Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Прави разлика меѓу киловат и киловат/час. :)

@stavrov69 нагласи дека зборува за киловат/час или 2.7 kwh. Затоа го прашав за колку време се потрошиле тие 2.7 kwh.
 
Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
Прави разлика меѓу киловат и киловат/час. :)

@stavrov69 нагласи дека зборува за киловат/час или 2.7 kwh. Затоа го прашав за колку време се потрошиле тие 2.7 kwh.
my bad :) кафево нее благо уште спијаме :) како да е корисникот нека објасни подетално че помигни некои
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
515
327
Тие 2.7 kwh се мерени на колку време, 24ч.?
Колку беше потрошувачката претходно?

Инаку на сите клими им се зголемува потрошувачката како што паѓаат температурите и како што скока влажноста. Јас тоа го гледам и на мојата Тошиба, и Флегма го гледа истото на неговите Мидеи Вивакси.

Да сакаше да ти помогне Флегма ќе те прашаше на колкав процент на искористеност на моќноста ти работеше климата во тие најладните периоди кога почесто влагаше во дифрост.

На пример, максималната потрошувачка ако е 1.5 киловати - ако климата работи на макс. потрошувачка тогаш многу полесно и почесто влегува во дифрост. Ова е причината зошто он-оф климите не работат добро на пониски температури од нула, пошто секогаш работат на максимална потрошувачка.
Тоа што се обидувам да го кажам, е дека за да немаш чести дефрости треба да се пази да се задаваат такви внатрешни температури за максималната потрошувачка да не оди над 50-75% потрошувачка. Но тоа значи и правилно да се димензионира климата. Твојава ако работи на 100% во најладното, климата не ти е доволно силна за потребите на просторот - или имаш дома некој зимурлив кој љуби да поставува 26-30с внатрешна температура во најладното. :)

Ова погоре важи за сите клими, без исклучок.
Потрошувачката се качила до 2.7 kwh (така покажа мерачот) а колку време незнам. До сега ја користев на ауто навечер на 20 С, од 14 до 23-1 часот на 23 до 25 С зависи кога како. Често знаеше на најладните денови и на влажните да дува млако. Немам искуство со грее, правев муабет со луѓе што користи Панасоник и ЛГ и немаат такви проблеми и толку чести дефрости, али изгледа сепак има голема разлика од марка до марка.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Потрошувачката се качила до 2.7 kwh (така покажа мерачот) а колку време незнам.
Тогаш бесмислено е да разговараме за потрошувачката, ако не знаеш за колкав временски период се потрошиле тие 2.7 киловат часови.

Искрено не знам ни што гледаш ни каде го гледаш тоа, дај сликај го мерачот и стави фото да видиме... Вака да претпоставам дека тоа ти е вкупна потрошувачка од кога е пуштен/ресетиран мерачот?

На крај, ако не сакаш да се замараш да повторам што е наједноставно: Гледај максималната потрошувачка да не оди над 50-75% макс моќност. Значи ако климата има специфицирана максимална моментална моќност од 1.5kW ,тогаш тигледај да си под 1kW.

До сега ја користев на ауто навечер на 20 С, од 14 до 23-1 часот на 23 до 25 С зависи кога како.
Појасни дали ја исклучуваш климата или ти работи 24/7. Не знам до сега како не се разбра дека клима уредите не се калорифери. Оставете ги да работат 24/7 ако сакате економична работа и заштеда.

@FLEGMA ти бе друже да искоментираше нешто? Или ложиш вреќи со пелети па немаш време? :p
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
515
327
Тогаш бесмислено е да разговараме за потрошувачката, ако не знаеш за колкав временски период се потрошиле тие 2.7 киловат часови.

Искрено не знам ни што гледаш ни каде го гледаш тоа, дај сликај го мерачот и стави фото да видиме... Вака да претпоставам дека тоа ти е вкупна потрошувачка од кога е пуштен/ресетиран мерачот?

На крај, ако не сакаш да се замараш да повторам што е наједноставно: Гледај максималната потрошувачка да не оди над 50-75% макс моќност. Значи ако климата има специфицирана максимална моментална моќност од 1.5kW ,тогаш тигледај да си под 1kW.

Појасни дали ја исклучуваш климата или ти работи 24/7. Не знам до сега како не се разбра дека клима уредите не се калорифери. Оставете ги да работат 24/7 ако сакате економична работа и заштеда.

@FLEGMA ти бе друже да искоментираше нешто? Или ложиш вреќи со пелети па немаш време? :p
Ајде кажи ми на GREE LOMO LCLH 5 KW колку и е максимална потрошувачка за да знам на колку да ја користам? Јас мислев дека е до 2 kwh но на мерачот покажува дека во еден момент стигнала дури до 2.7 kwh и на овие температури на среден фан не симнува под 1.3 kwh (на пониски температури незнам зошто не го пратев толку мерачот). Мерачот ми е од обичните нарачан од Али. Климата не е исклучена од октомври месец незнам каде прочита дека не работи 24/7, или треба на 25 С да биде нон стоп.

Едит: Од кога е ресетиран мерачот до сега (вкупно 6 денови) има потрошено 120 kw

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
@Lokvan брат кафето сме го згрешиле од сабале ( мала шала ) @stavrov69 има GWH18QD-K3DNA5G според сервисното на Gree min 360w max 2600w https://gree.uk.com/pdf/Service manual-LOMO 18-24K.pdf јас си помислив 12 има зато ми падна сумливо не видов која клима има иначе 12 е до 1,5 max така според сервисното на Gree .. то значи на максимум ти раб климата зато влече 2600 сигурно имаш голем простор
 
Просторот е 45 м2

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
366
407
Без паника, и да повлече 2700w тоа трае не повеќе од минута и потоа повторно се намалува (во зависност од постигнатата температура) под 1000w.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Аха, ок. Епа штом работи на макс. моќност нормално дека климата ќе влегува почесто во дефрост. Инаку @stavrov69 изгледа дека климата не е доволно силна за твоите топлотни потреби. Нормално е некогаш да качи до макс. моќност, на пример после луфтирање. Но не е добро постојано да работи така.

Ова е еден од оние примери каде е незгодна одлуката дали да се иде на посилна клима или во најладните 2-3 недели да се додава додатно грејно тело. И двете опции имаат економска логика.
Јас лично во твојот случај би идел на две 3.5ки наместо на таа една 5.5ка клима. За слични пари повеќе перформанси.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
515
327
Муабетот ми беше да сподели некој искуства зошто незнам дали е нормално и да знам што да очекувам. На пониските температури на ауто фан (најверојатно макс) не успеваше да дува топло како што треба туку повеќе беше млако. Дали е нормално тоа или да викам монтери да ја проверат?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Ајде кажи ми на GREE LOMO LCLH 5 KW колку и е максимална потрошувачка за да знам на колку да ја користам? Јас мислев дека е до 2 kwh но на мерачот покажува дека во еден момент стигнала дури до 2.7 kwh и на овие температури на среден фан не симнува под 1.3 kwh (на пониски температури незнам зошто не го пратев толку мерачот). Мерачот ми е од обичните нарачан од Али. Климата не е исклучена од октомври месец незнам каде прочита дека не работи 24/7, или треба на 25 С да биде нон стоп.

Едит: Од кога е ресетиран мерачот до сега (вкупно 6 денови) има потрошено 120 kw

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

Еее ја и цела Бугарија коа трубеме за висока консумација на струја кај ГРЕЕ климите, никој не чита.
Ама барем си стоплен.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Муабетот ми беше да сподели некој искуства зошто незнам дали е нормално и да знам што да очекувам. На пониските температури на ауто фан (најверојатно макс) не успеваше да дува топло како што треба туку повеќе беше млако. Дали е нормално тоа или да викам монтери да ја проверат?
Од каде да знаеме какви топлотни потреби имаш?
Каква изолација имаат тие 45 м2? Дали држиш отворени врати кон други соби?

Прва година се грееш со клима? На што си се греел претходно? Каков извор на топлина, колку киловати?

На невидено може само како Влавот погоре да се кажуваат гачки и паушални изјави. Ама па ти секако можеш да се пожалиш во сервис, само после пиши ни кој бил во право.
Еее ја и цела Бугарија коа трубеме за висока консумација на струја кај ГРЕЕ климите, никој не чита.
Ама барем си стоплен.
@vlavot „трубеш“ ама не дискутираш. :)

Сум те прашал и друг пат, знаеш што е COP така?
Сега на +5с таа климата на Ставров горе има барем СОР 3.5 а веројатно и повеќе. За нашиов муабет ете ќе земеме дека има СОР само 3. Таа клима со потрошувачка од 2.7kW знаеш колку топлина испорачува?
- Испорачува окулу 8.1kW топлина. Тоа е колку 4 панелни греалки од по 2 киловати. Само што климата наместо да потроши 8kW, таа клима трошела 2.7kW.

Ставров ако има потреба од 8 киловати топлина, тогаш дефинитивно земал преслаба клима со таа 5.5-ка. Затоа за такви топлотни потреби се зимаат две 3.5-ки, не дека ќе трошат помалку, туку дека така немало ни да примети дефрости и слично.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
515
327
Од каде да знаеме какви топлотни потреби имаш?
Каква изолација имаат тие 45 м2? Дали држиш отворени врати кон други соби?

Прва година се грееш со клима? На што си се греел претходно? Каков извор на топлина, колку киловати?

На невидено може само како Влавот погоре да се кажуваат гачки и паушални изјави. Ама па ти секако можеш да се пожалиш во сервис, само после пиши ни кој бил во право.

@vlavot „трубеш“ ама не дискутираш. :)

Сум те прашал и друг пат, знаеш што е COP така?
Сега на +5с таа климата на Ставров горе има барем СОР 3.5 а веројатно и повеќе. За нашиов муабет ете ќе земеме дека има СОР само 3. Таа клима со потрошувачка од 2.7kW знаеш колку топлина испорачува?
- Испорачува окулу 8.1kW топлина. Тоа е колку 4 панелни греалки од по 2 киловати. Само што климата наместо да потроши 8kW, таа клима трошела 2.7kW.

Ставров ако има потреба од 8 киловати топлина, тогаш дефинитвно земал преслаба клима со таа 5.5-ка. Затоа за такви топлотни потреби се зимаат две 3.5-ки, не дека ќе трошат помалку, туку дека така немало ни да примети дефрости и слично.
Термо фасада со 5 см стиропор, пвц прозори и 5 см изолација на таван (тервол) над плоча. Вратите се отвараат кога има потреба да се загрее ходникот мада и тоа е ретко најчесто се грее споменатата просторија.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Ајде кажи ми на GREE LOMO LCLH 5 KW колку и е максимална потрошувачка за да знам на колку да ја користам? Јас мислев дека е до 2 kwh но на мерачот покажува дека во еден момент стигнала дури до 2.7 kwh и на овие температури на среден фан не симнува под 1.3 kwh (на пониски температури незнам зошто не го пратев толку мерачот). Мерачот ми е од обичните нарачан од Али. Климата не е исклучена од октомври месец незнам каде прочита дека не работи 24/7, или треба на 25 С да биде нон стоп.

Едит: Од кога е ресетиран мерачот до сега (вкупно 6 денови) има потрошено 120 kw

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Просек имаш од 833вати на час.
За 45м2
2.7kw ти има влечено најверојатно кога беше најладно
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
515
327
Нововселен простор, не си греел претходно таму со друго греење?
Од септември се вселивме, од октомври се грее. Инаку заборавив да пишам доле е гаража изолирана на таван исто со 5 см стиропор.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.614
19.350
Еее ја и цела Бугарија коа трубеме за висока консумација на струја кај ГРЕЕ климите, никој не чита.
Ама барем си стоплен.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Стоплен е. Со дефрости на секои 50 минути и истите траат по 5 минути минимум. Кај него среќа е што има добра изолација..

Уште еден кандидат за пелети. Локван и мдени зедоа на душа еден куп луѓе :)
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Од каде да знаеме какви топлотни потреби имаш?
Каква изолација имаат тие 45 м2? Дали држиш отворени врати кон други соби?

Прва година се грееш со клима? На што си се греел претходно? Каков извор на топлина, колку киловати?

На невидено може само како Влавот погоре да се кажуваат гачки и паушални изјави.
Термо фасада со 5 см стиропор, пвц прозори и 5 см изолација на таван (тервол) над плоча. Вратите се отвараат кога има потреба да се загрее ходникот мада и тоа е ретко најчесто се грее споменатата просторија.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

Ouch каков шамар му залепи на @Lokvan :)

Еве по 100 пати пастиран видео запис, од клима уред кој троши 1.47kw на час, во 45 квадрата, патем ова е куќа, без надворешна изолација можеби има некој гипскартон со тервол внатрешна изведба.
Е сеа има само мала, онака маленка разлика 5.5 Lomovo na +7 троши исто како оваа клима, а оваа на -20 троши толку :) со внатрешни 23
View: https://www.youtube.com/watch?v=l6p6Dbzg_KQ

И уше еден edit:
Тоа ломо 18 шо му го шитнале за 40.000 плус е ваљда 2.5 на -10 а можда и послабо.
Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Од кога е ресетиран мерачот до сега (вкупно 6 денови) има потрошено 120 kw
Ги проверив пресметките на @GGTT1, точно е дека во просек имаш од 833вати на час, или 0.8kW средна потрошувачка. Не знам зошто не би бил задоволен, ова е нешто сосема друго од тоа што го кажа. Ти си гледал моментална потрошувачка кога била најголема.
Немој вака недокажно, се попрскаа од радост Флегма и Влавот. :p

Повремени пикови се дешаваат кај сите, посебно после луфтирање. Кај тебе пикот е 2.7kw а ти реков, за помалку дефрости гледај да не работи климата на 100% оптеретување односно во твојот случај од 1.5 до 2кW.

Тоа ломо 18 шо му го шитнале за 40.000 плус е ваљда 2.5 на -10 а можда и послабо.
Супер, ај сега да му донираш на Ставров колку му фали да доплати за Mitsubishi MSZ-FV35VE... Патем и јас би ги сменил моите Гри за Мици, прати неколку илјади евра и кај мене.

Момци! Друг некој нема за Мици?
Ајде, навали народе - Влавот дава пари за сите да купиме јапонски клими! :hay:
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.110
6.055
Ајде кажи ми на GREE LOMO LCLH 5 KW колку и е максимална потрошувачка за да знам на колку да ја користам? Јас мислев дека е до 2 kwh но на мерачот покажува дека во еден момент стигнала дури до 2.7 kwh и на овие температури на среден фан не симнува под 1.3 kwh (на пониски температури незнам зошто не го пратев толку мерачот). Мерачот ми е од обичните нарачан од Али. Климата не е исклучена од октомври месец незнам каде прочита дека не работи 24/7, или треба на 25 С да биде нон стоп.

Едит: Од кога е ресетиран мерачот до сега (вкупно 6 денови) има потрошено 120 kw

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

Значи климата цел месец да работи со 120кв за 5 дена тоа се 24кв на ден. Или 3600 денари месечно. Тоа е совршена потрошувачка според мене за јануари.

Да си ја користиш и да не се замараш воопшто. Биди си згреан, а потрошњата секако ќе е минимална. Сепак инвертер е најефикасен уред за загревање. Има и хиперинвертери секако, добро тие се поефикасни ама се иста врста на греење.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Климата не е исклучена од октомври месец незнам каде прочита дека не работи 24/7, или треба на 25 С да биде нон стоп.
Да не заборавам и ова, јас навечер не би намалувал помалку од 23с. Зошто да не користиш енергија на евтина тарифа на струја - ѕидовите и намештајот акумулираат топлина.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
„Хаха“ ова беше шега а? ;)

Сите материјали имаа одреден термален капацитет. За ова не размислуваме многу, ама така е. Еден експеримент: пробај на ладново остави отворени врати и прозори неколку саати. Пробај после да легнеш во креветот, или да седнеш на каучот - и кажи ми дека не се ладни колку температурата на надворешниот воздух.

Епа истото важи и во обратна насока. Материјалите од домот се загреваат. Така тие 9 саати евтина тарифа на струјата од 22 до 07ч. се можност за евтино греење. Нема друга (економска) причина за да се намалува температурата на воздухот навечер - освен ако некој сака да спие на поладно, што е сосема во ред како причина. Но економска причина нема.

Секое малку, кога ќе се собере прави многу. Така цела зима заштеда преку повеќе користење на евтината тарифа, прави разлика во сметките за целата грејна сезона.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.614
19.350
Или 3600 денари месечно. Тоа е совршена потрошувачка според мене за јануари.
Совршена е ако имаш една клима и ако седиш во двособен стан со идеална термоизолација. Пошто овдека сите не седат во такви станови јасно е дека математикава не е воопшто поволна за некој со повеќе соби.
Напротив! Неисплатливо е да се грееш со повеќе клими низ собите.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.505
SK
Флегма, зошто вака на памет и паушално пласираш невистинити тези?
Имаш потреба сам себе да се убедиш дека не си се заебал со купувањето систем на греење со пелети?

Ако го прочиташ повнимателно насловот на темава, ќе видиш дека линк со резултати од мерења има во првиот пост од дискусијава. Резултатите од тие мерења кажуваат дека твојата теза е неточна, и дека греење со една или повеќе клима уреди е убедливо најевтиното греење.

Смешно е веќе! Следно ајде пак прашај ме дали ми е ладно на стопалата!! :D
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно