Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

mdeni

senior
24 септември 2012
6.082
6.016
АИ или не, тоа што безвезниов коментар на темава има најмногу лајкови е директен доказ како роботиве ќе не потепаат. Не сме ни способни за дискусија, само one liners ни останаа, очигледно капацитетот ни се намалува.
Мислењето е автоматски споено:


Не знам што се мачиш, гледаш скоро никој не те чита, сеа ќе ти реплицира некој

И ќе има 15 лајка.
Мислењето е автоматски споено:

Погледнете го атачментот 162838

Ова ми е најјако, @petkotrajko споделува вест за Форд, @xenon ја објаснува убаво и после 10 мин @mdeni пак го споделува истото.

Абе филмовиве што ги зборевме пред неколку страни во живо ги глеаме.
Сосема различни работи се зборуваат во првиот линк, во постот на ксенон, и во вториот линк. Иако можеби личи дека е истата тема, сепак освртите се доста различни.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.511
2.964
Брат-брат Рончо спомна секси роботки. Има и тоа веќе некое време, можеби не WestWorld стил но веќе се повеќе стартапи се насочени баш кон производство на хуманоидни роботи за дружење. За потребите на дискусијава, да ги наречеме Харемки (@Ron26 пошто ќе земе поише за попуст да му даат). Веќе има многу кои развиваат сериозна емоционална зависност од обични AI четботови, што кога тие четботови ќе добијат хипер-реалистично физичко тело, тактилност и не мрчат. Кинеската индустрија за секс-кукли веќе ја прави транзицијата од обична пластика кон висока технологија. Фабрики во Кина веќе не вајаат со рака туку собираат биометриски податоци со скенери од реални луѓе и користат напредно 3D принтање со течни полимери за совршено мазна кожа. Моментално се преминува од евтини материјали на медицински платина-силикон композити кои задржуваат топлина и ја имитираат човечката кожа и внатрешност од метален скелет со над 50 подвижни зглобови. Моделите имаат системи за греење на 37 степени и сензори за допир. Кинезите веќе масовно го продаваат AI модулот "Metabox" за само 200 евра, кој работи на јазични модели како Llama. Овој модул поддржува "dirty talk", акцелерометарско "стенкање", и карактери за улоги. Дури ставаат и екрани на задниот дел од главата за гледање филмови во одредени пози. Овие силиконски кукли со AI глави и статично тело во Кина моментално се движат од 700 до 5000Е. Првите комерцијални модели кои ќе можат автономно да одат се очекуваат помеѓу 2028 и 2030 година. Пример е "Arya" (USA) кој оди на подвижна база со тркала и има 20 микро-мотори во лицето, иако движењата се уште шантрави тоа е заради евтините серво-мотори што крцкаат и не се баш рафинирани. И тука лежи главниот технички проблем а тоа е дека куклите се уште се главно неподвижни во телото бидејќи моторите се премногу кршливи и горат под надворешен физички притисок, виткање и/или груба сила. Кога овие роботи ќе станат целосно автоматизирани, почетната цена се проценува помеѓу 10000 и 20000Е. Со масовно производство цената ќе падне на 5000Е.
Не ме изненадува целава оваа „еволуција“, сепак тоа е нова индустриска гранка со многу потенцијал - гледано дури и низ призмата на нови вработувања (или замена на едни работни места со други, откако претходните станале обсолетни). На пример леари на силиконски....хм, ете раце нека бидат.
Во поглед на интерактивноста на моделиве, и тука има многу што работат на подобрување на крајното корисничко „искуство“.

Ми излезе некоја статија од оваа област за хуманоидниве роботи, конкретно од сериозниве Швајцарци:
Швајцарски стартап гради „мозок“ за хуманоидни роботи - Иновативност

Цитат од текстот (делче):
Платформата комбинира јазично расудување, генерирање движење врз основа на визуелни и јазични влезни податоци и контрола на целото тело врз основа на трансформаторска архитектура – истиот тип на технологија што ги напојува големите јазични модели, прилагодени само за движење и перцепција.
Ова ми делува многу соодветно за погоре спомнатите силиконски кукли, и веројатно најпрво таму ќе има примена, а после тоа кај други општокорисни роботи.
Ама тоа е само мое мислење, не мора да сум во право.

Ова се очекува да биде огромна индустрија затоа што моменталната реалност е следна:
  • Раст на стапката на разводи: Во глобални рамки стапката на разводи се движи меѓу 35% и 50%. Луѓето се потешко наоѓаат компромис.
  • Пад на бракови и наталитет: Бројот на склучени бракови паѓа за околу 1% до 2% секоја година, додека процентот на сингл домаќинства руши рекорди (во Јапонија и Јужна Кореја, над 35% од домаќинствата се составени од еден член).
  • Епидемија на осаменост: СЗО ја прогласи осаменоста за глобален здравствен ризик, рамен на пушењето 15 цигари дневно. Над 25% од младите се изјаснуваат дека се чувствуваат екстремно осамено или социјално изолирано.
Џен. Z и Миленијс веќе имаат развиена навика за дневна интеракција со AI асистенти па премин кон физички AI партнери е логичен следен чекор. Харемките ќе бидат привлечни баш затоа што човечките врски бараат компромис, расправии, соочување со ега, финансиски притисок и други ризици. AI роботот ќе нуди константна валидација бидејќи е програмиран секогаш да слуша, поддржува и ласка. Без обврски, без лутење и без драма. Корисникот ќе има апсолутна моќ врз изгледот,карактерот и расположението на роботот преку обична апликација.
Ова е загрижувачки тренд. Од повеќе аспекти. Во моите очи ова ми делува како пад на цивилизацијата што ја познававме (ако условно земено - овие неколку иљади години до сега ги рачунаме како подем).
Времето ќе покажи. Очекувам тоа да се случи за една генерација (таа сега што ја одгледувам(е) дома).
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.747
12.688
Skopje
www.wemaxa.com
Цивилизација "паѓала" или "растела" (зависност од референтна рамка) многу пати до сега, имало време кога луѓе биле каменувани на сред улица со амин од некое свештено или државничко лице и тоа било сосема нормално. Јавни бесења биле добро утро и шоу за масите. Во војни се одело да се одбрани некој измислен лик што живее во облаци или на врв на рид.

Последниве трендови, усилена либерализација, признавање на стотици полови и родови идентитети, индивидуалиација, итн итн. се обид одредени фактори да ја ограничат експлозијата на популација која се случува после пронаоѓање на антибиотици (1950-ти год) кога популација скока од 2,000,000,000 на сега веќе 9,000,000,000.

Сега се сите мали богчиња, со сопствени обожавателчиња, сопствена црква (стрим, бренд линија итн), а секое богче / пашче / кралче или краличе утре ќе си има и сопствени робот/аи слуги и харемки како што му доликува да е сликата комплетна.

Додека Јајо и Паја скролаат видевца, се прават ликови од филмови или спотови, бустаат ега на база на личен изглед или некоја квази идеологија што ја имаат и мислат го држат оној на небо за муда, некој фино лепо си се сунча на јахта и јаде вистинска храна, чита книги и вика ла-вита-е-бела.
 

DarkDeFnx

hello world
20 јули 2016
123
157
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Ме нервираат податоци од ракав и морам да посочам. Дај ми еден пример од држава, општина, фирма каде макар една култура е целосно автоматизирана.
Конкретно за државава, земјоделството и сточарството, пример е Везешари / Екошпар.
Човекот работел 20+ години во Германија исто земјоделие и сточарство и сакал да се врати дома во Требош (Полошко), во заедничка инвестиција со германците воспоставуваат максимално автоматизиран земјоделско-сточарско-индустриски процес (лично сум бил таму во контекст на биогасната електрична централа пред 12-13 години). Пред некоја година прочитав дека нешто прават и во Славеј (Пелагониско). Не се сомневам дека континуирано се во тек со сите научно-технолошки новитети во земјоделието и сточарството, и дека имплементираат се што има смисла да се имплементира.

А локално и регионално проблемите ти ги опишааа, ако имаш можност направи круг на северот кај “јужниот сосед” (Епир, Македониите Западна Централна, Тесалија… како и да ги викаат тие регионите), после ковидот и таму е пустелија слично како и овде, криминалите со ЕУ фондови веројатно се многу поголеми таму отколку кај нас.
Мислењето е автоматски споено:

Дајте бе некој робот што ќе бери тутун во Долнени, нека има камери и сензори да препознае зрел тутун од зелен, нека има соодветна брзина и нека има паметно движење низ редовите. Колку чини ќе го платам, таман за 30 хектари тутун ќе има и за мене и за него плус некоја субвенција. Добри пари ќе направиме.
In Progress

 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.747
12.688
Skopje
www.wemaxa.com
1782995757976.png 1782993788125.png


Дигиталната бесмртност и Whole Brain Emulation се уште изгледаат како научна фантастика од новелите на Филип К. Дик, но во реалност се работи за проблематика на која поприлично активно се работи. Прашањето одамна не е во домен на теоријата и е прашање на системска скалабилност а се чека на моментот кога ќе се дефинира инфраструктурата што ќе има доволен пропусен опсег и процесорска моќ за да може ова да се реализира. Теренски се работи на неколку фронтови. Прво е мапирањето на конектомот, односно правењето на точната шема на мозокот. Проектот FlyWire на Google и Princeton комплетно го обработуваат мозокот на винска мушичка со секој еден неврон и секоја синапса и генерираат податоци за околу 140.000 клетки и 50 милиони врски. Истиот конзорциум моментално го мапира и мозокот на глушец, а лабораторијата на Лихтман на Харвард во соработка со Google, веќе извади најголемо парче човечки мозок досега од еден кубен милиметар ткиво од кортекс на пациент со епилепсија и од тоа парче генерира 1.4 петабајти податоци содржани во 57.000 клетки и 150 милиони синапси.

1782995964408.png 1782995981298.png

Втор дел од проблематиката е симулацијата. Швајцарски Blue Brain Project со децении гради математички модели на неврони на суперкомпјутери. Дека работата функционира во пракса најдобро покажува проектот OpenWorm. каде комплетно e земен конектомот на црвот C. elegans (кој има само 302 неврони), преточен во код и ставен во роботско тело на тркала со сензори. Роботот се однесува и да навигира низ просторот како вистински црв, без никој да му напише ниту една линија код. Однесувањето е чиста нуспојава на симулацијата на мрежата. Стартапи пак како Nectome веќе нудат витрификација т.е. хемиско зачувување на мозокот во стакло на нанометарско ниво веднаш по смртта, со цел конектомот да остане совршен додека скенерите не станат доволно брзи да го прочитаат.

1782996614392.png 1782996123339.png

Главна техничка пречка моментално е резолуцијата за правилно мапирање на синапсите. Сегашните fMRI и CT скенери не се соодветни за процесот. За конектом е потребна електронска микроскопија со резолуција под 5 нанометри за да се види синаптичката пукнатина, а тоа моментално бара мртво ткиво исечено на ултра-тенки парчиња со дијамантски нож. Кај жив човек тоа нормално не е можно (да се исече на слајсови за да се пресними во клауд) па затоа се развиваат квантни сензори во крвоток и молекуларни баркодови каде вештачки вируси го мапираат мозокот одвнатре. Дополнително, една синапса не е бинарна т.е. обичен 0 или 1 бит - јачината на врските зависи од невротрансмитери, хормони и околните глијални клетки. Ако се пресними само геометриската мапа без точната хемиска тежина во тој момент, симулацијата не функционира. Други пристап се квантни дијамантски сензори (NV-centers во нанодијаманти) кои се пуштаат низ капиларите на мозокот. Овие сензори го читаат локалното магнетно и електрично поле на ниво на поединечен акциски потенцијал. Тие можат во реално време да го стримаат сообраќајот на невроните преку оптички интерфејс надвор од черепот, што дава динамичка слика на функционалната поврзаност (functional connectivity). Штом технологијата за скенирање, без разлика дали преку нанороботи во крвоток или некој следен левел на квантен МРИ, ќе стане евтина и брза, тогаш се отвора вратата за дигитален аватар. Сеќавањата, начинот на донесување одлуки, знаењето и карактерот не се ништо повеќе од специфична конфигурација на тие врски и тежини во невронската мрежа. Ако утре се изведе преснимнување на свеста на еден човек во роботизирано тело, прашањето за душата се претвара во чисто филозофска семантика. Дали е тоа навистина истиот човек, или некаква совршена дигитална копија што мисли дека е тој, додека оригиналниот биолошки мозок скапува во земја - тоа е сосема исто бидејќи "свеста" продолжува да егзистира низ истиот сет на алгоритми и сеќавања.

1782997079115.png
Пазарната логика и човечкото его велат дека штом се појави комерцијална опција за дигитален трансфер кон перманентен (бесмртен) медиум, дали тоа е клауд или робот, луѓето ќе чекаат во ред а местата на листата ќе бидат распродадени пред време. Целосното префрлање на човечкиот ум на компјутер (Whole Brain Emulation) се очекува да стане технолошка реалност околу 2050 година. Додека потребната процесорска моќ од егза-размери и неуроморфните чипови ќе бидат спремни во дата-центри уште околу 2035–2040 година благодарение на 1.4-нанометарските процеси, најголемиот ботлнек останува брзината на нано-скенирање на синапсите. Со развојот на Вештачка Општа Интелигенција (AGI) во следните години, која драстично ќе го забрза инженерството на нови квантни сензори и молекуларни баркодови, периодот околу средината на векот се проектира како „sweet spot“ каде првите комерцијални субјекти ќе можат реално да го изведат дигиталниот трансфер на својот state вектор.

TL;DR​

  • Реалност околу 2050 година: Префрлањето на умот на компјутер веќе не е филозофија, туку хардверски проблем со скалирање на кој активно се работи.
  • Мапирање на мозокот: Успешно е мапиран мозокот на винска мушичка, а само еден кубен милиметар човечки кортекс генерира 1.4 петабајти податоци.
  • Доказ дека работи: Проектот OpenWorm ја преточи невронската мапа на црв во код и ја стави во робот. Роботот навигира сам, без ниту една линија софтвер за движење.
  • Проблемот со читање: Моменталното мапирање бара сечење на ткивото со дијамантски нож. За жив човек, се развиваат нано-сензори во крвотокот и молекуларни баркодови за скенирање одвнатре.
  • Значајна пречка: Мозокот не е прост бинарен систем (0 и 1). Без прецизно снимање на моменталната хемија и хормонална состојба на синапсите, дигиталната симулација инстантно колабира.
  • Крајна цел: Кога AI и квантните скенери ќе го решат брзото читање, свеста и карактерот ќе можат трајно да се префрлат на клауд или во роботизирано тело.
 
Последна промена:

goceiva

hello world
25 октомври 2009
115
89
Ме плаши нешто што го слушнав на некое видео пред некој ден.
Викаат дека средната класа не е нешто што треба да го земаме здраво за готово. Во најголем дел од историјата постоеле само многу богати и многу сиромашни.
Во последно време ми изгледа дека натаму одат работиве...
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.756
3.918
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.747
12.688
Skopje
www.wemaxa.com
2026 означува значајна пресвртница во роботиката. Индустријата официјално излегува од фаза на лабораторискo прототипизирање и влегува во ера на масовна комерцијална имплементација и физички AI системи базирани на контекст (Physical AI). Нешто поинтересно на тоа поле е од:

1783014888061.png

Figure AI / "BotQ"​

  • Во текот на пролетта 2026 година, Figure AI објавува дека нивната специјализирана фабрика BotQ постигнала производствен капацитет од 1 робот на час (сериозен скок од претходното темпо од 1 на ден).
  • Испораки: Првите комерцијални серии веќе се испраќаат. Покрај BMW, во мај 2026 година потпишаа голем договор со Catalyst Brands за имплементација во нивните дистрибутивни центри во Невада. Исто така, неодамна демонстрираа и 81-часовен целосно автономен стрес-тест за сортирање пакети.

1783014918084.png

Boston Dynamics Electric Atlas​

  • На почетокот на 2026 година (на CES 2026), Boston Dynamics ја претстави официјалната production-ready верзија на целосно електричниот Atlas.
  • Испораки: Првите флоти се веќе резервирани и испорачани во фабриките на нивната матична компанија Hyundai (поточно во Georgia Metaplant) и во лабораториите на Google DeepMind, каде што се тренираат нивните нови AI модели. Пошироката комерцијална продажба е планирана за почетокот на 2027.

1783015335486.png

Полумаратон во Пекинг и роботот "Lightning"​

  • На полуматорот во Пекинг на 19 април 2026 година учествуваат над 100 роботи.
  • Хуманоидниот робот Lightning (развиен во соработка со брендот Honor) патеката од 21 километар ја истрча за 50 минути и 26 секунди што е побрзо дури и од светскиот рекорд за луѓе на оваа дистанца. Ова е доказ за издржливоста на батериите и автономната навигација на нерамен терен.

1783015020814.png

Партнерството на Neura Robotics и Bosch​

  • Стратешко партнерство запечатено на почеток на 2026 година со цел да се комбинира напредната когнитивна роботика на Neura со индустриската моќ и производствените капацитети на Bosch за масовно производство на хуманоиди за фабрички средини.

Учење од видео содржини (Интернет / VR)​

  • Ова е доминантниот тренд во трудовите објавени во мај и јуни 2026 година. Наместо т.н. teleoperation (каде човек со часови го управува роботот за да го научи на едно движење), се користат нови архитектури за учење кои пасивно следат 2D видеа од YouTube (на пример, како човек мие садови) и автоматски го преведуваат тоа во 3D патеки и кинематика прилагодливи за кој било тип на роботска рака.

Модели за себе-препознавање (Proprioception / Body-Schema)​

  • Најновите истражувања за безбедност при работа со луѓе воведуваат напредни модели на себе-свесност за сопственото тело (Body-Schema AI). Роботот во реално време, преку своите камери и тактилни сензори, јасно ги разграничува сопствените екстремитети од тие на луѓето во околината. Ова спречува случајни колизии бидејќи роботот знае каде точно завршува неговиот физички габарит во просторот.

1783015099751.png

Weave Robotics и "Isaac 1"​

  • Веста 1 јули 2026 година - стартапот Weave Robotics официјално го лансира Isaac 1, робот наменет за домашна употреба кој ги извршува задачите како „Laundry Flow“ (диплење облека) и „Daily Reset“ (раскревање на куќата).
  • Цена и испорака: Цената е точно 7.999 долари, а првите испораки се најавени за есента оваа година. Дел од заедницата (како на Hacker News) дебатира околу тоа колку од задачите се извршуваат автономно, а колку вклучуваат помош преку далечинско управување од луѓе во позадина, но хардверот е официјално лансиран.
 

Атачменти

  • 1783014986273.png
    1783014986273.png
    373,2 KB · Прегледи: 10

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.747
12.688
Skopje
www.wemaxa.com
1783084106409.png 1783084247329.png

Во малце позабеган контекст на темава, интересно е и прашањето дали човечки мозок од починат донор некогаш би можел да се поврзе со робот. Моментално, цел мозок да управува со робот не е можно. Мозокот е исклучително чувствителен на недостаток на кислород и минути по престанокот на циркулацијата почнува неповратно да се оштетува. Сепак, постепено се поместува оваа граница на што, дали, кога и ако е воопшто можно. Проекти како BrainEx и компанијатa Bexorg покажуваат дека со специјални системи за вештачка циркулација можат да се одржуваат одредени функции на човечки мозок со часови по смртта. Но овие експерименти намерно ја потиснуваат организираната мозочна активност од етички причини, па целта не е управување со роботи туку биомедицински и фармаколошки истражувања. Заради тоа, најголем дел од денешните истражувања одат во друга насока. Наместо цел мозок, се создаваат мозочни органоиди, односно "мини мозоци" добиени од матични клетки кои се поставуваат на чипови со 1000ници микроелектроди кои можат истовремено да испраќаат електрични сигнали кон живото ткиво и да ја читаат неговата активност.

1783084447827.png

Е тука веќе има интересни резултати. Австралиската Cortical Labs има направено систем наречен DishBrain, каде живи човечки неврони имаат научено да играат Pong а после и Doom. Brainoware покажува дека мозочни органоиди можат да препознаваат човечки говор. Во Кина, тим од универзитетот во Тјенџин веќе поврзува вакви органоиди со роботски системи. Камерите и сензорите ја собираат околината, AI ја претвора таа информација во електрични импулси што ги прима органоидот, а неговите одговори повторно се преведуваат во команди за серво моторите и се добива затворен круг во кој биолошкото ткиво и компјутерот учат да работат заедно.

1783084572960.png

Во ова поле работат и компании како Neuralink, Science Corp и Maxwell Biosystems, додека DARPA финансира технологии за директна комуникација помеѓу мозок и машини. Во меѓувреме, кинеските лаборатории имаат значително поголема слобода за вакви експерименти отколку западните институции, каде биоетичките ограничувања се многу построги.

1783084828990.png

Причината поради која ова поле привлекува огромен интерес не е само идејата за трансхуманизам / бесмртност. Човечкиот мозок троши само околу 10 до 20 W енергија и со нив извршува задачи кои денес бараат огромни AI дата центри. Ако некогаш стане можно да се поврзе биолошко нервно ткиво со роботика и вештачка интелигенција тоа комплетно ќе го промени начинот на кој ќе изгледаат идните автономни машини.
 

Атачменти

  • 1783084403813.png
    1783084403813.png
    4 MB · Прегледи: 1
  • 1783084756356.png
    1783084756356.png
    509,2 KB · Прегледи: 2

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно