Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Закон за заштита на потрошувачи

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Ја вратив ТВ у Анхоч петтиот ден зашто даљинското не комуницираше со закачените уреди. Но проблем.

И морале да го заменат зашто не функционирало, освен доколку во спецификациите на далечинското не било наведено точно дека со тие уреди нема да комуницира. Но според закон прво продавачот треба да обезбеди замена со друг нов производ кој ќе функционира. Ако нема е дури тогаш мора да врати пари. Е сега ако далечинското било наменето исклучиво само за тоа ТВ тогаш замена/враќање на пари е гест на добра воља.

Но како и да е Анхоч генерално има политика да оди по полесен пат, ем задоволни клиенти, ем без многу поплаки во дуќаните пред други клиенти а и знае дека вработените продавачи не ги познаваат сите можни карактеристики и својства на производите кои што ги нудат.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
ДАЛИ НЕКОЈ ОД ВАС НЕКОГАШ УСПЕАЛ СО ИНСПЕКТОР ДА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА, ОДНОСНО ИНСПЕКТОРОТ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВАША СТРАНА И ДА ВЕ ШТИТИ СО ЗАКОН, ЗНАЧИ НЕ БАРАМ МУЧКИ, НЕГО ПРАШУВАМ ДАЛИ ВИ СЕ СЛУЧИЛО ДА ПО ЗАКОН ВИ ПОМОГНЕ ИНСПЕКТОР?
Мене ми помогна кога враќав телефон расипан на прва употреба во T-Mobile. Се работеше за неколку саати употреба (K810i)
Имаше еден ку*оглав вработен кој одбиваше да го замени и строго се држеше до „правила службе“ и според упатствата од „оние од горе“

Толку се почувствува мизерно што им донесов адвокат, полиција и пазарен инспектор. Пазарниот и адвокатот како договорени се сретнаа во салонот па го растурија шефот кој потоа ми враќаше пари и го плаќаше ангажирањето на адвокатот и мојата денгуба.
Во глобала сме народ кој навикнал да му биде тврдо и не се чувствува лагодно кога си ги бара правата па се движиме по линија на помал отпор! Зошто, на пример, сите да не се однесуваат како Anhoch?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727

Неп. Некористен ако е, не мораш да имаш оправдање до 7 раб. дена. И други работи сум враќал - ретко да ме прашаат зошто. Законот е јасен - НЕКОРИСТЕН производ до 7 дена.
После они слободно си го продаваат зашто е некористен.
(Конкретно некои сајтови викаа има HDMI-CEC, некои не. Баш тогаш купив и Расбери Пај и видов дека нема. Сите лепенки и све кутии утоварив и правац Анхоч сервис...)
 
Каде пишува во законот? Кој член?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Каде пишува во законот? Кој член?
Тоа се тие (намерни би рекол) магловити реченици кои нашиве инспектори ги тумачат како сакаат. Уствари не ги тумачат туку се враќаат (скришно) до продавницата каде што била пријавата и ќе му „спомнат“ на шефот како биле фер последниот пат.
Остатоков од постов напишете го спрема вашата фантазија.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Тоа се тие (намерни би рекол) магловити реченици кои нашиве инспектори ги тумачат како сакаат. Уствари не ги тумачат туку се враќаат (скришно) до продавницата каде што била пријавата и ќе му „спомнат“ на шефот како биле фер последниот пат.
Остатоков од постов напишете го спрема вашата фантазија.

Јас немам дилеми. Седум дена се споменуваат само во член 106 а кој се однесува на член 105 (Договори склучени надвор од деловните простории на трговецот).

А за да се разберат овие членови треба да се прочита законот во целост. Јас лично не гледам никаде сегмент кој вели дека без лав муабет можеш да си вратиш производ купен од салон каде има продавач кој може да те упати повеќе за производот.

Всушност еве пречистен текст:

http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=1&ved=0CB0QFjAA&url=http://www.pf.ukim.edu.mk/images/File/medicinsko/Zakon%20za%20zastita%20na%20potrosuvacite.doc&ei=W2LJVNDiEIrkaLm-guAD&usg=AFQjCNFqlrmCGsDPHhi3uo-Fp6b4DzdE-w&bvm=bv.84607526,d.d24

т.е. со измените во 2013 година:

https://ener.gov.mk/files/propisi_f...прописот_Закон за заштита на потрошувачи_.pdf
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Јас немам дилеми. Седум дена се споменуваат само во член 106 а кој се однесува на член 105 (Договори склучени надвор од деловните простории на трговецот).

А за да се разберат овие членови треба да се прочита законот во целост. Јас лично не гледам никаде сегмент кој вели дека без лав муабет можеш да си вратиш производ купен од салон каде има продавач кој може да те упати повеќе за производот.

Всушност еве пречистен текст:

http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=1&ved=0CB0QFjAA&url=http://www.pf.ukim.edu.mk/images/File/medicinsko/Zakon%20za%20zastita%20na%20potrosuvacite.doc&ei=W2LJVNDiEIrkaLm-guAD&usg=AFQjCNFqlrmCGsDPHhi3uo-Fp6b4DzdE-w&bvm=bv.84607526,d.d24
Абе можеш. Прво мора да е купен надвор од дирекцијата (затоа Мебиус продава само кај нив и не важи ова правило), и, второ, да е НЕКОРИСТЕН. Штом утврдат дека е некористен, можат слободно да го продаваат како нов бидејќи Е нов. И нема што да објаснуваш. Тоа е период за премислување. Особено е важен (а кај нас не се спроведува) кај договорите што се месечни, склучени по телефон, во продажен салон и сл. Значи - купуваш телефон со договор, имаш 15 дена да се премислиш. Според Закон. Во пракса потешко зашто ДПИ изгледа не сака да се замерува со операториве...
Инаку знам за случаи враќани чизми Балдинини што се распаднаа после еден месец, Шевињон, абе се се прави, ама треба човек да биде упорен. Правата не се добиваат. За правата се бори.
Инаку законов е усогласен со ЕУ регулатива и затоа е строг кон продавачите. Дури ако приметиш, продавач е дефиниран како правно или физичко лице (мали огласи!) а потрошувач е стриктно физичко лице.
 
Абе не можеш. :) Не е ставено тоа во закон.

Прашање е на добра воља на продавачот за да го замени производот или врати пари ако се е ОК и според спецификација.

Затоа стои дополнително на реклами дека ако не сте задоволни од производот може да го вратите во рок од ХХ дена а ние ќе ви ги вратиме парите. Значи како привилегија која дава дополнително право. Ако е според закон тогаш нема што да пишуваат така зашто се подразбира.

Но муабетот ми е дека ако им отидеш во продавница со законот во раце а се погоди тие да го познаваат истиот, ништо не можеш да направиш во поглед на враќање на парите за исправен производ кој си работи или е изработен според декларираната спецификација и квалитет.
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Мене ми помогна кога враќав телефон расипан на прва употреба во T-Mobile. Се работеше за неколку саати употреба (K810i)
Имаше еден ку*оглав вработен кој одбиваше да го замени и строго се држеше до „правила службе“ и според упатствата од „оние од горе“

Толку се почувствува мизерно што им донесов адвокат, полиција и пазарен инспектор. Пазарниот и адвокатот како договорени се сретнаа во салонот па го растурија шефот кој потоа ми враќаше пари и го плаќаше ангажирањето на адвокатот и мојата денгуба.
Во глобала сме народ кој навикнал да му биде тврдо и не се чувствува лагодно кога си ги бара правата па се движиме по линија на помал отпор! Зошто, на пример, сите да не се однесуваат како Anhoch?
Како бе, ц ц ц, тоа во Скопје или, пошо кај нас во провинција не сакаат со прст да мрднат, а главен град викаат Штип ќе станува. Ај да ви ја кажам другата сторија.
Добра другарка зема Alcatel idol 2s од она како дисперзија на ВИП, Handy така се вика, и го носи дома, после два дена го гледам ја телефонот го земам и глеам нешо ми трепкаат линии, ми трепери екранот и ја прашуам, добро го забележа ова ти? Ми вика девојчето па да, ама не дадов многу значење. Секако нели не треба да има фликеринг на екранот, и 2 дена стар телефон, и викам идеме да го мењаме, звониме прашуаме во Хенди, идеме до таму и не, нема шанси да се промени 2 дена стар телефон, единствено на сервисер да се иде да се поправи. Им викам како бе 2 дена стар не сакам да ми го чепкаат уште одма, и така им е кажано на токмаците одозгора, и не бива со милина, еве кај инспектор, и ја знете веќе приказката, инспекор излега на терен, решение да се однесе на сервис, еве веќе две недели на сервис и се поправа, 2 дена стар телефон не сакаат да го заменат.

И шо после кај да идам кој адвокат кој полицаец, полицаец е фигура за да влева пари во буџет, него не му е работа да биди служба на народот, служба на... се знае кој.

Имам уште една сторија, и тоа нооогу долга, ако ми се пишува ќе ја споделам и таа па вие решете што како.
 
marchesk

hello world
4 септември 2012
171
105
Скопје
Другар кога си ги бараше правата зошто несакаа да му заменат неотпакуван производ (пред 2 дена купен), кога се јави во пазарен инспекторат знаете што му рекоа? Побарај го газдата и со него решете го тој проблем, ние не сме надлежни.
Најверојатно зошто им беше спомнато името на фирмата, па не важи законот за сите.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Абе не можеш. :) Не е ставено тоа во закон.

Прашање е на добра воља на продавачот за да го замени производот или врати пари ако се е ОК и според спецификација.

Затоа стои дополнително на реклами дека ако не сте задоволни од производот може да го вратите во рок од ХХ дена а ние ќе ви ги вратиме парите. Значи како привилегија која дава дополнително право. Ако е според закон тогаш нема што да пишуваат така зашто се подразбира.

Но муабетот ми е дека ако им отидеш во продавница со законот во раце а се погоди тие да го познаваат истиот, ништо не можеш да направиш во поглед на враќање на парите за исправен производ кој си работи или е изработен според декларираната спецификација и квалитет.
Ставено е 100%. Барај раскинување на договор. 8 дена рок. И продавачот е ДОЛЖЕН да го напомене тоа во договорот за купопродажба. И има и казна за тоа. Продажба во салон не се смета за простории на трговецот (надвор од дирекција) исто се третира, ме мрзи да барам (изгледа е погрешен пречистениот текст што си го ставил).

Еве што најдов набрзинка - Глоба 1.200 евра во член 137 алинеја 16) „не го извести писмено потрошувачот за неговото право еднострано да го раскине договорот со изјава во моментот на склучување на договорот (член 107став 1) и“, а има и глоба ако ти побара делумно да надоместиш некаков трошок ОСВЕН транспортот што паѓа на сметка на купувачот. И ѕирни на www.opm.org.mk има некои брошури
 
Не е така.

Член 107 е повторно во глава 3, Договори склучени надвор од деловните простории. Она кое тебе те буни е што во член 105 пишува „-во продажни салони“. Aма потоа стои „освен ако вкупната цена се наплатува на лице место“.

Или во превод ова значи: ако ти си го видел производот во салон но не си го земал лично тогаш туку потоа ти испратиле погрешен производ. Во таа ситуација си заштитен како купувач.

Нема никаде закон кој вели дека можеш да си играш како купувач и да си одиш по продавници, да си купиш што сакаш, и кога ќе ти прдне да си го вратиш без никакво образложение.

Законот те штити само во ситуација кога ти е продаден производ или услуга за која ти си имал погрешна информација или кој не одговара на декларираните спецификации, не делува, не работи соодведтно и сл.

Уште еднаш ќе речам, добра воља на продавачот е да ви ги врати парите за производ кој е целосно исправен и со соодветниот квалитет/спецификации.

А за тоа дали производот ти треба или не, дали ти е скапо или не, дали ќе ти одговара дома или не, ти треба да си размислиш пред да го купиш.

И само еден мал едит:

Добро е да се знае дека кај нас најчесто продавачите не го знаат законот добро а и не секогаш се чисти пред законот - не издаваат секогаш фискални, немаат соодветна номенклатура на називот на производите заради избегнување на данок и сл.

Така што дури и да се во право сепак си викаат дај да му вратиме пари зашто ако дојде инспекција иако не треба да му ги вратиме сепак може да ни најде нешто друго во работењето.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
ДАЛИ НЕКОЈ ОД ВАС НЕКОГАШ УСПЕАЛ СО ИНСПЕКТОР ДА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА, ОДНОСНО ИНСПЕКТОРОТ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВАША СТРАНА И ДА ВЕ ШТИТИ СО ЗАКОН, ЗНАЧИ НЕ БАРАМ МУЧКИ, НЕГО ПРАШУВАМ ДАЛИ ВИ СЕ СЛУЧИЛО ДА ПО ЗАКОН ВИ ПОМОГНЕ ИНСПЕКТОР?

Јас имам 2/2 успешни случаи кога инспекторската служба си ја завршила работата. Еден од случаите беше против Анхоч. Мада не би сега околу тој случај, иако ги почитуваат законите и тие не се 100% безгрешни. Имаат пропусти толку минимални што игра на веројатност е некогаш да наидеш на таков пропуст. Јас наидов и го искористив и го добив случајот. Парите ми беа вратени. Немаа резервен дел :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171

Добро да се знае.

Кај нас ова е горе доле исто решено.

Како купувач имате право да си барате пари назад само при: онлајн купување, купување од продавач на врата, преку телефон или преку нарачка по пошта.

Како што рековме погоре, доколку продажбата е надвор од деловни простории на продавачот како што стои во нашиот закон.

Но ете дури и во Европа не важи враќање пари во даден рок при купување од продажни салони!
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Ај што си запнал. И продажен салон спаѓа и кај нас и кај нив

Не сум запнал туку само се обидувам да појаснам за да нема забуна:

„In the EU, for contracts concluded as of 13 June 2014, you have the right to withdraw from your online purchase as well as from purchases made elsewhere than in shops (e.g. from a salesman on your doorstep; by phone or mail order) within 14 days.“

Многу слично е наведено и во нашиот закон.

Купеното во продажен салон не е предмет на повраток на пари во наведените ситуации.
 
Да разјасниме!

Купувам од салон, отпакувам и гледам дека е расипано (тука на лице место)
а) Имам право на поврат на пари
б) Имам право да ми дадат нов апарат
в) Немам право на претходните две туку на сервисирање

Купувам on-line, оваквото доаѓа дома и мене заради крив к*р ми текнува да го вратам назад:
а) Имам право на поврат на пари
б) Имам право само во случај да ми продале нешто надвор од спецификации
в) Има да го вратат назад и не смеат да ме прашаат зошто
 
mmm121

hello world
10 февруари 2011
192
101
Гевгелија
mmm121's setup  
Processor & Cooler
AMD Athlon II 445 (4 x 3.1) UNLOCK
Motherboard
Асус М4н78 про
Storage
80ГБ Сата
PSU
Хантол 535
RAM
3гв ДДР2
Video card
нвидиа гт240
Case
АТХ
Mouse
Гениус ПС/2
Keyboard
Обична
Audio
Онборд
Monitor
Ацер в223
OS
Виста Стартер
Законот е добар за во културни земји, не за наша "стока"
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Да разјасниме!

Купувам од салон, отпакувам и гледам дека е расипано (тука на лице место)
а) Имам право на поврат на пари
б) Имам право да ми дадат нов апарат
в) Немам право на претходните две туку на сервисирање

Купувам on-line, оваквото доаѓа дома и мене заради крив к*р ми текнува да го вратам назад:
а) Имам право на поврат на пари
б) Имам право само во случај да ми продале нешто надвор од спецификации
в) Има да го вратат назад и не смеат да ме прашаат зошто

Ако купуваш од салон:

На лице место не треба да си го земеш производот се додека не се увериш дека производот е добар. Прво се уверуваш во тоа што купуваш па плаќаш.

Дома: ако си купил расипан производ ама тоа го гледаш дури дома, по закон следи поправка, замена ако не се поправа или ако нема производ за замена да ти вратат пари. Ова е ако производот е под гаранција.

Како е во Европа не знам.

Онјалн:

во Европа имаш право на поврат на пари (има таму членови за транспортни трошоци и сл.). Кај нас треба само да најдеш оправдување зошто го враќаш односно што не штима кај производот/услугата и повторно имаш право да го вратиш и да ти вратат пари.

Веќе ги согледале ваквите пропусти и затоа се подготвуваат измени во законот:

http://dnevnik.mk/?ItemID=5D3406E19281CD4C97ACF53468DE3DB0

Е сега јас не сум правник така што ако има некој кој е вичен во областа нека ме поправи. И јас би сакал да знам ако имам барем малку повеќе право од ова сега.
 
Software

lurker
15 август 2007
591
357
пред недела дена гледав во Хрватска многу луѓе се жалеа со мобилните телефони им се расипувале го носат на сервис под гаранција и таму им викаат дека го чувале на несоодветно место како во кујна или ВЦ и таму имало влага и затоа им се расипал мобилниот.

Па имаше некој судски вештак кажуваше за многу случаи каде потрошувачите се измамени.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Се предлагаат измени на Законот за заштита на потрошувачите, со кој се прошируваат правата на потрошувачите кои купуваат online.
Со предложените измени, потрошувачите ќе имаат можност во рок од 14 дена дена да го вратат производот и да им бидат вратени парите во полн износ, вклучувајќи и траспортни трошоци.

Извор : Дневник

Вака убаво звучи, ама ај да ја видиме примената каква ќе биде кај нас.

Предлог измените на законот се во собраниска процедура што во превод значи дека 99 % ќе бидат изгласани.
 
Па дури и транспортни трошоци. Кој морон го смислил законов не ми е јасно, само знам дека доволно големи морони ќе го изгласаат. Никој никаде во светот не покрива транспортни трошоци. Ова е лудост.( ако е стварно како што тврдиш дека ќе ти ги врателе парите за транспорт ). Проблемот е што немаме висински парламент и вакви популистички закони поминуваат само кај еднороден парламент каде сите гласаат како ќе им се каже. А сега е момент да се носат вакви популистички закони заради стекнување симпатии кај народот.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Па дури и транспортни трошоци. Кој морон го смислил законов не ми е јасно, само знам дека доволно големи морони ќе го изгласаат. Никој никаде во светот не покрива транспортни трошоци. Ова е лудост.( ако е стварно како што тврдиш дека ќе ти ги врателе парите за транспорт ). Проблемот е што немаме висински парламент и вакви популистички закони поминуваат само кај еднороден парламент каде сите гласаат како ќе им се каже. А сега е момент да се носат вакви популистички закони заради стекнување симпатии кај народот.
Не трвдам јас ништо пренесувам што е објавено во дневен ввесник при што го наведенувам изворот со линк до конкретната статија.
Во однос на делот дека овие измени (доколку правилно се разбрани и пренесени од весникот) се популистички се сложувам, ова ќе биде чекор назад во електронската трговија, од причина што под овие околности ретко кој трговец ќе се нафати да работи.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв