ARMac
senior
Абе види, по дифолт многу ствари се "безбедни", па затоа секој месец добиваа безбедносни закрпи затоа што некој успеал да ја заобиколи таа "безбедност". Многу големи компании потклекнуваат под напади и имаат проблеми да се снајдат, не па домашни корисници кои на секој попап кликаат јес. Имај в предвид дека овие напади ги изведуваат луѓе со напредни познавања во областа, како Ѓорѓи (кој Ѓорѓи се прашуваш? Авторот на текстот ти одговорам), а не некој авериџ Џо, којшто и да го седнеш кај тебе на компјутер нема да знае да се логира на својот фејсбук пошто не си го знае пасвородот туку му е зачуван во браузер, па кога мења компјутер, отвара нов акаунт на ФБ, не па истиот тој да се логира на твојот инстаграм.
Верувам дека си напреден корисник и тоа те чини да се чувствуваш така самоуверен, само има една поговорка што вели дека во светот има два типа на луѓе, оние кои биле "хаќирани" и они кои не се свесни дека се веќе "хаковани". Затоа јас кога ке дојдам кај тебе ке си останам на 4Ѓе, не се поврзувам на твоето ЊиФи... сомнителен си ми![]()
![]()
P.S. Колку само нема да приметиш дека си дел од ботнет или некој ДДОС... патем тоа е поентата на градење ботнет, голема мрежа на корисници кои потоа ќе ги насочиш кон таргетираниот сервис со нормален или нијанса зголемен трафик, ама за самиот сервис тоа би бил преголем трафик и би го кутнал што би рекле старите.
Ве оставам со клипчево
View: https://www.youtube.com/watch?v=ErNMsDD5KZc
Чекај чекај чекај, јас ни во еден момент не го оправдав случајов. Забелешка ми беше што нема практичен пример за потенцијална злоупотреба.
Секако дека мора да се среди и секако дека е опасно да имаш некој уклучен на домашна мрежа. За ботнет сигурно ќе приметам секој VLAN е структуиран стриктно на уреди по намена и одреден GW има пристап со статички рути до друг VLNA, ама ај тоа во друга тема.
Пошто се објавени сериозни овиненија (и оправдано), сепак мислам дека требало да се образложи во текстот зошто е ова опасно и како може да наштети. Јас како што прочитав се спомнуваат само VoIP call log и TCP Dump.
Еве @LiquidWorm ќе го прашам директно како може да воспостави ботнет на моја мрежа ако нема пристап до моја машина. Односно нема тројан или руткит на моите машини. Па и сето тоа преку 4G/LTE
Ова го зборам затоа што еден куп порталчиња и твитерџии го линкнаа и „објаснија“ односно пробаа да го објаснат проблемот, а немаат појма за што се збори.
Ова е сепак експлоит само на хардверот на рутерот/модемот. И нормално прашање е дали Неотел како фирма ова планирано го спровела, случајно или се работи за индивидуален човек (inside job). Како и да е требаше да реагираат до сега.