Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

DrMTR

senior
27 март 2014
7.920
8.411
Иначе СејфСити е голем напредок за ред у сообраќајот. Блазе си ни нас народот што плаќаме даноци и што од наши пари е направен еден ваков проект.
Од кредит се и камерите земени. Од каде ни на нас пари за ваков проект? Абе дупките по среде скопје немаат пари да ги закрпат, камери ке купувале и целиот пропратен софтвере итн итн.. Голем залак е ова.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Кредитот нема сам да се врати. Инаку подобро дупки отколку возење 120 насред центар
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.693
12.536
Skopje
www.wemaxa.com
Кредитот нема сам да се врати. Инаку подобро дупки отколку возење 120 насред центар

120 пак се вози, единствено што ќе се регулира е поминување на црвено на семафори со камери. Сега газат и повеќе од претходно веднаш после брзинските камери...

Шок факторот заврши, сега се адаптираа и пак процентот на дивеење е ист или полош.

Сега екстра има и повеќе аздисани пешаци окуражени од идејата дека некаков голем брат ги штити и они се паши.

Ако некој мислеше дека некакви фиксни камери на Х локации ќе решат нешто, мејби, ако има на секои 50 метри камери, ама нема.

Имам камера инсталирано и напред и назад на возило, деновиве заради минусни температури сум со кола и секој ден на кратки дистанци има барем по 10тина вакви случаи, да немаше закони за ова она лични податоци ќе ги објавував ама има и кој ќе се смара со бирократија, чиновници и триста чуда, ќути си трај си.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
(Што напишав јас за камерите? Дека дупките се добри за да не се вози 120.)

САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ. Отпосле е џабе
 
15 септември 2012
1.157
1.299
(Што напишав јас за камерите? Дека дупките се добри за да не се вози 120.)

САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ. Отпосле е џабе
Е, ова веќе ми се допаѓа!
Да се постават метални огради околу патеките по кои се движат пешаците за да не истрчуваат наваму - натаму и да не ја газат тревата (оти некои ја пушат). Кога патеките за пешаци треба да поминат преку сообраќајница за моторни возила, да се постави автоматизирана врата која ќе се отвара кога ќе биде зелено светло за пешаците, а странично да се постават браници како на премините преку железнички пруги, оти марвата не знае да се однесува во сообраќај и сите пешаци се однесуваат како ослободители и принцези.

Аналогијата со премините преку железнички пруги намерно ја напишав.
Аналогијата со трло за стока исто така намерно ја напишав.
Размислете зошто!
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.693
12.536
Skopje
www.wemaxa.com
(Што напишав јас за камерите? Дека дупките се добри за да не се вози 120.)

САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ. Отпосле е џабе

Физички пречки за возила, на тоа алудираш, само како тоа би било во пракса?
1. Да се ископаат дупки на патишта за да се забави сообраќајот на 5км/час - т.е. да не се поправаат патишта додека стане непроодно т.е. - да станеме Бурунди :)?
2. На секои 50 метри да има тумби т.н. лежечки полицајци па да се креира застој и да нема движење на возила
3. Да се изораат асфалтираните делови и да се заменат со макадам или да се посее трева, т.е. пак Бурунди :)?

Било кој од тука може да одбере било која локација низ Скопје, а и низ било кое населено место во МК, нека застане / си седне со тевтерче и нека бележи сообраќајни прекршоци од страна и на возачи, и на пешаци и на велосипедисти/тротитендџии/моторџии. Секој трет не почитува никакви правила, и нема некоја формула, не е ни до возраст ни до ништо, едноставно башибозук поднебле, мали опортунисти, итромани се сите.

Физички пречки, вистински, има во Чаир, и таму ги растргнуваа правеа премени меѓу нив па сега на многу локации може да се претрча, но донекаде се среди моментот дека на секоја локација се претрчува, а се претрчува. Така да направиме насекаде а, кинески ѕидови меѓу ленти, кафези, дупки... тоа за стока се прави не за луѓе.

Стока моментот треба да се решава, камери тоа не го решаваат.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
И во Гостивар и во Тетово... Сами си ставаат лежечки полицајци, паркираат на коловоз и со тоа се забавува сообраќајот. Самозаштита на населението. Ама во центар мора да се овозможи возење 120 на час зашто на БУЛЕВАР Никола Карев се самоорганизирале за да се забави сообраќајот??? И удри по тој што почитува закони и плаќа давачки! Нема да се буни.
Партизанска, Илинденска, Гологанов, … се црни точки НАСРЕД главниот град. Паркирање на една лента за да не се паркираат сите дојденци по малите улици и за да се забави сообраќајот. 30 кмч до Вардар. Лежечки полицајци како во Виена…

А дали волови возат или луѓе возат - тоа секојдневно го гледаме. Човек се држи за збор а вол за оглав.

(Јас не сум спомнал пешачки пречки во 200 пораки. Ама…)
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Од кредит се и камерите земени. Од каде ни на нас пари за ваков проект? Абе дупките по среде скопје немаат пари да ги закрпат, камери ке купувале и целиот пропратен софтвере итн итн.. Голем залак е ова.
Знам, коментарот мој беше саркастичен.
Иначе, таму некој во претходните постови пиша колку кошта една камера и колку пари треба да прави (казнува) за да се исплати проектов и нормално да се врати кредитот (ако е само за враќање работава, ама не е, туку и за ќар е). Има тука трошоци за одржување, луѓе за обработка на податоци, струја (а можеби можеа со тие панелите со субвенции да ги направат). У многу земји у светот и на уличните светла имааат соларни панели, а да не зборам за Јапонија, каде што на подовите низ градот има генератори на струја шо претвараат механичка у кинетичка (од самото газење на подот.)

Вакви научни и технолошки достигнувања не гледаме на ТВ веќе подолго време, ама затоа не отруја со турски серии и дебатни емисии со "врвни експерти", кои наликуваат како да се у кладилница и нагаѓаат како ќе испаднат утакмиците. Најсмешното беше кога се пофалија дека пуштиле воз од Куманово до Скопје и обратно. Мислам, ене го бре Куманово, 40 км има! Други земји шинобуси, метроа и ЕКО автобуси, е такси. А овие наместо ЕКО автобуси си земаа нови пежовци што ги благословуваа и не ги мрднаа од гаража, па народ нека чека автобус на станица со саати.

Еве ќе ги пофалам шо кај мене у маало на одредени пешачки у споредни улици (кај што нема семафори) има светла избушени у самиот пешачки (у улицата).
Ова треба да се постави на повеќе места не само кај мене у населба него низ цел град.
Онаа раскрсницата кај Годи према Аеродром уште не ја средија, а ако стаат семафори има да се чека со саати. Веќе се чека од Пивара према Аеродром у шпиц и има метеж и редица километарска.
Мостот кај Ќерамидница можеби ќе олеснеше овде во случајов, ама у застој остана со години...
Сигурен сум дека на оваа раскрсница многу прошле на црвено и тоа групно, просто за да избегнат метеж.
Мислењето е автоматски споено:

(Што напишав јас за камерите? Дека дупките се добри за да не се вози 120.)

САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ. Отпосле е џабе
Или наместо лежечи нека стаат по еден стоечки џандар на проблематичните раскрници и ќе видиш како сите ќе поштуваат правила.
Кај Коце Металец школото, бул Александар Македонски или како и да се вика после Макпетрол, уствари излагаш на автопат E75, има семафори на кои што пешаците треба да стиснат (т.е. да побараат да им се уклучи зелено за нив, и црвено за возила, па после да поминат), ама некои и не знаат дека е така и си поминуваат како на модна писта.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.693
12.536
Skopje
www.wemaxa.com
И во Гостивар и во Тетово... Сами си ставаат лежечки полицајци, паркираат на коловоз и со тоа се забавува сообраќајот. Самозаштита на населението. Ама во центар мора да се овозможи возење 120 на час зашто на БУЛЕВАР Никола Карев се самоорганизирале за да се забави сообраќајот??? И удри по тој што почитува закони и плаќа давачки! Нема да се буни.
Партизанска, Илинденска, Гологанов, … се црни точки НАСРЕД главниот град. Паркирање на една лента за да не се паркираат сите дојденци по малите улици и за да се забави сообраќајот. 30 кмч до Вардар. Лежечки полицајци како во Виена…

А дали волови возат или луѓе возат - тоа секојдневно го гледаме. Човек се држи за збор а вол за оглав.

(Јас не сум спомнал пешачки пречки во 200 пораки. Ама…)

Значи Бурунди и безвластие е ок ако ти оди во прилог :)? Зашто само една лента да окупираат возила, зашто не сите ленти? Зашто да се остане на паркирани коли, тоа е времено, може некој да ги препаркира, да земеме некои стари автобуси, да ги превртиме и да ги оставиме така, ниеден да не поминува :). Или така оние што шетаат бели пудлици, малтезери или како и да се викаат тие џогери на 4 нозе ќе се вознемират па да се задржиме на ова само...

1768728872237.png

^^ Ова не е ни до препреки ни до семафори, ова е затоа што некој што е платен да си ја работи работата не си ја работи и седи во фотелја, џуска кафица, скрола на телефон а кога треба да поработи оди на автопат каде има заборавен знак 80 и штанца казни да исполни квота. Страв им е да стојат во Скопје, кој ќе се смара да се објаснува кога секој на некој е нешто, секој има повикај пријател, кај он ќе губи работно место или да му се крати плати за некаков си таму сообраќај.
 
Последна промена:

greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
А за повеќе простор на мостовите за возила, на пример мостот Близнаци од Годи према Аеродром да добијат овие за десно слободна лента, оти сега таму никна и нова населба.
Еве како е у Њујорк и Бруклин Бриџ. Значи пешаци, тротинети и точаци идат и возат у средина и над мостот, оградени нормално.
Има неколку спорни мостови низ Скопје и може да се направи вакво нешто. Ама просто ние не видовме никаква програма за нашиов град.
Помалите градови повеќе се грижат за своите градови. Како на пример Струмица има еко автобуси, Кавадарци си направија базени и ски терени.
Иако во помалите градови финансиски е поизводливо од главниот град, сепак они нешто направиле во однос на ништо у Скопје.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
И во Гостивар и во Тетово... Сами си ставаат лежечки полицајци, паркираат на коловоз и со тоа се забавува сообраќајот. Самозаштита на населението. Ама во центар мора да се овозможи возење 120 на час зашто на БУЛЕВАР Никола Карев се самоорганизирале за да се забави сообраќајот??? И удри по тој што почитува закони и плаќа давачки! Нема да се буни.
Партизанска, Илинденска, Гологанов, … се црни точки НАСРЕД главниот град. Паркирање на една лента за да не се паркираат сите дојденци по малите улици и за да се забави сообраќајот. 30 кмч до Вардар. Лежечки полицајци како во Виена…
Гостивар и во Тетово, етаблните на безбедност во сообраќајот.

Хаха, од аспект на слободни места за паркирање (најглупиот аспект на сето ова), во твоето хипотетично (и самоубиствено) сценарио ќе се деси следново:
- Лентите на булеварите за нецел час ќе се исполнат со аутомобили, и малите улички исто ќе останат зафатени откако куп луѓе ќе купат по уште едно ауто затоа што „евтини са“ и „има место“.

Во меѓувреме сето тоа нема да значи ништо добро за сообраќајот за тоа истиот буквално ЌЕ СЕ ЗАКОЧИ И НЕМА ДА МРДА.

Не само десната лента туку и средната ќе стане неупотреблива и ОПАСНА ЗА ВОЗЕЊЕ пошто во секое време ќе може да искочи дете/човек на сред булевар, или кола да искочи, или кола да застане да паркира.

Работава со твојава сулуда идеја е видела жабата коњот како го потковуваат па и она го дигнала жабјиот батак... Си кажуваш фантазии без да размислиш што ќе се случи со скопските гужви кога ќе убиеш две третини од bandwidth-от на сообраќајот.
ММЕ како да не живееш овде и ова да го коментираш од некоја друга реалност.
Мислењето е автоматски споено:

За паркирањето да се среди треба да се донесат регулации за поседување кола: Доказ за поседување паркинг место. И тоа на 100 метри до местото за живеење пошто некој ќе се сети на рајата да им продава паркинг места на ниви во Скопско поле... Сакаш да возиш ауто во градска средина? Мораш да имаш сопствено место за паркирање, или нешто како годишно изнајмување на паркинг место, и слично.
Нормално, ова е врзано со средување на јавниот превоз.

Ваква пракса ќе стави крај и на градењето згради без гаражи или паркинг места во дворовите, пошто сите или скоро сите ќе бараат и паркинг место со станот.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје

упорно намерно провоцира, најдобро е да го игнорираш.
Регулации мислам дека веќе има, само што никој не ги почитува, бидејќи немаат ќар, ако не се лажам треба да има по 1.5 паркинг место по стан, односно за 50 стана 75 паркинг места се потребни. Доколку се почитува ова нема да има потреба од никакви дополнителни трошоци за обичниот граѓанин.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Значи Бурунди и безвластие е ок ако ти оди во прилог :)? Зашто само една лента да окупираат возила, зашто не сите ленти? Зашто да се остане на паркирани коли, тоа е времено, може некој да ги препаркира, да земеме некои стари автобуси, да ги превртиме и да ги оставиме така, ниеден да не поминува :). Или така оние што шетаат бели пудлици, малтезери или како и да се викаат тие џогери на 4 нозе ќе се вознемират па да се задржиме на ова само...

Погледнете го атачментот 157812

^^ Ова не е ни до препреки ни до семафори, ова е затоа што некој што е платен да си ја работи работата не си ја работи и седи во фотелја, џуска кафица, скрола на телефон а кога треба да поработи оди на автопат каде има заборавен знак 80 и штанца казни да исполни квота. Страв им е да стојат во Скопје, кој ќе се смара да се објаснува кога секој на некој е нешто, секој има повикај пријател, кај он ќе губи работно место или да му се крати плати за некаков си таму сообраќај.
(Фала за потсетувањето, и тој го заборавив, плус и кај Соборна има неколку трагедии)

Туку не. Лежечките полицајци се одговор на безвластието - лудото возење. Таму месното население НЕ плаќа даноци и НЕ сака помош од полицијата и органите. Ние плаќаме па барам во околината каде што живеат моите најблиски и каде што плаќаме даноци (од Плоштад до Мост Обединети Нации) да се воведат законски физички пречки заради заштита на населението. Паркирање на прва лента со што ќе се одвојат возилата од велосипедите и пешаците. А платено паркирање насекаде (слободно после работно време, како во Солун), блокирани КОЛОВОЗНИТЕ ленти и на Варшавска и сл. со паркирани коли (за да се одвои сообраќајот и да не се инвалидизираат деца пред школи ем да си плаќаат а не вака комбиња си седат цел ден), а со тоа ќе имаме и вистинско почитување на „Подрачје на смирен сообраќај“ каде што колите ќе бидат присилени да возат под 10 на час. Ако веќе плаќаме даноци мислам дека може како и во Дебар Маало да се стават лежечки полицајци, еднонасочен сообраќај, пречки...

А сообраќајните инжинери со ингениозните идеји центарот на градот да служи за брз сообраќај, нека размислат или за промена на професијата или да посетат земји од ЕУ кон која се стремиме и да применат некои од тие решенија во централното градски подрачје на главниот град кое плаќа даноци речиси 100% и заслужува и друга услуга освен редовни полициски контроли на документите.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
упорно намерно провоцира, најдобро е да го игнорираш.
Регулации мислам дека веќе има, само што никој не ги почитува, бидејќи немаат ќар, ако не се лажам треба да има по 1.5 паркинг место по стан, односно за 50 стана 75 паркинг места се потребни. Доколку се почитува ова нема да има потреба од никакви дополнителни трошоци за обичниот граѓанин.
Сериозно, ова е регулирано?

Нека пушти некој ако знае, линк до законот/членот. Да почнеме да ги пријавуваме овие згради што штанцаат.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Ете горе некој пиша дека џандарите се плашат да стојат и застануваат, па лежечите им се алтернатива.

Па еве и зошто
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
Онаа раскрсницата кај Годи према Аеродром уште не ја средија, а ако стаат семафори има да се чека со саати. Веќе се чека од Пивара према Аеродром у шпиц и има метеж и редица километарска.
Мостот кај Ќерамидница можеби ќе олеснеше овде во случајов, ама у застој остана со години...
Сигурен сум дека на оваа раскрсница многу прошле на црвено и тоа групно, просто за да избегнат метеж.
Ама не, гужвите уствари го прават побезбеден сообраќајот. Разбираш? Колку поспоро идеш толку е побезбедно. Ако може воопшто да не се движиш, најбезбедно ќе биде.
Мислењето е автоматски споено:

барам во околината каде што живеат моите најблиски и каде што плаќаме даноци (од Плоштад до Мост Обединети Нации) да се воведат законски физички пречки заради заштита на населението.
Абе Ксенон убаво кажа, целосно да се забрани сообраќај за моторни возила. Ако е бал нека е маскенбал. Сѐ да се блокира и само по потреба на Кирев да се пушта малку движење, ама без претерување. :)
Мислењето е автоматски споено:

Патем Партизанска е единствениот булевар во градот (покрај делови од Никола Карев) каде што колку толку понормално иде сообраќајот. Баш затоа што има три ленти. Не затоа што има една лента.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Како и за сè друго, па и овде, бараме решение во санирање на последиците од проблемот, а не го бараме решението за причините за проблемот. По мене клучни причини се:
  • многу лош јавен превоз;
  • уште полошо (корумпирано до даска) урбанистичко планирање и издавање на дозволи за градба.
Ова првото може да се реши, второво е веќе касно, и не верувам дека нешто ќе се смени, затоа што за ова мора да се смени нашиот менталитет на самоуништување (за ова, ако е воопшто можно, потребна е смена на генерации).
Веќе е целосно неисплатливо (од аспект на сообраќаен хаос, немање паркинг, сообраќајна некултура) да се вози кола. Јас прв би се откажал од возење на кола во град, ама немам алтернатива. Работното место ми е на околу 6 километри, што не е дистанца што можам пешки да ја одам, велосипедска патека немам на 2/3 од ова дестинација. Јавен превоз секогаш кога сум користел, или воопшто не дошол автобус или до тој степен е гужва и во автобус и во сообраќај што ова искуство ме фрустрира уште пред да стигнам на работа.

Станувам 1 час порано, за да избегнам гужва во сообраќај и да најдам место за паркинг. Ако закаснам, се случува да „возам“ 45 минути за дистанца од 6 км.

Одма би се префрлил на јавен превоз ако истиот е квалитетен. Да можам да се потпрам на истиот во смисла да знам дека ќе стигнам на време на работа за некои 15-20 мин, и да не се чувствувам како пакистански мигрант кој се шверца во EU земја.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
  • многу лош јавен превоз;
  • уште полошо (корумпирано до даска) урбанистичко планирање и издавање на дозволи за градба.
Ова првото може да се реши, второво е веќе касно
Надземна железница над Партизанска/Питу/Сандански. Плоштад не знам како ќе го решат, дали високо или длабоко, ама сѐ се решава. Со ова решаваш јавен превоз еднаш за секогаш. На секои 5 минути возови во круг вртат од Лисиче до Сарај. И секаде стигаш релативно брзо.
По можност уште една линија од под Припор (Кисела Вода) до Чаир.

Метро не бива во скопскиот aquafier кој често е на само неколку метри под површината. Не дека не е можно, туку дека ќе биде ретардирано скапо. Надземна железница е секако повеќе пати поевтино решение и од најевтиното метро.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
@goce03 И јас би рекол дека проблемот е урбанистичкото планирање, уствари непланирање.
Еве ти треба да стигнеш на работа и ако закасниш треба да се правдаш пред шефот зошто си закаснил и нема да ти уважи никакво оправдување ако спомнеш метеж, сообраќај и слично. Можеби еден, два, три дена... Ама за повеќе сигурно би ти скратил од саатница или нешто слично.
Е сега замисли како им е на професионални возачи, добавувачи, брза пошта и слично. Повеќето молови имаат одредена временска рамка кога примаат роба, така да ако закасниш а си добавувач нема да ти примат роба, дој друг пат, утре.... Ама утре веќе планот е да носиш роба на друго место, у друг град...
Ќе ти пропадне доставата... па проблеми на работа и слично.
Така да многу возачи имаат веќе зацртано цел што треба да ја остварат, ретко кој од возачите онака само си вози, круза низ град.
Сите имаат некоја одредена дестинација и временска рамка што треба да ја остварат. И професионални возачи и непрофесионални.
По обиколница да идеш да речеме од индустриска зона Илинден или другите зони за да однесеш роба до CityMall, пак ќе заглавиш кај клучката за Палас.

@Lokvan
Овие идеи ги имаше претставено Шилегов коа беше градоначалник, колку има од тогаш минато 5-6 години...
На крајот од мандотот се почна и она кај касарна Илинден према Визбегово и лево за накај Палас, ама уште се прави еве веќе пет години.
 
18 август 2019
1.210
1.176
За паркирањето да се среди треба да се донесат регулации за поседување кола: Доказ за поседување паркинг место.
Во Скопје не возат само неговите жители. Што правиме со оние кои доаѓаат од други градови?
Ама не, гужвите уствари го прават побезбеден сообраќајот. Разбираш? Колку поспоро идеш толку е побезбедно. Ако може воопшто да не се движиш, најбезбедно ќе биде.
Најбезбедно ќе биде кога првата лента ќе биде за паркирање. Автоматски се губи и втората, па третата се блокира. Тогаш ќе нема движење.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK

Еве priview што ќе се дешава на Партизанска со една лента за паркирање, и искачање на луѓе од меѓу возила (и мотори, итн). 18+
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
... и ќе нема жртви.
Кирев, брат. Па како ќе ти стигнат пратките од алиекспрес ако нема движење? Или леб у маркет? Или брашно у пекара?

Да не филозофирам многу, ама светов е така некако направен за да се движи, нели, Земјата ротира, другите планети исто така?
Ако нема движење на Земјава, нема ни да постоиме.
Алберт Ајшнтајн рекол дека 4-та димензија е време, иако ние имаме различни сфаќања за тоа што е време.
Ама ако нема движење нема ни време, т.е. ништо нема да почне и нема да одмине.
Мора нешто да мрда за да постои. Па макрокосмос микросмос теориите, еве крвта во нашето тело е во постојано движење, просто за да функционираат сите делови од човечкиот организам.

Па така и транспорот како столб на едно стопанство мора да е у движење за сите други сектори/органи да функционираат.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно