Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Treker.mk – проект за анализа на податоци за COVID-19 кој нуди Rest API

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.068
www.IT.mk
Treker.mk е целосно волонтерска платформа која овозможува следење на состојбата со ковид-19.

Трекер е проект со отворени податоци и извори кој собира, анализира и прикажува некои од најкорисните податоци, за да полесно се разбере ширењето на пандемијата на коронавирусот и болеста КОВИД-19, заедно со нејзината динамика и обем. Целта ни е да направиме јасни графички и статистички визуелизации/прикази во врска со тоа што ни го кажуваат тековните податоци и анализи за ширењето на вирусот во Северна Македонија и да се осигуриме дека информациите за големината и сериозноста на проблемот КОВИД-19 во Северна Македонија бидат достапни и разбирливи за сите.

Проектот е со отворен код и е достапен на Github: treker-mk

Податоците кои ги споделува Treker освен како визуелен приказ може да се преземат и како табела, .CSV фајл, или преку REST API. Ова ќе овозможи нивна понатамошна обработка и презентација. Споделувањето на податоците преку REST API ќе овозможи поголема флексибилност со податоците. Податоците се пошироко достапни што од друга страна ќе отвори можности за различна употреба, презентација и обработка.

Повеќе > Treker.mk - проект за анализа на податоци за COVID-19 кој нуди Rest API ⋆ IT.mk
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно