Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали PC Hardware-от е неинтересен за новите генерации?

Дали PC Hardware-от е неинтересен за новите генерации?


  • Вкупно гласале
    9

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.703
12.565
Skopje
www.wemaxa.com
1781785980520.png

Ме интересира дали и други имаат ист впечаток, за тоа дека интересот за ПЦ хардвер е драстично опаднат во споредба со тоа што беше пред 20-25 години. Крајот на 90ти и почетокот на 2000ти буквално имаше луѓе што со денови ќе расправаат кој процесор е подобар, која матична има подобар чипсет, кои мемории се покажале добро за клокање, кои драјвери даваат повеќе FPS во одредена игра. Се читаа ривјуа, се следеа тестови, се споредуваа температури, напони, латенции. На хардвер форуми секој ден излегуваа нови теми и дискусии. Денес како тоа го нема - на форумов се збори за се освен за хардвер. Исто е мање више и кај нас и на странски форуми. Порано секоја нова генерација процесори/графички итн беше а-у. Денес ќе излезе нов процесор, нова графичка, нов чипсет никој не се смара.

Мислам има повеќе причини за ова. Една е што ПЦ-то не е веќе нешто посебно. Генерации растат со компјутер, лаптоп, таблет и телефон уште од првиот ден. За некој што денес има 15 години компјутерот не е фасцинантна машина што треба да ја отвори и истражува. Тоа е само уште еден уред како фрижидер или телевизор. Работи и толку. Втора работа е што денешниот хардвер е многу помалку интересен за чепкање. Некогаш со малку знаење можеше да извлечеш сериозни перформанси. Имаше процесори што одеднаш стануваа многу поскапи модели само со малку оверклокување, премостување на контакти со графит (молив - АМД Дурон), итн. Имаше отклучување јадра, модификации, разни трикови. Денес од фабрика максимално ги бустаат компонентите. И саати да потрошиш да измолзиш неколку % добивка на крај ќе добиваш повеќе топлина отколку фајде.

Цените после крипто треската а посебно моментално со АИ моментот направија свое. Искрено, кој денес сака да експериментира со графичка што чини колку половна (нова?) кола? Некогаш повеќе луѓе можеа да си дозволат да купат нешто средна класа, да пробуваат, да расипат па и да научат нешто. Поинтересно ми е што не исчезна само ентузијазмот туку и целата култура околу него. Многу форуми се мртви и многу хардверски сајтови изгубија публика. Колку луѓе денес читаат долги ревјуа воопшто? Големите имиња од минатото се заборавени. Некогаш редовно се отвораа сајтови како AnandTech за да се прочита нов тест или анализа. Денес грото луѓе ако и бараат информација ќе изгледаат некое десетминутно видео (или по ново 60 секунди тик-ток / инста / јуџуб шорт) и решена е. Порано ентузијастите сакаа да знаат што има под хаубата. Денес повеќето ги интересираат некои језиви бесплатни игри (валорант, фортнајт, роблокс ??) или видевца како некој се прејадува (или стрима додека го прави тоа). Никој не се смара што има во куќиште.

И пазарот се смени. Некогаш ПЦ-то беше "центарот" дома, денес најголем дел од времето луѓето го поминуваат на телефони. Ако телефонот е примарен уред за огромен дел од населението, нормално е интересот за ПЦ хардвер да паѓа. Сепак, не можам да се оттргнам од впечатокот дека денес има многу помалку љубопитност околу компјутерите отколку порано. Како хардверот да стана невидлив. Го користиме повеќе од кога било, ама зборуваме за него помалку од кога било.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Микротрансакции и надградби ги убија игрите, и компјутерите.


Сега се игра:
Текен 8
Фудбали
Ролек Коустер Тајкун
Ситис Скајлајнс
Цезар 3
Аге оф Емпирес 1
Марио Карт
Вормс
Кармагедон 1 и 2
Роблокс
Симс 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0

Тоа е тоа. Се друго е жали боже.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.630
3.189
Микротрансакции и надградби ги убија игрите, и компјутерите.


Сега се игра:
Текен 8
Фудбали
Ролек Коустер Тајкун
Ситис Скајлајнс
Цезар 3
Аге оф Емпирес 1
Марио Карт
Вормс
Кармагедон 1 и 2
Роблокс
Симс 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0

Тоа е тоа. Се друго е жали боже.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
кој и каде игра вормс? Се уште има надеж? :)
На темата. Се што си набројал е точно но си испуштил уште нешто.
Тогаш немавме. Сега се има многу многу повеќе. Ќе се измачиш за 1% ако треба, затоа што не ти е опција да го купиш. А тој 1% правеше разлика многу повеќе него сега да имаш 20% повеќе перформанси.
Сега се подразбира дека системот работи глатко. Тогаш меревме време на бутирање на компјутер (сосе ос) и тоа траеше. Кога последен пат си користел F5 на десктоп? :)
Времињата се сменети. Пазарот за делови е намален и сведен на гејминг. Ентузијасти речиси и да нема, и нема зошто да има.
10 години стар хардвер е фунцкионален за 90% од популацијата.
За споредба: 486ка и П3 се во растојание од 10 години, а исто толку се и од п3 до првиот и3/5/7.
Денес комотно можеш да сработиш основна канцелариска работа на таков компјутер, стар 16 години. Десетгодишен компјутер може да има и ок перформанси за рабта. Тоа беше невозможно порано. Сега има напредок, ама толку е небитен за повеќето што исто како и да го нема.
Друг битен момент е што лаптопот го замени десктопот.
До кога ќе има делови за да склопуваш сам, тоа е прашањето. Пазарот е премал.
Повеќе ентузијасти видов на тема за оверклокување на кафемат отколку за оверклокување на процесор последниве 5 години. Поточно немам видено таква тема повеќе од 5 години.
Убави времиња, убава ера. Ќе ги споменуваме пред кооперации (форуми).
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.703
12.565
Skopje
www.wemaxa.com
Кај пријател пред некој ден инсталирав win/office итн. на новокупен лаптоп. Го зема 25000 мислам од Сет, 8 јадрен, 16гиги ддр5 (8онборд+8содим модул), 680м графика, 1920х1200 резолуција. Единствена замерка за мој вкус е 60hz панел. Му замени некој 2007ма HP (го препратив кај @Daniel86 - џекот за полнење отиден и цмос батеријата да ја смени). Пресреќен. Десктоп нема. 680ката сега е доволна и за гејминг, барем на 1280х720 и сл. резолуции.

  • Лаптоп LENOVO IdeaPad 3 15ARP10 ( GRAY )
  • - Процесор AMD Ryzen™ 7 7735HS (16M Cache
  • Up to 4.7GHz )
  • Integrated AMD Radeon™ 680M Graphics
  • Рам 16GB DDR5 4800MHz
  • Диск 512GB SSD M.2
  • HD 720p with Privacy Shutter камера
  • 2 x Stereo Speakers with Dolby Audio
  • Bluetooth® 5.0 Combo with WiFi Card
  • Ports: 2 x USB 3.2
  • 1 x USB 3.2 Type-C
  • 3.5 mm Combo Audio Jack
  • 1 x HDMI
  • 4-in-1 Card Reader
  • 15.3" WUXGA (1920x1200) IPS 300nits Anti-glare 45% NTSC
  • 60Hz
Ако ХП-то го чувал 19 години, ова треба да му држи наредни 38...
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.236
2.671
Многу се тупави денешниве деца, не ги интересираат вакви ствари, само скролање на тикток.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв