Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

time.mk меша македонски и српски извори...

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.497
572
И пак бегате од МОЈАТА тема, барем кажете за тоа збор два?
Нормално дека на сите не им се допаѓа да има линкови од српски вести на македонски агрегатор веб сај.

Ако ми е до српски вести ќе отворев Time.rs или некој друг каде се само српски вести.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.666
6.949
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
@JasSum @Astro јас со години отварам тајм.мк секојдневно и гледам дека имало отсекогаш линкови од секакви портали, и вмровски и сдсмовски, не знам од кај ви е муабетов за цензурата. Според муабетиве веројатно не го ни читате, а сте слушнале нешто и имате погрешно мислење.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.216
16.370

Па не баш. Очигледен е биасот на тиме.мк особено во преносот на вестите од Украина и Иран. Ама за да го приметиш тоа треба навистина да знаеш што се случува во земјата и светот па да приметиш дека се biased. Иначе ако ти се единствен извор на вести, како ќе си свесен?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.891
5.601

Не е тиме.мк со биас, туку медиумите наши препишувачки кои ги зема како избор. Знаеш она garbage in garbage out.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.671
3.276
Не е тиме.мк со биас, туку медиумите наши препишувачки кои ги зема како избор. Знаеш она garbage in garbage out.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Не е точно. Има повеќе вести. Твојата вест никогаш не се прикажува. Како на грид што цело време читаш како прва вест бугарска трибуна, така и на шлајм читаш левичарска пропаганда. Се друго е подоле во линковите што не можеш да ги кликнеш. Секогаш исти портали се први за кликање. Епа тоа е биас и водење политика. Нема ништо лошо во тоа. Но мора да си свесен дека постои. А штом постои таква страна, тогаш пазарот сигурно треба да добие избор и за други опции. Тогаш ќе си гледаш вести од различни извори, па ќе си видиш што е точно.

Темата е вметнување на српски линкови. Ги става за да има повеќе од 2 линка на една вест. Или ќе видиш дека нешто не е како што треба.

Царот е гол.
 
Фактите викаат се спротивно од она што напиша. Еве во моментов во инкогнито броусер.
1750251994550.png
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
самиот портал си има и дугменца горе за различно да се понаша (барем јавниот дел без тоа у позадина што праат друго) .. нел ко најнови вести, топ вести (по некој алгоритам?) и црвено/плави вести (власт/опозиција).
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.891
5.601
каква врска има инкогито браусер? што има врска тоа?
Да не речеш ете сум читал претходно нешто, па кукис, па ми дало такви резултати намерно итн... Ете биасот да го тргнам.
Него, суштински имаш нешто? Мислам која е поврзаноста на скриншотот погоре со твоето тврдење?
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.671
3.276
Да не речеш ете сум читал претходно нешто, па кукис, па ми дало такви резултати намерно итн... Ете биасот да го тргнам.
Него, суштински имаш нешто? Мислам која е поврзаноста на скриншотот погоре со твоето тврдење?
Не го разбираш зборот или како функционира биасот на тајм. Не го интересира ти што сакаш. Ти сервира негова пропаганда. Какви колачиња какви преференци. Он пука на цела МК публика со истите срања. Сега нема биас. Сега нема извори. Кога имаше, се што можеше да прочиташ е квазилевичарски срања.
Ко што кажав, немам проблем со тоа он да застапува некаква опција и политика.
 
Да бе заборавив дека само ти го разбираш. Како бе тоа јас не сум приметил квази левичарски (што и да ти значи тебе тоа) срања, или па квази десничарски кога сме веќе тука. Тоа што пишуваат/пишувале нашите индексирани портали тоа ми искачало, ако тие имале биас, а немале пошто за да имаш биас не треба само да препишуваш, тогаш има и тиме. Уствари имале биас, кон власта, а не кон одредена опција. А отсекогаш имало и ќе има медиуми наклонети кон една или друга опција. Значи што тие ќе произведат (ќе им издиктираат) и зависно кој е на власт (соодветно на тоа им истура паричка) тоа ќе доминира во медиумскиот простор нажалост.

п.с. и повторно на скриншотот кој упорно се правиш дека не го гледаш си демантиран у основното твое тврдење.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.134
7.816
Го прогласувам темава за умрено. Администрација, може едно затворање на темава, ептен се забега а ми беше одговорено на прашањето
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.671
3.276
Што ли ти значи квазилевичарски?
Квази левичарски се оние што на име се левичарски, а работењето им е фашизоидно, Ко што кажав сто пати, немам проблем што држи страна, тоа си е негово. Во Америка на пример јавно си кажуваат медиумите за кого навиваат. Но тајм имаше биас иако цело време кажува дека е неутрален, а се едни исти портали беа први за клик.

Сега нема веќе портали на тајм. Имаат голема публика на социјални мрежи и од таму им доаѓаат кликовите. Тајм ќе си види дека за агрегатор да биде агрегатор, треба да има што да агригира. Со отворена војна против тие од кои вади леб, си пукаше во глава.
 
mmarko

hello world
1 март 2013
203
157
mmarko's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-4770K
Motherboard
Asus Gryphon Z87
Storage
Samsung 840 Pro 256GB, Samsung 860 Evo 500GB
PSU
Corsair RM1000e
RAM
Kingston HyperX Beast 2x8GB 1600MHz
Video card
Asus TUF Gaming RTX 3090
Case
SilverStone TJ08-E
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
X-Bows Ranger (Hako Royal True)
Audio
Sennheiser HD 6XX
Monitor
Dell UltraSharp U2518D + Dell UltraSharp U2412M
OS
Windows 10
Дури и без некои задни намери, не е чудно да има во позадина рангирање на изворите, што потоа ќе влијае на позицијата, заедно со времето на објавување. На пр. може нема иста тежина ако нешто објави национален медиум или човек-сајт. Е сега дали е ова направено по некои објективни критериуми или не кој да знае. Или може едноставно да има повеќе извори што се наклонети на една страна. Или едните да објавуваат повеќе вести. Има многу променливи, тешко е да се постигне некоја апсолутна еднаквост, дури и да сака.

On topic: чекајте и бугарски ќе има
 
xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.822
12.871
Skopje
wemaxa.com
Агрегатор на вести се спомнува тука читам, какви црни вести?

"Со тело како божица 79 годишната Памела го ЗАПАЛИ интернетот!"
"Која е новата девојка на Ди Каприо - кликнете да дознаете!"

T.н портали се навреда за сите елементи на писменоста како поим, наменети за некоја илузорна публика што мислат ги чита исто како оние што дистрибуираат на тв турски/шпански/итн серии секој ден во ударен термин - најнеписмена и најзатуцана багра биомаса, најмал заеднички содржател. Главен адвертајзинг се кредити, кока кола и хемикалии за перење.

99% т.н. вести се преводи, рециклажи, веќе не се ни замараат да преведуваат, се оди преку гугл транслејт. Со ΑΙ и n8n workflow автоматизации сега нема ни копи пејст да прават, процесот ќе оди комплетно автомазирано.

Истражувачко новинарство? М-х, ако треба да се рекетира некој, ако не, умрено е.

Вести од светот = вести од Америка. Не постои ништо друго.

Цел простор е една голема заебанција, кој сака да чита / да се информира денешно време треба да го испоти газот мануелно да пребарува, споредува извори и да се потпре на сопствена интелегенција/логика и корисничка рационализација (форумски итн. мислења на поширока јавност притоа да знае да препознае што е вистински субјективитет а што се ботови, платеници, агитатори или дебили со испрани мозоци).
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.256
Мене лично не ми е никаков проблем да читам вести кои се однесуваат или доаѓаат од соседни земји. Или било кои други земји од светот. Ако не ме интересира го прескокнувам линкот.

И ич не ми е гајле дали на агрегатори на вести од соседните земји има вести од Македонија.

Американците не ни знаат дека постои Македонија. А ние секој ден слушаме што има ново кај нив. Па никој за тоа не се буни.

Тиме мк е полезно. Но не и неопходно. Како ќе решат така. Најнови вести од земјата и светот јас лично лесно ги добивам и од пребарување на гугл. И најчесто пообјективно и посеопфатно отколку преку агрегатори. Бар од мој аспект.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.216
16.370
Го прогласувам темава за умрено. Администрација, може едно затворање на темава, ептен се забега а ми беше одговорено на прашањето
Чекај сега, само до трета страна сме. Таму докај 12-та страна па ќе се затвори сама темата
 
25 ноември 2014
1.551
1.988
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Го прогласувам темава за умрено. Администрација, може едно затворање на темава, ептен се забега а ми беше одговорено на прашањето
Остај ги луѓето нека си направат муабет на споредна тема, одма “наставничке наставничке“
После умирале форумите...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.216
16.370
Го прогласувам темава за умрено. Администрација, може едно затворање на темава, ептен се забега а ми беше одговорено на прашањето
Ама генерално се сложувам со твојата констатација. Тиме.мк не би требало да меша странски вести. Тоа е македонски портал за вести од македонски извори.
Еве на пример оваа секција:
1750404376655.png
Претпоставувам дека со странскиве извори сакаат да покажат дека еве истото што се пласира кај нас се пласира и во регионот и ако ги прочитате сите достапни вести ќе видите очигледен биас каде што Израел е претставен како жртва која води праведна „војна“. А не пласираат ниту еден артикал каде се прикажува реалната ситуација во регионот.

Затоа како што некој погоре спомна, најпаметно е да не се следат меинстрим медиумите, наместо тоа да се следат вести од независни извори и од експерти кои имаат доста знаење на темата:
View: https://youtu.be/7pO0-49_oCk?si=_-3R0QHcVIzUtOcg

View: https://youtu.be/qKBRSIUQzGE?si=-XJX-Y-HQocPja2K
 
Последна промена:

ZeroCool666

hello world
24 ноември 2020
82
22
Супер што потегнале порталиве да им се регулира превземањето содржина од тајм мк. Е сега како што некој кажа, 90% од нив никад не би ги отворил да не сум ги начекал таму и само сум кликнал на наслов. И да, ако е вистина за профитот на тајм.

Да, можеби би требал да им плаќа одреден процент, поддржувам да.

НО. Тогаш е ред да се стават и порталите во ред. Да се регулира што се може да се нарече портал, колку вработени новинари треба да има, колку оригинална содржина, импресум објавен и се со ред вака лаички што ми текнува.

Па кога ќе ги снема објавувачите на партиски известувања и преводи од српски портали, од 50 портали ќе станат 20 со оргинална квалитетна содржина, тогаш нека се тепаат кој да искочи у први 5 линка на тајм и тајм нека им плаќа соодветно.

А до тогаш, тајм нема да отвораме... ако преживее со српски објави, супер за него.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Супер што потегнале порталиве да им се регулира превземањето содржина од тајм мк. Е сега како што некој кажа, 90% од нив никад не би ги отворил да не сум ги начекал таму и само сум кликнал на наслов. И да, ако е вистина за профитот на тајм.

Да, можеби би требал да им плаќа одреден процент, поддржувам да.

НО. Тогаш е ред да се стават и порталите во ред. Да се регулира што се може да се нарече портал, колку вработени новинари треба да има, колку оригинална содржина, импресум објавен и се со ред вака лаички што ми текнува.

Па кога ќе ги снема објавувачите на партиски известувања и преводи од српски портали, од 50 портали ќе станат 20 со оргинална квалитетна содржина, тогаш нека се тепаат кој да искочи у први 5 линка на тајм и тајм нека им плаќа соодветно.

А до тогаш, тајм нема да отвораме... ако преживее со српски објави, супер за него.
Се донесе законот во април. Инаку и од самиве коментари на темата можам да увидам какво влијание имал time.mk. Овде може да кажеме дека повеќето сме едуцирани луѓе и пак гледам дека информациите за новостите многумина ги црпеле исклучиво од time.mk и така си граделе една своја реалност без да знаат дека time.mk и тоа како форсира одредени вести и медиуми, потиснува други итн.
Што е толку тешко после толку години користење интернет да имате 3-4 медиуми кои ви се омилени и директно да ги посетувате за да се информирате? Секако барем еден нека ви биде од "спротивната" страна. Така многу подобро ќе креирате слика за тоа што навистина се случува кај нас и во светот.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
717
1.033

Да се забрани на форумов воук културата. Доколку некој има различно мислење од другиот не значи дека е 100% спротивно .
Еве на пример мене требаше некој да ми каже дека живеам во илузија и како тој праведниот мудриот опулениот ќе не просветли. Бог да чува и да брани .
Жално е да се гледа како воукеризмот завладејува кај нас кога во цел нормален свет почнува да се отфрла.
Недајбоже па авид да прочита како флегма дал воспитна. Аууууу , 21 век !!! СтрашНо.
Само не ми е јасно како некој македонски портал се зема за релевантен во било која смисла. Сите се дали леви дали десни дали несфатени. Секој си ја тера прикаската кко што му чине со една цел -профит. Еве на пример прикаската на ај ти мк со графичките како се разработувале ако биле копани . И како кингстон стана најдобро ссд.
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.874
34.165
roka.mk
Како што кажа тртка не може да се потпираме на информации кои ни доаѓаат само од оние кои се на „вистинската“ страна на светот. Колевката на woke културата, каде што се создаваат нови полови, срамно е да бидеш машко или женско. Ако не си дел од LGBT+ азбука-та, веројатно си ретрограден, уназаден, старомоден балканец мрсен и небањат. Јаката Америка, да таа Америка, таа светилка на слободата, која ја грижи за планетата во име на мирот со бомби се разбира, а ако некој не се сложува со нивното размислување или недајбоже да каже не... Буп, му лепиш епитет Агресор и решен проблем, луѓе гинат оруже се продава. Ако не си со нив, си терорист. Ако не плачеш на нивна химна тогаш си закана
.Како смеат држви да имаат геополитички интереси што не се одобрени од Пентагон!

Ние мислиме дека припаѓаме негде.... ок е да припаѓаш, ама на погрешна стана сме. Сакаме да биде дел од робовладетелско друштво во кое се осеќа демократија со вкус на багета и tear gas за секој протест. Liberté, égalité!

Не ви треба time.mk за да прогледате, не очекувате медиум да ви турат став, исклучете интернет и вклучете мозок.
Не за woke, не за Америка, Да за Слободоумије.

Може некој ќе се сложи може не али реално ме заболе цел к*рац за тоа....
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно