Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mеханички тастатури

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Аааа, ти си бил тој шо ми ја џапна пред носо, а?
Ц-ц-ц-ц-....

Со здравје да си ја куцаш, твоја среќа, јбг :)
(и онака јас сакав да ја купам за да ја подарам - па пак ќе бев без таква тастатура)
Некој ја имаше резервирано па откажал... Имаше барем уште еден оглас за истава тастатура ама мислам друг скин беше.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
20251123_115921.jpg
Прв батерија циклус со новата Aula F108 Pro доста брзо отиде од 100% до 0%, но втор сега како нешто да се промени, 2-3 дена си седи 70-80%, се надевам вака ќе остане и не е некој проблем со калибрација па одеднаш да падне во процент, со оваква безжична периферија секад имам ужасна среќа со батериите освен superlight 2 што земав пред некој месец со батерија што нејќе да умре, се надевам новава е некоја добра падната и после првиот пат се калибрира да трае подолго, и намалив RGB brightness до 20% (што пак се приметува дури и во осветлена соба)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Погледнете го атачментот 155941

И мене побрзо ми се испразнила батерија на нова тастатура. Но не се секирај до толку. Плус сега имаш два пара батерии кои ќе те траат многу подолго. А и секогаш може да ја користиш жичано.

Стави си РГБ колку ти е мерак. Само немој да го возиш константно на 100%. Посебно не една боја.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Keychron Q6 Max PC Keycaps.jpg

Со здравје да те служат. Кул се. Немој само да запаѓаш во зајачка дупка па да се накупуваш. Имам повеќе сетови со капачиња за уште пет-шест тастатури. Еве сега ко децана на што куцам на мојата Keychron ха ха. Се спремив јас за дочек на нова година.
 
shooter

lurker
2 март 2010
656
585

Anungunrama

hello world
5 февруари 2019
196
198
Погледнете го атачментот 155958

Со здравје да те служат. Кул се. Немој само да запаѓаш во зајачка дупка па да се накупуваш. Имам повеќе сетови со капачиња за уште пет-шест тастатури. Еве сега ко децана на што куцам на мојата Keychron ха ха. Се спремив јас за дочек на нова година.
На два сета сум моментално, трет у план…
Мислењето е автоматски споено:

Супер изгледаат. Прати линк ако не ти е тешко.
Еве

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Нексио денес ја донесе Dark Project Fuji V2:

Се разбира морав да ја имам. Пред се зашто ми се допаѓа многу дизајнот. Па еве сега куцам од неа.

Fuji 2 sml.jpg

За разлика од Fuji 87 оваа е хотсвап односно нуди опција да се променат свичеви. Плус има два реда на пена под плочата и под PCB. Плус има гаскет дизајн односно вибрира на гумици со федерчиња и со плоча од поликарбонат (претходникот има метална плоча). Првата верзија беше со пластично куќиште. Оваа е метална. Практично под металот има уште еден слој пластика. Но сепак нуди премиум чувство. Моделот V2 има штрафови на куќиштето па се отвора лесно. Капачињата се исти како и кај претходникот. CSA профил изработен од ABS. Практично ABS е подобар за шајн тру зашто полесно се обликува. Капачињата сепак се дабл шот па така не се лоши.

За разлика од претходникот оваа тастатура е значајно потивка. Погодна е за во канцеларии и океан системи. Како и за ноќно играње.

Sapphre свичевите се подмачкани и лесни за притискање со 45 гр. потисок. Нешто слично како и црвени свичеви. Има клатење на стемот поголемо од вообичањеното но не се жалам. нема гребење како на старите свичеви. РГБ е феноменално доколку тоа ви е значајно.

Претходникот имаше ногарчиња за поткревање на тастатурата во две други положби. Оваа има само едно ниво заради дизајнот. Металот и пластиката под него не дозволуваат ногарки зашто ќе го компромитираат дизајнот и звукот претпоставувам. Но во пакувањето доаѓаат лепенки за поткревање така што уште две позиции на висина повторно се на располагање.
 
architect

poweruser
27 ноември 2008
2.725
4.298
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Нексио денес ја донесе Dark Project Fuji V2:

Се разбира морав да ја имам. Пред се зашто ми се допаѓа многу дизајнот. Па еве сега куцам од неа.

Погледнете го атачментот 156362

За разлика од Fuji 87 оваа е хотсвап односно нуди опција да се променат свичеви. Плус има два реда на пена под плочата и под PCB. Плус има гаскет дизајн односно вибрира на гумици со федерчиња. Првата верзија беше со пластично куќиште. Оваа е метална. Практично под металот има уште еден слој пластика. Но сепак нуди премиум чувство. Моделот V2 има штрафови на куќиштето па се отвора лесно. Капачињата се исти како и кај претходникот. CSA профил изработен од ABS. Практично ABS е подобар за шајн тру зашто полесно се обликува. Капачињата сепак се дабл шот па така не се лоши.

За разлика од претходникот оваа тастатура е значајно потивка. Погодна е за во канцеларии и океан системи. Како и за ноќно играње.

Sapphre свичевите се подмачкани и лесни за притискање со 45 гр. потисок. Нешто слично како и црвени свичеви. Има клатење на стемот поголемо од вообичањеното но не се жалам. РГБ е феноменално доколку тоа ви е значајно.

Претходникот имаше ногарчиња за поткревање на тастатурата во две други положби. Оваа има само едно ниво заради дизајнот. Металот и пластиката под него не дозволуваат ногарки зашто ќе го компромитираат дизајнот и звукот претпоставувам. Но во пакувањето доаѓаат лепенки за поткревање така што уште две позиции на висина повторно се на располагање.
во споредба со aula какво е твоето мислење ?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
во споредба со aula какво е твоето мислење ?

Моето лично мислење е дефинирано од моите потреби и преференци.

Aula е фантастична зделка со премиум филинг кој Dark Project не може да го долови во иста мера. Свичевите на Аула се полесни за притискање и имаат за нијанса помало клатење на стемот. Заедно со PBT капачињата тастатурата си ѕвони. Звукот е феноменален ако земеме во предвид колку пари чини тастатурата.

Е сега јас ги продадов и двете Аула тастатури кои ги имав по дома. Не ги користев воопшто. И тоа од две причини.

Првата причина беше што Аула е многу гласна за мој вкус. Штрака претерано и дефинитивно не е за ноќни услови кога јас често и работам. Но и преку ден знае да биде заморна. Споредено со двете Keychron кои ги имам едноставно премногу го нагласува кликот. Таква е самата конструкција и материјали кои во неа се вградени во поглед на звукот. Дури и едни Gateron Oil Kings тропкаа посилно на неа. Но ако гледаме генерално купувачите и ентузијастите ја сакаат баш заради звукот кој навистина е уникатен ако не ти пречи буката.

Втората причина која мене лично ми е важна е RGB. Сакам осветлена тастатура зашто просторот во кој работам не е баш осветлен од дневна светлина. Па во зима посебно е мрачно. Не сум куцач на слепо па ми треба да запалам светло да се чувствувам комотно ако тастатурата не е осветлена. А јужно осветлување како што има Аула и сите ентузијастички тастатури на денешницава едноставно дречи во очи. Имам пет шест сета со капачиња со легенди на страните за јужно осветлување. Ниедно не ми се бендиса.

Да не заборавиме дека Аула е безжична. Dark Project не е. Меѓутоа мене ништо тоа не ми менува зашто и не користам повеќе компјутери симултано.

И за крај јас би рекол. Доколку си задоволен од Аула нема потреба да купуваш дарк проџект фуџи. Доколку ти е гласна и се што споменав ти е важно и тебе тогаш Фуџи 2 е подобар избор.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Препорака за добри капачиња за keychron v3 max, со shine through текст?

Мојата потрага до сега покажа дека изборот е многу мал. Најголемиот број капачиња на продажба се чери профил. Дабл шот. Како оние погоре од @Anungunrama. Најчесто ги има во црна и бела варијанта. Имаат пристојна дебелина од некои 1.5-1.6мм и се со просечен квалитет. Сепак се подебели од тие со кои доаѓа твојата тастатура. Фабричките се со дебелина на ѕидови од 1.3мм кај Keychron V Max.

Ако сакаш пошарени со поизразено RGB тогаш имаш уште нешто од PC материјал или комбинација со PBT.

Кај црни капачиња легендите без RGB не се видливи преку ден. Па така цело време треба да се осветлени. Белите имаат потемни легенди па во светла просторија може да се користат и без осветлување.

Ретко по нешто има и dye sub плус дабл шот. Па таквите имаат истовремено легенди на горниот дел и од страна. Кога ќе вклучиш RGB легендите светат само странично.

За крај пред некое време се продавале шајн тру со големи легенди на горната страна. Тие се одлични и ќе се гледаат на тастатура со јужно осветлување. Меѓутоа јас лично не успеав да најдам за мене.

Ако имаш конкретно идеја што сакаш можам да ти посочам некои на тему или алиекспрес.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.098
2.341

Сакам да се барем квалитетни како фабричките капачиња и да свети ргб низ текстот затоа што моментално навечер ништо не се гледа. Дизајн, нешто како фабричкиве, ретро модерно :D
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Сакам да се барем квалитетни како фабричките капачиња и да свети ргб низ текстот затоа што моментално навечер ништо не се гледа. Дизајн, нешто како фабричкиве, ретро модерно :D

Тој ист тип на капачиња го има само Keychron:

Јас ги имам белите:

1765381378049.png

Многу тешко се наоѓаат на интернет да се купат. Но можеби ќе ти се посреќи.

Други капачиња, освен чери профил тешко дека ќе најдеш нешто друго квалитетно за жал.
 
Torlakian

hello world
21 октомври 2014
323
368
Куманово
Сакам да се барем квалитетни како фабричките капачиња и да свети ргб низ текстот затоа што моментално навечер ништо не се гледа. Дизајн, нешто како фабричкиве, ретро модерно :D
Овие не ли ги бива? Глеј ги што су убави, Дарк Прожект хаха Производ - Нексио
1765392626467.png
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Овие не ли ги бива? Глеј ги што су убави, Дарк Прожект хаха Производ - Нексио
Погледнете го атачментот 156580
Неговата тастатура има осветлување на јужна страна. Него му требаат капачиња чии легенди односно карактери се странично на капачето. А не одозгора.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.098
2.341
Неговата тастатура има осветлување на јужна страна. Него му требаат капачиња чии легенди односно карактери се странично на капачето. А не одозгора.
Не е проблем и од горе да е мислам. Само послабо ќе се познава. Овие од нексио мислам не се шајнтру?
Мислењето е автоматски споено:

Тој ист тип на капачиња го има само Keychron:

Јас ги имам белите:

Погледнете го атачментот 156568

Многу тешко се наоѓаат на интернет да се купат. Но можеби ќе ти се посреќи.

Други капачиња, освен чери профил тешко дека ќе најдеш нешто друго квалитетно за жал.
Овие се шајнтру?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Не е проблем и од горе да е мислам. Само послабо ќе се познава. Овие од нексио мислам не се шајнтру?
Мислењето е автоматски споено:

Овие се шајнтру?

Капачиња со легендите горе може повеќе да одговараат само ако се на долната страна како овие на пример:

View: https://www.youtube.com/watch?v=ZhPvLm-EFFQ

Еве споредба помеѓу легендите горе и доле на јужно осветлување:

1765409227289.png

Во реалност ќе добиеш многу лош резултат зашто преку ден или во посветла просторија нема да се гледаат легендите на макс осветлување. Keychron има црна pc плоча па така нема отсјај.

Инаку моите се шајн тру:

1765409756458.png

Капачињата од Нексио искрено не знам дали се шајн тру. Но многу е веројатно дека се. И да се кај тебе нема да одговараат најдобро.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Некој да не има да понуди keycaps, некако не ми се чека од тему / али.

Има мал милион на капачиња. Прво за која тастатура? Кој профил ти треба? Дали да се провидни односно на свети низ нив РГБ или не?

Јас имам капачиња по дома кои не ги користам. Но треба да видиме дали ќе ти одговараат па затоа треба да знаеме и преференци.
 
shooter

lurker
2 март 2010
656
585
Иам glorious тастатура, провидни се овие шо се со неа, ргб свети низ нив. Почнаа да се кршат копчињата веќе.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Иам glorious тастатура, провидни се овие шо се со неа, ргб свети низ нив. Почнаа да се кршат копчињата веќе.

За тастатура со РГБ од горната страна на капачето ги имам само овие:

Другите ми се или за јужно осветлување или пак непровидни.

Види дали ќе ти одговараат оние гореспоментатите од Нексио. Не знам дали се провидни но може да се праша.
 
shooter

lurker
2 март 2010
656
585
Мислев провидни на знаците, капачињата не се, лошо се имам изразено погоре. Фала ти за предлогот, ќе разгледам опции локално.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Мислев провидни на знаците, капачињата не се, лошо се имам изразено погоре. Фала ти за предлогот, ќе разгледам опции локално.
Да да те разбрав. Бидејќи само тие ми се компатибилни затоа и ти посочив да побараш во Нексио од дарк проџект ако се со провидни карактери.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно