Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Temu

Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Овој дел е многу битен:
,,Секоја пратка може да се следи на веб страницата на ЕЛС, во делот „следење на пратка со сериски број“, каде јасно е наведено кога пратката е влезена во земјава, а кога е во рацете на курирот".
Барем се расчисти кога пратката е влезена во земјава.
 

Brendog

hello world
18 септември 2016
78
88
Да споделам мое искуство со Тему. Пред една недела пишав и на темава дали да им се јавувам на ЕЛС или да ги чекам да дојдат. Од тему стигна пратката пред датумот што беше предвиден и од нивна страна се е супер. Ми пишува во тракингот дека е во магацин робата. Се јавувам на локалниот магацин од ЕЛС, од таму извршија проверка по телефонски број и потврдија дека е пристигната пратката. Му викам на дечкото дали ќе дојде некој или како функционирате? Ми вика „Друже ако живееш во близина те молам дојди земи си ја, во невиден хаос сме со ова тему мему“. Океј, живеам на 200 метра од магацинот и отидов. Внатре калакурница, кутии расфрлани на сите страни, некои 10 минути ми ја бараа пратката. Да не се јавев ќе беше историска доставава. Не ги кривам дечкиве што се по магациниве и доставувачите, мора да се реорганизираат од ЕЛС или да најдат некое чаре.

А од Тему пратката нарачав некои ситници и квалитетот е тој, кинески, ништо повеќе, ништо помалце. За парите и за вакви небитни дрангулии е супер.
 

dashbog

lurker
24 јуни 2008
574
815
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Корисни совети од Стефонатор на тема Temu. :ROFLMAO:

Никакви совети јас не видов од овој лик.

Ова е овакво за ова со она... Ништо продуктивно и квалитетно во оваа видео. Ако и другите му се такви се надевам младите не го гледаат.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: thrw

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Од како ќе се регистраш ќе те отрујат со спам. Па купони, па попусти, ... Робата како ќе ти се удене, ама накај послаб квалитет е. Додека не тргне пратката можеш да додаваш нови продукти.
...
 

viktor4mkd

hello world
22 мај 2023
157
98
Да , после ова ќе пишува дека е земена за царинска постапка ( проверка ) тогаш треба да ја појави на елс .
Мислењето е автоматски споено:

Ај пошо првпат нарачувам:
Погледнете го атачментот 144472

Ова значи кај нас е стигната?
Да , после ова ќе пишува дека е земена за царинска постапка ( проверка ) тогаш треба да ја појави на елс .
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.037
2.075
Скопје, Македонија
Момци вие што сте од Аеродром во делот на адресата/град која опција ја одбирате?Скопје 2 достава или?

Sent from my M2101K7BNY using Tapatalk

И мене ме интересира ова, Скопје 2 - достава 1000, Аеродром 1000 или Аеродром 1050?

Друго прашање до тие што плаќаат со PayPal Balance (ако има такви), каде балансот е во евра/долари/фунти итн., како оди конверзијата во денари, претпоставувам автоматски конвертира?
 

kristijan_m75

lurker
22 март 2016
772
573
И мене ме интересира ова, Скопје 2 - достава 1000, Аеродром 1000 или Аеродром 1050?

Друго прашање до тие што плаќаат со PayPal Balance (ако има такви), каде балансот е во евра/долари/фунти итн., како оди конверзијата во денари, претпоставувам автоматски конвертира?
Па никој не ми одговори на пораката и одбрав од тепка Скопје2-достава 1000.Секако ги носат со ЕСЛ до пред врата.
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.032
1.845
Скопје
Мене со Аеродром 1000 ми стигна.
со 1050 би требало да олесни селекција кога се распределува место по адреса ... ама кој знае колку гледаат тоа хаха двапати (во последиве неколку месеци) мене ми праќаат во скроз грешна општина/град иако ми се секад со 1020 за карпош адресирани ...
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.395
5.544
И мене ме интересира ова, Скопје 2 - достава 1000, Аеродром 1000 или Аеродром 1050?
Тоа се броевите на доставните пошти на македонска пошта. Немаат допирни точки со останатите поштенски разносители.
А 1050 е пошта Драчево.
 

gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
како ви стигаат за 2 дена? јас сум на 300м од локалниот магацин, 20 дена не ми се јавиле за праткиве а се стигнати во мкд 4 од тему и 15 од али? Првите од али и тему преку нив ги добивав за 1-2 дена откако ке стигнеа во мкд
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.032
1.845
Скопје
Тоа се броевите на доставните пошти на македонска пошта. Немаат допирни точки со останатите поштенски разносители.
А 1050 е пошта Драчево.
Ах ја не ни видов на која тема пишувам погоре …
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.604
6.045
Битола
Искуства со Тему? Стигаат пратки? Колку брзо стигаат? Квалитетот е океј? Нешто друго што треба да се знае?
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.537
2.990
Искуства со Тему? Стигаат пратки? Колку брзо стигаат? Квалитетот е океј? Нешто друго што треба да се знае?
Денеска (17.12.2024) ми стигна пратка од Тему, нарачана на 30.11.2024 година.
Курир се јаве неколку минути пред да ја дојси, јас на работа бев (нормално де), ама детето дома беше, па излезе да ја земи, така се договорив со чоеко по телефон.
Стигнува код со 6 цифри на СМС, му го издиктирав по телефон, и ја предаде пратката. Сите работи беа во една поголема кеса.
15 ситници во рамки на лимитот до кај 20тина евра. Квалитет...кинески, ебаго :)
Тракинго беше точен, горе-долу, со тоа што некни за викендо се избриша статусо на пристигнато во магацин, ама после другио ден пак си се ажурираше (преку апликацијата е доста детален, за разлика од тракинго во апликацијата на али експрес).
Parcels апликацијата исто така му влегува во трага на бројчето за следење.
Втора пратка имам, таа уште не е стигната, моментално според тракинг е на царина, па веројатно или петок, или понеделник ќе стигни и таа.
Бројчето за пратење (првото) беше во стилот ELS79797979797MK, а второво е малку подруго на почеток: ECSC835380583040503.
Не знам оти така, ама Parcels го следи и во таков формат.
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.807
3.995
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
И овие почнаа со 126 ден производи :)
bd540019d40f98d7d715a4641c9a10c8.jpg
a209fdb1b6e89f33c1508b50b40d55d0.jpg


Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно