• Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  • Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

iPhone од "Ledikom"

AleksandarBR8

Gaining Experience
8 февруари 2015
151
142
Skopje
AleksandarBR8's setup  
Processor & Cooler
i3 9100F
Motherboard
Asus Primer H310M-R R2.0
Storage
Kingston SSD 240GB / 500GB Kingston HDD
PSU
Cooler Master Elite V3
RAM
8GB
Video card
Radeon RX580
Case
Cooler Master Q300l
Monitor
24inch MAG
OS
Windows 10 Pro
Јас имам лично искуство со iPhone 6/6s/7 од ледиком купени како експонат, првите два беа во ред но еден имаше проблем со микрофонот не ме слушаа добро, кога отидов со гаранцијата ми го зачистија за момент се среди но после некој ден пак, не отидов пак но сум задоволен од уредите, би купил пак.
 

rubik

Gaining Experience
20 јули 2018
37
57
Колега зема лани iPhone 11, година дена еве тера, презадоволен, нема никаква мака...
 

Ulrezaj

On your way to fame
20 јуни 2012
371
536
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Проблемот со мобиларите не е во случај на „се погоди мобилниот“ туку баш обратно, кога ќе имаш проблем а нема да ти излезат во пресрет и ќе те прават мајмун. Е тек во тој случај немаш апсолутно никаква заштита. Не дека со Анхоч, Сетек и останата багра би имал ама секогаш е „надежта“ дека ќе ти излезат во пресрет пошто нели се „сериозни“ компании.

Кратко искуство за Анхоч и Сетек:

- Рутер „Tenda“ го носам на сервис пошто на секое се дисконектира. Го добивам, пишува сменале фирмвер, палам ист проблем. Го носам повторно, го враќаат и викаат дека бил исправен. Фала пријатно, на излегување од дуќан го фрлив во канта во непосредна близина на дуќанот.
- Razer слушалки купени од Сет, ги носам им кажувам дека левата слушалка има проблем, ми ги вракаат со назнака дека биле исправни. Стојат во кутија цела година, по се изгледа за „украс“ ќе останат.

Кај нас останува она „македонското“, купи го производот и моли се да не ти се расипе.
 

outsider

Gaining Experience
14 јуни 2019
63
105
Другар мој имаше купено iPhone X и престана да му работи, во ледиком не сакаја да му го сервисираат а беше под нивна гаранција. Го однесе во iStyle и го попраја.

Јас сум строго против ледиком затоа што се избегнува данокот и никој не ти гарантира. На негова милост си.
 

Sly25

Intern
18 април 2016
16
6
Дали да се оди на варијанта експонат од Ледиком/Мобеликс со 6 месеци нивна гаранција или да се бара добро сочуван користен iPhone x/xs?
 

Marko1213

Intern
28 декември 2019
29
38
Мои пријатели имаат зимано од Ледиком,кај некој е ок ама секако полошото ќе ти остави поголем впечаток.На пример,другар мислам зема експонат и после некое време му се расипа некој дел од телефонот мислам дека беше микрофонот,кај што го однесе кај нив на сервис и плати убава цена,откако му го направија микрофонот веднаш потоа му се јавија проблеми со звучникот.Углавно мене лош впечаток ми оставиле,а за ова до неиздавањето фискални мислам дека треба да се купува од некоја мобилара која ја почитува државата.За mobelix само пофални зборови сум слушал,а мојот е купен од iButik пред неколку години и јас сум втор газда но немс никаков проблем.
 

toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Проблемот е што постои сива зона кај што мобиларите се регистрирани како занаетчии и уживаат безброј поволности без (или мали) пенали. Грото од тие уреди идат кај нас по канал што поминува неоданочен или царинет. Затоа не можат да ти извадат фискална сметка, ама пак не можат ни да ти гарантираат за тоа дека телефонот е апсолутно нов и никогаш неотворен. Затоа ќе добиете телефон на кој што сериските броеви не се соодветни. Има дел од нив што пристигнуваат веќе поправани од оштетувања. Што ви гарантира дека уредот не е модификуван/багнат софтверски за да ве прислушкува или снима нон-стоп? Ќе слушате наваму-натаму стално им се расипуваат микрофоните и слично. Чудно.

Тоа е на огромна штета на продавниците што продаваат уреди целосно автентични и не можат да просперираат затоа што мобиларите ги продаваат тие репарирани телефони во јавноста како „нови“, а пред инспектори како репарирани зошто не можат тие да продаваат „нови“ како занаетчии. За тоа никој не покрева постапка или прави напор да се регулираат во рамки што ќе бидат прифатливи и ќе соодветствуваат на дејноста.

Apple имаат интернационална гаранција на уредите и ќе го прифатат во iStyle, ама затоа за останатите уреди си на нивна милост и збор на парче хартија. Аку сакате телефон со неавтентична/непозната позадина - слободно купувајте, ваши пари ваша одлука. Само мислете што ќе оставиме на нашите деца во иднина, каде ќе заврши нечија приватност и како сте ги потрошиле вашите (тешко) заработени пари.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,054
Мислења
837,673
Членови
28,983
Најнов член
НикииНена
На врв Дно