Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

НЛБ Банка

Дали сте задоволни од услугите на НЛБ Банка?

  • Да

    Гласови: 89 43,2%
  • Делумно сум задоволен

    Гласови: 71 34,5%
  • Не

    Гласови: 46 22,3%

  • Вкупно гласале
    206

Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Апдејт,
После испратен мејл со слики од слипови, фискална, скриншотови и нивни негирања дека има грешка, Телефонски објаснето повеќе пати на повеќе нивни телефонски оператори парите беа вратени на сметка, Точно недела дена откако беа резервирани.

При секое плаќање, всушност правите авторизација на средствата. Некогаш и неуспешно плаќање може да ги резервира средствата. Резервација е различна од наплата. Авторизацијата е валидна точно 7 дена, без оглед на која картичка во светот се користи. Исклучок е Пејпал, каде што авторизацијата важи до 30 дена. Затоа и средствата ти се ослободени од резервација по точно 7 дена.
 
beret

read-only
28 септември 2008
22
25
Јас би сакал да прашам за инвестициските фондови кои ги нудат во НЛБ банка, демек потпишуваш договор со нив за одредена сума твои пари и после твоите пари они ги инвестираат во разни компании, берзи итн. и после да речеме една година парите кои си ги инвестирал сумата пораснала за 6-7 % (што е далеку подобро од нивните смешно ниски камати), дали некој има искуство во врска со ова или дали воопшто се исплати да им дадам одредена сума на располагање ( се мислам за едно 2-3 иљади евра за почеток) па понатаму ќе видам
Еве и листа на фондовите >
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696

Мислам дека се две различни фирми во прашање. Така што е ирелевантно колкава е каматата што би ја добил во банката. Ах, и „past performance does not guarantee future results“ за тоа инвестициите...
Сакаш да шпекулираш или ќе инвестираш на долго период, демек пари како за во пензија? За првото не знам колкави се трошоците на купи-продај, ама за второто би требало да е океј
 
Foldalot

hello world
19 март 2014
121
95
Кога влечам пари од Upwork директно на НЛБ сметка обично влечам околу 1000$ (испод 1000 евра). Но овој пат се мислам да повлечам +2000$. Дали ова би променило нешто кај НЛБ и некоја дополнителна процедура да ми воведат за да ми легнат на сметка? Ко да имам читано дека различно постапуваат ако е пример 1000 евра и ако е 2-3к евра. Може грешам.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Кога влечам пари од Upwork директно на НЛБ сметка обично влечам околу 1000$ (испод 1000 евра). Но овој пат се мислам да повлечам +2000$. Дали ова би променило нешто кај НЛБ и некоја дополнителна процедура да ми воведат за да ми легнат на сметка? Ко да имам читано дека различно постапуваат ако е пример 1000 евра и ако е 2-3к евра. Може грешам.
Ова ради Upwork мислиш или општо? Општо (од различни фирми и од различни земји) сум добивал од 50 до 5000 евра на девизната и секогаш е иста процедурата во НЛБ.
 
Foldalot

hello world
19 март 2014
121
95
Ова ради Upwork мислиш или општо? Општо (од различни фирми и од различни земји) сум добивал од 50 до 5000 евра на девизната и секогаш е иста процедурата во НЛБ.

Генерално мислев на прилив на девизи од странство. Upwork беше само како конкретен пример. Така да тоа е тоа.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Да, исто и кај мене.
Можда избрзале од НЛБ, пред апдејтот да е официјално одобрен од Гугл, и достапен за регионот.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
дали имате проблем и покрај биометриска најава да мора да внесете пин?
Стисни back копче и ќе ти даде биометрија. Багната им е апликацијата, јбг. Може со апдејтот што ќе го пуштат е средено тоа.
 
Foldalot

hello world
19 март 2014
121
95
Колкава е провизијата на префрлање на пари од физичко на правно лице преку Интернет? Останува 16мкд или друга е пресметката? Се работи за пренос на поголема сума на пари.
 
noc32

hello world
21 март 2016
352
304
Дечки, откако го сменив телефонот и на новиот си ги регистрирав картиците на NLB Pay & Google Wallet имам проблеми со една картица. Wireless плаќањето работи кога сака. И на картицата и на самиот телефон, некогаш работи некогаш не. Ако ја вметнам картицата во пос терминалот, си работи ко што треба ама безжичното плаќање не функционира.

Никаква грешка не ми дава, воошто не титка теминалот. Како да не ја регистрира картицата. Исто и со телефон и со физичката картица. После некое време си проработува. Ова ми се случи 4 пати откако го сменив телефонот.

Во контакт центар воопшто немаат логови за тие обиди за плаќања. Ги гледаат само плаќањата кога ја вметнувам картицата во самиот пос теминал. Исто е и со банкоматите, некогаш работи безжично а некогаш не.

Сакам да избегнам вадење нова картица (затоа што ќе им треба 7 работни дена) ама ако мора, мора :)

Некаков совет или некој да имал сличен проблем?
 
noc32

hello world
21 март 2016
352
304
До новиот телефоно е нешто.
Избришав cache на google play services, тоа е нешто што можело да зеза. Истотака ги избришав сите картици од NLB Pay & Google Wallet и ги додадов од ново па ќе видиме дали нешто ќе помогне.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
До ПОС терминалот е. Нека ти дадат од друга банка
 
noc32

hello world
21 март 2016
352
304
До ПОС терминалот е. Нека ти дадат од друга банка
Си помислив ама со истата картичка и со новиот телефон на истиот пос терминал некогаш работи, некогаш не.

проверувам дали може google work profile да ми прави некој проблем со nfc ама не би требало.
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Има некој префрлано пари од НЛБ на Интерактив Брокерс? Ме интересира колку е провизијата, и дали сумата игра улога?
 
noc32

hello world
21 март 2016
352
304
Дечки, откако го сменив телефонот и на новиот си ги регистрирав картиците на NLB Pay & Google Wallet имам проблеми со една картица. Wireless плаќањето работи кога сака. И на картицата и на самиот телефон, некогаш работи некогаш не. Ако ја вметнам картицата во пос терминалот, си работи ко што треба ама безжичното плаќање не функционира.

Никаква грешка не ми дава, воошто не титка теминалот. Како да не ја регистрира картицата. Исто и со телефон и со физичката картица. После некое време си проработува. Ова ми се случи 4 пати откако го сменив телефонот.

Во контакт центар воопшто немаат логови за тие обиди за плаќања. Ги гледаат само плаќањата кога ја вметнувам картицата во самиот пос теминал. Исто е и со банкоматите, некогаш работи безжично а некогаш не.

Сакам да избегнам вадење нова картица (затоа што ќе им треба 7 работни дена) ама ако мора, мора :)

Некаков совет или некој да имал сличен проблем?
Пишувам апдејт за мојата ситуација, може ќе му се најде на некого.

По неколку дена бркање со контакт центарот, отворање тикет /налог во однос на истиот проблем, добив нова картичка :)
Истата функционира сега за сега па ќе видиме како ќе биде.

Добрата работа е што ја добив веднаш во дигитална форма и одма ја има во NLB Pay па може одма да се користи а по изработката ќе можам да ја подигнам во експозитура..
 
HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Ако не ти работела картицата со безжично плаќање до картицата е, не им се квалитетни картичките на НЛБ. Јас имав проблем со чипот,пред да воведат безконтактно плаќање, не сакаше да го чита чипот на банкомат, кога сака, кога неќе, потоа ми дадоа нова картичка ама квалитетот им е никаков
 
noc32

hello world
21 март 2016
352
304
Картицава што се расипа (ај така да речам) ми ја издадоа во ноември 2025. Ја додадов на google wallet и скоро цело време живееше во новчаник така што сварно не верувам дека сум ја скршил /расипал /оштетил али ете, се надевам дека новава ќе биде во ред.
 
kosta14

read-only
27 април 2024
8
10
Здраво, имам 10+ пати нарачувано од amazon.com, ама вчера и денес ми ги блокира трансакциите, се јавив во контакт центар на нлб и ми рекоа дека имале забрана за плаќања кон амазон и дека ќе ме контактираат во наредниве денови за да ми овозможеле мал период за плаќање па пак ќе ја ставеле забраната. Ама на амазон повлекува средства ден-два отпосле. Имате искуство со ова? Зошто уствари имаат блокирано?
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.477
5.584

Амазон така ги повлекува средствата, после ден, два, три, ми се дешавало и мене и сум немал проблем со нарачките. А за ова дека НЛБ го блокирале Амазон прв пат слушам, ако е навистина така ќе си имаат проблем, многу почнаа да аздисуваат, еднаш бев на раб да ги менувам кога го блокираа бајнанс, им пишав мејл и ми вратија дека забраната кон сите крипто трговци била тргната.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно