Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Aliexpress

Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Интересниот дел е дека продавачот е можно да не испорача ништо, пошто цената е прилично пониска од другите понуди а продавницата е нова... Уште утрово имаше некој „тракинг“ дека као мојава пратка пратки веќе е стигната во "ROISSY CHARLES DE GAULLE CEDEX".
Значи пратена до Гостивар, а јас инаку сум од Скопје, и тоа преку Истанбул за накај Софија а завршила во предградие на Париз за помалку од пола деноноќие (нарачано синојќа во 1 по полноќ). o_O

Втората пратка па тракингот е за Битола.
Секако е превара работава, ама ќе биде интересно да се следи. Може ќе им отворам чет на Али ако имам време.

Федекс линк:
Сум нарачувал два или три пати до сега од нови продавници каде што производите биле доста поевтини во однос на останатите, стигнале сите. Најверојатно симнуваат цени за да привлечат муштерии. Е сега твојов случај со тракингов е малку чуден.
Пушти линк да го видиме продавачов, нормално ако не се работи за некои премногу ,,лични" производи.
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
Jaсно де, друго беше прашањето. Нејасно е напишано дали гаранцијата се однесува на:
  • крајна испорака до купувачот во рок од стандардните 75 дена (ова е јасно дека после иде диспјут, нејасно е дали следува купонот што го ветуваат Али)
  • рок за предавање на производот на испорака, или почнување на шипинг, кај ова што го нарачав пишуваше 11 дена
  • вкупното време за испорака до купувачот, без прецизирање дали се однесува на наведените 11 дена или на стандардните 75 дена

Купонот е интересниот момент, кој го даваат (наводно) за неисполнување на еден или сите горенаведени моменти (нејасниот дел). За тоа прашував дали некој има конкретно искуство. :)
за купонот незнам нит сум приметил до сега :D
а за испораката на нарачката ги пишува датите, од тоа ја што имам приметено, делот за испорака да ја испрати пратката не се вклучени, ми се има десено да чека селер до последен ден за да ја маркира пратена пример.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.729
15.822
youtu.be
Сум нарачувал два или три пати до сега од нови продавници каде што производите биле доста поевтини во однос на останатите, стигнале сите. Најверојатно симнуваат цени за да привлечат муштерии.
Проверено, баш е така.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.769
6.478
SK
Сум нарачувал два или три пати до сега од нови продавници каде што производите биле доста поевтини во однос на останатите, стигнале сите. Најверојатно симнуваат цени за да привлечат муштерии. Е сега твојов случај со тракингов е малку чуден.
Пушти линк да го видиме продавачов, нормално ако не се работи за некои премногу ,,лични" производи.
32G DDR4 1TB NVMe, AMD Ryzen 7 5800H, CHIN
US $84.96 x1
нормално ако не се работи за некои премногу ,,лични" производи.
:unsure: :p
Мислењето е автоматски споено:

Проверено, баш е така.
И јас се надевав, пред да го видам тракингот дека стигнал до Париз за едно 8-9 часови од нарачката... И пази, пратката е до Гостивар. Втората пратка иде до Битола. А јас од Скопје.
Превара 102.3%... И дајбоже да сум грешка пошто и со арачот од Федекс пак добијам миниРС со 2 етернет портови, Рајзен 7-мица, 32 гига рам, и 1тера ССД, за некои 4+К... What's not to like?

Ама јасни ми е дека нема ништо да биде од тоа, сето ова е повеќе да видам што е со купонот од Али. Пошто го ветуваат.
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.378
5.513
Хммм AliExpress commitment... Како го разбирате/толкувате ова: „Shipping guarantee Items marked with Shipping guarantee are assured that the order will be shipped within the promised time or you get a compensation coupon code. For full details please refer to the rules section“.
Ако не ти го испрати во одредено време, добиваш рефундација и купон од еден долар/евро попуст за следната нарачка. Ми се случило неколку пати да не го испратат за х денови и секојпат ми додале ваков купон.

1735233727653.png
Со оглед дека нарачката е испратена, рокот е испочитуван. Кога и дали ќе стигне и што ќе стигне е друг муабет.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
32G DDR4 1TB NVMe, AMD Ryzen 7 5800H, CHIN
US $84.96 x1

:unsure: :p
Мислењето е автоматски споено:

И јас се надевав, пред да го видам тракингот дека стигнал до Париз за едно 8-9 часови од нарачката... И пази, пратката е до Гостивар. Втората пратка иде до Битола. А јас од Скопје.
Превара 102.3%... И дајбоже да сум грешка пошто и со арачот од Федекс пак добијам миниРС со 2 етернет портови, Рајзен 7-мица, 32 гига рам, и 1тера ССД, за некои 4+К... What's not to like?

Ама јасни ми е дека нема ништо да биде од тоа, сето ова е повеќе да видам што е со купонот од Али. Пошто го ветуваат.
Мислам дека си налетал на погрешен продавач. Веќе има рецензии дека испраќа на погрешни адреси. Ќе добие некој конци за шиење во пакет или својата (односно твојата) нарачка. Прашај си во Федекс дали во случајов може да ти обезбедат документ за да го приложиш во диспјут.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Дечки совет некој, чекав пратка и пред некој ден заврши времето за нарачката со статус доставена. Отворив на пошта и вика бројот не постои, отворив на 17track и си пишува убаво дека стигнала пратката во пошта и е доставена но нормално ја немам ништо добиено. Диспјутот го изгубив и парите ги пуштија на продавачот. Лани имав сличен случај но отидов на време позади во пошта и ја најдоа кај поштарот во фиока заедно со други пратки. Чаре некое?
 
Атачменти

  • IMG_4530.png
    IMG_4530.png
    365,5 KB · Прегледи: 26

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.769
6.478
SK
Ќе си пратеш тракинг кога ќе влезе во МК.
Факт е дека тракинг броевите што ги добив се за пратки регистрирани и испратени во Гостивар и Битола. Не дека моментално се во Гостивар и Битола, па ќе дојдат во Скопје... И да, еве веќе почнаа да искачаат ривјуа дека продавачот е скамер.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Дечки совет некој, чекав пратка и пред некој ден заврши времето за нарачката со статус доставена. Отворив на пошта и вика бројот не постои, отворив на 17track и си пишува убаво дека стигнала пратката во пошта и е доставена но нормално ја немам ништо добиено. Диспјутот го изгубив и парите ги пуштија на продавачот. Лани имав сличен случај но отидов на време позади во пошта и ја најдоа кај поштарот во фиока заедно со други пратки. Чаре некое?
Сигурен си дека пратка што е испорачана пред помалку од 20 дена ја нема на сајтот на пошта? Остануваат најмалку два до три месеци. Да не грешиш со бројчето?
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Не грешам со бројот ама од понеделник ќе мора да им поминам на железничка. Од 13 пратки ми стигнаа само две што беа преку елс се останато у вреќа во пошта 3 месеци.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Не грешам со бројот ама од понеделник ќе мора да им поминам на железничка. Од 13 пратки ми стигнаа само две што беа преку елс се останато у вреќа во пошта 3 месеци.
Имам и јас UB пратки кои дремат во вреќа повеќе од три месеци, а добив друга UB пратка која стигна за петнаесетина дена по овој статус. Логиката е во вештачка кома.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Имам и јас UB пратки кои дремат во вреќа повеќе од три месеци, а добив друга UB пратка која стигна за петнаесетина дена по овој статус. Логиката е во вештачка кома.

Не се замарам за тие што ќе дремат туку за таа што одма отишла како доставена пошто толку од неа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.769
6.478
SK
Во тој случај ќе си бараш фул рефунд.
Нормално, само интересното е дали Али ќе го дадат купонот што го ветуваат во тој нивниот „AliExpress commitment“. Нели тоа беше поентата, во старт беше јасно дека работата смрди и понудите се преевтини.

Мислам дека си налетал на погрешен продавач. Веќе има рецензии дека испраќа на погрешни адреси. Ќе добие некој конци за шиење во пакет или својата (односно твојата) нарачка. Прашај си во Федекс дали во случајов може да ти обезбедат документ за да го приложиш во диспјут.

Му ги отстранија сите производи од продавницата, се појавија многу негативни ривјуа. Мислам дека нема да има потреба за ништо од Федекс. А и што можат да ми приложат, пратките не се до мене... Освен некаква изјава дека немаат пратки за мене. Којзнае дали би учиниле таква услуга. Да знаеш дека треба да им пишам ако најдам време, чисто за општо да знаеме како иде справување со вакви превари. Нека пише кој ја знае емаил адресата од овдешната испостава на Федекс.
Кога нарачував не се ни сетив да погледам што е бесплатниот шипинг. Од стотици нарачки ниеднаш, ама баш ниеднаш Федекс не бил бесплатната опција. Отсега ќе гледам и на тоа. Инаку Али шипингот бил 16-17 долари, да видев дека е Федекс ќе одберев да платам за Али шипинг.
Мислењето е автоматски споено:

Дечки совет некој, чекав пратка и пред некој ден заврши времето за нарачката со статус доставена. Отворив на пошта и вика бројот не постои, отворив на 17track и си пишува убаво дека стигнала пратката во пошта и е доставена но нормално ја немам ништо добиено. Диспјутот го изгубив и парите ги пуштија на продавачот. Лани имав сличен случај но отидов на време позади во пошта и ја најдоа кај поштарот во фиока заедно со други пратки. Чаре некое?
Пријави во полиција. Ако е регистрирана пратката, а мора да е штом Али има потврда за испорака, тогаш сега Пошта и поштарот ќе мораат да докажат дека ти ја испорачале пратката. Имено твој потпис (кој никој не го бара и практикува а сега се гледа и зошто е потребен).
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.378
5.513
Дечки совет некој, чекав пратка и пред некој ден заврши времето за нарачката со статус доставена. Отворив на пошта и вика бројот не постои, отворив на 17track и си пишува убаво дека стигнала пратката во пошта и е доставена но нормално ја немам ништо добиено. Диспјутот го изгубив и парите ги пуштија на продавачот. Лани имав сличен случај но отидов на време позади во пошта и ја најдоа кај поштарот во фиока заедно со други пратки. Чаре некое?
Појди во пошта 2 да го проверат бројот и ако е маркирана како испорачана не се расправај на шалтер, туку веднаш барај да се видиш со контролор или друго одговорно лице.

Нормално, само интересното е дали Али ќе го дадат купонот што го ветуваат во тој нивниот „AliExpress commitment“. Нели тоа беше поентата, во старт беше јасно дека работата смрди и понудите се преевтини.
Нема, затоа што не следува во ваква ситуација. Купон добиваш за ненавремено испраќање. Во твојов случај ќе си бараш да ти рефундираат. Порано во вакви случаи кога ќе откријат преварант и ќе го суспендираат, автоматски на сите им се враќаа парите. Сега треба да си поднесеш барање.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.769
6.478
SK
Нема, затоа што не следува во ваква ситуација. Купон добиваш за ненавремено испраќање. Во твојов случај ќе си бараш да ти рефундираат. Порано во вакви случаи кога ќе откријат преварант и ќе го суспендираат, автоматски на сите им се враќаа парите. Сега треба да си поднесеш барање.
Прво секако ја почнав работата, па и ќе ја завршам. Од тој аспект ако тракингот се покаже дека е лажен, а за некој ден/недела секако ќе се покаже, тогаш пратките воопшто не се ни пратени. Следствено Али треба да си го држи зборот, пошто непраќање функционално е исто што и ненавремено испраќање.

Второ, ако навистина купонот е 1 долар како што кажуваш, тогаш целава работа е интересна само како показна вежба. :)
Мислењето е автоматски споено:

Пратив маил до овдешните претставници на Федекс, ако на некој му затреба маил адресата оваа е:
[email protected]

Преварантите праќаат број од постоечка пратка што е испратена до некој друг со надеж дека ќе ги земат парите додека нарачателот забележи дека нешто не е во ред и реагира. Ако се открие и докаже навреме нарачателот веднаш добива целосна рефундација на средствата.

Купонот за компензација е ако продавачот заради логистички или какви и да причини не стигне да ја испрати нарачката во дадениот рок. Во тој случај нарачката се откажува и повторно има целосна рефундација, овој пат заедно со купонот од еден долар/евро.

Федекс нема да даде никакви доверливи информации од клиентите и немаат врска со целиов случај.
 
Не мора да е постоечка пратка. Може да е било каква пратка со некоја глупост внатре, испратена до некоја рандом адреса во иста држава. Штом се потврди дека е испорачана, останува проблемот да докажеш дека не ти е тебе испратена (примена). Инаку од Федекс би можело да се земе потврда дека на твое име и адреса не е испорачана таква пратка, не податок на кого е испорачана. Со тоа нема никакво откривање на лични податоци. Ако се спремни да дадат такво нешто кај нас, инаку даваат.
Во случајов на @Lokvan мислам дека нема да биде потребно со оглед на тоа што продавницата е веќе затворена, ама секогаш постои шанса да тргне нешто наопаку.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.378
5.513
Не мора да е постоечка пратка. Може да е било каква пратка со некоја глупост внатре, испратена до некоја рандом адреса во иста држава.
Па баш тоа е постоечка пратка. Не е важно што содржи, важно е дека постои таква пратка во поштенскиот систем. А никој не би праќал по Федекс, па макар и празен лист, само за да некому му приложи број за следење.
Или ќе испратат некаква безвредна ситница на вистинската адреса или ќе дадат број од туѓа пратка пратена на друга адреса најблиски што можат да најдат.

Штом се потврди дека е испорачана, останува проблемот да докажеш дека не ти е тебе испратена (примена). Инаку од Федекс би можело да се земе потврда дека на твое име и адреса не е испорачана таква пратка, не податок на кого е испорачана. Со тоа нема никакво откривање на лични податоци. Ако се спремни да дадат такво нешто кај нас, инаку даваат.
Во случајов на @Lokvan мислам дека нема да биде потребно со оглед на тоа што продавницата е веќе затворена, ама секогаш постои шанса да тргне нешто наопаку.
Во конкретниов случај, базирано на тие малку споделени информации, продавницата е затворена, а пратката според бројот патува во друг град. Сосема доволно за приговор и да се добие рефундација. Не треба ни чекање, ни федекс, ни ништо.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно