (се нетираат) на ниво на претпријатие.
  • Даночна стапка: Наместо данок на личен доход, фирмата плаќа 10% данок на добивка само на крајниот, нето-профит на крајот од годината (вкупни добивки минус вкупни загуби и признаени трошоци).
  • Дополнителен бонус: Како фирма, можете да ги одбиете и сите придружни трошоци како даночни расходи: претплати за платформи (TradingView, Bloomberg), сметководствени услуги, банкарски провизии, па дури и дел од сметките за интернет и опрема.

2. Искористување на долгорочно инвестирање (Hold)​

Доколку вашата стратегија дозволува, менувањето на стилот на тргување од "day trading / swing trading" во долгорочно инвестирање може да ве ослободи од данок.
  • Правилото за временски рок: Според моменталните законски одредби, доколку поседувате одредена акција или удел во фонд подолго од одреден временски период (обично 2 години) пред да ја продадете, остварената капитална добивка е целосно ослободена од данок.
  • Како помага: Ако купувате со намера да чувате (Buy and Hold), прашањето со пребивањето на загубите станува нерелевантно за позициите што ќе ги затворите со профит по истекот на законскиот рок, бидејќи даночната стапка за нив ќе биде 0%.

3. Намалување на бројот на даночни настани (Реализации)​

Бидејќи УЈП пресметува данок само на реализирани добивки (кога позицијата е затворена/продадена), даночниот настан не настанува сè додека акцијата е "отворена" на вашата брокерска сметка.
  • Стратегија: Избегнувајте прекумерно купување и продавање (overtrading) на исти или слични позиции во кратки рокови каде што ситни добивки ќе ви акумулираат даночна обврска, а привремените загуби нема да можете да ги искористите за да ја намалите таа основа.

Доколку вашиот годишен обем на тргување прави сериозен промет, дефинитивно вреди да се консултирате со сметководител за префрлање на активноста во ДОО, бидејќи заштедата од нетирањето на загубите и признавањето на трошоците многу брзо ги покрива трошоците за одржување на фирмата.
Која е придобивката од работа преку правно лице ?
Гледам дека дупло треба да плаќаш преку фирма, 10% на годишно ниво, + 10% персонален данок доколку ги извадиш парите од фирма на твоја сметка, се на се иде 19% данок од IBKR (пример) до твоја лична сметка.

Немам никаде видено дека има воопшто ослободување од данок за долгорочни инвестиции (2год+) за правни лица, ако имаш пристап до закон/член каде е тоа регулирано би било супер.

Од теоретски сценарија правно лице би имало логика за некој што има поголема бројка на трејдови во годината па да може да искористи предноста на пресметка и на загуба во текот на годината.
Од друга страна се тековните трошоци, прво задолжително книговодство, трошок за отварање на фирма, ( не знам за какво правно лице би станувало збор ама ваљда и трошоци за тебе како управител, здравствено осигурување, плати итн..

Може има некоја логика за одреден стил на работа...

Поради тоа што како фирма ете најверојатно ти се прибиваат добитоците и загубите а како физичко најверојатно не. Т.е. да, ама само на македонска берза.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв