Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Да ама иронијата е тука дека и твоево мислење е во купчето со други какви шо ги посочи. Сите сакаме драма, сите сакаме правда, сите сакаме да си кажеме мислење. Многу е едноставно. И пак, фирмиве треба да учат од тоа пошо ете ти си задоволен ама многумина се на штрек после вакви информации. А место да учат си играат „ние знаеме повеќе од вас“. И така, ќе си се трупат мислења. А и сите сакаме да знаеме шо ќе се деси на крај дали ќе се најде документ или не :)

Иако за мене лично сликите од 2 месеци по купување на конфигурацијата се доволен доказ дека така е купена.
 
O

Oliver!

Гостин
Царе, овие ѓубрињава државата што нѝ ја ебат 30 години додека дојдат до рочиште одложуваат по 2-3 години, па на крај пак ништо не одлежуваат...

Сè што сакав да кажам е "премногу галама за ништо", ни повеќе ни помалку.

Коментарот на еден застапник од Анхоч на ИТ.мк не значи буквално ништо.
Тоа ти е исто како јас да земам и јавно да речам "Пичка им материна на Сет" само поради таа една фаца у сервис што се однесување како говедо. (Да не се поистовети со гОЈДО, гОЈДО е срцка од човек :))) )
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Темата е "Сериозни проблеми со Anhoch сервис"
актерите сите ги знаеме.

Нема топка тука, улетавте сите на терен за неа, а уште ја нема топката.

Да му ебам стопанката ако не се разбравме :)

Не ги брани бе па и ти не ме нервирај :eek:h::eek:h:

Кабает се Анхоч во случајов не се праи дека не ти е јасно :crazy:

Има топка и кај нив е, ја држат у рака. Неприложување (или немање) документација е мнооогу сериозен пропуст. И тој другарот е многу кабает (мислам по ѓаволите има 6600K how come he didn't overclock the fuck out of it) па уште и да не примети дека нема паста?? n00b невиден.

... и така. @Anhoch чекам објаснување, зошто сеуште не приложиле документ тоест доказ дека знаат што зборуваат а не лажат.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321

Јас уште не добив доказ дека е склопен во Анхоч.

Едно страно се гледаат работите, тука е грешката.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Јас уште не добив доказ дека е склопен во Анхоч.

Едно страно се гледаат работите, тука е грешката.
Не се гледаат работите еднострано, само едната страна се потенцира повеќе од другата.
Точно, не се даде доказ дека е склопен во Анхоч, ама Анхоч призна дека бил склопен таму :)
Ваљда сам себе го убијал, штознам :)
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Не се гледаат работите еднострано, само едната страна се потенцира повеќе од другата.
Точно, не се даде доказ дека е склопен во Анхоч, ама Анхоч призна дека бил склопен таму :)
Ваљда сам себе го убијал, штознам :)
Не е сам себе го убијал, ако убаво го прочиташ постот на Анхоч. Деловите се различни од тие што ги напиша Гојдо. Пример ссд-то, Гојдо призна дека не било тоа ссд (иако не виде документ). Мислиш дека Анхоч ќе се избаци туку така пред да си ги провери фактите? Зошто би се бламирале?

Се направи драма без потреба, Гојдо сеуште не ги има документите од колегата негов да се докаже дека е склопен во Анхоч. (ако веќе бараме документи)

Сега на крај останаа само безпотребни постови на темава и си лупа секој свои теории и заговори. Админите се најверојатно слепи на темава, па не ја затвараат...на крајот кога ќе се реши нека се напише еден пост за целата ситуација како заклучок и завршена приказна.

Ми се свиѓаат и муабетите „Абе на запад знаеш какви се фирмите...“, а ние самите не се гледаме. Сите се истрчаа без потреба кога на крајот пак ќе отидат да купат во Анхоч.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.018
4.200
www.aqtos.com

Не сме слепи на темата, ја следиме и не веруваме дека треба сега да се затвара бидејќи се водат дискусии (има кривини) ама пак се дискутира за услуга на голема локална фирма, сервис, што да се внимава при купување и други корисни работи покрај тоа што се чекаат докази и некоја “официјална” разврска. Форум е.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.436
11.481
Скопје
Ај ве молам строго без постирање на вашите единствени и уникатни позитивни искуства со сервисот на Анхоч. Отворете си посебна тема за тоа.
Овде треба да се збори само за конкретново се уште неразрешено негативно искуство со Анхоч сервис.
@Astro си има некој историски полу beef со Анхоч и пробува нешо неутрален да биде ама слабо
@toshex ми се допаѓа како во тема за единствено неразрешено негативно искуство со Анхоч сервис, во која произнесе доста мислења, цитираш член со позитивно искуство и му велиш една риба не прави јато.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Јас уште не добив доказ дека е склопен во Анхоч.
Ако не ни е цел да глумиме лудило, читни наназад, Анхоч ме кани на увид во докментација на конфигурацијата која меѓу друго има ваш сериски број според која сите комопоненти до една кои се вградени во неа и имаат сериски броеви соодветсвуваат. Значи сите компоненти освен кулерот кој нема сериски број и кој според документацијата која ми ја прикажаа кај вас во компанија е друг модел, исто така кој вие го увезувате и продавате.

Едно страно се гледаат работите, тука е грешката.
Најчесто кога сме на некоја од страните сме пристрасни кон неа. Од гледна точка на лојален вработен во компанијата реално не можеш да гледаш на работите од друга гледна точка освен од точката на интерес на компанијата каде го вадиш лебот. За разлика од тебе, јас не сум вработен ниту во Анхоч, ниту во други компании со кои соработувам. Јас сум само голем ентузијаст за хардвер и член на оваа заедница и гледам на случајов единствено од тој агол.

И да разјасниме, не е проблем само лепенката на кулерот, но проблем е и несоодветниот предлог/избор на несоодветни компоненти и начинот на кои сето тоа беше склопено почетнички.

Не те чув да дадеш мислење, пофалба или критика за тоа зошто на тотален noob кој не знае што е „оверклок“ сте му продале Z матична плоча и K процесор плус торта од кулер кои се 200 евра поскапи од non-Z матична(H110) плоча и non-К(6600) процесор кој има stock кулер со буквално истите перформанси (ова во случај да има термална паста наместо налепница на тортата од кулер).

Маестрално, ставена само една плочка RAM на гејминг конфигурација...не знам дали да се смеам или да плачам:
Dual channel во однос на single channel во игри нуди над 30% подобри перформанси во просек...Не знам како не ве "убила туџа страмота“ и воопшто пишувате на темава...Сериозно треба претпоставените да преиспитаат кого вработуваат и какви познавања од хардвер има пред да му дозволат да нуди и предлага на муштерии вакви комедии од конфигурации (на штета на купувачот и реномето на компанијата)...

Да не отварам муабет дека Gembird напојување било многу добро...:) А особено кога за 1500-2000 денари повеќе (наместо неупотребените оверклокерски можности на матичната, процесорот и кулерот со лепенка) сте можеле да му турите Cooler Master ор самтинг...Арно каблите што успеал да ги закачи тој што го склопувал, малку отповеќе презатегнати, малку отпојќе накривени конкеторите, битно успеал...
received_299154577612100.jpeg
 
Последна промена:

Dual channel во однос на single channel во игри нуди над 30% подобри перформанси во просек...Не знам како не ве "убила туџа страмота“ и воопшто пишувате на темава...Сериозно треба претпоставените да преиспитаат кого вработуваат и какви познавања од хардвер имаат пред да им дозволат да нудат и предлагаат на муштерии вакви комедии од конфигурации...

Да не отварам муабет дека Gembird напојување било многу добро...:) А особено кога за 1500-2000 денари сте можеле да му турите Cooler Master ор самтинг...Арно каблите што успеал да ги закачи тој што го склопувал, малку отповеќе презатегнати, малку отпојќе накривени конкеторите, битно успеал...
Погледнете го атачментот 71002
една риба не прави јато
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Ако не ни е цел да глумиме лудило, читни наназад, Анхоч ме кани на увид во докментација на конфигурацијата која меѓу друго има ваш сериски број според која сите комопоненти до една кои се вградени во неа и имаат сериски броеви соодветсвуваат. Значи сите компоненти освен кулерот кој нема сериски број и кој според документацијата која ми ја прикажаа кај вас во компанија е друг модел, исто така кој вие го увезувате и продавате.

Најчесто кога сме на некоја од страните сме пристрасни кон неа. Од гледна точка на лојален вработен во компанијата реално не можеш да гледаш на работите од друга гледна точка освен од точката на интерес на компанијата каде го вадиш лебот. За разлика од тебе, јас не сум вработен ниту во Анхоч, ниту во други компании со кои соработувам. Јас сум само голем ентузијаст за хардвер и член на оваа заедница и гледам на случајов единствено од тој агол.

И да разјасниме, не е проблем само лепенката на кулерот, но проблем е и несоодветниот предлог/избор на несоодветни компоненти и начинот на кои сето тоа беше склопено почетнички.

Не те чув да дадеш мислење, пофалба или критика за тоа зошто на тотален noob кој не знае што е „оверклок“ сте му продале Z матична плоча и K процесор плус торта од кулер кои се 200 евра поскапи од non-Z матична(H110) плоча и non-К(6600) процесор кој има stock кулер со буквално истите перформанси (ова во случај да има термална паста наместо налепница на тортата од кулер).

Маестрално, ставена само една плочка RAM на гејминг конфигурација...не знам дали да се смеам или да плачам:
Dual channel во однос на single channel во игри нуди над 30% подобри перформанси во просек...Не знам како не ве "убила туџа страмота“ и воопшто пишувате на темава...Сериозно треба претпоставените да преиспитаат кого вработуваат и какви познавања од хардвер има пред да му дозволат да нуди и предлага на муштерии вакви комедии од конфигурации (на штета на купувачот и реномето на компанијата)...

Да не отварам муабет дека Gembird напојување било многу добро...:) А особено кога за 1500-2000 денари повеќе (наместо неупотребените оверклокерски можности на матичната, процесорот и кулерот со лепенка) сте можеле да му турите Cooler Master ор самтинг...Арно каблите што успеал да ги закачи тој што го склопувал, малку отповеќе презатегнати, малку отпојќе накривени конкеторите, битно успеал...
Погледнете го атачментот 71002
1. Ете ако те поканиле на увид отиди и со документацијата на колегата па проверете. Ама се мислам дека колегата ја нашол, па не ти одговара сега да отидеш или да постираш тука дека навистина конфигурацијата е испорачана со друг кулер. И сега темава ќе виси у ваздух се додека се милува на другите.

2. Тоа што работам во Анхоч нема никаква врска со моите постови. Од друга страна пак ти како голем ентузијаст, потрошувач, образован и човек на висока функција наместо да се обратиш во Анхоч за проблем и да го решиш ти ја одбра најлошата опција. Отвараш тема слична како баби на клупа. Имаше @architect лошо искуство кој отвори тема, меѓутоа истовремено ги контактираше Анхоч и проблемот беше решен. Исто беше и со @ARMac. Грешки се случуваат, меѓутоа доблеста е да го решиш проблемот во најкраток можен рок. Ама ти самиот даде таква насока на темата.

3. Моето мислење за конфигурацијата веќе го произнесов. Никој незнае како се одвивал разговорот околу правењето на конфигурацијата. АКО навистина Анхоч не му напоменале за матичната, процесорот и рамот...тогаш океј грешка на Анхоч. Инаку нема ништо погрешно ако продадеш Z плоча и K процесор, тоа незначи дека потрошувачот е „заклан“. Потрошувачот платил тоа што го сакал, никој не му ставил нож на врат и да е присилен да купи. Да не заборавиме дека има своеглави потрошувачи и ако му предложиш нон-К процесор или Н плоча мисли дека сакаш да го „заколеш“, ќе изгубел FPS. Па така ако Анхоч не продаде, ќе продаде конкуренцијата.

4. За рамот важи истиот муабет од горе. ^

5. Напојувањето како што и самиот кажа работело без проблем 3 години. Јас тука не гледам проблем. А сега па и каблите биле проблем...

6. Инаку токму тоа е целиот проблем, лепенката.
 
7 март 2014
1.293
748
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO
Колку само ти не знаеш што зборуваш другар и колку ти е непотребен коментаров.
Има еден многу битен факт поткрепен со доказ: секој може да тврди што сака, а другиов нема поима дали е тоа така или не. Факт!

Мене тоа ми е доволно од темава. Доволно ми е што се потсетив дека кога ќе влезам следен пат во Анхоч (и сите други, за мене Анхоч е сепак No.1) да купам конфигурација (хипотетички) треба да ми го отворат компјутерот пред мене, да ми објаснат што е што, да ми покажат на работниот налог за составување, да видам дали навистина точно е фактурирано па да им потпишам па тек тогаш да ми лепат лепенки (што е глупава идеја од свој аспект но да не терам офтопик то а е друга тема).
Што ти е доволно од темава? Доволно ти е што некој член има отворено тема во која има негативно мислење врз одредена фирма без ниеден доказ за истото што го има напишано? Ниту пак Анхоч се изјаснија нешто wow. Пак ќе кажам не застанувам на ниедна страна.Ти, Јас и сите други треба да се базираат на своето искуство со некоја фирма.Според ова ти што го напиша треба секој без разлика дали има позитивно искуство или негативно да бара да му се склапа конф. пред негови очи.Твојот став ќе биде оправдан ако имаше докази во темава. И јас би го имал истиот.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
1. Ете ако те поканиле на увид отиди и со документацијата на колегата па проверете. Ама се мислам дека колегата ја нашол, па не ти одговара сега да отидеш или да постираш тука дека навистина конфигурацијата е испорачана со друг кулер. И сега темава ќе виси у ваздух се додека се милува на другите.

2. Тоа што работам во Анхоч нема никаква врска со моите постови. Од друга страна пак ти како голем ентузијаст, потрошувач, образован и човек на висока функција наместо да се обратиш во Анхоч за проблем и да го решиш ти ја одбра најлошата опција. Отвараш тема слична како баби на клупа. Имаше @architect лошо искуство кој отвори тема, меѓутоа истовремено ги контактираше Анхоч и проблемот беше решен. Исто беше и со @ARMac. Грешки се случуваат, меѓутоа доблеста е да го решиш проблемот во најкраток можен рок. Ама ти самиот даде таква насока на темата.

3. Моето мислење за конфигурацијата веќе го произнесов. Никој незнае како се одвивал разговорот околу правењето на конфигурацијата. АКО навистина Анхоч не му напоменале за матичната, процесорот и рамот...тогаш океј грешка на Анхоч. Инаку нема ништо погрешно ако продадеш Z плоча и K процесор, тоа незначи дека потрошувачот е „заклан“. Потрошувачот платил тоа што го сакал, никој не му ставил нож на врат и да е присилен да купи. Да не заборавиме дека има своеглави потрошувачи и ако му предложиш нон-К процесор или Н плоча мисли дека сакаш да го „заколеш“, ќе изгубел FPS. Па така ако Анхоч не продаде, ќе продаде конкуренцијата.

4. За рамот важи истиот муабет од горе. ^

5. Напојувањето како што и самиот кажа работело без проблем 3 години. Јас тука не гледам проблем. А сега па и каблите биле проблем...

6. Инаку токму тоа е целиот проблем, лепенката.

Заборавив да пишам...се одјавувам од темава и онака нема ништо корисно. Несакам никој ништо лично да се навреди од моите постови, и ако има некој навреден јавно му се извинувам.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Ај ве молам строго без постирање на вашите единствени и уникатни позитивни искуства со сервисот на Анхоч. Отворете си посебна тема за тоа.
Овде треба да се збори само за конкретново се уште неразрешено негативно искуство со Анхоч сервис.
@Astro си има некој историски полу beef со Анхоч и пробува нешо неутрален да биде ама слабо
@toshex ми се допаѓа како во тема за единствено неразрешено негативно искуство со Анхоч сервис, во која произнесе доста мислења, цитираш член со позитивно искуство и му велиш една риба не прави јато.

Чисто да не дојде до заблуда пошо не сум сигурен дали се разбираме - реков дека ниту едно позитивно ниту едно негативно мислење не се репер за тоа каква е фирмата. Реков и дека сите треба да бидеме внимателни и ако има било какви индикации дека нешто може да не биде во ред да учиме од тоа. Така што од аспект на корисници - иако едно негативно/позитивно мислење не е целосна слика за било што, негативните треба да се земаат предвид исто ко и позитивните.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
1. Ете ако те поканиле на увид отиди и со документацијата на колегата па проверете.
Ако ја имав докумтнацијата од колегата немаше да има потреба од друг увид. Фино ќе си пишува каков кулер е ставен, па макар и да згрешиле или од друга причина да му туриле друг, подобар...

Ама се мислам дека колегата ја нашол, па не ти одговара сега да отидеш или да постираш тука дека навистина конфигурацијата е испорачана со друг кулер.
Ти мисли што сакаш за мене, ама немам проблем со егото за да не се извинам и да порекнам нешто што сум констатирал ако увидам дека сум згрешил и дека сум немал право за нешто.

И сега темава ќе виси у ваздух се додека се милува на другите.
Цела „држава“ и иднина на цел народ ни виси во воздух па никому ништо, а ти за темава си паднал во транс...

2. Тоа што работам во Анхоч нема никаква врска со моите постови.
latest

Од друга страна пак ти како голем ентузијаст, потрошувач, образован и човек на висока функција наместо да се обратиш во Анхоч за проблем и да го решиш ти ја одбра најлошата опција.
Не гледам причина да не споделувам со заедницата овде информации кои ќе и бидат од корист.

Отвараш тема слична како баби на клупа.
Да бе, правам рекла-казала муабети што ми ги раскажувла стрина ми за компјутерот на комшиката од некоја нејзина другарка...

Имаше @architect лошо искуство кој отвори тема, меѓутоа истовремено ги контактираше Анхоч и проблемот беше решен. Исто беше и со @ARMac. Грешки се случуваат, меѓутоа доблеста е да го решиш проблемот во најкраток можен рок. Ама ти самиот даде таква насока на темата.
Овој случај нема ништо со тие и не гледам зошто треба да реагирам и да се понашам ко некој друг. Ако не па, напиши ни упатство за во иднина да знаеме како да реагираме кога ќе видиме слични гомнарии поврзани со хардвер купен од кај вас.

3. Моето мислење за конфигурацијата веќе го произнесов. Никој незнае како се одвивал разговорот околу правењето на конфигурацијата.
Јас знам по кажувањето на мојот колега и му верувам дека е така без да се сомневам во кажаното судејќи по тоа што е тотален noob за хардвер и нема поим што е Z матична и што е K процесор за да ги посака!

АКО навистина Анхоч не му напоменале за матичната, процесорот и рамот...тогаш океј грешка на Анхоч.
Не бе, не се грешка Анхоч. Гарант од СЕТ му предложиле таква конфигурација да купи...:rolleyes:

Инаку нема ништо погрешно ако продадеш Z плоча и K процесор, тоа незначи дека потрошувачот е „заклан“.
Напротив тоа значи дека потрошувачот Е заклан бидејќи токму тоа е предложено од продавачот, а на штета на купувачот, без оглед дали е тоа тенденциозно или нетенденциозно поради незнаење на продавачот!

Потрошувачот платил тоа што го сакал, никој не му ставил нож на врат и да е присилен да купи.
Да, да! Секако! И ти кога ќе одиш во ресторан каде ти послужиле лебарка во јадењето и која ќе ја изедеш без да ја видиш никој нема да ти стави нож под грло и нема те присли на тоа.
Ама бидејќи сметаш „никој не знае како се одвивал разговорт околу правењето на конфигурацијата“ можеби па и купувачот побарал да му ја остават налепницата на кулерот, за да му биде ко нов!

Да не заборавиме дека има своеглави потрошувачи и ако му предложиш нон-К процесор или Н плоча мисли дека сакаш да го „заколеш“, ќе изгубел FPS. Па така ако Анхоч не продаде, ќе продаде конкуренцијата.
Да, да, колегава своеглав е и инсистирал да биде кофнигурацијата таа и да му ја склопат ко што му ја склопиле, а секое сабајле иде на бензинска да мавне по литар дизел па не се сеќава на муабетите. Ама штом ти велиш дека он барал Z матична, K процесор, една плочка RAM и кулер со налепница, тоа мора да е така!

4. За рамот важи истиот муабет од горе. ^
Да, да, секако. Гарант им рекол турете ми една плочка рам, па јас после ќе си турам уште 3 плочки, пошто надградба на матична плоча со 4 слота за меморија се прави само од 1 плочка на 4!

5. Напојувањето како што и самиот кажа работело без проблем 3 години. Јас тука не гледам проблем. А сега па и каблите биле проблем...
И на BMW М5 ако му туриш летни кинески гуми ќе вози без проблем зимно време на снег...

6. Инаку токму тоа е целиот проблем, лепенката.
Лепенката, како и целото аматерско(со накривена RAM меморија поради тоа што смета кулерот, несоодветен кејбл менаџмент со презатегнати кабли и накривени конектори на матичната) склопување на конфигурацијата, односно технички неисправно склопената конфигурација се еден проблем. Друг проблем е несоодветниот избор на компоненти така што постојат тесни грла и не се ползуваат потенцијалите на компонентите....

Несакам никој ништо лично да се навреди од моите постови, и ако има некој навреден јавно му се извинувам.
И јас се извинувам ако некој се препозна и се увреди од тоа што го пишав. Воопшто немав таква цел, а особено не кон оние вработени во Анхоч кои лично ги познавам и кои ги почитувам до еден вклучително и тебе.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
Абе дајте не глумете лудило ебаго. Се знае кој продава Deep Cool во Македонија и кој продавал во тој момент кога конф. се склопувала.

Реториката "немате докази" можда поминува на суд ама ова не е суд. Ова е тема - ЦАРОТ Е ГОЛ и пробуваме да (до)кажеме дека нит Анхоч нит Сет нит никој се поларни мечки да не смее да се "џибаат"
Анхоч беше поим за фирма (се надевам дека сеуште се) и тоа во време кога денешниве "со гзот правеа осмици у пепел"
Тоа што им паднале критериумите е добар повод (читајќи ја темава) да се поправат.

Друга приказна е што тврдоглаво се држат до Gigabyte, инсистираат на бофл напојувања и никако да почнат да продаваат од тоа "снобовските" фирми како Noctua, Seasonic...
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
Јас многу лесно би ја решил темава - да се кажуваат ЛИЧНИ ИСКУСТВА на секој пост поврзан со нашите ИТ компании. Инаку се прават вакви муабети кои тешко ти е да ги читаш: другар ми сигурно не кажал вака, другар ми сигурно нејќел ова, сакал она...

Нивото на форумов го спуштате, од ова полошо може да биде само ако пост почнува со „Здраво мамички“.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
И линус тек типс и цела интернет заедница се крена коа видоа дека Walmart компјутерите се катастрофа склопени, немаат соодветен Airflow, компонентите не се баш усогласени за оверклокерска конфигурација со цена каква шо имаа, напојувањата дека се потпросечни и посебно фактот дека склопувањето е потпросечно изведено до таму кај што кабелот за напојуваењ на графичката не бил добро ставен. И да, замерија и шо има една плочка рам само!

ЕДИТ: Да го цитирам Linus - Single channel memory? I wonder if that's what's killing our CPU performance. Single channel memory effectively cuts your bandwidth in HALF!

Фирма која е 1000 пати поголема од анхоч, и си изеде здрава критика од цел интернет и доби удар у продажба од тие шо бар пратат на нет шо се дешава ради тоа. А наплаќаа као други склопувачи кои нудат сериозно стегнати конфигурации - со разлика шо удираат на повеќе профит.

Поента: Не се слагам со сите членови шо велат дека драми, офтопици или излишно е лични искуства без нешто особено „судски“ докази да се споделуваат на форуми.

ФОРУМИ СЕ БАШ ЗА ОВА МАМИЧКИ! Само ние сме друга врста мамички нали.

View: https://www.youtube.com/watch?v=VWHlPH23P-w

View: https://www.youtube.com/watch?v=PTni-Vfrf9c
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.960
6.054
Skopje
Ја следам темава пост по пост, гледам членови што решиле баш на оваа тема да се пробудат, па некои нови кои баш оваа тема ги мотивирала да се зачленат...некои стари членови со издржани мислења, некои со сосема друга мотивација... Како и да е, темава веќе некое време на сила се друка со постови, и се повеќе ми личи на (лошо) организирана хајка...

Испратено од Mi A1 преку IT.mk форум апликација
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
и се повеќе ми личи на (лошо) организирана хајка...
Ако оваа ти личи на хајка темите за Сет и АМЦ на што ти личат?

Абе вас ви е страв да не го налутите Анхоч? Што е работава?

Јас побрзо би им ја простил утката со лепенката на кулерот отколку муљажата со напојувањето, едната плочка рам и плочата. Куќиштето е башка тема
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.960
6.054
Skopje

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
416
512
Мислам дека малку се пренасочи дискусијата во темата и се застрани од основниот мотив. Верувам дека при следно подигање на склопена конфигурација (вие или некој близок до вас) ќе ги провери деловите кои се вградени пред да потпише било што на слепо и на доверба на било која компанија. Lesson learned ... дури и ако во меѓувреме конфигурацијата била променета (не од стана на Анхоџ).

Исто така, темата се сведе на докажување за вградениот кулер и се занемаруваат останатите работи кои се промашени во конфигурацијата. Конкретно РАМ меморијата која не е dual-channel, дури и по цена клиентот да сакал простор за идно надградување, ќе останеле 2 слободни слота за РАМ на таа матична доколку биле вградени 2 плочки РАМ.
Исто така го занемаруваме фактот што конфигурацијата била примена во сервис, што значи лепенките не биле скинати/уништени, што покажува дека корисникот барем во гарантниот период не го сменил кулерот на своја рака. (Можеби јас погрешно ја имам сфатено хронологијата на настаните, но од напишаното тоа е мојот заклучок). @gOJDO Те молам, дали имаш информација дали сликите од snapchat се направени пред или после носењето на конфигурацијата во сервисот на Анхоџ ?

Не се согласувам со мислењето дека клиентот треба да се информира за тоа што го купува. Тоа е негово право, но не и обврска. За жал во нашата држава, професионалноста не се поддразбира како дел од услугата, туку треба сами да се осигураме дека нема да се обидат да не зезнат. Јас имам време и волја да испитам што купувам, но тоа не мора да е правило.

Последниот коментар ми е во однос на ставот на @Anhoch (кој го нагласив и во претходниот мој пост на темата) кој сметам дека е со несоодветен пристап, како што констатираа и многу други членови.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Не се согласувам со мислењето дека клиентот треба да се информира за тоа што го купува. Тоа е негово право, но не и обврска. За жал во нашата држава, професионалноста не се поддразбира како дел од услугата, туку треба сами да се осигураме дека нема да се обидат да не зезнат. Јас имам време и волја да испитам што купувам, но тоа не мора да е правило.
Јас кога напишав „обврска“ мислев на обврската која јас лично сметам дека секој треба да ја има прво кон себе и кон вредноста на сопствените пари. Кој си ги цени парите, тој не влегува во дуќан да фрли куп пари на маса и да каже - направете ми конфигурација по ваш избор!
Тоа е мое мислење, нормално дека сите имате ваши сопствени мислења.

Да направам паралела, јас на пример воопшто не се разбирам од автомобили. Но кога го купував моето ауто, секако претходно направив муабет со неколку пријатели кои се разбираат многу повеќе од мене. Разговарав и со куп колеги и познаници, за на крај и да потпрочитам малку на нет нешто... Не дека тоа е доволно за да направам совршен или барем добар избор, ама ете сметам дека во дадената ситуација со малку труд направив релативно едуциран избор. Секако многу подобро отколку да отидам во првиот автосалон и нубски да кажам - дајте ми ја најдобрата кола за париве.

Понатаму мислам дека не е непрофесионалност ако некој му направи upsale на купувач со длабок џеб кој нема почит кон сопствените пари ни за пола саат да направи муабет со некој што ги познава работите. Таков клиент не ни знае што сака. Продавачот ќе направи муабет за тоа колку кул работа е оверклок, клиентов ќе загризе и ќе каже дека „можеби во иднина“ би се занимавал со такво нешто. Клиентот потоа никогаш нема ништо да направи со неговата Z плоча и K процесор, но кој е крив за тоа, и за изборот - продавачот е крив?

За мене ова е неразбирање на трговијата. Трговците имаат роба за секакви муштерии. Некои бараат пари/перформанси, некои бараат перформанси, некои бараат хајп. Ако трговецот има прилика да продаде дел со кој прави поголем профит, кој трговец нема да го направи тоа?

И навистина мислите дека на запад е толку различно? Дека нема да направат upsale најмногу колку што можат, посебно кога ќе видат дека во дуќан им влегол нуб со длабок џеб??
Добар продавач на таков муштерија паметот ќе му го сврти со технички муабет, смешни и забавни анекдоти, на крај ќе му понуди „понуди што не се одбиваат“ и некаков попуст... И нубот ќе загризе. Така е и овде и секаде во светот. Разликата е само во тоа што таму законите се следат многу поригорозно, а освен тоа човек може културно да си нарача од големи онлајн продавници како Амазон и Њу-ег, и да го добие нарачното дома без да мрдне со прст (или со нога). И сето тоа за многу поконкурентни цени од овдешниве, дури и дилерски, цени.
 
Последна промена:

artweb

user
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Не дека серисерите во Анхоч не си ја знаат работата, туку тие што се во продажба се тешки дудуци.
Ми се чини дека сервисерите не ја составувале конфуграцијата туки тие од продажба, му бапнале компоненти што врска немаат и тие од сервис само ги составиле. Е ама тоа со лепенката што не ја извадиле мати памет, no не дека не може да се случи, луѓе сме павиме грешки.
Воден од моето лично искуство со Анхоч јас 100% му верувам на гојдо.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв