А тој дел од малцинството што се дефакто луди, од нив статистички 100% ќе има некој што ќе убие луѓе.Никој што не знае да вози точак нема да се обиде да вози мотор, бидејќи повеќето луѓе не се луди.
Возење возило на 2 тркала =/= возење возило на 4 тркала.
Не се работи за теорија туку за вештина/пракса. Различни вештини се, може да си возач во формула 1 а да немаш поим од возење мотор. Нема никаква логика ни за 50 кубика давање дозвола, не па за повеќе... Тоа што треба да направат е да нема малтене никакви давачки (или нешто симболично), и полагање испит. Практичен, не теоретски. Значи да нема инцентива да буткаат (да „полнат буџет“) туку на принцип покажување вештина и добивање дозвола. Испит кој некој што знае да вози мотор, ќе го положи без проблеми.
Има куп луѓе што се имаат успоутепано и со мали моторчиња, и често набрзо после прво седнување да возат. Да им се даде да возат поголеми мотори тек така? Ќе гинат луѓе, и не само ретардосите на 2 тркала.
Инаку целосно сум за промовирање/поттикнување повеќе да се возат мотори, ама безбедно да биде. И ФАКИНГ НЕКА ГО ОПРАВАТ ОВА СЕЈФ СИТИ ДА РЕГИСТРИРА МОТОРЏИИ.