1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царинска тарифа

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од krale, 23 Декември 2010.

  1. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    708
    141
    10 Јуни 2007
    Заверениот документ од царина им го праќаш на емаил заедно со сметка и свифт од банката. Они проверуваат ваљда неколку дена дали е се ок и ги испраќаат на сметка.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Evangelista44

    Evangelista44
    Intern

    3
    0
    28 Март 2017
    Женско
    Поздрав,
    некој да ми каже колку би изнесувала царина/данок за Ulefone Armor Flip (50$), благодарам
     
  3. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Околу 1000 денари.
    А можеби и така да пројде ако го купуваш од Китајците, све зависи како ќе се погоди.
     
  4. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    120
    60
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Јас мислам дека ќе помине и без ништо...А, ако треба да се плати би било околу 500ден
     
  5. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Земавме телефони од Плаисио Солун и пуштивме документи за данок да вратат и ги нема. Со колега заедно земавме и на него му вратија пари а кај мене нема уште. Пројдоа скоро 2 недели а на него за 2-3 дена пуштија. Пробувам да ги контактирам и не одговараат на мејл. Некој слично искуство ?
     
  6. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,542
    1,755
    25 Март 2013
    Машко
    Со која компанија соработуваат Плаисио за враќање данок? Пиши им пак, ако не бива, некој близок кој ќе иде до Солун нескоро нека ги земе со твој пасош.
     
  7. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Не соработуваат со никоја. Враќаат пари на сметка во банка. Незнам ако отидам таму кај нив во фирма дали така враќаат на лице место.
     
  8. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,542
    1,755
    25 Март 2013
    Машко
    Со другите компании нема проблем, ама не можам да ти гарантирам за нив. Некој член сигурно ќе прочита и ќе ти помогне или пробај утре на чатот на страната што им е
     
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,365
    3,074
    4 Септември 2008
    Колегата со која картичка плати и сметка од банка приложи, а ти со која?
     
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,257
    6,387
    27 Март 2014
    Исто и Швабите. Обавезно ставаат фактура со пратката.. Така да нема правење финти на царина.
     
  11. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нема трте-мрте со данок во EU.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Колегата плати кеш а јас со картичка. Зошто е тоа битно ? Ако сум платил со картичка мора на истата да вратат пари ? Па нека одговорат на мејл ако има проблем...
     
  13. NikoMkd

    NikoMkd
    Intern

    2
    0
    3 oктомври 2018
    Машко
    сакам да купам дел за велосипед од Бугарија, цена 500евра. Според законот за царинска тарифа „Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра “. Ако го внесувам јас веројатно би платил 7%царина и 18% данок или вкупно 610 евра. Се мислам да ми го донесе некој од бугарија(имам роднини таму) , па прашањето ми е никаде не стои колку е лимитот за царинење за странски патници, дали знае некој над која цена се царинат странци?
     
  14. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,416
    989
    8 Декември 2009
    Купи го од Бугарија, врати данок, плати царина и ддв тука. Износот би дошол горе-долу ист.
     
    На NikoMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,021
    2,265
    19 Јули 2013
    Странски патници не се царинат. По правило кога излегуваат од нивната земја треба да пријават дека со нив носат работи што се подложни на царина и потоа мораат да ги вратат назад. Може и да ги протнат, зависи од цариникот.
     
    На NikoMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    831
    327
    28 oктомври 2007
    Се извинувам го згрешив постов.За каков дел се работи ако не е тајна?
     
  17. NikoMkd

    NikoMkd
    Intern

    2
    0
    3 oктомври 2018
    Машко
    тренажер за точак
     
  18. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Овие од Плаисио не ми вратија данок. Да отидам во Солун враќаат во продавница? Има рок колку време може да се врати ?
     
  19. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    483
    177
    14 ноември 2016
    Машко
    Ако е над 50 евра повратот, не си губи време, тие ги враќаат само преку сметка.
     
  20. cppffs

    cppffs
    Intern

    8
    5
    7 Април 2019
    Машко
    Колку ДДВ има прозиводот најлесно се пресметува со Reverse Sales Tax Calculator | Calculating Sales Tax
    Конкретно за грција т.е за Plaisio данокот е 24% така да горе внесуваш 24 а долу сумата по која си ги го купил производот и ќе ја добијаш чистата сума на прозиводот без данок. Така да ќе знаеш точно колку да очекуваш а Plaisio го враќаат данокот во целост на директна трансакциска сметка да... Пробај email ако немаш одговор барај си таму лично...
     
  21. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Знам точно колку треба да ми вратат и сумата е голема и затоа сакам да отидам до Солун да видам што е проблем и зошто не ги враќаат. Пробав на мејл и не ми одговорија. Неможам ни на телефон да ги добијам, 10 минути ме држат на повик додека да најде некој агент. Ако некој случано знае дали може да се врати на лице место или некако да успејам да ги контактирам би било супер.
     
  22. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,255
    4,445
    18 Септември 2013
    Машко
    Постапката е следна:
    1. при плаќање у самата продавница им кажуваш дека планираш да враќаш ДДВ при што треба да ти дадат 2 документи:
    -- упатство за како да повратиш ДДВ електронски
    -- документ кој треба да ти го заверат у грчка царина на излез од државата

    2. при излез од Грција го заверуваш документот у царина, ти ставаат потпис/печат

    3. го скенираш овој документ и ги следиш упатствата од другиот документ кои во основа велат:
    -- прати е-маил на одредена е-маил адреса
    -- е-маилот треба да содржи одредени лични информации
    -- на е-маилот треба да е прикачен скенираниот заверен документ од чекор 2
    -- на овој документ има пропратни информации за тоа колку време отприлика треба за барањето да ти биде одобрено и за колку време отприлика ќе ти легнат парите на сметка

    Ако се ова од погоре го направи, и го направи во рок од неколку дена по враќање во Македонија тогаш би те советувал да почекаш пошо може да потрае.

    Ако го направи и не ти се чека, а не можеш да добиеш инфо тогаш можеш да отидеш лично во продавница кај нив со заверениот документ од чекор 2 и да побараш помош и поврат на ДДВ на лице место, или информација за до кај е постапката доколку е уште во тек.

    Уверен сум дека и таа опција постои, но електронската е попрактична.

    Не верувам, или не сум слушнал дека има лимит за поврат на ДДВ до одредена сума во продавница (да не ти завршат работа) - но може да инсистираат да ти вратат на банкарска сметка за над одредена сума (значи може да одбијат да ти дадат кеш на рака само валјда).

    За да може подобро да помогнеме следен пат сподели што и како си направил и како си дошол до моментот „Овие од Плесио не ми вратија ДДВ“. ^_^

    П.С. не сум сигурен дека уопште враќаат нешто на мејл откако ќе им пратиш барање, едноставно чекаш парите да ти легнат на сметка.
     
    RoninMK, mrkela2009, TATA_MATA и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,103
    662
    2 Мај 2011
    Имав пишувано претходно за истиот проблем и затоа сега пишав само дека уште не ми вратија. Инаку двајца бевме и исти документи заедно поднесовме и кај колега му вратија а на мене не. Разлика е во тоа што он плати кеш а јас со картичка. Пробав да ги добијам на мејл и на телефон ама безуспешно. Пројдоа неколку недели како се поднесени документите. Ме плаши да не има рок и да ми пропаднат парите...
     
  24. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    831
    327
    28 oктомври 2007
    Двајца мои пријатели бајкери си купија тренажери од Декатлон и на бугарска граница им ставија печати дека ги изнесуваат од таму но беа со човек од Крива Паланка таксист кој ги познаваше нашите цариници па немаше проблем за пренесување.Иначе поврат на ддв од околу 12% може да се земе во ГТЦ во менувачницата GlobalEX кај што беше дуќанот на Агротехна.
     
  25. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    145
    111
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Мене ме интересира некој да ме упати.

    Пример земам хардвер во вредност од 700-800 евра од Грција. Знаејќи дека граница за царинење е 350 евра по лице - дали е најдобро да се купи хардверот на две фактури (две лица би оделе за Грција) или како?
    Стварно не ми се ебава со нашите цариници...
     

Сподели

Вчитување...