Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Offtopic Golf 6 2.0 TDI 140KS DSG – сервисиран и фул опрема

Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
762
510
Mr.Jack додаде нов оглас:

Golf 6 2.0 TDI 140KS DSG – сервисиран и фул опрема - 9.500 €

Се продава Golf 6 2011 103kW DSG Автоматик со сервисна историја (со фактури) и со ФУЛ опрема. Цена 9500 EUR. Контакт: 072258520, Велес.

  • Променет сет каиш и водна пумпа пред 4000 km
  • Променето казанче за парно пред 2500 km
  • Променет термостат и coolant flush пред 2500 km
  • Променет компресор за клима пред 2000 km
  • Променети чаури, мажентни, плочки, и друго пред 8000 km
  • Има направено и други сервиси и поправени се некои ситни познати мани на колата. Имам фактури за...

Видете го целиот оглас...
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
762
510
Цел свет знае дека Golf е holy grail во автомобилите ама 9500?
Тоа е пазарот. И јас кога го купував не ми се свиѓаа цените. Ако мислиш дека ценава не е реална, слободно сподели сличен голф за помала цена
 
mac_mk

hello world
30 јуни 2017
135
191
Тоа е пазарот. И јас кога го купував не ми се свиѓаа цените. Ако мислиш дека ценава не е реална, слободно сподели сличен голф за помала цена
Еве ти ГТИ за иста цена: VW GOLF 6 2.0 GTI (211HP) DSG Gearbox Year 2010 FULL EQUIPMENT

Дај боже да ја продадеш колку си замислил ама мислам дека едно минимум 1000 евра си над реалната цена

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
762
510
Еве ти ГТИ за иста цена: VW GOLF 6 2.0 GTI (211HP) DSG Gearbox Year 2010 FULL EQUIPMENT

Дај боже да ја продадеш колку си замислил ама мислам дека едно минимум 1000 евра си над реалната цена

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
Можам да ја намалам цената, секако немам намера сo залудни нереални цени да се замарам. Само колава што ја прати е слаба со опрема. Ни паркинг сензори нема, основна работа за кола после 2008, ни грејачи на седишта, ни фул кожа. Од тоа што можев да видам. Мојава е со позната сервисна историја со фактури (од Др. Ауто). Оваа не знам каква сервисна историја има, зошто човеков пишал пред 100км е правен сервис па одма оди на продажба после сервисот :)

Сите знаат да пишат на огласи дека е ФУЛ ОПРЕМА ФУЛ СЕРВИС, а немаат ни еден документ за доказ за сервис или ете немаат ни паркинг сензори во фул опремата.

Како и да е, би ја продал и за 8500еур ако е таа реалната цена, ќе видиме.
 
Може твојата има повеќе опрема ама сепак ГТИ е класа над обичен голф. Скроз друга кола е, друго подвозје, друга амортизација, затоа и кошта едно 50% повеќе од обичните верзии.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.195
16.333
Гледам голфови 6 од 2011-та во Аустрија се движат од 4000 до 6000 евра зависно од мотор, 4motion, километража, и на тоа симни уште 1000 евра со кеш на рака. Башка, поголеми мотори, ДСГ се гледа на нив како на хендикеп а не предност, затоа што сервисот и осигурувањето им се бајаги поскапи, покомплицирани се а и не можеш ни да ги регистрираш ако има и минимум р'ѓа на подвозје или минимум дефект.

Период на амортизација за моторни возила е од 5 до 8 години зависно од држава и кола од тоа годиште е веќе два пати отпишана, не само еднаш.

Ама кај нас таков е пазарот што вика @Mr.Jack башка таква е клиентелата, такви се и парите. Гољф со 2.0 тедеи ќе отиде како баклава и за 10.000 евра. Вади турбо, вади ДПФ, бриши ЕГР, сипај уље и љети, немаш мака.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно