Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

kebe

hello world
29 март 2012
300
269
Како што спомна некој погоре методот е FIFO, член 22 од "Закон за данокот на личен доход" стр 38-39.
АИ сумарум :
Под FIFO методот (член 21 од Преодните одредби и објаснувањето во практичниот дел на водичот), се продава првокупената акција — онаа од 100 долари.

Пресметка:

  • Продажна цена: 305 $
  • Набавна цена (FIFO, прва влезена): 100 $
  • Капитална добивка: 305 − 100 = 205 $
  • Данок (10%): 20,5 $

Преостануваат во сопственост акциите купени по 200 $ и по 300 $. Тие се „на ред" за следните продажби — следната продажба би се спарила со акцијата од 200 $, потоа со онаа од 300 $.
Или ко шо спомнав, платете си професионалец доколку не сте сигурни во оваа работа ќе ви објасни најубаво како што, башка ако веќе се работи за поголема сума дефинитивно вреди заради евентуални цаки кај шо можеш легално да си намалиш на сумата шо ја должиш
Нема врска ова. Ова е чиста халуцинација. Член 22 нема никаква врска со Фифо. Те молам отвори прочитај пред да пишуваш.
 

-echo-

hello world
26 јули 2009
106
85

Атачменти

  • Screenshot_804.png
    Screenshot_804.png
    71,5 KB · Прегледи: 7
  • Screenshot_803.png
    Screenshot_803.png
    37,5 KB · Прегледи: 6

kebe

hello world
29 март 2012
300
269
Изгледа законов има повеќе членови со ист број. Луда работа.

Тоа фифо дава некаков редослед на продажбите на една иста акција, и е начин за пресметка на добивка или загуба на само една иста акција. Но што правиме кога некој тргува и продава различни акции. Пак останува тоа што го кажувам, се даночи крајната добивка на крајот на годината, не се даночи секоја мала индивидуална добивка оти така се занемаруваат загубите.
 

-echo-

hello world
26 јули 2009
106
85
Изгледа законов има повеќе членови со ист број. Луда работа.

Тоа фифо дава некаков редослед на продажбите на една иста акција, и е начин за пресметка на добивка или загуба на само една иста акција. Но што правиме кога некој тргува и продава различни акции. Пак останува тоа што го кажувам, се даночи крајната добивка на крајот на годината, не се даночи секоја мала индивидуална добивка оти така се занемаруваат загубите.

Не е најпроста ама не е ни екстремно сложена материја законов искрено... нема шо да се мешаат една со друга акција, пример мајкрософт си пријавуваш кога ќе продадеш мајкрософт, тесла пријавуваш кога ќе продадеш тесла...

Принципот за пријавување доход е до 10ти нареден месец со е-пдд ( ова важи строго за странски акции/хартии од вредност )

FIFO ( first in, first out) важи за една иста акција во случајов, пример купено една акција на Тесла на 200$, 2 на 210, и уште 2 на 220. Продадено 5 акции на 300$ - вкупна набавна цена: 200 + 420 + 440 = 1.060 $ = вкупен приход: 5 × 300 = 1.500 $ = капитална добивка: 1.500 − 1.060 = 440$ , тие 440$ ги пресметуваш по курсот на НБРМ на денот кога си ги продал акциите , т.е. кога си го реализирал доходот, и тоа го должиш на државата.

Најчестата забуна шо ја гледам овде е разликата во тоа како се пријавува доход на домашни и странски акции.
За домашни акции еве пример на Комерцијална банка, не си должен да го правиш ова со е-ппд, тие податоци автоматски ги добива ујп и на крај на година ти дава годишен извештај колку должиш.

За работа со странски акции иде овој механизам на пријавување на доход веднаш после извршена продажба ( при реализација ).

Друга работа е тоа шо пример пребивање со капитални загуби важи само за работа со домашни ( во земјава ) хартии од вредност и сл. Додека за странство немаш опција за било какво пребивање, строго плаќаш на заработка.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв