Така е, апсолутно.Фала, ова е добро и од аспект на речникот и толкувањата општо за снимање на јавни места.
Мислењето е автоматски споено:
Дејствието на видео снимање со мобилен телефон врз полициските
службеници кои во тој момент преземаат службени дејствија и објавувањето
на направената видео снимка на интернет, не претставува исполнување на
битието на кривичното дело Неовластено снимање од член 152 став 1 од КЗ,
со оглед да во конкретниот случај преовладува јавниот наспроти приватниот
интерес, односно во конкретниот случај не се исполнети обележјата на
кривичното дело и тоа – Неовластено снимање од сторителот и – Повреда на
приватноста на оштетениот, бидејќи не може да стане збор за повреда на
приватноста од причина што се работи за снимање на јавно место, на
службени лица со службени ознаки, а особено ако се има предвид дека за
посебното обележје од кое зависи постоењето на наведеното кривично дело
– Повреда на приватноста, потребно е постоење на директна умисла
насочена кон повредата на приватноста.
Значи идеме до она што и претходно го зборувавме. Доколку снимањето на јавно место не е со умисла, не се прави повреда на приватноста. Снимаш од кола на улица/патишта (јавни места), возиш по своја работа и не следиш/таргетираш никој - значи нема умисла.
Ова е нешто со што било кој адвокат може да работи, и да сработи.
Ова ми личи дека е од старите камери на Safe city кои деноноќно се следат од Центар за контрола и управување на сообраќај па ако има нешто јавуваат во полиција по радио врска.
Назад сме ние од напредни техники, како што си пишал ќе заглавуваат на судспоред Панче Тошкоски проблем единствен е како ќе бидат процесирани казните. Ако е по досегашното и по судови, нема да може да се процесира ништо пошто ќе заглават по фиоки предметите. А и самата бројка на предмети ќе го закрчи системот. И се работи на законско решение све да иде автоматски без судови.
Назад сме ние од напредни техники, како што си пишал ќе заглавуваат на суд
Дали?Не може казна да се пише на колата. Мора на возачот. Затоа мора законски измени...
Дали?
Возам туѓа кола, ме ловат на радар, ама јас им бегам. Кој ќе плати казна?
Зборувам за моменталната состојба, додека камерите не се во функција. Правам прекршок и бегам. Не знам што пишува во законот, ама не верувам дека ќе се помине без казна. Мислам дека и сега е законски регулирано, не мора заради тоа (колата и возачот) да се менува законот.Ти. Затоа има камери нели, да го снимат и возачот.
Тука е правниот проблем, треба да се утврди дека @Паланчански e сторителот. Во актуелната законска регулатива во принцип се казнува сторителот/шоферот, а не сопственикот на возилото. Со камерите можат многу лесно по регистрација да изречат глоба на сопственикот, ама не секогаш сопственикот е возачот/прекршителот.Ти. Затоа има камери нели, да го снимат и возачот.
Ако шапа или пајак го однесе возилото кој ќе иде да го земе и да плати само сопственикот. Исто е и со камериве.
Во ЕУ казната стига на домашна адреса на сопственикот на возилото. Исто ќе биде и тука.Туку дали знае да каже некој како е регулирано ова во еу? Чисто информативно прашање и за споредба со нашиот закон (ако воопшто го има)
Казната оди на сопственикот кој се пронаоѓа веднаш според регистарската табличка на возилото.Прашав зш гледам се разви дискусија погоре кому казната..на сопственикот на возилото или тој што вози и такви работи![]()
Затоа те сопираат за да те казнат. Друг случај - ти ја дигаат колата со пајак за да отидеш да признаеш кој возел и на него казната. Не ти ја даваат ни под разно ако не се инкриминира некој и не плати. Дури ни банките не можат за долг така да ти запленат кола.Дали?
Возам туѓа кола, ме ловат на радар, ама јас им бегам. Кој ќе плати казна?
CASE FRACTAL DESIGN ATX Mid-Tower Pop Air RGB Black, 3x120mm Aspect 12 RGB, w/WINDOW, Front Mesh, FD-C-POR1A-06
5.800,00 ден
SSD M.2 2TB CRUCIAL E100 NVMe Gen4 4.500MB/s/5.000Mb/s CT2000E100SSD8
16.580,00 ден
SSD M.2 NVMe and SATA DOCKING STATION GEMBIRD, USB Type-C, Black, DD-U3M2
1.390,00 ден
NET LAN WIRELESS DUAL BAND WIFI6, USB 2.0, CUDY WU300
470,00 ден
PSU 850W CORSAIR RM850E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, WHITE, CP-9020293-EU
8.450,00 ден
USB Flash Drive 3.2 512GB SANDISK ULTRA ECO, Green, SDCZ96-512G-G46
3.220,00 ден