1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Jedah, 4 Март 2019.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мора ли заебавање, спрдачење, и тролање за секоја една посочена информација?
    Разбирам дека веројатно тоа е механизам за справување со непријатната реалност, но дискусијава не личи на ништо.

    Би сакал да го замолам надлежниот модератор да ја корегира атмосферата на дискусијава. Повеќе од половина постови не придонесуваат ништо продуктивно, напротив ја уништуваат дискусијата и водат кон расправии и замарања.



    Пар цитати издвоени за потенцирање:

    И следново:
     
    zipi123, DelphiUser и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  2. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,312
    956
    1 Јуни 2016
    Цел ден глеам постови на фејс дека е штетно 5Г и од тоа се заболувањата.
    Шо испадна сеа, штетно е? Да изгасам и 5GHz рутерот дома ако не.
     
  3. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,199
    2,719
    21 Јануари 2011
    Машко
     
    Скоти, Oktar и на Rukfash им се допаѓа ова.
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Slovenia stops the introduction of 5G technology

    Concerns about 5G legitimate, says minister



    Класичен корисен идиот.
    Ги има многу, насекаде.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,712
    11,041
    23 oктомври 2012
    Машко
    Really? Ова е линкот што сакаш да го постираш? Сајт што е креиран "вчера" со една цел, а тоа е копрофагирање и заработка од кликови со сензационални наслови? Чекај, тоа се две цели, али како и да е, 5Г ни во Словенија ни во Швајцарија е стопирано. Ја споменувам Швајцарија затоа што тоа ке ти беше следниот аргумент. Најди документ на страната на владата на словенија или како и да им се вика аек-от таму па после постирај.
    Патем, како иде лечењето на короната со хомеопатија, колку луѓе излечија хомеопатите досега? Ох веит, они не веруваат дека постои вирусот затоа и не третираат пациенти со измислени болести.
     
    На cgfreak, dimsa, goce03 и уште 11 други им се допаѓа ова.
  6. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,134
    2,589
    28 Јануари 2017
    Машко
    Колку детално клизачи му пристапе на линков, лајк.
     
    На gocetan, Скоти, Avid и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    @Oktar не ја истражував позадината на сајтовите, само ги пренесов вестите.
    Има многу резултати кога ќе се пребара „Slovenia 5G technology“
    Не знам што да кажам ако информациите навистина не се точни, но не можам да го заклучам тоа од пребарувањето. Евентуално да се работи нешто што е извадено од контекст, но повторно не гледам ништо конкретно ни за тоа... Можеби ти можеш да покажеш спротивни конклузивни податоци?

    Исто ако се пребара со зборовите „Switzerland 5G technology“
    Добиваме вакви резултати: Switzerland halts rollout of 5G over health concerns
    Дали и веб сајтовите како Financial Times ќе ги наречеш сајтови за „копрофагирање и заработка од кликови со сензационални наслови“??

    едит: Гледам и сајтови каде го тврдат спротивното, а вистината можеби е дека одделни кантони ја донеле одлуката да запрат со 5Г имплементација. На крај секако излегува дека некои од тие на позиција на власт изразуваат легитимни причини за загриженост.


    На крај, зошто толку непријателски, нападно и нељубезно ми реплицираш?
    Потсети ме ако сум ти згрешил нешто некаде, пошто јас навистина не паметам ништо такво.




    Патем, како иде истражувањето - не да те брзам ама уште лани во Декември кажа дека ќе ги истражиш посочените научни студии и стражувања.

    Не те прашувам непријателски. Искрено ме интересира што ќе кажеш за студиите и истражувањата. Без разлика на confirmation bias-от (кој е непобитен) сметам дека си интелегентен, а вообичаено и љубезен дечко... Но очигледно не секогаш.


    Фасцинантно е како банално несогласување за рандом работи го вади најлошто од луѓето.
     
    Последна промена: 31 Март 2020
    На DelphiUser и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  8. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    743
    685
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    тоа е делот што се спинува, не е стопирано/паузирано пошто некој од власт изразува загриженост, или дека ина наоди во корист на тоа .. туку едноставно поради притисок од населенито/протести/петиции и сл .. исто и за словенија. Го слушаат демек народот, демократија анд алл дат .. и се паузира за да се испита додатно и тн.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    @VerGer секако, но мене тоа ми зборува две работи:
    - имплементацијата се бутка колку што може побрзо и народот е во право да не им верува на политичарите без покажани цврсти докази за безбедност од сите аспекти, посебно долгорочно гледано
    - потребни се повеќе истражувања за конклузивен заклучок за безбедноста, посебно долгорочните кумулативни штетни влијанија

    Засега истражувањата се фокусирани на термалниот ефект од зрачењето, а поназад покажав некои студии и истражувања кои покажуваат влијанија кои дефакто се штетни иако не се поврзани со термалниот ефект.
     
    На 1s3ct0wN и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  10. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,117
    660
    8 Август 2017
    Машко
    Ова е суб 6Гхц 5г така да нема големи фрекфенции како мм бран. Мислам дека се имплементира во Европа 3500 мхц или банд 78 така да далеку сме ние од таа технологија. За споредба руралното 5г е со фрекфенција од 600-700 Мхц што е дури помалку од 4Г кое користи 800Мхц. За џабе се дига паника.
     
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,199
    2,719
    21 Јануари 2011
    Машко
    EVGnVwVUYAAcXAA~3.jpeg
     
    На Oktar и marv им се допаѓа ова.
  12. Avid

    Avid
    Guru

    4,514
    6,825
    21 Јануари 2009
    upload_2020-4-19_18-44-7.png
    Види на ова долу веќе почнале да му се активираат волтиџ гејт каналите и направиле дисторзија...
    пред фактите и Боговите молчат.
     
    moongose, fuzzjaw, marv и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,199
    2,719
    21 Јануари 2011
    Машко
    Screenshot_20200419-185447_Settings.jpg
     
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    "Прво ни тураа во водата, после не зрачеа, па не запрашуваа од авион (си видел она траги е некогаш гинат а некогаш не?) па сега со ова 5-гево сакаат да не до тепаат преку мобилните [ *користи Alcatel за" пензионери"] И ова вирусо шо го направија. Готови сме... "


    Ова е кратко сиже на секој од разговорите со стариве. Почнав да се" согласувам" за да имам мир.

    Сепак, најтешко ми е на форумов кога читам стручњаци за суплементи и волтиџ гејт молекуларна биологија.

    Да ФАК! Ми иде да си одам уџум. Во село детелина да садам, крави да пасам, whatever..
     
    На Dejan-sk, fuzzjaw, Deksa и уште 7 други им се допаѓа ова.
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,503
    1,825
    5 oктомври 2007
    Машко
    И таму че те најдат бре. Овио хоштаплериве направија и таму да има 5Г, најдобро фаќало на отворено

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На yasho и FLEGMA им се допаѓа ова.
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Нели има краток домет или и за ова мутат нешто?

    Му кажувам на еден (кој го мислев колку-толку прибран)
    Абе види, 5G уствари има два бенда. Едниот пократок, другиот со подолг...
    -Заеби ти тоа. Бенд-менд. Птицине о шо паѓаат, а?

    Алуминиум во вакцина, преку вакцина во тебе, 5G индуцира струја и го команда тоа алуминот. Алуминот (под команда, нели) тера понатаму и ти напаѓа специфични келии. Пошто нема свест ама го тера "интелигентна супер сила"(tm) знае да те пронајде па макар се скрил „и во од Волот рогот“.
    Најпрво ти напаѓа тоа волтиџ гејтовите, па Т-лимфоцитите (не сите, за да не речат нешто!) па потоа имаш неспецифични симптоми (асимптоматски е зборот кој го бараме) потоа..

    „Хладна рука знојно чело а у тело антитело. Знојна рука, хладно чело а у тело антитело.“

    Рамбо. Кој може друг :)
     
    На vladimir171, moongose, MasteR_#0 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  17. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    691
    1,065
    3 Јануари 2019
    Машко
    Ама чекај, заборави нешто. Каде е коронава во целава приказна? Сите знаме дека е поврзана.

    Нели за коранава ќе се измисли вакцини, па прислино на сите ќе ни стават вакцини со помош на MI-6 double o агенти. И ондак иде процесот што го објасни. Или грешка сум? Објасни!? :eek:
     
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,610
    3,356
    24 Септември 2012
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Прашање на кое никој не сака да се нафати да одговори... Посебно не се замараат овие што се мајтапат додека ги игнорираат сознанијата од научните студии.

    На крај секој конструктивен муабет се губи масовното тролање кое е резултат на недостатокот од модерирање на дискусијава. Повеќе од 90% од постовите се тролања и заебанции и по се изгледа дека на темава местото и е во офтопик подфорумот.


    Инаку реалноста е дека еден куп народот е неписмен или полуписмен, и баш таквите се тие кои веруваат и шират глупости за масовно умирање на птици. Потоа малку над нив (ама не многу) се тие кои само ги шират мајтапите, додека целосно го игнорираат недостаткот од конклузивни истражувања пред да се имплементира новата технологија... И едните и другите се несвесни за димензијата на ситуацијата и ненамерно (или намерно) придонесуваат до заташкување на моментот дека имплементацијата на сила се бутка и се брза.
     
    На Rukfash и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  20. yasho

    yasho
    On your way to fame

    452
    577
    11 Јануари 2014
    Машко
    не, ама стварно... што е тоа што е тајно, а што е на сила? Каде во Македонија се има „избуткано“ една 5Г базна станица? Сигурно има слики, сигнал некаде се гледа, има 5Г телефони по луѓево, барем во network search ќе го има...

    Фактот какво мислење има секој од нас (колку е писмен и какво познавање на технологијата има) е едно, научен консензус е друго, а што прават властите секаде по светот е сосема трето... ама јас барем не гледам ништо заташкано или на сила, можеби е до мене. Од друга страна, со карантинов, теории на заговор има милиони, и наместо да се дебатира за реални докажливи и повторливи ефекти врз жив свет, макар тоа биле voltage gate, тоа што го гледам во поголем дел од народот е навистина жално. Им се нуди паника, во вид на кривец за здравствените предизвици, и народ кој не разбира, секако голта информации, точни или не.

    Едно време се мислеше дека недостаток на информации е причина за недоволен развој ан интелигенциј акај луѓето... гледаме, не било до тоа...
     
    Gaston, gokica, Lokvan и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    На жалост така е, непристапност до информации дефинитивно не е проблемот. Мрзливост е честа човечка одлика, неодговорност исто така.

    Неук народ голта се и сешто од информации, се додека се презентирани на/од медиумот кој вообичаено го консумираат. Јас само гледам дека директна последица од сите дезинформации е спротивното од тоа што повеќето овде мислат дека е - спречување на новите технолгии. Напротив, целата таа прашина што се дига (најчесто смејурии) само прави параван за брзото имплементирање на новите технологии. Да, се е јавно во имплементацијата но утврдувањето на безбедноста не е транспарентно.

    Таканаречниот „научен консенсуз“ е контролиран од интересни групации преку слични методи кои се познати и добро посочени кај индустријата за храна.

    Недостатокот од информации не е ни одблиску толкав проблем како confirmation bias-от кај луѓето. Докажливи и повторливи ефекти врз жив свет навистина се утврдени, поназад посочив дузини истражувања и студии. Но за жал таквите истражувања и студии иако се peer reviewed и недемантирани, сепак остануваат игнорирани.
     
    Rukfash, Costigan_Jr и на DelphiUser им се допаѓа ова.
  22. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,712
    11,041
    23 oктомври 2012
    Машко
    5G е убедливо најспоро имплементирана генерација на мобилна мрежа. Ама убедливо најспора имплементација, а се прикажува како преку ноќ да е завршена веќе. Убедливо!!! За тие што не им јасно, да повторам дека е убедливо најспоро имплементирана генерација.

    П.С. Сликата што ја постирав е монтажа, се чувствувам должен да напоменам.
     
    На Скоти и yasho им се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Без воопшто да навлегувам во точноста на тој податок, како тоа менува било што од она што го напишав а посебно за - како што кажа колегата поназад: „докажливи и повторливи ефекти врз жив свет“.
     
  24. cele_x

    cele_x
    Gaining Experience

    348
    472
    2 Септември 2012
    Машко
    Во темава често се употребува терминот Теорија на Заговор. самиот тој термин е измислен од естаблишментот (креаторите на светската политика). За се се бараат цврсти докази во стилот ние ќе си тераме а вие кога ќе докажете и кога ке успеете да го истуркате доказот до крај тогаш нема проблем.
    Јас незнам колку пари има соседот дома но гледам колку троши и како живее.
    Сега кој ого ј..е тука
     
  25. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Па Idiocracy е одличен пример, таму и тогаш (во филмот) „научниот консенсуз“ бил дека билките и посевите мора да се наводнуваат исклучиво со газирани пијалоци пошто истиве „биле добри затоа што имале електролити“... Инаку се согласувам дека филмот е повеќе документарец и предвидување, отколку комедија. :)

    едит: Сега научниот консенсуз е заснован врз истражувања за јонизирачки и термални влијанија од телекомуникационите технологии. Иако денес постојат многу сознанија за нетермални влијанија врз живиот свет, од електромагнетното зрачење на телекомуникационите технологии.
     
    Последна промена: 20 Април 2020
    На Costigan_Jr и farkizz им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...