moongose
Unbeatable
- 19 јули 2013
- 4.209
- 5.184
Не! Поврзани им се системите, не се на Тему. И вработените кај нас си имаат нормален увид во следливста на пратките, која каде им е, кој ја должи итн., во спротивно не би можеле да функционираат. Оној дел што не го гледаат вработените, ниту од локалните фирми за достава ниту од Тему, е делот со кодот што се испраќа. Како и со секој друг таков систем за потврда на веродостојноста.Ова е прв - ПРВ ПАТ, во целиот муабет каде воопшто излегува информација дека системот е на Тему и под директна контрола и под увид само на Тему. Добро те разбрав? Дека системот е блек бокс тип на систем без можност за контрола ниту за мониторинг од страна на ЕЛС/рандом друг доставувач?
Се надевам. Уште еднаш: никој нема увид во кодовите. Прв и единствен што има увид во кодот е примачот на пратката.И повторно, добро те разбрам? Ова е систем на Тему и вработените кај доставувачите немаат никаква можност да ги видат кодовите освен ако не им ги прочита примачот?
Да не треба и научно истражување да приложиме?Па на што да ги базирам ставовите, освен врз основа на искуство и достапни информации. Од мое искуство ако нешто очигледно може да се злоупотреби - порано или подоцна ќе се злоупотреби.
Овде равенката ја менува само тоа тврдење дека Тему е директно во контрола на тој 2FA систем со смс кодови... Ако е точно тоа. И дека доставувачите никако не може да ги видат кодовите, ако и тоа е точно.
Да кажеме дека за тебе повеќе сум склон да мислам дека не ме лажеш. Но без да можам да проверам, и без некој конкретен официјален извор за работиве што кажуваш... Како да знам за сигурно? Пази зборуваме за знаење, не за верување.
Ете следен пат кога ќе ти достават пратка со код, распрашај го доставувачот, побарај да ти го покаже кодот што ти го испратил системот. Само немој да му веруваш, може го крие