Ragnar
poweruser
Ragnar's setup
- Processor & Cooler
- AMD Ryzen 3 2200G
- Storage
- Samsung 850 EVO 500 GB SSD
- RAM
- 8 GB
- Monitor
- DELL S2419H
- OS
- Windows 10 Pro
Господине европски Зоран, па не е се толку црно, а и ќе биде подобро. Низ вакви разговори ќе повлијаеме на зголемување на свесноста. Работите се менуваат, можеби поспоро од што сакаме, ама се менуваат.Ти се чини. Исто е. Примитивизмот и некултурата во оваа земја цутат, треба само на некоја будала да и текне некоја свињарија и тоа се шири ко пожар. Полиција не работи ништо, а и се однесува бетер од нив, и ненормалното станува нормално. Одговорност никаква, казни ич. Распуштена работа
И сите го јадат истото, на сите (нормални) сето ова им пречи, но во тиквите никако да влезе дека правилата ги измислиле некои поумни луѓе за да има ред, да не биде башибозук ко кај нас, и дека така на сите ќе им биде подобро....
Не вреди муабетот, тоа е нивото.
Дисфункционална држава
Субсахарска Африка
Ајде со уште еден пример што многу ме нервира. Често викаме - е па треба полиција да дојде. Значи постојат мал милион ситуации во кои треба да имаш основна култура и обзири и каде присуството на полицијата не игра улога (секако и јас викам дека полицијата треба да биде поажурна, поприсутна итн.). Една од нив е паркирање по паркинзи во молови. Тука се гледа простотијата. Влегуваш во Ист Гејт, Сити Мол, ГТЦ и обавезно се паркираат на главната паркинг улица, во жлебовите. Ги мрзи да бараат место. И како ќе го решиш ова со полиција? Никако. Со јавно посрамување или нешто слично можеби...иако голема е веројатноста да ти каже - а што па тебе ти смета?