petkotrajko
poweruser
- 16 јуни 2017
- 2.513
- 2.968
Висината на безбедноста не е правопорционална со бројо на тркала по возило,Ова барем е побезбедно ако гледаме…![]()
туку е правопропорционална со тоа колку му „сечи“ на тој на тркалата
Висината на безбедноста не е правопорционална со бројо на тркала по возило,Ова барем е побезбедно ако гледаме…![]()
Така е , кога видам како некој луѓе возат страв ме фаќа и мене , нестабилност 110% . Тотално неорентирано возење лево/десно ,сецкање, дрмање во секој момент глава ќе скрши , исто како на женски штикли да си качен .Висината на безбедноста не е правопорционална со бројо на тркала по возило,
туку е правопропорционална со тоа колку му „сечи“ на тој на тркалата![]()
meta.mk
Истото важи и за веспите. Тие се и уште пофлексибилни, буквално од секаде излегуваат, тревници, пешачки, тротоари, што гадови без осет ќе беа, не знам. Секако овде следува и - чест на исклучоците.Незнам шо паѓаат некои ликови во "дубиоза".
Законот за тротинети е резултат на понашањето на тротинеташката секта која ровари по улициве послдниве 5-6 години.
Пример:
Си возам лагано по Комаров, од една од споредните улички излетува секташ на џиаоми тротинет, со една рака на волан со друга рака збори на телефон.
Вози "осмици" по коловоз, нема кацига нема појма шо има и нема околку него (сообраќај, пешаци, точаци и лично).
Ко на "вујче" да е улицата.
Денес:
Лик, со сличен калибар (најверојатно "девелопер") со ранче, цвикери, без кацига, се шантра на Партизанска по коловоз.
И уше миљарда примери има, секоја чест на момците и девојките шо почитуваат правила.
Според мене требаше најригорозни казни (па и кривично гонење) да има за wannabe превозниве средства, што во суштина се литиумска батерија со волан и 2 инчен бандаж.
Незнам шо паѓаат некои ликови во "дубиоза".
Законот за тротинети е резултат на понашањето на тротинеташката секта која ровари по улициве послдниве 5-6 години.
Пример:
Си возам лагано по Комаров, од една од споредните улички излетува секташ на џиаоми тротинет, со една рака на волан со друга рака збори на телефон.
Вози "осмици" по коловоз, нема кацига нема појма шо има и нема околку него (сообраќај, пешаци, точаци и лично).
Ко на "вујче" да е улицата.
Денес:
Лик, со сличен калибар (најверојатно "девелопер") со ранче, цвикери, без кацига, се шантра на Партизанска по коловоз.
И уше миљарда примери има, секоја чест на момците и девојките шо почитуваат правила.
Според мене требаше најригорозни казни (па и кривично гонење) да има за wannabe превозниве средства, што во суштина се литиумска батерија со волан и 2 инчен бандаж.
На секој еден "секташ" како што ги нарекуваш (секта е сериозен феномен на овие простори после т.н. Црна Ружа - пазете се од секти деца ќе ви стават дрога во пијачката, т.е. во случајов ќе ве качат на полудена литиумска батерија!) има по 10 нормални, али како и обично, плебејската раја најлесно се задоволува со масовно етикетирање и линч, скандира додека не и здосади па се префрла на следното шоу.
Да не се заборави, пред векови и за писмени луѓе се скандирало да се палат на клада ако помислеле дека нема замислен лик во облаците што со своите замислени другари тераат фешта со харфи и девици. И се палеле, и книги се палеле. Денес, ересот е само препакуван во друго шоу за исто така неписмената багра што не се стреми кон баланс, разум, индивидуална одговорност, не бе, пиши секта и решен проблем. Пред некоја година памтам брадатиот криминалец што имаше емисии, беше пропали новинар, сакаше да оди од врата до врата да линчува луѓе. Циркус. Треба да сте попаметни на форумов.
Уште еднаш ќе повторам, не одобрувам тоа што се случуваше со дечуралнана и тротинети, по 2-3јца на тротинети или изолираните инциденти со батиња и тетиња што пијат кафе/ имаат слушалки и зборат на тел додека возат 8мици по булевари и за такви нормално треба и требаше да се води ригорозна казнена политика за да проблемот не ескалира - но за ова беа одговорни буџетарчињата што одат на 45 год во пензија и наместо да работат се криеја во новите народно-платени возила под клима.
Искрено се надевам дека следни ќе бидат сите моторџии.Истото важи и за веспите. Тие се и уште пофлексибилни, буквално од секаде излегуваат, тревници, пешачки, тротоари, што гадови без осет ќе беа, не знам. Секако овде следува и - чест на исклучоците.
Види знам се киселиш од последниве дешаванки со законов , пошо ти е одземен дел од лична слобода, да дивееш по улици со батеријата со тркала.
Секта, е фигуративно кажано, не буквално.
Убаво си ги избрав зборовите , "има коректни момци и девојки кои почитуваат правила", има "исклучоци...." итн. прочитај предходни постови.
За средниов дел од постов нема шо да коментирам, т.е. нема да се симнам на твое ниво, да те класифицирам како "неписмена багра" и да ти делам слични атрибути.
Дополнително што си неконзистентен во мислите, не си сигурен што сакаш да кажеш. Очекував повисоко ниво од тебе. Медрано.
Проблемот ескалираше т.е. ескалиран веќе долго време. Немој да ми вртиш политика, и слични вратоломии со аргументи кој шо требал да направи, а не направил.
Ако ти милиш дека било која полиција било каде во свет треба да се занимава со тротинети, и да држи ред и поредок во тешка заблуда си.
Сообраќајна култура се учи од дома од мали нозе, во Немачка во 2 одделение имаат настава за сообраќај.
Како што напоменав и предходно, народот не почитува ништо, епа сеа ќе се казнува, ќе се носат шлемови, ќе се пази на брзина и слично.
Исто како со safe city, сега сите возите 53кмх, застанувате на пешачки и на трепкачко зелено.
Не се изолирани инциденти, преку 50% од овие ликови, се опасност по себе и по остали кои се движат по тротоари и коловози.
Да беа изолирани немаше да има ваков закон. Јас лично знам 10 луѓе кои возеа тротинет секој ден, 5 од нив имаат сообраќајка, дел ради нивна вина дел туѓа, со различни
повреди, тешки/лесни.
И секој ден гледам уште по 10 од кој 5 не возат по ниеден пропис.
Мислењето е автоматски споено:
Искрено се надевам дека следни ќе бидат сите моторџии.
Аргументите се горе-доле истите, преправани издувни грани кои прават галама од 120dB, не носат шлем, се пикаат кај шо не им е место, не возат по ниеден пропис.
"Дивеењето" го извади од конзерва со спанаќ да помине евтиниот ad hominem пошто немаш друг аргумент? Имам некој филинг дека луѓе што воопшто не возат се први на темава, им дојде како кец на десетка за празнење на со години акумулирани фрустрации. После тротинетите и мотори што е следно, запрежни коли уште не ги решија...(Анти-Старо-Купујем иницијатива/движење). Башка, форматирањето на постот и флоскуларниот обид за глумење супериорност ("нема да се симнам на твое ниво") баш e одраз на нивото на писменост и капацитетот за дебата.
Нејсе, викаш сега со Safe City сите возат 53 км/ч и застануваат на пешачки, м-да, каде? Под, до и околу камери? Оди кај што нема по маалски улици и кажи дали и таму важи "Safe City култура". Страв од казна не е сообраќајна култура туку е обична, неуспешна и локализирана дресура (за пред гости и телевизија).
За Германија, да точно, но во Германија има инфраструктура и што е најважно систем што функционира. Кај нас се донесе популистички закон апансас за ефтини политички поени и за да се задоволи гневот на јавноста (претходно пумпан преку платени медиуми како и стално) без да се мрдне со прст околу инфраструктура и сл. Кај да вози тој девелопер (цурат фрустрации а) со ранчето на Партизанска ако патеката е блокирана од контењери, испаркирани коли или пешаци што буљаат у телефони? На коловоз не смеел, на тротоар не смеел. Што, да левитира?
Тоа дека „било која полиција во свет не треба да се занимава со тротинети“ е логички нонсенс. Полицијата е тука за да го спроведува законот за безбедност во сообраќајот, без разлика дали си со камион, мотор, тротинет или си пешак. Проблемот не ескалираше затоа што тротинетите се сатански изум туку затоа што буџетарите со години толерираа апсолутно беззаконие на патиштата за се, од дивеење со коли без таблици до возење по 3ца на тротинет. Кога нема контрола на терен секој систем колабира.
Место да се бара баланс каде што прекршителите ќе се казнуваат ригорозно, а на нормалните ќе им се овозможи алтернативен, еколошки превоз кај нас секогаш се избира најпримитивното решение: удри со забрани и масовен линч по се што е ново и поразлично. Медрано го прават оние што плескаат со рачињата на небулозни закони кои ништо нема да решат туку само ќе го зголемат хаосот со уште повеќе коли по улица. Ако до сега се чекаше 7 циклуси на семафор, сега ќе бидат 10.
MOUSE WIRELESS USB KEYCHRON M6 (Premium Wheel), w/bluetooth, 30K DPI, 8K polling rate,All silent micro switch, White, M6S-A24
4.860,00 ден
MONITOR 32" BENQ PD3226G 4K, 144Hz,WIDE IPS, HDMI, DP, THUNDERBOLT 4, USB Type-C, VESA 100x100, Anti-Glare, w/speakers, Black, 9H.LMVLA.TBE
67.500,00 ден
MOUSE WIRELESS USB KEYCHRON M7, w/bluetooth, 30000 DPI, 8000Hz, Black, M7-A23
4.870,00 ден
KEYBOARD WIRELESS MECHANICAL KEYCHRON Q1 ULTRA 8K ALUMINIUM HS RGB LED 75% Silk POM BROWN switch,Multi-Device (Wired,2.4Ghz,BT), BLACK, Q1U-M3
15.770,00 ден
GAME FIGURINE PALADONE FORTNITE WALL MOUNTABLE LOGO LIGHT, PP14621FOVN
2.170,00 ден
KEYBOARD WRIST REST SILICON KEYCHRON K10 Pro/Q6/Q6 Pro/Q14 Pro/V6, Black, PR52
970,00 ден