1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

каде можам да купам добра,не профи штрафилица

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од maci, 1 ноември 2016.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Дечки, дајте препорака до кај 4000 штрафилица со што е можно повеќе различни битови. Нема да ја користам за дупчење (за тоа имам бормашини и хилти), него претежно за расклапање и склапање на мебел од типот на шифоњери, комоди, масички итн.

    Гледав нешто вака

    Iskra пакет ML-CD92-144 + Ero 58

    Дали има подобар избор или понуда @BESKO ?
     
  2. mkiptv

    mkiptv
    Gaining Experience

    403
    186
    28 ноември 2014
    Машко
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,778
    1,538
    22 oктомври 2012
    Машко
    Ако ти е за по дома, ѕирни ја оваа (не е батериска, на струја е), и ова сетче ;)
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќе гледам да одам да видам што имаат, вака преку фејсбук непрегледно.

    Добра идеа. Најверојатно и повеќе сила во nm има мада не ги разбирам баш цифрите. Само што сакам и за во кола да ја користам.
     
  5. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,778
    1,538
    22 oктомври 2012
    Машко
    Е тоа е веќе друго, од постот сконтав дека за по дома ти е :)
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па претежно да, во моментов треба да расклопам 4 шифоњери, 3 маси и некој други дрвенарии. Ама после тоа па ќе остане, а во кола па од друга страна можам и со рака да вртам :) Така да размишљам еве.

    За месец-два пак ќе треба шифоњери да расклапам, па да составувам (селидби фамилијарни) итн.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,550
    23 oктомври 2012
    Машко
    Искра никако, кабел никако! Once you go gajtanless... Оди во Хубо/Меркур и земи си што ти нудат за 4000 денари. Јас би зел бош, мада има и други брендчиња што се као лајт варијанта од појаките брендови, на пример стенли, мактек и слично. Само да е со литиумска батерија и друго не гледај. Јас сум немал искуство со Ингцо, али баџово е хели со неколку алатки од кај нив, мислам дека рутер и уште нешто такво има.
     
    На boro1, PC_GAMER, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    јесте, хубо не ми бега. Да ручам со син ми и палам натаму па ако не најдам ништо ќе се вратам на темава.

    А и да најдам ќе се вратам да се пофалам.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,550
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нека литиумските јони се со тебе, чедо батериско.
     
    На l1d0v1c, mkiptv, PC_GAMER и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,380
    12,506
    2 Август 2012
    Машко
    И ја би зел Bosch ама страв ми е да не налепам на фалсификат

    Бај д веј
    Дај препорачајте нешто ама понекогаш ми притребува да дупнам и дупка во ѕид за типлон и слично.
     
  11. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    821
    761
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Во хубо Бош опремата доаѓа директно од увозниците за Бош, Фамод.
    Батериска што ќе буши бетон нема да најдеш за ефтини пари.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,380
    12,506
    2 Август 2012
    Машко
    Неќум да бушам бетон. Од време на време ми треба да дупнам во ѕид обична дупка за штраф со типлон
    Типичен ѕид. Блок/малтер
     
  13. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    72
    105
    24 Април 2007
    Женско
    Ако не се користи често не е подобро гајтан ради деградација, safety hazard и сл.? Само ради практичност е подобро или?
     
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,550
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ако батеријата е литиумска не гледам никаков проблем во ретко користење. Деградација имаш и кај гајтанот на гајтанската, сејфти хазард имаш и кај елетричната, таа работи на висок напон... секогаш имаш ризици кои ги намалуваш со користење на подобри, порилајбл и најчесто поскапи уреди. Јас имам макита штрафилица веќе 5та година, ми притребува неколку пати годишно и тогаш обично ми треба интензивно и секад е спремна за работа никаков проблем досега, поготово што имам две батерии.
    Во последниве неколку години има и доста моќни батериски алатки, со поголеми батерии и буквално освен за хеви дјути работа, нема потреба од користење на гајтанфул алат. Се зависи од потребите и можностите.
     
    PC_GAMER, Lokvan и на Маша им се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    2,953
    3,292
    18 Април 2007
    Со li-ion нема такви опасности.

    Stanley, maktec и сл. се буџет марки и јас не би одел со нив.

    Или бош зелена од фамод или макита обична од лотулс.

    Штом еднаш купиш li-ion батерии веќе си влезен во "системот" и после секој следен алат ќе го купуваш без батерија. Купувајте 18V, не 12V/14.4V (ако овие уште постојат), и обавезно li-ion, никако ni-mh.

    Врвот е Hilti но се доста скапи и увозникот кај нас продава а се моли да не продаде ништo, башка што ги нема по продавници бидејќи моделот на продажба не им е таков, само во нивни продавници се продаваат.
     
    PC_GAMER, Astraion, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    993
    1,128
    11 Март 2011
    Пред да ја купиш, земи си Хубо картичка за попуст, 5% добиваш на било која сума на каса, пример за 4000 денари би било 200 денари попуст, без ценкање и слични марифетлуци :)
     
    На PC_GAMER и Lokvan им се допаѓа ова.
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Безбедносни ризици освен теоретски, објективно нема. А деградација дефинитивно има, на капацитетот на батериите.
    Тоа на страна јас лично се решив за гајтан. Пробав една евтина гајтанска, па пазарив Ингко гајтанска (што исто е евтина класа на штрафилица), па после завршени пар ситни работи заклучив дека гајтан шема ми врши работа мене лично.

    Е сега пар моменти, кои сите се лични и сосема необјективни согледувања:
    - гајтанлес е позгодно за работа, пошто гајтанот засметува во работа
    - за мене гајтанот не е толкаво сметање да да е дил брејкер

    Со гајтенлес алатките, за спокојно користење требаат барем две батерии.
    За мене лично гајтанлес е глаболка, најмногу пошто не можам да најдам друга алатка со иста батерија (како од Парксајдот штрафилицита која уште ми седи неотпакувана). Глаболка е пошто еднаш во два месеци се фаќам за штрафилица и ако ја истрошам батеријата, ќе треба да паузирам со работа (што е глупаво). Не само тоа, туку треба батеријата треба да ја чувам наполнета, што за литиум-јонски батерии не е добро - индивидуалните келии најпродуктивно се чуваат на 3.7~3.8волти напон, и на пониска температура (некои 4-6с целзиусови). Да голем број луѓе ќе кажат дека немаат проблеми подоста години, но тоа обично се луѓе кои работат кратки зафати - па намалувањето на капацитетот на батериите помалку го забележуваат.

    На крај, ако се иде на батериски алат - треба да се одбере бренд кој пружа подршка, и во понуда држи и нуди заменски батерии за алатите. Само цените не се незанемарливи, на пример ми кажаа дека Парксајд батериите коштаат 30-тина евра во Лидл маркетите по ЕУ комшиите. За бренд имињата како Макита/Рајоби/Бош/Милвоки/итн, цената е барем 2-3 пати повеќе. А дефинитивно за немање главоболки во работа, треба да се има барем две батерии (за брза замена кога првата батерија ќе се испразни).

    За мене гајтан е поедноставна опција. Но ова се многу индивидуални работи пошто секој има специфични лични потреби и секој треба за себе треба да си види.
     
    Последна промена: 21 Август 2019
    На ARMac, bxxxn, PC_GAMER и уште 3 други им се допаѓа ова.
  18. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Вака.

    Појдов до Хубо и таму начекав еден многу фин човек што работеше на DeWalt штандот. Иако не му е работа ми објасни фино лепо дека за таа сума што јас сум спремен да ја одвојам (4000 ден.) батериските штрафилици во тој ранг едноставно немаат сила.

    Човекот и ми демонстрираше, извади од 4500 штрафилица (без битови) и таа батерија од 12V пуштена на најјако ја запирав со рака. За 2000 денари ми препорача штрафилица од 300W со 6 метри кабел како алтернатива и е неспоредливо појака. Му спомнав дека сакам и за во кола да ми се најде и ми рече дека тие low-end штрафилици немаат сила да одвртат запечен 14мм штраф што има и рѓа на него.

    И така испадна, ја земав Matrix ED 300 за 1999 ден, и два пара битови од Extol Craft за 600 ден. заедно. Значи 2600 ден. И еве почнав да ја работам и сум задоволен како иде. Има гаранција 2 години во сервисите на Лотулс и Ник Елан (Скопје). На крај добро е што во Хубо има и битови на парче дури и пенталуп, secure torx итн., па ако нешто затреба не е далеку.

    Еве и слики.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    А да, заборавив да напоменам дека заменските батерии на тие ефтините штрафилици се 80% од цената на нова. Ако рикне или сакаш уште една ќе те скине стомак од секирации.
     
    На drifter, incontempt, borcep и уште 8 други им се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    На високо поставен (20+) кумплуг, со рака го задржуваше вртењето?

    Колку њутн-метри бил деклариран торк-от?
    Toa e премногу лошо и за најшкарт бренд со полупразна батерија... На жалост тоа е понудата овде, од батериските алати нема ништо вредно за купување а што кошта под 150-200е.
     
  20. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Таа до 16 идеше ако кумплуг е тоа кругчето. Т.е. 15 + бургија нацртана. Не запамтив што марка е ама беше зелена. Таа цена беше со 2 батерии, што викаш можда и празна да била. Оваа јас што ја земав иде до 19 + бургија. Ете и пропратно прашање на колку да ја наместам за склопување на маса од иверица 3цм?

    За околу 9000 имаше стварно добри штрафилици со Li-Ion батерии ама сепак непланирав толку да давам.
     
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Тоа е кумплугот. Ќе земеш едно вишак парче иверица и ќе пробаш неколку пати да добиеш осет на колку треба да го наместиш кумплугот за да биде се како што треба. Кумплугот го местиш на што пониско а да може да го заштрафува штрафот без да провртува заштитата, односно да проврти кога ќе дојде штрафот до крај на исто ниво со површината (но и без да избушиш кратер низ иверицата).
     
    На PC_GAMER и ARMac им се допаѓа ова.
  22. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,991
    1,225
    5 oктомври 2007
    Машко
    Прво таа била 12В, т.е. слабичка. Второ гарант била празничка батеријата. Од тие Матрикс му земав на татко ми 19 волтна лани исто од хубо за околу 4000, и на пуна батерија нема шанси да ја задржиш на бургија наместено. Во било кој случај тие со гајтан се секако појаки, и постојани во смисла на конзистентност на вртежен момент.
    А за кола и запечен штраф освен пнеуматска друго ништо не отвара .

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    Lokvan, Oktar и на ARMac им се допаѓа ова.
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па добро еве ја склопив масата, расклопив два шифоњера једина маана ми е тоа што е голема за некои агли, тоа што има гајтан и не ми смета толку.

    Ако не се лажам имаше едни битови како црева за тесни/аголни штрафови или лупам глупости?
     
    На bxxxn и Lokvan им се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мислам дека овакво нешто ти треба:
     

    Прикачени датотеки:

    На ARMac и Маша им се допаѓа ова.
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Да тоа е тоа. Идам во петок пак во хубо сигурно имаат нешто слично имаше стварно многу различни сетови на битови, бургии.
     

Сподели

Вчитување...