Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Зошто Македонија треба да воведе DDP (Delivered Duty Paid) систем за онлајн нарачки од странство

spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
Здраво форумџии,
Сакам да отворам важна дискусија за нешто што директно нè погодува сите кога нарачуваме од интернет, особено од Кина и други земји надвор од ЕУ. Станува збор за DDP (Delivered Duty Paid) системот, кој во Бугарија и другите ЕУ земји функционира одлично, а кај нас сè уште не постои.

Што е DDP и како функционира во Бугарија?

DDP значи дека продавачот (на пример од Кина) ги презема сите трошоци и одговорности:
  • Ја плаќа целата достава до врата
  • Ги плаќа царинските давачки од напред
  • Плаќа ДДВ од напред
  • Се справува со сета царинска документација
  • Купувачот не плаќа ништо дополнително при примање
Во Бугарија, кога ќе нарачаш од AliExpress, Тему или било кој кинески сајт, едноставно го примаш пакетот без никакви дополнителни трошоци или чекање во царина. Сѐ е платено од напред.

Зошто Македонија нема DDP?
  1. Не сме дел од ЕУ царинската унија - ова значи покомплексни процедури за регистрација и плаќање на ДДВ
  2. Помал пазар - за фирмите не е исплатливо да воведуваат DDP за релативно мал пазар
  3. Недоволно развиена логистичка инфраструктура
  4. Нема интегрирани системи како што имаат во ЕУ за автоматизирано царинење
Што значи ова за нас денес?
  • Секогаш плаќаме царина и ДДВ при примање (15% царина + 18% ДДВ за пратки над 90 евра)
  • Чекаат пратки на царина со недели
  • Дополнителни трошоци за ракување од Македонска пошта, аеродромска лежарина и шпедитерски услуги
  • Неизвесност колку ќе плативме при примање
  • Потешкотии со враќање ако не сме задоволни од производот
Зошто треба да се бориме за DDP?
  1. Конкурентност - ќе бидеме поконкурентни со ЕУ земјите за е-трговија
  2. Привлекување инвестиции - логистичките фирми ќе инвестираат повеќе кај нас
  3. Поедноставување - граѓаните ќе имаат полесно и побрзо онлајн пазарување
  4. Економски раст - повеќе увоз = повеќе економска активност
  5. Подготовка за ЕУ - ова би бил чекор напред кон ЕУ стандардите
Што можеме да направиме?
  1. Да ги контактираме пратениците - да поставуваат прашања во Собранието
  2. Петиција до Владата - конкретни предлози за воведување DDP
  3. Контакт со Царинската управа - иницијативи за модернизација на процедурите
  4. Медиумска кампања - да се подигне свеста кај јавноста
  5. Соработка со бизнис заедницата - логистички фирми и е-тргување
Конкретни предлози:
  • Воведување на едноставни DDP процедури за почеток за мали пратки (до 1000 евра)
  • Дигитализација на царинските процеси
  • Соработка со ЕУ за користење на нивните DDP стандарди
  • Поттикнување на логистичките фирми да нудат DDP услуги
Ова не е само прашање на удобност - станува збор за економска конкурентност и подготвување за ЕУ интеграцијата. Земји како Србија и Црна Гора веќе работат на слични решенија.
Што мислите? Дали сте спремни да се приклучите во иницијатива за притисок врз институциите? Ако сакаме да се менува нешто, мора да започнеме од некаде.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.698
12.551
Skopje
www.wemaxa.com
Не, рулетот дали ќе ти го фатат на Царина или не, е поинтересен, може само да добиеш, ама убаво вака кога се дава една реченица налогче на GPT за да за 1 секунда просере цела страна текст :)

Би било уште поубаво и сето ова да му се препушти на GPT да го спроведе, ние ете на плажа ќе чекаме со узо, кога се ќе се реши ќе се вратиме на готово, за тоа само нé бива.
 
Последна промена:

И така цела држава е кладилници и казина, да ги интегрираме во институциите уште подлабоко..
Не е ГПТ, направено е истражување претходно со perplexity и формулиране текстот за да биде почитко. Повели помини 3 дена истражувај рачно со Гугл на таа тема и пак нема се да ти биде опфатено во истражувањето. Битна е поентата, AI веќе длабоко е навлезен насекаде, факултети се завршуваат со ГПТ така да нема ни смисла да се укажува дека е користено, одамна е секојдневие. Ќе мора да се навикнеме на новиот свет.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.554
1.161
Скопје Аеродром
Бугарија е во ЕУ, нарачај пример некој дел за автомобил од Германија одма ќе мораш да плаќаш и царини и ддв. (кога ќе видат дека не пристига од Кина делот како хиени му се мерачат на пакетот дури и да е делот половен).
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
214
261
за обичен народ е подобро да се крене минималниот праг за царинење/данок. сега почнува од смешни 22еур при примање пратки преку пошта. додека ако носиш нешто со себе преку граница, прагот за царинење почнува од околу 300еур. нека го кренат и за поштенски пратки на 200-300еур, тогаш нема ни царината да биде толку оптоварена. верувам дека повеќето поштенски пратки од странство не вредат повеќе од 200-300еур и нема да дремат непотребно на царина. па и уште ако се најде јунак да ја разработи државна пошта за достава на пратките од странство... ова важи само доколку луѓето кои имаат сила да сменат и спроведат закони и процедури, навистина се грижат за доброто на народот.

DDP системот е првенствено добар за полнење на буџет, што е обратно од добро за народот. за брзи, итни пратки може да се доплати премиум услуга да стигне побрзо, но и добивање на таа доплатена брзина веќе е лотарија кај нас.

од точките зошто да се бориме за DDP, само поедноставување држи вода, другите се само некаква нејасна надеж за подобро
 
Точно, прагот треба во секој случај да се крене и тоа многу повеќе и од 200-300 еур според мене. Македонија е премногу мала земја со многу малку производство и избор на продукти, а царината е првенствено измислена за да го штити домашниот пазар. ЕУ е целата отворена, избор на продукти има огромен. Нема никаква смисла да препишуваме закони од ЕУ. Мора да се крене прагот и тоа многу, а потоа да се воведе и ДДП систем. Сепак има многу пратки кои што се царинат или само ДДВ се плаќа.
На пример многу важни пратки од САД или Кина се испраќаат со ДХЛ Експрес. Кошта стотици долари, но за 2-3 дена се во државава и треба да ти се достави до врата истиот ден. Наместо тоа на царина ќе стојат со недели и ќе те занимаваат со процедури и хартии, лежарини и што ли не.. Нема никаква смисла плаќањето на ДХЛ Експрес во тој случај.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Јас само ќе кажам дека ова АИ и не знаело баш многу и не изтражило баш :D Тотално е можно DDP во МК, само ако тоа го сакаат Муштериите и имаат економска логика, или како во ЕУ не им наредат. Им треба само македонска шпедиција и толку, друго сѐ си има (и закони, и постапки, и електронски системи, и веб сервиси, итн...) и сѐ си работи веќе со години. Што мисли АИ дека кај нас сѐ уште царински формалности се прават рачно (не дека не е можно, но секоја шпедиција која бар малку држи до себе одамна не го прави тоа)? Добро не е крив овој Перплексити, крив е тој што му верувал 100%.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.720
Најдобро царинска унија со ЕУ, ама и ова е добар почеток. Само што муабетиш со потомците на оние што мислеа дека кршењето на ембаргото военото профитерство кон Србија е единствениот начин ние да преживееме. И го оправдуваа(т).
Ова е како да го прашаш Македонецот дали сака да плаќа за легални IPTV сервиси… Или зошто Жирафа не плаќа(ше) царина и ДДВ.
Џабе везеш. Ќе те убедуваат на десет страни дека е подобро да не плаќаат ниеден данок за да биде поевтино. И да си пазат пешаците зашто шоферите се луди и тоа не може да се смени.
И така никогаш нема да влеземе во ЕУ. Ама можеби и подобро да не влеземе!?! За да можеме да избегнуваме даноци и царини...

(Не знам зошто на овие теми секогаш се сеќавам на старата - дојдоа дивите и ги истераа питомите…)
Едит: сакаме да се еб*ме ама да не ни влезе е втората што ми текна отпосле. Сакаме во ЕУ ама сѐ да биде шверц и пиратско. Нејсе
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.626
3.181

Не сакаме во еу, сакаме да нема шверц и пиратерија. Еу е смрт за скоро сите бизниси во Македонија и нивна замена со конзорциуми. Воедно зголемување на цени и сиромаштија и дополнително исселување на населението.
На темава, да мора да се плаќа царина и данок на се што се нарачува онлајн. Слободно оди до некаде и купи го. Царината постои за да се отвори можност за локалните бизниси. Зарем ќе може да опстане било каква економија која ќе се судри со Кина? Германија крахира, а не па Македонија. Ама за 15 денари поефтина маска за телефон купен онлајн од кина спремни сме да ја уништиме државата.

Во суштина државата ја уништвме одамна, сега уште фунцкионира по инерција.
 
23 мај 2012
1.501
3.442
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D Gaming Processor | ROG Ryuo IV SLC 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade PCIe 4.0 NVMe® M.2 SSD 2TB | Samsung 970 EVO PCIe 3.0 NVMe® M.2 SSD 1TB
PSU
ASUS TUF Gaming 1200W Gold ATX 3.1
RAM
Kingston FURY™ Beast DDR5 32GB (2x16GB) 6000MT/s CL30
Video card
ROG Astral GeForce RTX™ 5090 32GB GDDR7 OC Edition
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro White Edition
Keyboard
ROG Claymore Gaming Keyboard
Audio
Creative A250 2.1 Speaker System | ROG Strix GO Core Gaming Headset | Samsung HW-Q800C 5.1.2 Ch. Dolby Atmos
Monitor
Alienware AW3821DW 3840x1600 144Hz G-SYNC® ULTIMATE | LG OLED55G42LW 4K Ultra HD 144Hz NVIDIA® G-SYNC®
OS
Windows® 11 Pro 64-bit 25H2
Царини постојат за да се заштити домашното производство, а не локалните тапкароши. Земи мотика, произведи нешто па после кукај по форуми.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.626
3.181
Царини постојат за да се заштити домашното производство, а не локалните тапкароши. Земи мотика, произведи нешто па после кукај по форуми.
Се надевам не си учел економија од таки фифти фифти.
Царини постојат за да се заштити домашната економија.
 
23 мај 2012
1.501
3.442
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D Gaming Processor | ROG Ryuo IV SLC 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade PCIe 4.0 NVMe® M.2 SSD 2TB | Samsung 970 EVO PCIe 3.0 NVMe® M.2 SSD 1TB
PSU
ASUS TUF Gaming 1200W Gold ATX 3.1
RAM
Kingston FURY™ Beast DDR5 32GB (2x16GB) 6000MT/s CL30
Video card
ROG Astral GeForce RTX™ 5090 32GB GDDR7 OC Edition
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro White Edition
Keyboard
ROG Claymore Gaming Keyboard
Audio
Creative A250 2.1 Speaker System | ROG Strix GO Core Gaming Headset | Samsung HW-Q800C 5.1.2 Ch. Dolby Atmos
Monitor
Alienware AW3821DW 3840x1600 144Hz G-SYNC® ULTIMATE | LG OLED55G42LW 4K Ultra HD 144Hz NVIDIA® G-SYNC®
OS
Windows® 11 Pro 64-bit 25H2
Преку заштита на домашното производство, затоа и нема царина на (во најголем дел) компјутерски делови, пример. Што би се постигнало тука со царина? Веќе секако плаќаме цени повисоки од европските.

Ти знам што сакаш. Да увезуваш кинеска роба, да ја продаваш по европски цени, да исплаќаш под просечни македонски плати, а притоа профитот да ти го гарантира државата. Бонбона бизнис.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

Грујо го скина данок за компјутери за да има попристапни цени и полесен развој на државата.
Тоа е стратегија на државата.
Царина ставаш за да може да функционира стопанство (особено кога имаш мала држава). Секоја соседна држава може да ти уништи било кој дел од економијата преку дампинг цени, па дури и без тоа. Едноставно полесно е да се произведе и продаде на пазар од 40 милиони (полска) и да имаш мал профит по единица производ, ќе направиш голем вкупен профит. Кај нас за да имаш мал профит вкупен, треба да продадеш на 1.8 милиони претежно сиромашни луѓе. Кај имаш малку клиенти, уште треба некој од страна да ти продава на твоите клиенти без да плати царина и данок (ко што плаќаш ти).
Прво се учи патриотизам, ама 90% тука се оперирани од тоа, па после државата не чинела. Како да чини било што што 90% не го сакаат.
 
23 мај 2012
1.501
3.442
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D Gaming Processor | ROG Ryuo IV SLC 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade PCIe 4.0 NVMe® M.2 SSD 2TB | Samsung 970 EVO PCIe 3.0 NVMe® M.2 SSD 1TB
PSU
ASUS TUF Gaming 1200W Gold ATX 3.1
RAM
Kingston FURY™ Beast DDR5 32GB (2x16GB) 6000MT/s CL30
Video card
ROG Astral GeForce RTX™ 5090 32GB GDDR7 OC Edition
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro White Edition
Keyboard
ROG Claymore Gaming Keyboard
Audio
Creative A250 2.1 Speaker System | ROG Strix GO Core Gaming Headset | Samsung HW-Q800C 5.1.2 Ch. Dolby Atmos
Monitor
Alienware AW3821DW 3840x1600 144Hz G-SYNC® ULTIMATE | LG OLED55G42LW 4K Ultra HD 144Hz NVIDIA® G-SYNC®
OS
Windows® 11 Pro 64-bit 25H2
Се намали ДДВ од 18% на 5%, а цените ако првчно малку се симнаа, веќе не е тоа случај. Кај е разликата ако не во маржите? Продавачите од странство не плаќаат царина и ДДВ, но затоа јас плаќам кога ќе ми стигне производот, по истиот царински тарифник што важи и за тебе. Кој е тука проблемот? Ако мене повеќе ми се исплати да купам од странство по малопродажни канали. ти си тој што ја утнал математиката.
 
spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
За крајниот корисник секако не е добро и мора да се измисли уникатен начин да се применува царина. Проста споредба, Бугарија е во ЕУ. Во ЕУ има ОГРОМЕН избор на продукти и скоро се може да ти стигне за 1-3 дена од сите ЕУ држави без царина. Иако многу од продуктите веќе се од Кина, царината била платена од продавачот при увоз на големо во ЕУ и завршено. Ти ја плаќаш царината во цената плус маржата на продавачот. Популација во ЕУ 450 милиони. Значи ова важи за 450 милиони потрошувачи и лигочно изборот и цени на продукти е огромен.

Во Македонија потрошувачите се МНОГУ малку. Милион и нешто. Шансите да продуктот што го бараш го нема се огромни. Дури и да го има, изборот е премал, цените превисоки спрема ЕУ. Кога ќе порачаш продукт од да речеме Германија, пак плаќаш царина и ДДВ на тој продукт ИАКО веќе си ги платил во пресметаната цена на гемранецот продавач кој производот најверојатно го импортирал од Кина и веќе платил царина, плус му плаќаш ВАТ т.е. ДДВ во ЕУ.

Така да карјниот потрошувач во Македонија е заебан. Плаќаме двојни ДДВ и царини кога порачуваме производи од ЕУ. Ова нема никаква логика.
Мислењето е автоматски споено:

Не сакаме во еу, сакаме да нема шверц и пиратерија. Еу е смрт за скоро сите бизниси во Македонија и нивна замена со конзорциуми. Воедно зголемување на цени и сиромаштија и дополнително исселување на населението.
На темава, да мора да се плаќа царина и данок на се што се нарачува онлајн. Слободно оди до некаде и купи го. Царината постои за да се отвори можност за локалните бизниси. Зарем ќе може да опстане било каква економија која ќе се судри со Кина? Германија крахира, а не па Македонија. Ама за 15 денари поефтина маска за телефон купен онлајн од кина спремни сме да ја уништиме државата.

Во суштина државата ја уништвме одамна, сега уште фунцкионира по инерција.
Нека постои за производите кои се произведуваат во Македонија, ако воопшто можат да бидат конкурентни на кинеските по цена/квалитет. Во случај кога 99% од производите се внесуваат од Кина, и тоа многу пати на црно или со намалени давачки за увозникот поради врски, ова секако нема логика. Кого штитиме реално, измамниците увозници?
Мислењето е автоматски споено:

Најдобро царинска унија со ЕУ, ама и ова е добар почеток. Само што муабетиш со потомците на оние што мислеа дека кршењето на ембаргото военото профитерство кон Србија е единствениот начин ние да преживееме. И го оправдуваа(т).
Ова е како да го прашаш Македонецот дали сака да плаќа за легални IPTV сервиси… Или зошто Жирафа не плаќа(ше) царина и ДДВ.
Џабе везеш. Ќе те убедуваат на десет страни дека е подобро да не плаќаат ниеден данок за да биде поевтино. И да си пазат пешаците зашто шоферите се луди и тоа не може да се смени.
И така никогаш нема да влеземе во ЕУ. Ама можеби и подобро да не влеземе!?! За да можеме да избегнуваме даноци и царини...

(Не знам зошто на овие теми секогаш се сеќавам на старата - дојдоа дивите и ги истераа питомите…)
Едит: сакаме да се еб*ме ама да не ни влезе е втората што ми текна отпосле. Сакаме во ЕУ ама сѐ да биде шверц и пиратско. Нејсе
Преговарав со неколку кинески компании за одредени продукти, сите ми рекоа ДДП не е достапно во Македонија, но е достапно во Бугарија. Така да не знам дали тој систем само не е достапен кај кинезите ама ако е достапен кај нас, очигледно треба да се реагира да го има како опција во сите курирски фирми низ светот кои испорачуваат до Македонија како опција.
 
Последна промена:

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
703
1.001
Вистина има забегани фаци на форумов… Еу ќе ги скинел бизнисите во Мк… која само изјава…
Па уште вмешува патриотизам .
Цена на пиво произведено во мк и цена на пиво произведено во било која европска држава е приближно иста. За разлика со тоа што Сашета пика вџеб 1000% профит со тоа што плаќа 10х помали плати.
Не биди кловн и едуцирај се пред да тресеш зелени . А патриотската карта да си ја носиш пред кооперација.
Еве како патриота пробај да направиш фирма со сопствено производство и да продаваш производи во друга земја . .
Колку само ќе се олесни набавка на репро од други земји со воведување на чудово. Нема трескање по шпедиции, па ова заборавиле да пишат, па ти си бил крив оти некој од иран или турција пратил грешна декларација …
Ама тоа е … патриоти.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.626
3.181
Се намали ДДВ од 18% на 5%, а цените ако првчно малку се симнаа, веќе не е тоа случај. Кај е разликата ако не во маржите? Продавачите од странство не плаќаат царина и ДДВ, но затоа јас плаќам кога ќе ми стигне производот, по истиот царински тарифник што важи и за тебе. Кој е тука проблемот? Ако мене повеќе ми се исплати да купам од странство по малопродажни канали. ти си тој што ја утнал математиката.
Отвори гранап во планинско село и имај маржа од 2%.
Отвори ланец маркети по најголемите градови и пак имај 2%.
Кој ќе направи пари а кој ќе биде во загуба?
Џабе ти пишав погоре, битно е да се заштеди 20 денари на графичка од 5000 евра и да се купи од кинез.
Анхоч на пример треба да затвори. Ситре треба да затворат. Може и државата да затвори.
Па поекономично е да не управува некој од сами себе.

Размислување на непораснато дете. Подобро е тато и мама да ме чуваат за да заштедам. Слобода и одговорности се за возрасни и глупи. Јас битно ќе си поминам поефтино. Тоа е најбитното во животот. Слобода, просперитет, предизвици и можности се само глупи и небитни зборови.

@kirev не може да се направи нешто ново и конкурентно ако се носи производ што го убива во поим секое домашно производство. Немаме шанси да пласираме во Кина затоа што транспортот е прескап.
Пробај прати ја истата маска за телефон што си ја купил за вкупно 50 денари, како за да ја пратиш во Кина само поштарината е ногу повисока. Не е тоа малку чудно?
@Trtka Да, еу ќе биде крај за повеќето бизниси во Македонија. Направена е за профит на големите корпорации, а ние немаме такви. За да можеш да напредуваш треба прво да имаш пазар домашен, па потоа и странски. Полска затоа има најголем раст. Има најголема домашен пазар и поевтина работна сила од комшиите. Воедно комшија и е Германија, а не албанија/бугарија. На своите 40 милиони додава уште 80 милиони пазар. Ама прво продава на своите 40. Ние сме 1,2 милиони. Сиромашни и неуки/неспособни. Се купува што е најефтино без капацитет да се побара квалитет. Пробај продавај локално со маржа до 3% и биди успешен бизнисмен.
Маржата е врзана со бројот на продажби. Не е исто милион продажби и 150 продажби. Првото по евро т носи милион евра. Второто по 10 евра си тек до 1500 евра. Ама веројатно си уберекономист штом ова треба да ти го објаснувам.
 
23 мај 2012
1.501
3.442
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D Gaming Processor | ROG Ryuo IV SLC 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade PCIe 4.0 NVMe® M.2 SSD 2TB | Samsung 970 EVO PCIe 3.0 NVMe® M.2 SSD 1TB
PSU
ASUS TUF Gaming 1200W Gold ATX 3.1
RAM
Kingston FURY™ Beast DDR5 32GB (2x16GB) 6000MT/s CL30
Video card
ROG Astral GeForce RTX™ 5090 32GB GDDR7 OC Edition
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro White Edition
Keyboard
ROG Claymore Gaming Keyboard
Audio
Creative A250 2.1 Speaker System | ROG Strix GO Core Gaming Headset | Samsung HW-Q800C 5.1.2 Ch. Dolby Atmos
Monitor
Alienware AW3821DW 3840x1600 144Hz G-SYNC® ULTIMATE | LG OLED55G42LW 4K Ultra HD 144Hz NVIDIA® G-SYNC®
OS
Windows® 11 Pro 64-bit 25H2
На државата не и прави разлика дали јас сам ќе го увезам производот или локалниот трговец кој потоа ќе ми го продаде мене. Секако се работи за увезен производ кој не се произведува локално, а данокот во двата случаи го плаќам јас. Но ако јас заштедам, па макар тоа биле и 20 денари, со истите тие ќе отидам во најблиската продавница и ќе купам Витаминка смоки со што ќе го поддржам домашното прозводство.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.234
2.669
треба да се уведе ова. Не се исплаќа да купуваш од локалци, ќе те одерат со цени.
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.057
3.496
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
имам нарачано тркала за точак од UK, ми стигнаа со DDP. Така да не гледам што би требало македонија да воведува?!?

1758013680045.png
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.720
имам нарачано тркала за точак од UK, ми стигнаа со DDP. Така да не гледам што би требало македонија да воведува?!?

Погледнете го атачментот 153776
Британците после Брегзит се мачат со извозот во ЕУ па изгледа имплементирале не само за ЕУ туку и за за било која земја. Значи Аљи и Тему можат лесно да го имплементираат, ама знаат дека ќе изгубат многу муштерии. Цените на пр. во Хрватска се поголеми речиси за 30% од цените за Македонија...
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
703
1.001
@JasSum амстел и хајнекен се произведуваат во скупје. Двете имаат бар 10 пати помала потрошувачка од скопско и даб. Каде црни стојане одиш со пресметкиве.
Ти си момак за пред кооперација.
Се знае за х производ колкав производствен трошок има. Цена на работна снага, цена на репро, режиски трошоци. Крајната цена може да варира 10%, не може 1000.
Ете отвори алибаба и сам провери , на пример од 1-10 производи. Од 11-100 и така натака.
Незнам зошто му објаснувам на некој што во живото нема нарачано репро за фирма, а пак извезено или произведено уште помалце.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.626
3.181
@JasSum амстел и хајнекен се произведуваат во скупје. Двете имаат бар 10 пати помала потрошувачка од скопско и даб. Каде црни стојане одиш со пресметкиве.
Ти си момак за пред кооперација.
Се знае за х производ колкав производствен трошок има. Цена на работна снага, цена на репро, режиски трошоци. Крајната цена може да варира 10%, не може 1000.
Ете отвори алибаба и сам провери , на пример од 1-10 производи. Од 11-100 и така натака.
Незнам зошто му објаснувам на некој што во живото нема нарачано репро за фирма, а пак извезено или произведено уште помалце.
Се произведува ли скопско во Амстердам? Или еве оти е хеленик, во Солун или во Атина? Ко што кажав. Доаѓаат корпорации и те откупуваат, па потоа имаш пиво со нереално висока цена а профитот оди на друго место. Мислиш можеш да конкурираш на хеленик? Ќе направиш пивара од тој размер и ќе им конкурираш со некое ново пиво? Ние и без еу изгубивме се што можеше да се изгуби. Ама еу. Еве види како добро им оди на сите што влегоа во еу.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Јас напишав и некој паметен ми ја избриша пораката:

ЌЕ ЗАЕБЕТЕ РАБОТА!!!

Научете ја бирократијава како уште да го одере народов. Малку ли ви се давачки (административни), па за секоја градежна дозвола треба да корумпирате (всушност погрешен е зборот - они ви бараат мито) по неколку бирократи, за секое лечење кое е посложено од пиење аспирин пак треба да корумпирате бирократи (и овде они ви бараат мито), за секое одобрение, дозвола, потврда, лиценца, пасош пак треба да корумпирате бирократи (и овде они ви бараат мито)... Да набројувам понатаму? Зошто уште да го цицаат обичниот граѓанин???

Е, да, на форумов нема само одлично платени од странство програмери кои можат да се кур*ат со скапи работи купени од овде, има и ликови кои тешко, мачно го заработуваат секој денар во други области. Коректно е да мислите како вашите активности влијаат врз нив...

Сте забележале дека мајка ви, жена ви, или личноста која ви набавува секојдневни потреби за по дома, дека таа личност ги следи попустите што ги даваат продавачиве во каталозите?
Сте забележале колку народ оди во Врање во сабота да купи основни работи за дома од лидл?
Сте забележале дека надокнадата за работење што некои ја викаат и плата е недостојна за живот на огромниот процент на население?

Епа, учете ја бирократијава како да го дере народов уште повеќе, наместо да барате институциите што ги плаќате да бидат ефикасни во работењето
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно