JasSum
poweruser
- 8 мај 2007
- 2.653
- 3.232
Има теми за искуство со продавници, но нема со сервиси.
Имам две искуства со сервисери.
Позитивно:
Едното е со @Daniel86 - како што знаат многу луѓе на форумов, дечкото е фантастичен лик и уште подобар сервисер (или обратно, сеедно).
За него само пофални зборови.
Не баш позитивно:
Купив Lenovo лаптоп од нептун пред 2 години. Веднаш апгрејд (рам - две плочки, плус замена на ссд и додавање на второ ссд). За да задржам гаранција, се јавив во овластените сервиси. Локациски повеќе ми одговара сервисот во кисела вода - aitonix. Се јавувам колку ќе ме чини надградба на системот и добив луд одговор: не се плаќа еднократно отворање и затворање на лаптопот туку се плаќа 800 денари по парче, т.е. 2х800 за рам и 2х800 за ссд. 3200? Ок, нивна политика. Луда, ама тоа е. Се јавив во другиот сервис на Lenovo - Inet. 1200 денари е отворање и затворање на лаптоп, без разлика колку парчиња се менуваат. Супер. Не ми се допаѓа цената, да беше само едно парче веројатно ќе останев со првите, но ете...
Проблем со лаптопот имав уште во старт. Тачот не беше добар, но лаптопот пред се се користи како десктоп со тастатура + маус + екран. Воедно не беше постојано туку рандом - движењето на курсосрот со тачпад едноставно некогаш беше ок, некогаш беше лошо. Мислев дека се драјвери и немав нерви да проверувам и оправам што е проблемот.
Стигна меил, бесплатно чистење на лаптоп од Lenovo во официјалните сервиси. Супер, таман една година користење, да се издува и освежи. Пред тоа пробав со некои линукси од усб - тачот се однесување исто лошо. Епа таман ќе го рекламирам и тачот.
Отидов пак во Инет, го оставив лаптопот на чистење и им рекламирав проблемот.
Рекламација прифатена, тастатурана нарачана, ќе добијам известување кога ќе стигне делот.
Стигна известување, но периодот морав да бидам подалеку од Скопје. По некое време стигна уште еден меил, дека тикетот е затворен (имало прозорец во кој мора да се интервенира). Нема проблем, моја грешка е тоа.
Се наближи истек на гаранција (2 години). Одам во сервис (инет) велам, еве сум пак, проблемот е од тогаш, ве молам да се среди.
Да, нема проблем, ќе отвориме нов тикет и ќе се среди. Напоменувам дека сум на истек на рокот (неколку недели до крај). Да, нема проблем, во рокот е побарано и одобрено.
Супер.
Утредента повик од сервис. Не е можно да се интервенира, лаптопот е веќе сервисиран претходната недела и не може пак да се сервисира во рок од еден месец.
Не сум го сервисирал лаптопот, немало ни кога ни како.
Официјално е отоворен тикет за сервисирање на тастатурата. Не е отворен од нив а тикет може да отвори само официјален сервис.
Се јавувам во аитоникс - Дечки, сте ми го сервисирале лаптопот, ама со работа од далечина, преку зум изгледа. Како сте успеале не знам, ама тргнете го тикетот за да можам да си го средам мојот лаптоп.
Не, кај нас во сервис тој лаптоп не влегол.
Ок.
Најдов начин како да стапам во контакт со Леново и стапив во контакт. Им кажав што проблем имам и зошто ги контактирам. Ми кажаа дека тикетот е отворен и затворен од Аитоникс. Опа.
Се јавив пак во Аитоникс. Не. Не бил кај нив сервисиран лаптопот. Ок.
Велам, Леново ми потврди дека вие сте отвориле тикет и сте затвориле тикет. Имате до 12 да ме побарате и да ми кажете решение пред да стапам во контакт со инспекциски служби.
Како си стапил во контакт со Леново?
А што е битно како? Битно е дека имате малку време до 12. Чао.
Ме побараа. Грешка направиле, при куцање??? на сериски број на друг лаптоп го искуцале мојот и да го однесам лаптопот а тие ќе го сервисираат бесплатно.
Дечки, немам доверба во вас да ви дадам нацртана овца, а не да ви оставам лаптоп со информации на него. Еве ви фер предлог. Ќе го платите сервисот во другиот сервис и ќе однесете дел за да се сервисира.
Одговорот на аитоникс: НЕ. Не може така, само кај нас прифаќаме.
Во ред, ќе видиме што ќе прифатите.
Во меѓувреме продолжив гаранција + 1 година (се доплаќа де)
Допис до државен пазарен инспекторат.
Помина баеги време и речиси кренав раце. Викам во продолжение ќе средувам тачпад.
И оп, стигна меил од пазарен инспекторат каде ми се уважва барањето. Додека читам меил, ѕвони телефон - Инет: „колегите“ донесоа дел за замена, делот е тука и ве чека, кога сакате дојдете и ќе биде заменет.
Можело, а?