Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Aliexpress

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.633
1.798
За 13 дена од нарачката пратката е стигната ја имаат превземено но на стрницата не стои сума за откуп, па не знам како оди тоа
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
 
Атачменти

  • Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    100,2 KB · Прегледи: 11

Indigo44

read-only
3 февруари 2026
21
6
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
Чудно, кај мене стои дека е превземена од нив, а на страницата не стои ништо за откуп и не стигна никаква порака на Вибер, сеедно ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ти благодарам многу за одговорите
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.092
14.201

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
21
6
Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Ај ќе видам баш што ќе направет и ќе споделам искуство
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
149
59
Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.092
14.201
Ништо против но зошто шипингот станува дел од тој 18%?
Колку што знам така се даночат и фирмите кои увезуваат. Данокот е на целата вредност со сите поврзани трошоци до наша царина. На пакетчето што го праќа кинезот стои целата сума што си ја платил. Не е оддвоен шипингот.

Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.

Ќе пишат искусните зашто јас сум немал толку скапа нарачка поодамна. Шпедиција и лежарина се плаќа само ако доаѓа преку брза пошта (ДХЛ, УПС итн.). Ако е со обична пошта се плаќа 18% ДДВ а дали ќе наплатат и царина зависи дали тој конкретен производ е ослободен од плаќање на царина.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Офтопик

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно