Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Плати во ИТ индустријата во Македонија

boban984

hello world
boban984's setup  
Processor & Cooler
Најјаките
Storage
Најбрзиот
RAM
Че
Case
Мејс
Mouse
Џери
Keyboard
Q2 Keychron, Durrock браун

mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.039
Мислам дека поентата погоре беше дека во сите гранки се користат технологии кои ја подобруваат ефикасноста и го забрзуваат процесот на некој начин, а се креирани или поддржани од страна на некаков вид на информатичка технологија, код, хардвер, дизајн, шо и да е. Да, основните гранки можат да работат и понатаму, ама далеку понеефикасно, а со тоа и понепрофитабилно. Една проста аналогија е зошто користиме возило да речиме од Скопје до Велес кога може и со магаре да го поминиме истиот пат, само поспоро и понеефикасно. Мислам дека одамна престана да важи размислувањето "Дали ќе се заврши ХХХ работа" туку се оди на кратење на процедури, подобрување ефикасност и "Колку брзо, точно и со најмалку ресурси да се заврши ХХХ работа". То дека нема благе везе со македонската економија, не би се согласил, ама па и цифрите не се нешто импресивни на државно ниво, ако гледаш само данок. Пресметката погоре дека само 5000 луѓе работат во ИТ е далеку од точна, само фриленсери се повеќе од тоа. А и сумата на плата е ниска, особено за тие шо работат за странски компании а парите ги трошат тука.
Наполно се сложувам.
 

l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Наместо да бидат преблагодарни шо имаат прилика да зимат плата од 1000 евра, напсроти 400 евра реална просечна плата
Плеблагодарен кому? Грујо, Зајко, комшијата? 400 евра може да зема човек без никакво школо, со тие ли споредба ќе правиме? За таа прилика од мизерни 1000 евра, некој дома/факс/курс со години учел, се надградувал, за на крај споредби да даваме со реално кажано, неписмен кадар. Чест на исклучоци, но постојат луѓе што 2 збора не може да сврзи, такси ќе работи, 400 евра ќе ги извади. Келнер ќе работи, истите пари ќе ги извади. Никаква школа, никаква спрема, лежел и си го прчел со години, за на крај да се жали што толку заработува, па немало пари, па државата била крива. Па уште и ИТ фаци ќе им биле криви, премногу заработувале.

Жалосно е што добар ИТ кадар сеуште се експлоатира во државава за "смешна" плата. А тој што е над него, кој со на тато паричките и некој контакт/два од страна отворил фирма, ќе лапа 90% од вкупниот профит, а ќе плаќа мизерни суми на вработените.

Ама 1000 евра заработувал и удри по ИТ фаците, премногу се занесувале или барале. А да си го загрее столчето тој што плаче цело време дека нема пари?

2023-та сме, уште некој пробува да ја девалвира вредноста на ИТ индустријата...
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Ех, како никој да не работи фриленс... Ете решение за контакт од страна. Па и да отвориш фирма после за да вработиш луѓе. Само што не е баш толку лесно ...
 

GoranMak

hello world
13 февруари 2020
257
245
Ако не па сите да одиме во Кромберт и Дрекселмаер за 350 евра. Така сигурно многу појако ќе ја помогниме економијата.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.039
Многу типичен козата на комшијата муабет. Секогаш во МК тој се слуша.

1. Не е платата на другите ниска. На ИТ била висока! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Повисоки се и едната и другата. Значи треба да се бара другите да се повисоки, а не ИТ да се смалува. Така се оди напред. А не обратно.

2. Скапа била струјата, да поефтини требало! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Повисока е цената на струјата. Значи треба да се бара платите да се повисоки, а не да се субвенционира струја. Така се оди напред, а не обратно.

3. Горивата биле скапи, да поефтинат! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Најевтини горива имавме долго времме. Значи треба да се баре платите да се повисоки, а не да се симнуваат горива и да се субвенционираат. Така се оди напред, а не обратно.

4. Зашто Људмила чистачката зимала 23000 денара, ништо не работела, само чистела. Помалце да и даеме! Ја мајката? Не оди паметот дека ти треба да зимаш х10 од тоа што зимаш, него на Људмила да и скратиме требало што има најмала плата во фирмата.

Самиот пристап кога си на дно на ЕУ со плати, и да не се жалат сите 2 милиона (минус политичари, значи еден милион) дека платите се мизерија и на сите и на ИТ е страшно. Каква перцепција угнетена, не разбирам стварно. Наместо да се бутка да се доближуваме до западна европа (Грција ете најблиску), ние обратно да сме оделе се барањата. Вреќа сол би изеле за инает.
 

Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
Ех, како никој да не работи фриленс... Ете решение за контакт од страна. Па и да отвориш фирма после за да вработиш луѓе. Само што не е баш толку лесно ...
ништо не е лесно, си бара многу труд, работа, жртва и слично но се исплати ако навистина е тоа што сакаш да го правиш.

Нема секој да успее, но можноста постои.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Ќе постои и постои, се вика "Сива економија".
Точно така. Отворена фирма без капитал. На сметка има пари колку за плата на вработени. Не подлежи на никаква фискализација.
Сакаш хинт?
Почнува на И завршува на Т.
Секоја ИТ фирма...
Со чесни исклучоци...
Мислењето е автоматски споено:

Многу типичен козата на комшијата муабет. Секогаш во МК тој се слуша.

1. Не е платата на другите ниска. На ИТ била висока! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Повисоки се и едната и другата. Значи треба да се бара другите да се повисоки, а не ИТ да се смалува. Така се оди напред. А не обратно.

2. Скапа била струјата, да поефтини требало! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Повисока е цената на струјата. Значи треба да се бара платите да се повисоки, а не да се субвенционира струја. Така се оди напред, а не обратно.

3. Горивата биле скапи, да поефтинат! Ја мајката - како е во остаток од ЕУ? Најевтини горива имавме долго времме. Значи треба да се баре платите да се повисоки, а не да се симнуваат горива и да се субвенционираат. Така се оди напред, а не обратно.

4. Зашто Људмила чистачката зимала 23000 денара, ништо не работела, само чистела. Помалце да и даеме! Ја мајката? Не оди паметот дека ти треба да зимаш х10 од тоа што зимаш, него на Људмила да и скратиме требало што има најмала плата во фирмата.

Самиот пристап кога си на дно на ЕУ со плати, и да не се жалат сите 2 милиона (минус политичари, значи еден милион) дека платите се мизерија и на сите и на ИТ е страшно. Каква перцепција угнетена, не разбирам стварно. Наместо да се бутка да се доближуваме до западна европа (Грција ете најблиску), ние обратно да сме оделе се барањата. Вреќа сол би изеле за инает.
Никој не рече дека платата е висока во ИТ секторот...
Напрптив, е прениска. Арно ама...
 

GoranMak

hello world
13 февруари 2020
257
245
5000 души со просечен бруто од 2000 евра ти се 10.000.000 х 12месеци = 120.000.000.
Во индустрија со 10 милиони промет годишно и 1 милион чар.
Пара тарапана. Двигател што да ти расправам. Да се плива во девизи. Дојде живот.
Дијаспората има поголем внес на девизи од цела ИТ индустрија во Македонија...
Која стопанска гранка носи повеќе девизи од дијаспората?
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Која стопанска гранка носи повеќе девизи од дијаспората?
Те молам дообјасни се. Не знам што сакаш да прашаш.
Аха, па видиш скоро сите. Од текстилна, од машинска, поново па и аутомобилска...Трговија да не правиме муабет.
 

GoranMak

hello world
13 февруари 2020
257
245
Eдноставно беше прашањето, која гранка од економијата носи повеќе девизи во Македонија.

Ако видиш за некои од тие што ги спомна, разликата од увозот и извозот е минимален, пример Џонсон Мети како најголем извозник во автомобилскиот сектор има додадена вредност на увозените материјали од 20тина милиони долари. Додека увезува и извезува стока вредна милијарди долари.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Џонсон Мети извезува полупроизвод за кој се плаќа некоја реална цена.
Македонската ИТ индустрија исто така извезува производ, за кој никој ништо не плаќа(со чесни исклучоци). Освен работната сила.
 

Aowek

user
14 април 2012
1.213
1.170
Џонсон Мети извезува полупроизвод за кој се плаќа некоја реална цена.
Македонската ИТ индустрија исто така извезува производ, за кој никој ништо не плаќа(со чесни исклучоци). Освен работната сила.
Бајаги си напнат на Ит фелата во Македонија :D
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.039
Пара што влегува во државата од надвор треба да се благословува и свеќа да и се пали, а не да се куди. Било мала или голема. Голем дел од таа се троши тука во продавници, за сметки, за станови, за плати. Нема поважна работа од тоа да доаѓаат странски пари кај поголем број индивидуи за еден народ и за подобрувањето на животот и економијата. (и тоа нагласено е индивидуалци, бидејќи ако стигнат истите до државата како друга форма на грантови и слично, наместо да се распределат по голем број индивидуалци, инстантно ќе исчезнат)
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Пара што влегува во државата од надвор треба да се благословува и свеќа да и се пали, а не да се куди. Било мала или голема. Голем дел од таа се троши тука во продавници, за сметки, за станови, за плати. Нема поважна работа од тоа да доаѓаат странски пари кај поголем број индивидуи за еден народ и за подобрувањето на животот и економијата. (и тоа нагласено е индивидуалци, бидејќи ако стигнат истите до државата наместо да се распределат по голем број индивидуалци, инстантно ќе исчезнат)
Ко бранко и љупчо во 90тите звучите...
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Плеблагодарен кому? Грујо, Зајко, комшијата? 400 евра може да зема човек без никакво школо, со тие ли споредба ќе правиме? За таа прилика од мизерни 1000 евра, некој дома/факс/курс со години учел, се надградувал, за на крај споредби да даваме со реално кажано, неписмен кадар. Чест на исклучоци, но постојат луѓе што 2 збора не може да сврзи, такси ќе работи, 400 евра ќе ги извади. Келнер ќе работи, истите пари ќе ги извади. Никаква школа, никаква спрема, лежел и си го прчел со години, за на крај да се жали што толку заработува, па немало пари, па државата била крива. Па уште и ИТ фаци ќе им биле криви, премногу заработувале.

Жалосно е што добар ИТ кадар сеуште се експлоатира во државава за "смешна" плата. А тој што е над него, кој со на тато паричките и некој контакт/два од страна отворил фирма, ќе лапа 90% од вкупниот профит, а ќе плаќа мизерни суми на вработените.

Ама 1000 евра заработувал и удри по ИТ фаците, премногу се занесувале или барале. А да си го загрее столчето тој што плаче цело време дека нема пари?

2023-та сме, уште некој пробува да ја девалвира вредноста на ИТ индустријата...

Другар јас имам пријатели и таксисти и келнери што зимаат повеќе плата од нас тука (не од сите нормално, од одредени позиции/работни места во ИТ).

А башка ако сме реални, 1000 евра беа пара пред 10 години. Денес со 1000 евра, на сите домашни давачки и + ако си со кредити, ништо не е. Убаво звучат да, ама во реалност се пичкаат пребрзо.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.613
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Моментално како што е поставено, за државната економија = 0.
Во 2020 сите ИТ компании пријавиле промет* од 10милиони евра и добивка од 1милион.
Бравос. Величе Шушумуликоски повеќе данок има платено за 2020...
@Trtka податоците од ракав ги извади?

Во 2019та сите ИТ компании во Македонија пријавиле промет од 272 милиони евра, а добивка од 41 милион евра. Тоа е раст од 80% за 4 години, а 136% раст на добивка за последните 4 години... Податоци за 2020/21/22 се сигурно уште поголеми.
Приходите и профитите растат, но сè потешко се наоѓаат кадри
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
@Trtka податоците од ракав ги извади?

Во 2019та сите ИТ компании во Македонија пријавиле промет од 272 милиони евра, а добивка од 41 милион евра. Тоа е раст од 80% за 4 години, а 136% раст на добивка за последните 4 години... Податоци за 2020/21/22 се сигурно уште поголеми.
Приходите и профитите растат, но сè потешко се наоѓаат кадри
Аааа да, 272 милиони. Витаминка оди со 60 милиони сама(иначе има 500-600 вработени) ....
Нема врска џабе се расправам... Се извинјавам што ве напнав во ваков убав петочен ден.
 
Последна промена:

Burazer

Баниран/a
29 јануари 2023
267
180
Тука
Плеблагодарен кому? Грујо, Зајко, комшијата? 400 евра може да зема човек без никакво школо, со тие ли споредба ќе правиме? За таа прилика од мизерни 1000 евра, некој дома/факс/курс со години учел, се надградувал, за на крај споредби да даваме со реално кажано, неписмен кадар. Чест на исклучоци, но постојат луѓе што 2 збора не може да сврзи, такси ќе работи, 400 евра ќе ги извади. Келнер ќе работи, истите пари ќе ги извади. Никаква школа, никаква спрема, лежел и си го прчел со години, за на крај да се жали што толку заработува, па немало пари, па државата била крива. Па уште и ИТ фаци ќе им биле криви, премногу заработувале.

Жалосно е што добар ИТ кадар сеуште се експлоатира во државава за "смешна" плата. А тој што е над него, кој со на тато паричките и некој контакт/два од страна отворил фирма, ќе лапа 90% од вкупниот профит, а ќе плаќа мизерни суми на вработените.

Ама 1000 евра заработувал и удри по ИТ фаците, премногу се занесувале или барале. А да си го загрее столчето тој што плаче цело време дека нема пари?

2023-та сме, уште некој пробува да ја девалвира вредноста на ИТ индустријата...
Убаво кажав. Си ги измешал човечките вредности скроз на скроз. Неписменост ако не си ИТ образуван! - Се е кажано. Се одјавувам од темата.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.613
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@Trtka ја прочитав јас добро, ама ај ти врати се да дочиташ.
Во ИКТ приход е 900 милиони со 104 милиони добивка.
Во подсегментот Софтвер и ИТ услуги приход е 272 милиони со 41 милион добивка.
А други ИТ услуги е подсегмент на нешто трето... изваден извештај од Масит е ова...

Еве ти подетално за компании https://pari.com.mk/5-najmokjni-it-kompanii-2020/
Само Интерворкс има приход од 4.8 милиони за 2019, со 1 милион добивка.
 

GoranMak

hello world
13 февруари 2020
257
245
Витаминка со 50 милиони приходи во 2021 имала иста добивка како Интерворкс.

Изгледа треба да форсираме индустрии со минимални стапки на добика. Да продадеме милијарда евра стока за да заработиме 15 милиони :ROFLMAO:
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Цитирам:
Хардверот
е најголемиот сегмент со 55 % на пазарот на ИКТ во Македонија. ИКТ услугите се втор по големина сегмент 30 %, а софтверот сочинува 15 % од пазарот на ИКТ.

Во превод, Сетек, Анхоч и останатите прават 5 пати повеќе промет од сите програмери...
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.613
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@Trtka каде виде дека јас правам споредби со хардвер, анхоч… кој повеќе кој помалку…
Туку едноставно ти кажувам дека бројките што ги извади од ракав за 2020 за ИТ се смешни, 10милиони приход со 1 милион добивка…
Ете ти погоре поточни податоци…
Кога се кажуваат точно суми, барем едноставна проверка на истите требаа да се направи пред да се кажат, а не едноставно да се кажуваат истресени од ракав…
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно