Alex3
hello world
- 20 декември 2018
- 212
- 251
Никој што не знае да вози точак нема да се обиде да вози мотор, бидејќи повеќето луѓе не се луди.Правилата се исти, ама не и начинот на управување.
Да ми дозволи некој да управувам со мотоцикл од 600 цм³, кој може да постигне 250 км/ч, а јас можеби ни велосипед не умеам да возам???
Не да е сулудо туку е тотално лудо.
Според предлагачот за измени на законот, ќе има дополнителни теоретски часови за некој да се добие А1 дозвола, ако веќе има Б категорија над 5 години. Нека стават плус полигон тест и ќе видат дали знае да управува мотор или не.
Плус оваа дозвола е ограничена за мотори до 125 кубици и 15 коњски сили, што е доволно за во град. Некој што сака да лудува ќе направи проблем и со 50 кубици веспа која оди до 70-80км на час, мотор за кој сега автоматски се добива дозвола кога добиваш Б категорија. А од око не можеш да познаеш дали некој мотор е 50 или 125 кубици.
Идејата за оваа мерка, според предлагачот, е да се намали употребата на коли така што ќе се зголеми употребата на мотори, што е во ред. Тие луѓе што возат без врска и безобзирно прекшуваат сообраќајни правила треба да се санкционираат, без разлика на вид на возило.