DarthJe5us
poweruser
- 2 јануари 2012
- 3.104
- 2.343
Да не биде да го чекаме овој меур ко оној со становиве?^^ Забегана работа. Не купувајте рам меморија освен ако не ви е неопходно. Почекајте да спласне меуров со Аи, цените ке се стабилизираат.
Новите мобилни ќе се вратат на 4гб рам изгледа.
јабуките беа многу напредни. Таман кренаа од 8 на 16, ќе ги вратат на 4 изгледа. или ќе се доплаќа колку за уште еден мек.
се збори дека ова е меур се повеќе и повеќе. Се вложува во инфраструктура трилиони, али сите АИ фирми што работат не се профитабилни. Изгледа целава работа прилично вештачка. Кожниот од нвидиа го брани тоа дека не се меур дури. Целата работа делува ко Џенсон да ги молзе big tech со неговите чипови.
Mеур, пирамида, понзи беше и е т.н. крипто - 15 години муда за бубрези продавање од групички од по 2-3јца што мислат измислиле топла вода+тркало+сечен леб се во едно а во суштина е добро организирана шема од моќни инстанци од чии последици (откако ќе се изврши комплетна транзиција на платен систем кон т.н. дигитални валути) ќе плачат сите.
Т.н. AI - каде нема I од интелигенција али ајде, човеколиките мајмунчиња се драматични и лажовити по природа, не е меур и тоа го знае секој што работел барем 2 минути со фото/видео едитинг/продукција. Репетитивни задачки сега се завршуваат за 99.99% побрзо време, комплексни мулти-милионски продукции може да се сведат на еден промпт итн. Adobe, Canva (Affinity) сите веќе интегрираа некоја форма на т.н. AI. Ќе гледаме револуција во многу мултимедијални области: видео, аудио итн. Ќе се овозможи на луѓе со креативен потенцијал да пристапат до сфери кои до вчера било невозможно затоа што т.н. learning curve била комплексна или режиските трошоци за реализација биле превисоки.
Во меур зона се само посреднички фирми, кои немаат никаква инфраструктура туку се само API протоколи со постоечки бекенд во позадина (гугл, опенаи итн). Овие ќе го преплават пазарот но само малку од нив ќе опстојат. Suno на пример гази моментално за аудио но е соочено и со голем број на тужби, ова ќе ги зафати и многу други, па од тоа после ќе се кристализира правец, закони, протоколи итн. Рано е уште.
Срамота е луѓе на ИТ форум да бидат толку еднодимензионални и да не логицираат па да се повикуваат на мејнстрим хипотези наменети за маркет манипулација.
AI и роботика / автомазација (базирана на AI нормално), сето ова сервирано од клауд инфраструктура со огромен процесирачки капацитет ќе биде главна занимација до крајот на веков.
Било кој што се обидел да искористи „ВИ“ за да забрза/автоматизира некаква репетативна работа, или работа со код, или макар да забрза и фокусира пребарување - знае дека работата не е хајп туку е тука за да остане. Називот „ВИ“ можеби не е најсоодветен, ама како и да го нарекуваат секако е многу корисна алатка.Репетитивни задачки сега се завршуваат за 99.99% побрзо време, комплексни мулти-милионски продукции може да се сведат на еден промпт итн. Adobe, Canva (Affinity) сите веќе интегрираа некоја форма на т.н. AI. Ќе гледаме револуција во многу мултимедијални области: видео, аудио итн
...
AI и роботика / автомазација (базирана на AI нормално), сето ова сервирано од клауд инфраструктура со огромен процесирачки капацитет ќе биде главна занимација до крајот на веков.
проблем се чиповите во кои се вложува. Аргумент против ова иде брзото застарување на оваа инфраструктура. Нешто што е моќно сега, нема да е за година или две. Целата ствар е да биде профитабилно за компаниите да се врати инвестицијата. Овие нема да ја вратат инвестицијата за сегашните чипови ни за 5 години, а веќе мора да купат понови и побрзи чипови. Целава работа ќе стане rat race за тие што се навлезени, у која Џенсон ќе ги молзе. Единствена компанија што не вложува е Епл. И тоа им е коцка, или ќе испаднат у право на крај, или ќе назадуваат.
За земји кои се на врвот на пирамидата парите не се проблем, се штанцаат пари по потреба, не им се секирај ти на нив од тој аспект, не важат исти закони како банана вазални испостави со мапет режими што живеат на кредит, башка што ќе застари кога целата инфраструктура т.е. производноство на чипови е централизирано, да не ќе се најде друг фраер што ќе направи побрзи чипови у меѓувреме за 1/10 од цената? Мало сутра тоа - единствено ако Кина го нападне Тајван па тоа помине пиц-пец па ги земе фабриките такви цакум-пакум негибнати под своја контрола - ова сценарио реално има 0% да се реализира. До тогаш, работите си се трасирани по патот по кој го знаеме до сега, ќе си се крчка лека полека - хардверскиот капацитет нема да застари така лесно, тек допрва ќе треба да се работи и да се усовршува софтверот. Гледај за 2 години од 2023 до сега колку работи се сменија.
Моментално цел свет е бета тестер, затоа и 8 секунди лимити има, моделите не се усовршени доволно за продукциски околини. За рекламата на CocaCola требале 70,000 генерирања - земи просек 1 минута за 4х8секунди клипови - 70к/60=1160часа/24=48.6 дена ако работата би ја правел поединец на една машина само да гледа и да штанца генериран материјал, да не правиме муабет едитинг итн.
Ова кога донекаде ќе се исполира, очекувам ова време следната година, ќе гледаме масовна адаптација од скоро секој бизнис на планетава, од адвокатски канцеларии до колонијали, до училишта за странски јазици...буквално насекаде. И сите ќе си плаќаат ко попчиња за користење, затоа што не е ова Windows па да го пиратираш со скриптица, ова бате секој што сака пристап ќе си плати.
Глобално има регистрирано некои си 430,000,000 бизниси. Да речеме 20% од нив во следните 20 години се врзат за некоја форма на AI со претплата, и да речеме тоа е месечно некој си просек од $100.
430,000,000 x $100 = 43,5 милјарди / месечно бизнис.
Моментално, профитот на Алфабет (мајката на Гугл) е околу 10 - 12 милјарди месечно.
До сега наводно се инвестирани некои си 1000 - 1500 милјарди во AI инфраструктура.
Според горната математика од 43 милјарди месечен доход - враќање на инвестиција е некои си 34 месеци, еве да речеме 48 месеци, тоа се 4 години.
Секој бизнис со ROI под 8 години е одличен бизнис.
Oва не е точно. И те како веќе има практична примена и тоа во многу области. Не зборам само за генерирање на мултимедијални содржини или програмирање, зборам и за медицина, наука, бизнис итн..Практична намена за сега на АИ-во нема, освен некои програмери што им куца неколку линии код.
Oва не е точно. И те како веќе има практична примена и тоа во многу области. Не зборам само за генерирање на мултимедијални содржини или програмирање, зборам и за медицина, наука, бизнис итн..
И алатка и балон, не знам како не е очигледно одма споредбите со dot com bubble, така исто залетаа инвеститори, крокираше возот и 90% од напумпаните компании пропаднаа, тие што останаа цветаа, така ќе биде и со "AI" а компаниите во dot com правеа доста по практични работи него генерирање на slop-content онлајн за да собира кликови (од кои голем дел од ботови што не трошат на реклами, но компаниите сеуште го немаат тоа добро сфатено и исплаќаат), никој не вика дека нема апликација никаква ама за балон е...4. Не е балон, алатка е. Нема регулација за да не се успори развојот. Замисли регулација на авијација/автомобилска индустрија пред 120 години? Да му кажеш на рајт, форд или на бенз дека мора возилото да биде од рециклирани материјали и да биде со голема безбедност за патници и пешаци. Ќе јававме уште коњи а авиони немаше да има воопшто.
@Ron26 друже, сериозно немаш поим од тоа што го збориш.
1. Главен пазар за аи не се луѓе туку корпорации и влади. Тие ќе платат илјадници милијарди ако први имаат знаење како да направат милиони милијарди.
2. Наместо да те плаќаат да тестираш продукт, плаќаш и со тоа им го правиш развојот поевтин.
3. Амазон со години беше во милионски загуби а акците растеа како луди. Затоа што вредност на акции не е според тоа колку пари прави сега, туку што ќе биде во иднина. Инвестиција се вика тоа. Купуваш дел пред да стане големо. Амазон сега е голем, ама кој купил пред 25 години, кога беа загубари, сега трие раце. Исто ќе биде и со некоја од аи компаниите. Некоја ќе направи многу пари. Ама многу повеќе од сите до сега што направиле.
4. Не е балон, алатка е. Нема регулација за да не се успори развојот. Замисли регулација на авијација/автомобилска индустрија пред 120 години? Да му кажеш на рајт, форд или на бенз дека мора возилото да биде од рециклирани материјали и да биде со голема безбедност за патници и пешаци. Ќе јававме уште коњи а авиони немаше да има воопшто. Кога ќе се развие доволно, ќе се направат регулативи кои ќе оневозможат конкуренција на тие што веќе развиле (како и за се друго што има).
5. Практична примена има и тоа многу. За бреинсторминг не ми требаат 10 луѓе, туку 10 четбота. Секој има свој различен пристап и различен одговор на исто прашање. Така да ми заштедува време и пари.
Бесплатна достава
KEYBOARD MECHANICAL KEYCHRON C2 Pro 8K QMK RGB, Full Size, Super Red switch, C2PX-M1
4.640,00 ден
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro PST LN, Low-Noise PWM, 450-2000 RPM, BLACK, ACFAN00343A
740,00 ден
Бесплатна достава
CABLES NET PATCH FTP CAT5e 15m Gray Secomp, 21.99.0115-25
395,00 ден
Бесплатна достава
CE ACCESSORIES MI ROBOT VACUUM S20 BATTERY 3200Mah, 14.4v, 46.08Wh
2.950,00 ден
Бесплатна достава
SSD M.2 1TB WD Green SN3000 NVMe Gen4 5000MB/s WDS100T4G0E
8.940,00 ден
Бесплатна достава
MICROPHONE WIRELESS SYSTEM BOYA LINK ALL IN ONE MAGIC-03, 2xMIC, USB-C, 3.5mm, Black
8.680,00 ден