Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Tesla Cybertruck

D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
За класично возило да му се запали на внимателен возач, потребно е истовремено со ладилниот систем - да се деси и дефект на системот за јавување температура.
Класично возило нема да ти се запали од ова, дури и да го исфрлиш ладилниот систем целосно, но да - EV е не реално брзо и со сопствени сили да го изгасиш.

Cybertrack presentation vs now речиси 2 разни коли, а мислам до денот кога ќе биде пуштена во продажба ќе има уште многу промени (уште погрда ќе биде). Силно се сомневам дека ќе и биде дозволено да се продава со толку остри елементи (заради безбедност, од NCAP, или било коj друг државен орган/организација).
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
414
673
Нормално се палат и обични возила... Ама не во во гаража туку во возење, и обично кога ги возат нубови кои подолго време на шал таблата не забележуваат покажување индикатор за прегревање (што се случува заради несервисирање и дефекти во ладилниот систем, губење антифриз/ладилен флуид, итн).

За класично возило да му се запали на внимателен возач, потребно е истовремено со ладилниот систем - да се деси и дефект на системот за јавување температура. Во секој случај пак ќе има доволно време да се евакуира возилото, а тие што носат боца за гаснење ќе имаат можност и да изгаснат на време.

Многу надмено си го пишал ова а бар да кажеше од каде го донесе овој заклучок?
Личи како твое лично мислење или подобро речено претпоставка, а не нешто со сигурност што можеш да го потврдиш.

Мене ми се запали изгасено бензинско возило со изваден клуч во гаража неколку минути после паркирање дур истоварав ствари од гепек. Не се запали од твоиве причини туку од спој негде во електрониката и џабе беше исклучена колата едноставно се прошири пламен под шал таблата. Ништо не јавуваше од сигнали на шал табла, релативно сочувана кола, без плин, неувезена, сервисирана, нешто више од 10тина години стара... никогаш не би претпоставил дека ова можеше да се случи.
Не се ни гаси така лесно ко што збориш затоа што во чад тешко е и да пријдеш до кола во гаража а не пак да прскаш во делот кај што гори кој што, земено во предвид колку се затворени со пластики поновите возила, не се ни гледаше дур не стопи дел од пластиката а до тој момент веќе имаше и повеќе од доволно чад. Ја изгаси пожарна 5-10мин. покасно.

Инаку релативно во право си за опасноста од батериите...
Толку од мене на темава.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Жал ми е за твоето искуство, но јас зборував за статистика. Не за анегдоти.
Пожари кај класични возила најчесто се јавуваат заради релативно лесно решливи проблеми кои може да се превенираат: Протекување на гориво, прегревање на мотор, проблеми со електрика/акумулатор (посебно краток спој, ова веројатно тебе ти се случило). Итн.

- Ако протекува гориво, доволно е фактот дека смрди и дека ќе приметиш. Опасното е ако горивото допре жежок дел од моторот, итн

- Ако се прегрева моторот, има индикации за тоа на шал таблата. Проблем е ако закажат и сондите/електрониката за детекција на температура, или за губење ладилен флуид.

- Краток спој се дешава со оштетување на ожичувањето, најчесто од невнимателност или од други причини

Ако се деси пожар, полесно ќе го изгасиш отколку запалени батерии во електрично возило. Тоа нема шанси да го изгаснеш... ОК освен ако немаш при рака шлепер песок, и багер. :)
Тоа беше муабетот, споредба на класични со електрични возила од тој аспект.
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
414
673
@Lokvan
Во право си за гасење на батерии. Но и бензинско/дизел возило е прилично тешко да изгасиш со мал противпожарен апарат. Особено па ако си на регионален пат, нема ни да ја дочекаш пожарната. Прашање на среќа е ова. Колку е одржавано возилото е друг муабет...

Статистиката вели дека електрично возило е помалку веројатно дека ќе се запали. Статистика добиена од гуглање каде скоро и да нема некој да тврди спротивно меѓу порелевантните резултати. А ти една страна поназад тврдиш дека лесно се палат и при најмал судир или удирање од тротоар. Од каде е оваа информација и дали е потврдена?
Твитер е полн со видеа без контекст и луѓе што коментираат свашта за да градам мислење врз основ на тоа.

А у државава кај што еден куп коли се со боца плин у гепек често инсталирана кај кој мајстор е најефтин, најдовме за ЕВ да цепидлачиме...
 
Атачменти

  • Screenshot 2023-12-18 at 15.04.01.png
    Screenshot 2023-12-18 at 15.04.01.png
    345,4 KB · Прегледи: 33

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Си правиме бош муабет. Оваа ми личи на бранење на иПхоне. Никој но го пробал возилото и се споделуваат виде. Купете го и после ке правиме муабет. Тогаш фалете го и кажувајте како вози низ Македонојава... ауто пилот, навигација, клима/греење на граница чекајќи 5 часа, полнење на батерии каде ке ви се посака. Непотребни се кометарти ако гледате ѕоутубе видеа а не сте седнале во електицно ауто и извозиле 1000км во еден ден.
Мислам дека оние што коментираат не возеле ниту бензин/плин/дизел повеке од 100км дневно и немаат претстава што добро а што лошо.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
@Lokvan
Во право си за гасење на батерии. Но и бензинско/дизел возило е прилично тешко да изгасиш со мал противпожарен апарат. Особено па ако си на регионален пат, нема ни да ја дочекаш пожарната. Прашање на среќа е ова. Колку е одржавано возилото е друг муабет...

Статистиката вели дека електрично возило е помалку веројатно дека ќе се запали. Статистика добиена од гуглање каде скоро и да нема некој да тврди спротивно меѓу порелевантните резултати. А ти една страна поназад тврдиш дека лесно се палат и при најмал судир или удирање од тротоар. Од каде е оваа информација и дали е потврдена?
Твитер е полн со видеа без контекст и луѓе што коментираат свашта за да градам мислење врз основ на тоа.

А у државава кај што еден куп коли се со боца плин у гепек често инсталирана кај кој мајстор е најефтин, најдовме за ЕВ да цепидлачиме...
Глобално, вкупнио број на електрични возила е многу помал, во однос на вкупнио број возила со мотор со внатрешно согорување.
Ако некој ја праел статистиката само врз база на прост збир од запалени возила во еднио или другио табор, нормално е дека поќе запалени возила ќе има кај класичниве - ама па, такви користиме подолго од еден век, додека електричниве уште не се станати мејнстрим.
За да се пресмета степенот/честотата кон "запалливоста" кај возилата од едниот или другиот табор, ќе треба сложена формула шо ќе земи во предвид поќе елементи, и сето тоа пропорционално по глава на жител :)

Во меѓувреме, моето лично мислење и впечаток е дека електричниве ко поќе да се самозапалуваат и многу тешко се гаснат....:(

Испратено од телефоно
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
Си правиме бош муабет. Оваа ми личи на бранење на иПхоне. Никој но го пробал возилото и се споделуваат виде. Купете го и после ке правиме муабет. Тогаш фалете го и кажувајте како вози низ Македонојава... ауто пилот, навигација, клима/греење на граница чекајќи 5 часа, полнење на батерии каде ке ви се посака. Непотребни се кометарти ако гледате ѕоутубе видеа а не сте седнале во електицно ауто и извозиле 1000км во еден ден.
Мислам дека оние што коментираат не возеле ниту бензин/плин/дизел повеке од 100км дневно и немаат претстава што добро а што лошо.
Ааа, еве една компилација од железо по пато:

Испратено од телефоно
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Класично возило нема да ти се запали од ова, дури и да го исфрлиш ладилниот систем целосно, но да - EV е не реално брзо и со сопствени сили да го изгасиш.

Cybertrack presentation vs now речиси 2 разни коли, а мислам до денот кога ќе биде пуштена во продажба ќе има уште многу промени (уште погрда ќе биде). Силно се сомневам дека ќе и биде дозволено да се продава со толку остри елементи (заради безбедност, од NCAP, или било коj друг државен орган/организација).
Не знам што си промашил од вести, ама се продава, и веќе е доставена како што ја гледаш. Скоро секој автомобилски новинар го тестираше... Тоа е моделот

На тема горење и гаснење, проблем е што пожарните немаат начин да изгасат батерии. Ќе биде долг мачен процес со надеж дека нема да се прошири на други возила. Бензин и нафта се тешки за гасење, но доколку се задуши оганот, ќе се изгаси. Горењето на батериите е малку пожесток хемиски процес за кој не е потребен кислород и се смета за хемски пожар. Дури и:
The batteries contain flammable chemicals and can release their own oxygen as they burn, allowing EV fires to reignite hours or even days after they appear to be quenched.

Темата беше сајбертрак и иновациите со него.
Ниту се тема ЕВ возила ниту е тема дали концептот на пикап е потребен и кој го користи...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Темата беше сајбертрак и иновациите со него.
Ниту се тема ЕВ возила ниту е тема дали концептот на пикап е потребен и кој го користи...
Па сега, сајбер трак секако е ЕВ и пикап. Истите размислувања и муабети кои идат општо за ЕВ и за пикапи, идат и за сајбер трак... Ти отвори општа тема за сајбер трак, не специјалирана тема за нешто што не вклучува на пример безбедност и батерии. Така да не мислам дека е офтопик ако се зборува на пример безбедноста од горење на батериите во сајбертрак како ЕВ возило.

Од аспект на општа безбедност, јас само се надевам дека што побргу ќе се регулираат (забранат) вакви дизајн решенија за возила. Со оштри агли, со дебел челик наместо совитлив лим кој апсорбира удари, и со неверојатни забрзувања во само неколку секунди. Почекајте малку пошироко да почне да се користи возилово па ќе гледаме смешки (и хорори) кога неискусни возачи ќе газат „педал до метал“ и ќе губат контрола на неколку тона тежок челичен монструм.
На крај ќе испадне сите да мораме да возиме тенкови за да бидеме колку толку безбедни во сообраќај. :-/
 
На фемина може ќе се разговараше за тоа колку е добар некој ако дојде со сајбертрак...
Тука очекувам дека разговорот е во правец на технолошки достигнувања и напредок на автоиндустријата преку последниот модел на тесла. Новитетите при правењето се инспирација за тој што ја отворил темата.
Мислам дека е јасно според тоа во кој дел од форумот е отворено.
Да беше во секцијата купи/продај, дискусијата ќе беше дали баба го возела, колку циклуси има батеријата, дали е под гаранција и дали има зимски гуми...
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Тука очекувам дека разговорот е во правец на технолошки достигнувања и напредок на автоиндустријата преку последниот модел на тесла. Новитетите при правењето се инспирација за тој што ја отворил темата.
Мислам дека е јасно според тоа во кој дел од форумот е отворено.
Па тој што ја отвори темата постираше само две реклами за камиончево и само еден збор без контекст. Ниту тој, ниту ти, ниту некој друг тргна во правец на дискусија за технологијата вградена во возилото. Напротив. Макар и да беше споредба со претходните модели од оваа марка.
Затоа муабетот се разви во таа насока каде што се разви, а најмногу кон прашањата што произлегуваат од рекламите а чиишто одговори се избегнати.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.251
2.687
темава е многу добра за едукација да научат луѓето за предностите и недостатоците на овие возила како и брендови. Пошто е ајти форум, не е лошо и да биде генерална тема околу таа тематика. Еве се повеќе гледаме електрични коли низ Скопје. Вчера видов и Мустанг Mach-E како се вози, а има и доста Тесли.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.170
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
темава е многу добра за едукација да научат луѓето за предностите и недостатоците на овие возила како и брендови. Пошто е ајти форум, не е лошо и да биде генерална тема околу таа тематика. Еве се повеќе гледаме електрични коли низ Скопје. Вчера видов и Мустанг Mach-E како се вози, а има и доста Тесли.

Ej тоа Мачето е многу симпатично... just sayin'... unlike the Cybertruck...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
На фемина може ќе се разговараше за тоа колку е добар некој ако дојде со сајбертрак...
Тука очекувам дека разговорот е во правец на технолошки достигнувања и напредок на автоиндустријата преку последниот модел на тесла. Новитетите при правењето се инспирација за тој што ја отворил темата.
Мислам дека е јасно според тоа во кој дел од форумот е отворено.
Да беше во секцијата купи/продај, дискусијата ќе беше дали баба го возела, колку циклуси има батеријата, дали е под гаранција и дали има зимски гуми...
Мене ми е важно да не бидам на примачкиот крај на некои од оние монструми кога почнат да прават несреќи, па затоа зборувам за тој аспект на новата технологија.

За кој аспект на „технолошки достигнувања и напредок на автоиндустријата“ би зборувал ти? Пошто јас лично освен фалење/кypч не гледам зошто некој би фрлил онолку пари на она... И тоа таму преку барата каде што имаат некаков минимален зачеток на инфраструктура за користење. Овде кај нас е тежок нонсенс, нонсенс за кој уште сега преку даноците ни крадат пари за субвенции.
 
JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365
Нешто не гледам некоја голема предност од електричен автомобил. Предност на електричен автомобил би било ако почнат да го дават без пари. Пошто нели корпорациите се многу големи залагачи на животната средина и нивното загадување од автомобили. Зошто не би било фер да почнат да ги дават без пари за да бидеме сите екологисти и да не загадуваме воздухот со нафта. И струјата исто за полнење да биде без пари.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Нешто не гледам некоја голема предност од електричен автомобил. Предност на електричен автомобил би било ако почнат да го дават без пари.
Тоа за „без пари“ не е без пари затоа што некој мора да го плати... Кој би го платил тоа ако не даночните обврзници, а тоа сме ние работниците.
 
JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365
Тоа за „без пари“ не е без пари затоа што некој мора да го плати... Кој би го платил тоа ако не даночните обврзници, а тоа сме ние работниците.
Треба владата да ми го плате. Ако не тогаш зошто да го купам? И да се гњавам со него како мобилен телефон да го полнам.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Има фанови, а има и ФАНОВИ:
mf1t256joj6c1.jpeg
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Има фанови, а има и ФАНОВИ:
mf1t256joj6c1.jpeg

Реално попрофи ми изгледа цртежот (отколку пикапот во реалност). За ова барем останува да се надеваме дека некој се зезал и дека не е вистински истетовирано. :oops:
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK

Мислењето е автоматски споено:

Од наши даноци им се парите.
ОК! Добри сме засега... Но ако од наши пари им се даноците, тогаш кој навистина би ги платил оние срања на батерии и ако ни ги плаќаме дали навистина „бесплатно“ ќе ни ги дадат? Пошто не ти се чини дека нашите пари можеме и попаметно да ги потрошиме? :)
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно