Опасна логика.
Еве ги податоците од Еуровент за LG системите што ги разгледувам:
Другар, oвде на форумов ретко за што се согласуваме и поточно е дека често и за многу работи не сме на исто мислење (вака „благо“ да се изразам)... Но ако за нешто се согласуваме скоро сите тогаш тоа е дека корејските клими (ел-џи и самсунг) се полош избор од јапонски клими, кога зборуваме за слични цени/класи.
Но дали тој LG ќе испадне некоја ужасно лоша клима? Веројатно не, поентата е само дека за парите има подобри (јапонски) клими. Но ти ако си убеден дека тоа е климата за тебе тогаш да си ја купиш и со среќа да си ја користиш - само биди љубезен па пренеси искуства. Пошто реално малку кој овде користи LG и можеби нешто се подобрило во меѓувреме, можеби погрешно се водиме според искуства од други држави, итн.