Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Одмор на отказен рок

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ова е можда повеќе за на некој правен форум :) ама сметам дека тука има доволно упатени луѓе па тука ќе си прашам

Дадов отказ на 22ри Октомври и имам уште 15 дена одмор. Во новата фирма немам можност да ги префрлам неискористените денови и си поднесов барање за одмор (денес) кој што би почнал на 10ти Ноември и би завршил на 28ми Ноември. 28ми Ноември ми е истотака последниот работен ден во моменталната фирма, тој ден ќе ме одјават.

Е сега, ми рекоа дека имам искористено 7 дена за оваа година и дека можам да искористам максимум 12 до крај на годинава. Значи јас можам да земам уште 5 дена одмор.

Ќе се консултирам и со адвокат но сакав да слушнам мислења, можда и искуства од други луѓе.
Прочитај ЗРО (Закон за Работни Односи).

Вака од памет:
  • стар одмор се користи заклучно со крај на Јуни
  • значи одморот од оваа година законски можеш да го користиш заклучно до крај на Јуни 2026-та
  • нов одмор се зема прв дел со блок од 12 дена, но можеш потоа да го прекинеш по твое барање и така да дојдеш до број помал од 12 денови (не ме прашувај зошто е вака, ама така е)
  • денови одмор се рачунаат работните денови, викендите не се бројат (а ти следуваат како слободни денови)

Конкретно ти ако си користел 5 дена одмор од оваа година, имаш уште максброј - 5 дена одмор а тоа кога и колку денови ќе користиш зависи од две работи. Прво кога и колку денови ти ќе побараш, а второ дали фирмата ќе ти дозволи тогаш да користиш одмор. Имаат право и да те одбијат (за што има правни лекови, ама тоа со адвокат).

Тоа „максброј“ е колку денови одмор имаш. Зависи од стаж, мислам беше за секои две години стаж се додава еден ден одмор. Како нов работник со 0 години стаж се почнува со 18 денови годишен одмор... Максимално можеш да имаш 26 денови годишен одмор. Итн.

Ова е сѐ од памет, провери во ЗРО каде сѐ си пишува.
Мислењето е автоматски споено:

ОК, сега гледам - веќе си завршил работа. :D
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Фала ти на инфо. Јас завршив работа а мислењево е одлично. Можда ќе му се најде на некој за во иднина (се надевам нема да треба) :)
Aпсолутно треба, односно ќе затреба... Што мислиш како јас ги знам овие членови од ЗРО а не сум ни П од правник. :)
 

PeroLozac

hello world
11 јули 2018
196
226
Погледнете го атачментот 155364

После разговор со HR, добив повик од мојот менаџер и испадна дека сепак било недоразбирање :) и дека можам да ги искористам сите денови одмор кои што ги имам. Ви благодарам на сите на информации, помош и ангажман околу мојот проблем. Должам тура пиво на собиранка од форум или може собиранка од темава :D
Секогаш излегува "недоразбирање" кога ќе покажеш дека си ги познаваш своите работнички права, а особено ако укажеш дека ќе бидат контактирани од твојот адвокат.
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.235
5.547
Скопје
Прочитај ЗРО (Закон за Работни Односи).

Вака од памет:
  • стар одмор се користи заклучно со крај на Јуни
  • значи одморот од оваа година законски можеш да го користиш заклучно до крај на Јуни 2026-та
  • нов одмор се зема прв дел со блок од 12 дена, но можеш потоа да го прекинеш по твое барање и така да дојдеш до број помал од 12 денови (не ме прашувај зошто е вака, ама така е)
  • денови одмор се рачунаат работните денови, викендите не се бројат (а ти следуваат како слободни денови)

Конкретно ти ако си користел 5 дена одмор од оваа година, имаш уште максброј - 5 дена одмор а тоа кога и колку денови ќе користиш зависи од две работи. Прво кога и колку денови ти ќе побараш, а второ дали фирмата ќе ти дозволи тогаш да користиш одмор. Имаат право и да те одбијат (за што има правни лекови, ама тоа со адвокат).

Тоа „максброј“ е колку денови одмор имаш. Зависи од стаж, мислам беше за секои две години стаж се додава еден ден одмор. Како нов работник со 0 години стаж се почнува со 18 денови годишен одмор... Максимално можеш да имаш 26 денови годишен одмор. Итн.

Ова е сѐ од памет, провери во ЗРО каде сѐ си пишува.
Мислењето е автоматски споено:

ОК, сега гледам - веќе си завршил работа. :D
Согласно закон, мораш да добиеш врзани 10 дена (работни) одмор и уште два до нова година. Значи тоа се најмалку 12 дена што задолжително треба да се добијат, останатите зависат од работодавец.
Согласно договор меѓу работодавач и вработен, ако сакате двајцата можеш и сите да го добиеш одма, или после НГ, освен што правно ќе ти пишат 12 до НГ.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Прочитај ЗРО (Закон за Работни Односи).

Вака од памет:
  • стар одмор се користи заклучно со крај на Јуни
  • значи одморот од оваа година законски можеш да го користиш заклучно до крај на Јуни 2026-та
  • нов одмор се зема прв дел со блок од 12 дена, но можеш потоа да го прекинеш по твое барање и така да дојдеш до број помал од 12 денови (не ме прашувај зошто е вака, ама така е)
  • денови одмор се рачунаат работните денови, викендите не се бројат (а ти следуваат како слободни денови)

Конкретно ти ако си користел 5 дена одмор од оваа година, имаш уште максброј - 5 дена одмор а тоа кога и колку денови ќе користиш зависи од две работи. Прво кога и колку денови ти ќе побараш, а второ дали фирмата ќе ти дозволи тогаш да користиш одмор. Имаат право и да те одбијат (за што има правни лекови, ама тоа со адвокат).

Тоа „максброј“ е колку денови одмор имаш. Зависи од стаж, мислам беше за секои две години стаж се додава еден ден одмор. Како нов работник со 0 години стаж се почнува со 18 денови годишен одмор... Максимално можеш да имаш 26 денови годишен одмор. Итн.

Ова е сѐ од памет, провери во ЗРО каде сѐ си пишува.
Мислењето е автоматски споено:

ОК, сега гледам - веќе си завршил работа. :D
Точно, делот за блок од 12 дена е најчесто заштита од работодавци кои не дозволуваат нормален одмор.

Доколку не си нововработен ти следува целосниот одмор, но одобрувањето на истиот би требало да ги следи принципите во фирмата за одобрување на истиот. Ретко се случува да бидат безобразни и да го одбијат одморот, зошто реално немаат механизам да те натераат да работиш како што треба. Можеби физички ќе се појавиш, но дури и да работиш лошо во тој период ... не може да те отпуштат. Ама нашата чудесна земја знае да произведе секакви ликови, така да не би бил изненаден.

Секако доколку не ги почитуваат правилата, секогаш постои заканата за пријава и правна завршница, но мислам најчесто си ја пробуваат среќата во компаниите и се надеваат на неинформираност на вработените и тактиката АПП. Во првиот момент кога ќе се повикаш на законот, тогаш вртат нов лист.
 

fauxpanda

read-only
7 декември 2020
7
14
Како нов работник со 0 години стаж се почнува со 18 денови годишен одмор... Максимално можеш да имаш 26 денови годишен одмор. Итн.

Законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена.

Работникот кој за прв пат заснова работен однос се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. Во првите 6 месеци има право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Фактички нас ни викаат треба да искористите 12 дена до Декември и остатокот од одморот во наредната година (пример 2026) па во Јуни добиваме нов одмор.

Доколку си стекнал најмалку 6 месеци непрекинат работен стаж, секоја година, почнувајќи од 1 јануари, ти следува целиот годишен одмор (во број на денови согласно законот и договорот со компанијата), кој мора да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година. Новиот годишен одмор не започнува во јуни, туку секогаш на почетокот на новата календарска година. Во случај на прекин на работен стаж, при вработување повторно започнуваш со пропорционално користење на годишниот одмор, по два дена за секој месец.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно