Добро си ги поставил креветите на јасни внатрешни ѕидови. Незнам само за дуплиот кревет дали кај главата ти е ставен на внатрешен ѕид. Ако не тогаш би ти препорачал да ставиш дополнителна изолација на тој дел.
Ако е кон надвор на тој ѕид кај главата да му ставиш 10цм тервол, и гипскартон. А ако е кон друг стан да си ставиш звучна изолација кон тој стан за помирен сон. Провери си тука Комплетна звучна изолација на стан од Децибел за да ти го средат тој дел со акустична изолација, многу е важно особено ако си во градба сеуште да не си прљаш откога ќе си наместиш по дома. Особено што не е скоро никаква значајна инвестиција, а разликата е огромна. Исто ѕидот кај 4 и 5 осигурај се дека е со многу добра изолација инаку нема да успееш ефикасно да се згрееш зошто при седење на каучите секогаш ќе ти е ладно на грбот ако тој ѕид е ладен.
Тоа е првична сугестија од скицава, можеби благо офтопик но во ред. Не би сакал да продолжиме со оваа тематика во тема назначена клима уреди. Само онака реторички го кажав.
Да се вратиме онтопик. Ќе ги анализирам локациите една по една.
1. Дали воопшто можеш да поднесеш клима во спална? Второ прашање, дали воопшто е потрбно греење во спална? Климата бучи, колку и да е добра сепак на спиење ќе е евидентен звукот. Јас не би поставувал клима во спална. Според мене во добро изолирана спална нема потреба од дополнително греење зошто би требало да е доволно од остатокот од станот. Јас порано греев како луд во неизолирана спална. Но овие две години со добро среден распоред и изолација во спална не греевме. Дури ни на -20. Немаше потреба. За спиење секако. Ако престојуваш во собата и преку ден и не спиеш тогаш е во ред клима. Така да оваа локација треба да се размисли. Океј си е.
2. Бесцелна локација. Освен ако сакаш да оставаш врата од спална за помалку да ти бучи климата, да не ти е во самата соба. Па се ограничуваш да си со отворена врата. многу глупава локација.
3. Супер локација за клима за греење, но не и за ладење. Овде треба да стои многу високо квалитетна клима со многу голема издувна температура и многу слаба издувна моќ. Круцијално е да има Cold Air prevention и најдобар софтверски менаџмент за спречување на издувување на ладен воздух. Тука ќе се покаже кој е кој. Ова е главната клима за оние страшни периоди. Со оваа клима ќе се напојува каучот и дневната, а ладна точка ќе биде телевизорот. Одлично.
4. Лошо место за клима. Ладна точка е кауч на надворешен ѕид. Овде не би ставил клима ниту за ладење ниту за греење зошто на каучот ќе е непријатно да се седи во секое време кога таа клима лади или грее.
5. Феноменално место за клима. И за греење, а особено за ладење. Ладна точка е трпезариско столче кое не е критично, а ќе има покритие од другата клима на локација 3. Оваа ќе ја покрие кујната, трпезаријата и ходникот одлично, но ако е соодветна и спалната!
Јас би одел со избрани локации на 1,3,5. Со особено внимание на број 3.
Не гледам логика да е поекономичен. Во ниеден случај. Кога ќе намали потреба од максимална моќ COP на Fujitsu ќе се крене значително. А со тој масивен компресор веројатно како и на сите добри клими во понуда ќе е ефикасноста. Со таа разлика што оваа може да испорача 4.8KW додека другите неможат.
Ова е табела од друга клима но идејата е иста. На максимална сила од 4.8KW ќе е понизок COP факторот нормално, но ако таа се намали на 3.5KW колку што можат другите да испорачаат и COP ќе се покачи, и тоа можеби и над оние другите клими само заради големиот капацитет на оваа клима.
![]()
Прво Фала за содржинскиот одговор.
Локацијата 3 климата ја коментираш како кога би била поставена над телевизорот и дува накај троседот или поставена на ѕидот накај тарасата и дува накај кујната?
Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација