Добро, зарем сериозно постечки производ/PCB после:
- ставање во метална кутија
- менување на осцилатори (веројатно и кондензатори)
- линеарно напојување
- демек позлатени конектори (што некое реално влијание на шум или пречки во дигитален пренос на неколку метри кабли)
И тоа наеднаш прави „аудиофилски“ производ кој вреди неколку илјади долари??
Па сето тоа самиот ќе го направиш за двоцифрена бројка, или ќе платиш електроничар да ти го направи за нешто повеќе од тоа. Дури ни линеарното напојување нема да биде некој проблем за толкава ниска моќност од неколку вати колку што троши мрежен свич со 8 портови. И за јапонскиот преклопник, абе некој може ќе посака да стави и делче од шатловите на НАСА... Се извинувам заборавив дека сега користат руски шатлови... Некој може ќе посака да стави и делче од unobtanium пошто имало „најдобри аудио карактеристики“, ама дали е реално за тоа да се даваат невидени пари?
Ваљда одговорот е индивидуален, и секогаш ќе има некој што ќе плати повеќе (многу многу повеќе) за „аудиофилија“, па дури ќе купуваат и од оние лан/усб каблите од неколку илјади долари. И тие кабли сигурно се релативно квалитетни ама не се неколку илјади долари квалитетни, но цената е таква затоа што има кој да ја плати. И плаќаат некои, и сеедно им е дали плаќаат неверојатно големи маргини за наивност, или плаќаат за тој јапонскиот преклопник кој навистина кошта толку затоа што се наменува за во железници. Патем што точно прави тоа чудо, некој преклопник специфициран за „миљон“ ампери за електромотори? И аудиофиливе го купуваат пошто има најмал може отпор во преклопник?
Е да, и кога сме кај мрежни свичеви... Прво MBTF на ваквиот хардвер е прилично долг период дури и за најевтините уреди (освен напојувањето, ама тоа нели се менува со линеарно). Второ, дали е Циско или 5 долари генеричка PCB плочка со Рилтек чипсет, ама воопшто не прави разлика за пренос на аудиофајлови кои не се ни 1% од протокот на хардверот. Циско ќе има други напредни можности кои во случајов на аудиофилот воопшто не му требаат. И Циско има многу посложена електроника која во случајов може само повеќе noise да произведе. Инаку зборуваме за многу мал но теоретски возможно мерлив noise, од уред што троши пола ват до пар вати ако сите мрежни портови се во константна употреба. Таквите уреди како обичните мрежни свичеви по дифолт имаат минимален број на компоненти и многу малку noise. Па има аудиофилски појачала со LM чипови (и десетина генерации после нив) кои користат такви едноставни плочки со минимален број компоненти. Колку шум имаат тие уреди? И тој мал теоретски можен noise ете се третира со погоре наведените зафати. И третирањето е подложно на diminishing returns каде може да вложи илјадници пати повеќе чинење, за да се добие можеби половина процент напредок. Итн.
Така да секоја чест за пасијата но во поголемиот дел од случаите (скоро сите всушност), ова со „аудифилскиве“ уреди и периферија мене ми изгледа на чист грабеж на наивни луѓе. Искрено, кој друг би купил магични лан/усб кабли од неколку илјади долари? Дури и она што навистина дава одредена мала придобивка е со милијарда пати зголемени профитни маргини... Се фрлаат пари на такви неверојатно неефикасни аспекти, наместо на работи што реално може да направат разлика. Како подобри звучни кутии со подобри драјвери, звучен третман на собите, итн. Се замараат луѓето со немерлив шум од мрежни свичови и лан/усб кабли, ама ги мрзи да пробаат различни локации за звучните кутии и третирање на собата за слушање. Ваљда пошто полесно е да кликнеш „купи“ на змијско масло и после да се залажуваш себе си дека си направил добра работа.