Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MomceMakedonce

read-only
8 април 2014
16
10
здраво дечки, лаик сум за клими, па според форумот гледам има господа што се разбираат како што треба,
земав клима TOSHIBA MIRAI, па ме интересира некој на кратко да ми каже да ли ке задоволува за меѓу сезона?
Станува збор за 40м квадратни, со одлични прозоро дво коморни стакла, 7 коморен профил, и изолација на зидовите.
 

dipetar

hello world
1 мај 2019
370
150
Делумно оффтопик:
Сакам да прашам кој ги произведува ВИВАКС климите?
На ir blaster на мобилен ми го нема тој бренд.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.942
здраво дечки, лаик сум за клими, па според форумот гледам има господа што се разбираат како што треба,
земав клима TOSHIBA MIRAI, па ме интересира некој на кратко да ми каже да ли ке задоволува за меѓу сезона?
Станува збор за 40м квадратни, со одлични прозоро дво коморни стакла, 7 коморен профил, и изолација на зидовите.
Сигурно.
(пошто спомнуваш меѓусезона, значи имаш друг план за најладното)
 

Kriste

read-only
10 февруари 2020
12
4
Здраво ... ми треба мислење...за комплетно греење ...toshiba mirai ras 16 (45000ден.) или carrier infinity 12 (37000ден) за околу 45м2 изолиран салон со 8см надворешен стиропор и пвц дограма....буџет комплет до 50000ден 20200929_220403.jpg
 
Последна промена:

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@zlatko_ti412
Имаш мерено на греење како се понаша?
Mitsu-то не сум ја вклучил еве 3 недели.... таман си е временцево.
Овие 2-3 дена иако залади по дома сеуште ми држи 21-22C и немам потреба некако....
Прогнозава за наредните денови вика ќе се постопли пак.... не ми се почнува грејна сезона со Mitsu-то :)
А шо викаш ме интересира како ќе се понаша, може ќе ја пробам приквечер колку од мисла :)

Hansol-от долу кај старите го вклучив пред 2 дена, работи он-офф, по 1-2 kw троши дневно ко шо гледам
hansol.jpg
 

Kriste

read-only
10 февруари 2020
12
4
еве ти добра клима за тој простор
еве ти добра клима за тој простор
Кој ги произведуваа овие Инвертор? Како се покажани на пазарот...по би сакал испробана фирма
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
Кој ги произведуваа овие Инвертор? Како се покажани на пазарот...по би сакал испробана фирма
машината е Гри Хансол/Амбер,само со Инвентор налепница
ова е грчки бренд,како што вивакс е хрватски,тесла србски,макс на агротехна,ст на сетек....

за 50000 имаш LG 18 ka. еве ти проверена фирма
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.942
Здраво ... ми треба мислење...за комплетно греење ...toshiba mirai ras 16 (45000ден.) или carrier infinity 12 (37000ден) за околу 45м2 изолиран салон со 8см надворешен стиропор и пвц дограма....буџет комплет до 50000денПогледнете го атачментот 91508
Земи ја тошибата (доколку е 16ка за 45.000).
 

Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Здраво, од кај да купам/нарачам добар мерач за потрошувачка на струја ???

Е сега приклучокот за струја е над климата и не ми е баш достапен.. А Wifi нема..

Од алиекспрес нешто да се порача ?
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Здраво, од кај да купам/нарачам добар мерач за потрошувачка на струја ???

Е сега приклучокот за струја е над климата и не ми е баш достапен.. А Wifi нема..

Од алиекспрес нешто да се порача ?

Од Алиекспрес:
Smart plug - Broadlink SP3s - Паметен штекер до 16А (си инсталираш апп на телефонот го поврзуваш преку wifi и си следиш реалтиме и статистика на потрошувачка)
Внимавај на моделот да биде SP3s, ако е без крајното "s" моделот нема мерење на потрошувачка, исто и поновиот модел SP4 нема!

Обичен WattMeter

Едниот тој со зелените копчиња мислам викаа дека е со дво-тарифно мерење, јас го имам првиот со плавите копчиња.

Вакви имаш и во Анхоч ако не ти се чека испорака од алиекспрес
 
Последна промена:

aronmacedon

read-only
19 февруари 2019
16
11
Здраво ... ми треба мислење...за комплетно греење ...toshiba mirai ras 16 (45000ден.) или carrier infinity 12 (37000ден) за околу 45м2 изолиран салон со 8см надворешен стиропор и пвц дограма....буџет комплет до 50000денПогледнете го атачментот 91508
Со оглед дека имаш 10 метри должина би рекол дека ти треба клима со поголем издув. Ако буџетот ти е ограничен и немаш проблем со „кинези“, мислам дека Haier Tundra Green 5.5 /18 ги задоволува сите параметри.
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@zlatko_ti412
Имаш мерено на греење како се понаша?

А шо викаш ме интересира како ќе се понаша, може ќе ја пробам приквечер колку од мисла :)

И би вчера пробата на Mitsu LN35 на греење...

Вклучена вечерта нешто пред 23ч во простор од 29м2 со внатрешна темература од 21С мерено на две места во просторијата на раздалеченост од некои 8м, и надворешна температура од 12С.
287b8307ebf74998dc24a0861735fc0d.jpg
c74b5206f4bd680ab372262945b627b6.jpg
25fd08ff3fc19979b51d3a12608e1d69.jpg

09d4913f314ee4aecdbe76858894a2fe.jpg


Првични поставки при вклучување:
Поставена 25С
Ауто мод на фан и насока на издув.

Максимално повлече 1150w со издув од 50сетина степени.

Намалена на 24С и поставен silent фан највисока темература при издув забележав 50.6С. Меѓутоа во тој период постепено ја намалуваше и потрошувачката бидеќи веќе ја подзагреа просторијата а и јас ја пригушив со намалувањето на брзината на фан-от.
Исто во меѓувреме ги сменив уштекувањата на сондите во сензорот за температура за боите да си бидат соодветни за греење: усис-плава / издув-црвена.
c9c88b8520bea13fe3e7bda0e184f114.jpg


После некој половина час и малку играње со подесувањата, намалена на 24С и рачно подесени насоки на издув а сеуште оставена на ауто фан.

После 90тина минути се стабилизира со греењето, на двата термометри јавуваше 23С а сеуште беше поставена да брка 24С.
Потрошувачката но и температурата на издув се намалија поприлично и мислам веќе беше влезена во мод на одржување...
d81b210751c6a0e78d633ef6efe46dc3.jpg
bae03c79ef46d175cce3858b2b7a66aa.jpg
252ef4421b6475254b42def065e8b05d.jpg



Накај 3 часот ноќта пред легнување ја намалив дополнително на 23С и активирав NightMode.

Еве и статистика од Broadlink SP3S мерачот каде може да се види дека секое намалување на бараната температура при одржување директно влијае и на потрошувачката.



Ја оставив да работи така но утрово ми се виде некако претопло па после луфтирање дополнително ја намалив на 22С кај 10:40часот што е исто така добро забележливо во потрушувачката измерена на графикот од Broadlink SP3S мерачот

Од тогаш до сега еве константно одржува со ~100w што е и очекувано бидеќи дневните темератури се 20+ C

8fda4d6a42dc7f5a54b8a5c3d5c0f1cf.jpg
a5b6536a9bbd5b88dc0591fa3bdf0f3b.jpg
a868f9642363f632919d26dcb81ee5ce.jpg


MELCloud се сложува со потрошувачката измерена од Broadlink SP3S мерачот

Screen Shot 2020-10-01 at 14.17.55.png

Ова е само првичен преглед, ќе си следиме постојано зимово на пониски температури па ќе споделиме како ќе биди :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последна промена:

maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
Смени го прекидачот, не го личи со LN, како од други планети се
не се фаќај за ситници :)
ајде ќе апдејтираш како ќе биде потрошувачката околу 0,со поголема влажност на воздухот...
-5/-10...ќе те следиме.
можам да забележам дека 3,5кв клима а си ја монтирал во детска од 12м2 ?
прејака е за собава

мене повеќе ми боде очи дизајнот,како кутија е со остри агли,нема никаде заобленост
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
можам да забележам дека 3,5кв клима а си ја монтирал во детска од 12м2 ?
прејака е за собава

Собата е 22м2 +7м2 салончето
Во план е да се грее отворено пошто во лето функционирам со разотворени врати.... освен ако не стегне тешка зима па да морам да затворам врата.....
Да не ми беше бирото директ пред клима може ќе пробав со повисока брзина на издув да го греам цел спрат ~70м2
Ама ај до година ако стасам да сменам распоред....
 

Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Мислење за надворешната единица, дали да стои на земја или на ѕид? гледам по видеава ретко има што висат повеќето се на кров или на земја. Која е придобивката ако е фиксна на земја?
 

DarkDeFnx

hello world
20 јули 2016
122
157
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Краток извештај за почетокот на грејачкиот работен век на Carrier Ventus Supreme 5.5kW вчера вечерта.

На надворешна температура од 10 степени, температура во просторот од 20 степени и зададена температура на климата од 30 степени, максималната моќност која ја ангажира е 1850W.
По околу 3 минути работа со околу 1800W намали на 1550W, по што уште околу 5 минути работеше со околу 1500W. За тие 10-ина минути, просторијата се загреа за околу 2 степени.
По тие 10-ина минути, ја намалив поднесената температура од 30 на 25 степени, потрошувачката се намали до опсег од 1000 до 1500W следните 4-5 минути, по што термометарот покажа уште 1 степен плус. Потоа потрошувачката падна до опсегот од 550 до 650W со кои работеше се додека не ја исклучив, околу 1 час. Температурата на термометарот по постигнувањето, се одржуваше константно 25 степени, истиот се наоѓа на околу 4,5 метри оддалечен во климата дијагонално во просторијата.
На издув на климата измерив максимално 53.6 степени со мултиметар со термосонди.

Подетални мерења при континуирана работа, во следна прилика.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно