1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD Zen & AМ4 платформа

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од gOJDO, 28 Септември 2016.

  1. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    3200 се сток модулите, јас ги збрчив на 3466 со сите тајминзи на дифолт. се на се му извадив максимум во рамки на прифатливите напони и стабилност. Ќе пробам деновиве со полабави тајминзи 3.6ghz клок на рам и 4.1ghz клок на јадра. Се на се за тие пари сум задоволен и од вака постигнатиот оверклок и добиените перформанси.
     
    SiPy`, gremlin и на Avid им се допаѓа ова.
  2. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    536
    258
    15 Декември 2013
    Машко
    Да не знае некој каде може да се купи кај нас AM4 mini itx плоча, во сите продавници барав и неможам да најдам ниту една. :)
     
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,840
    18 Септември 2013
    Машко
    грција или нексио ако ти се посреќи да ги добиеш на тел. да чекаш да ти донесат

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На Mario.Bog му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    536
    258
    15 Декември 2013
    Машко
    Ај баш ќе им ѕвонам, па ако ги добијам ќе видам што нудат и колку пари би чинело задоволството :)
     
  5. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,840
    18 Септември 2013
    Машко
    ако треба да чекаш над недела дена побрзо ќе ти е у солун да тркнеш. плус корсер сф600 ќе ти треба

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На Mario.Bog му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rippermkd

    rippermkd
    Gaining Experience

    254
    118
    11 Јануари 2016
    Машко
    Akter
    пробај Нексио, и да немаат, ќе порачаат и ќе стигне за недела-две
     
    На Mario.Bog му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    536
    258
    15 Декември 2013
    Машко
    Не планирам да правам со sfx psu него со pico psu, со некое куќиште како realan h60 или h80 :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,840
    18 Септември 2013
    Машко
    епа hdplex 400 али тоа бетер ќе те фати

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  9. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    536
    258
    15 Декември 2013
    Машко
    И hdplex 160 ќе заврши работа, затоа што планирам со apu да терам така да 160 вати ќе бидат и повеќе од доволно :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rippermkd

    rippermkd
    Gaining Experience

    254
    118
    11 Јануари 2016
    Машко
    Akter
    imam pico od 200w, ako si zainteresiran, pisi.
     
  11. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    536
    258
    15 Декември 2013
    Машко
    Ако го склопувам чудово ќе те контактирам обавезно :)
     
  12. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    394
    370
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
  13. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ryzen 3000 излегува во Јуни 2019 со нов X570 чипсет. Тогаш Intel ќе биде сеуште заглавен со 14nm па ќе имаме сценарио Pentium 4 vs Athlon XP.
    AMD X570 Chipset For Ryzen 3000 Series Zen 2, 7nm CPUs Leaks Out
    Иако Ryzen 3000 ќе биде на AM4, за да може да се ползува PCI-e 4.0(кое ќе биде практично неупотребливо на почетокот бидјеќи ќе нема такви графички картички) ќе мора да се има матична со саутбриџ чипсет од 500 серија. Сепак можно е на постарите чипсети да биде намален протокот на податоци од I/O Northbridge-от чипот кој се наоѓа на самиот процесор до чиповите со јадра. Тоа е така бидејќи IF линиите се всушност PCI-e линии, па така ќе биде даунгрејдувана брзината на PCI-e 3.0 стандард, од 25MBps на 16MBps што треба да има минимален импакт на перформансите.
     
    Последна промена: 2 Декември 2018
    На StalkeR, xenon, toplel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,462
    2,413
    14 Мај 2008
    Машко
    Тајмингот Јуни 2019 таман ми се поклапа со лабавиот план што си го поставив за да го пензионирам стариот добар Sandy 2500K. Тогаш ќе полни точно 8 години и 1 месец.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    На Computex 2019 ќе излезе, значи кај нас ќе го има најрано во Јули. Иначе мене тајмингот не ми се поклапа. Во Јуни почнува сезоната за солење и ладење јајца на море. Ќе издржам некако до крај на Септември, таман дотогаш може и ќе излезе Comet Lake, па ќе си ги мериме. :)
     
    На Sephiroth му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    251
    161
    14 Јануари 2016
    Машко
    Ryzen 3 3300 6c/12t best buy за 100евра горе долу
    Ryzen 5 3600 8c/16t 150evra горе долу
    Мислам дека е голем скок за АМД, Ако е се точно како што викаат ова ке ми биде последен интел во живот :)
     
    На goce03, PC_GAMER, StefAngel и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    Со тие цени AMD ќе направи пепел. Практично ќе имаме повторна ситуација како кога излезе Ryzen 1xxx, за исто пари AMD да понуди дупло јадра, но со полсаби перформанси. Но овој пат може не само тоа, туку јадрата да имаат исти или подобри перформанси од понудата на Intel. Односно да понуди процесор со ист број на јадра и исто брзи или побрзи по цена од 1/3 или 1/2. Тоа ќе биде погубно за Intel кои ќе бидат присилени да ги продаваат своите процесори без заработка, т.е. со загуба. Но парите не се најголемата загуба која по претпоставка ќе ја доживее Intel, најголемата загуба ќе биде во губењето на репутацијата и позицијата на #1 CPU производител. Тоа многу повеќе ќе го чини Intel долгорочно во споредба со парите кои ќе ги изгуби од една или две итерации на нивни процесори скапи за произведување со релативно инфериорни перформанси во однос на конкуренција.
     
    PC_GAMER, zipi123 и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  18. StefAngel

    StefAngel
    Gaining Experience

    616
    362
    28 ноември 2015
    Машко
    Време е да купам амд акции
     
  19. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    836
    515
    8 Август 2017
    Машко
    Не можеш ако не си УС ситизен
     
  20. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    251
    161
    14 Јануари 2016
    Машко
    Ке видиме може ке испадне ситуација како со FX процесорите :D
     
  21. StefAngel

    StefAngel
    Gaining Experience

    616
    362
    28 ноември 2015
    Машко
    Нешто како дериват на Еторо мислам дека можеш.
     
  22. Maurelie

    Maurelie
    Gaining Experience

    199
    225
    6 Април 2014
    Машко
    Не ми се верува после Ryzen 1 и Ryzen 2. Се работи за веќе постоечка архитектура. Bulldozer беше комплетно нова архитектура за разлика од претходната AMD-k10.
     
    На MasteR_#0 и gOJDO им се допаѓа ова.
  23. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ко шо рече @Maurelie , FX беше fail од самиот почеток, т.е. тоа беше AMD-овиот „Pentium 4“, бидејќи патеше од истите недостатоци во самиот дизајн на архитектурата. Со тек на време FX процесорите беа подобрувани, т.е. да се изразам правилно беа помалку лоши, но сепак беа ужасно спори и неефикасни.
    Zen е нешто сосема друго, од самиот почеток дизајнот и концептот на архитектурата е многу добар со тенденција да станува уште подобар, т.е. одличен. Zen 2 како еволуција ќе адресира и отклони повеќе клучни недостатоци на Zen и тоа: двојно ќе го зголеми бројот на јадра (по CCX) кои директно комуницираат(не преку IF, т.е. чипсет); ќе ги удвои FPU перформансите по јадро и ќе го преполови времето на извршување на широко-употребуваните AVX-256 инструкции (од 2 на 1 клок); ќе го направи редизајн на кешовите почнувајќи од L0 (op cache) па се до L3 кој ќе биде удвоен по капацитет (и најверојатно проток) и т.н. Според она кое што се шпекулира, Zen 2 ќе биде побрз за 15% во просек од Zen+ на иста фрекфенција, односно до 30% за одредени комбинирани (FPU & ALU) работи. Во комбинација со драстично(20%) повисоките фрекфенции Zen 2 ќе спаѓа во сосема нова лига. Флегшипот од 16 јадрен Zen 2 на 5.1GHz ќе биде во просек повеќе од двојно побрз од сегашниот флегшип на Zen+, т.е. 2700X. Според бројките треба да е за 40% побрз во single-thread работи и два до три пати побрз за multi-thread работи.
     
    На Nightingale, toplel, PC_GAMER и уште 6 други им се допаѓа ова.
  24. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    394
    370
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Си останувам скептичен за сител шпекулации околу Зен2 во последните неколку дена. Ми звучи префантастично сето ова, а особено ако се обрне внимание на TDP на некои од процесорите во ликуваните слајдови, нешто не ми штими таму, што за мене ја доведува валидноста на цела работа во знак прашалник. Би типувал на 4.5Ghz на сите јадра за максимален клок со соодветно ладење и матична, или евентуално со PB/XFR на 4.8Ghz на едно јадро. Не ја исклучувам можноста да се оди над тоа, но тоа би значело дека АМД потполно ќе го надмине Интел буквално во се што нуди досега.
     
  25. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,443
    9,016
    23 Јануари 2008
    Манга
    @FreakyDroid Зар мислиш дека Intel сево ова време спие? Секако дека не и секако дека работи на 7nm процес кој историски гледано треба да е најдобар на светот. А покрај тоа и на нова, поефикасна архитектура која како таргет сигурно има IPC кој ќе биде за двовифрен % повисок од шпекулациите за Zen 2. Јас очекувам практично историјата да се повтори. Ако Zen е Athlon, Zen2 ќе биде Athlon64, а новото чедо на Intel ќе биде Core2.
     
    Последна промена: 11 Декември 2018
    На Nightingale и gremlin им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Street h4ck3r
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    988
  2. Sephiroth
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    3,666
  3. boro1
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    814
  4. xenon
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,473
  5. steelseries

    Проценка Ам4 платформа.

    steelseries, 4 Мај 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    799
Вчитување...

Сподели

Вчитување...