Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.132
1.530
Скопје
Ако ти е добро нивелирана, тогаш најверојатно ја имаш преполнето. Јас слично искуство имав со скроз нова машина, која почна да "шета". Имав ставено чаршав голем и други алишта во комбинација, се имаа сите заглавено внатре во чаршафот и како огромна тешка топка удираше по сите страни на машината, многу бучно и многу силно. Jа стопирав и јас. :)
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.742
Скопје
www.facebook.com
Ај да не отварам нова тема ќе пишам тука.

Пред месец дена земав машина Beko и вчера за првпат ја пуштив. Работи тивко и убаво сè додека не стигне до центрафуга. Кога засилува центрафугата почнува да тресе цела машина. Буквално се поместува и морав да ја прекинам програмата за перење за да не и направам нешто. После пробав на 600 вртежи во минута и исто вака правеше.
Дали е можно тркалцата да не се доволно затегнати? Или пак кога врти центрафугата се лизга од плочките и водата? Ми дојде на ум и со центрафугата да нешто не им е во ред затоа што пред да почне како нешто да потчукнува. Ако е до ова ќе ја прајме големата со Нептун. Од кај најскапи па и уште неисправна да ми донеле не личи.
Планирам денес да ја ставам на палета па може ќе биде постабилна. Ако пак тресе толку на центрафуга им се јавувам во Нептун па нека дојдат нека видат што и е.

Еве ја машинава. Ако некој има ваква слична би ми било од помош да ме насочи што да правам.
Погледнете го атачментот 89660
Истата ја имам и јас, тропаше и кај мене првиот ден се додека не ми текна дека има стиропор под самата машина којшто е наместен заради заштита на барабанот. Извади го од доле .
Исто така нивелирај ја добро и да биде рамна.
 
StarBoy29

read-only
16 мај 2020
13
8
Овие не ти се извадени изгледа, отвори го упатството од машината и следи го. Овие го фиксираат барабанот за шасијата заради транспорт.
Да, не ми се извадени. Сега проверив. Ќе ги извадам и ќе ја пуштам пак за проба. Ако пак така прави им се јавувам во Нептун нека дојдат нека си видат.

Истото го прави и кај мене, ама само кога е половично наполнета.
Првиот пат пробав со наполнета на 1400 вртежи, вториот пат со полунаполнета на 600 вртежи и пак така правеше. Можно е заради тие делчиња што не ми се извадени Октар што ми кажа, а можно е и да е фабричка грешка како што велите.

Ќе видиме што ќе испадне.
 
Steff_Maja

poweruser
30 мај 2010
4.174
1.710
Чудно како тие не се извадени, а машината работи.

Зарем тие не го блокираат барабанот воопшто да не врти ?
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.782
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Чудно како тие не се извадени, а машината работи.

Зарем тие не го блокираат барабанот воопшто да не врти ?

Не, внатрешниот дел од барабанот се врти, тој што го гледаш кога ке отвориш врата. А барабанот како целина е фиксиран за да не виси на амортизерите и да ги пре*бе.
 
Enis-Phantom

hello world
18 ноември 2013
352
536
Небитно
На постарите го блокираа потполно на нобите не го блокираат барабанот туку само го држат во позиција да не испадне.
 
PC_GAMER

lurker
16 јуни 2017
538
464
Ај да не отварам нова тема ќе пишам тука.

Пред месец дена земав машина Beko и вчера за првпат ја пуштив. Работи тивко и убаво сè додека не стигне до центрафуга. Кога засилува центрафугата почнува да тресе цела машина. Буквално се поместува и морав да ја прекинам програмата за перење за да не и направам нешто. После пробав на 600 вртежи во минута и исто вака правеше.
Дали е можно тркалцата да не се доволно затегнати? Или пак кога врти центрафугата се лизга од плочките и водата? Ми дојде на ум и со центрафугата да нешто не им е во ред затоа што пред да почне како нешто да потчукнува. Ако е до ова ќе ја прајме големата со Нептун. Од кај најскапи па и уште неисправна да ми донеле не личи.
Планирам денес да ја ставам на палета па може ќе биде постабилна. Ако пак тресе толку на центрафуга им се јавувам во Нептун па нека дојдат нека видат што и е.

Еве ја машинава. Ако некој има ваква слична би ми било од помош да ме насочи што да правам.
Погледнете го атачментот 89660
Јас имам LG и кај мене ми тресе кога е на поголеми вртежи. Пробај со 400 вртежи. Кај мене ми успева и имам сосема незабележливо тресење само при центрифуга. А не се одразува негативно на потрошњата на струја или, пак, на тоа дали се лошо испрани алиштата. Напротив (барем во мојов случај) е сосема во ред. Може само малце да ти се одолговлечи процесот на перење штои јас лично сметам дека е незначителен. Плус совет од мене (иако верувам дека знаеш за ова, но еве да го споделам) ставај помала количина на алишта за перење - на тој начин ќе имаш плус некое намалено тресење и значително поголема ефикасност и помала оптовареност на самата машина. Ова со ставањево помала количина алишта ми е дадено како совет долги години наназад од пријател кој исклучиво се занимаваше со машини.
Разгледај ги предлозите на @TheMarshal и @VerGer - провери дали ти е нивелирана. Точно е тврдењето на @MetalGear - не очекувај на поголеми вртежи да не тресе (особено не при центрифуга). Браво @dreamson
и мене не ми текнало на ова (пошо сум заборавил откако го купив LG-во) - (иако не верувам сепак) види дали евентуално си ги заборавил да ги отстраниш шипките.
Ама се распишав некако...:D
 
ако не се отсранети тие па среди работа нема да врти ич :)
Имаш право. Може и воопшто да не врти или, пак, целата машина појабана да оди. I'm just saying.

p.s. Имаше еден комшија заборавил да ги отстрани и целата од старт му стана целосно нефункционална. Знам дека ми кажуваше дека му прегорел моторот поради отпорот кој го имал од шипките и така се расипалa.
 
Ако ти е добро нивелирана, тогаш најверојатно ја имаш преполнето. Јас слично искуство имав со скроз нова машина, која почна да "шета". Имав ставено чаршав голем и други алишта во комбинација, се имаа сите заглавено внатре во чаршафот и како огромна тешка топка удираше по сите страни на машината, многу бучно и многу силно. Jа стопирав и јас. :)

Во контекст на ова, еве еден мал совет за чаршавите. Те молам не ме сфаќај погрешно - само сакам да споделам пошо и нас дома ни се има десено истото. Кога треба да се перат такви работи, а за да се избегнат такви непријатности, најдобро е чаршавите пред да се стават во машина лабаво да се „подзаврзат“ во еден или повеќе чворови (во зависност од тоа дали се многу долги и широки) само колку за да не се надувуваат како меур додека се пере.

Се извинувам ако претерав со големинава на постов.
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Дали има некаде само чаши за блендер (стаклениот дел)?
Се јавив во Агротехна, немаа резервен дел (помината е неколку месеци гаранцијата), ножевите си работат, но ми се лизна и ја пукнав стаклената чаша.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511

Ако таму немаат, тешко на друго место.
А демек за тие во гаранција што се имаат само чаши?
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.899
4.580
По закон мора да можат да ти обезбедат резервни делови, мислам дека 10 години од престанок на производство.
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Ако таму немаат, тешко на друго место.
А демек за тие во гаранција што се имаат само чаши?
Па практично додека е под гаранција треба да ги имаат сите делови, е сеа ова во секој случај би било на мој трошок оти е физичко оштетување.
По закон мора да можат да ти обезбедат резервни делови, мислам дека 10 години од престанок на производство.
Е ова не го знам, ако го најдеш членот баш прати ми го да им отидам таму со него. Иако не знам колку ми се исплати да се замарам 2500 денари беше купен нов пред 2 и пол години :)

Сега се мислам што да земам пак до кај 3000 денари, али овој пат со помала чаша да е попрактично за миење.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Е ова не го знам, ако го најдеш членот баш прати ми го да им отидам таму со него. Иако не знам колку ми се исплати да се замарам 2500 денари беше купен нов пред 2 и пол години :)

Член 22: Трговецот е должен најмалку за пет години од денот на производството на производот да обезбеди резервни делови.

https://opm.org.mk/wp-content/uploads/2010/10/Zakon za zastita na potrosuvacite 2004.pdf
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Па практично додека е под гаранција треба да ги имаат сите делови, е сеа ова во секој случај би било на мој трошок оти е физичко оштетување.
Муабетот ми беше дека тебе ти истекла гаранцијата, но некој што го купил истиот уред подоцна, него сѐ уште му е под гаранција.
Е сега конкретно за чашата нема што да има гаранција, нема начин да се расипе освен физички да се оштети. Дури и да пукне заради фабричка грешка, нема начин како да докажеш е така а не дека е удрена или падната.

Иако според закон се должни да имаат резервни делови пет години, досега искуство сум имал само со сервисите за Епл и Цептер да имаат резервни делови за постари уреди после гаранција.
 
Ако се подослободам деновиве ќе им одам директно во сервис да видам што ќе направам, иако кога станува збор за замарање во ситуацијава со вакви работи побрзо би го фрлил цел во ѓубре и би купил нов.
 
Macedonian97*

read-only
9 ноември 2016
49
25
Ако се подослободам деновиве ќе им одам директно во сервис да видам што ќе направам, иако кога станува збор за замарање во ситуацијава со вакви работи побрзо би го фрлил цел во ѓубре и би купил нов.
И кај мене слична ситуација, со нутри булет... Три недели чекав чаша да ми набават, таман стаса вториот смути ми прегоре моторот :rolleyes::D
 
ace106

hello world
17 октомври 2013
58
88
Беко и бела техника во иста реченица...
Еднаш Беко и никад више иако во твојов случај нивелација ќе помогне.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
 
ace106

hello world
17 октомври 2013
58
88
ако си за правосмукалка за вода,Arnica Bora
Купена пред 6-7 години од продавница за бела техника во Мавровка по цена од 5000ден, супер е за сега. Нема прашина нема заебанции со кеси и глупости, ама затоа си бара чистење на садот после секоја употреба.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
 
I

itstheigyg

Гостин
Земавме Филипс правосмукалка, екстра е, а и екстра попуст има во техномаркет, кој е за купување нека побрза, дур трае акцијата.

Техномаркет - PHILIPS FC9331/09 ПРАВОСМУКАЛКА СО САД

пс
позз за @Avid од Апасиев :D

Како влече у споредба со овие по 1800 - 2000w, не се 650 малку?
Знам дека е друг тип на мотор ама пак
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.492
Скопје
Ми треба водоводна нинџа.
Станува збор за бараки во Влае.

Пред 7-8 години, се слушаше шуштење од кај ѕидот што е споен со соседот. Се востанови дека е некој проблем во, да ја речам, главната шахта што се наоѓа во неговиот двор, се бутна таму водоводџија и среди. 4-5 години подоцна се случи истото и повторно се реши на истиот начин.

Сега пред некој ден повторно се појави слично шуштење но не доаѓа од тој ѕид, туку од друг што не е поврзан со соседот. Шуштењето нели тешко е да се објасни но така е некако како вода да тече.

Вчера беше еден водоводџија кај мене, го слушна шуштењето но не можеше баш да го дефинира дали е вода. Ја разгледавме цела куќа, гасевме и струја да не е од некој уред нешто, во подрум влеговме, во подрумот кај соседот влеговме (со кој патем се слушнав пред некој ден и рече дека кога одел во тоалет навечер слушал и он некое шуштење, ако не ни било тешко да влеземе кај него во подрум да исклучиме некоја пумпа што му била за некое греење што не го користел веќе) ја изгаси пумпата и веројатно на соседот му го реши проблемот ама шуштењево кај мене уште е тука. Отидовме и до „главната шахта“ кај соседот и само од надвор ја отвори да ѕирне/слушне ама вика не е до тоа.

Јас вчера-завчера приметив дека кога ќе се изгаси вентилот кај нас, шуштењето престанува.
Но вчера со мајсторов, со гасење на вентилот повторно се слушаше (и си реков дека мене ми се десило некое плацебо кога не го слушав по гасење на вентилот).
Водомерот/саатот не врти (но всушност врти, читај подолу). Од сите овие работи, мајсторов заклучи дека проблемот не е локален, туку дека има на друго место некој проблем, па вибрациите се пренесуваат. Јас во ова ич не сакам да верувам од разбирливи причини... ако е тоа, како побогу ќе се дијагностицира и реши.

Денес дојдоа (четворица) и од водовод. Ги проверија работите исто како водоводџијава вчера, но ништо не можеа да востановат, ама они не беа ни во можност да го слушнат шуштењето... му викам на тој дај викни некој помлад, и ми вика „не бе, ја најдобро слушам...“ вака така, некако и они нешто ко да спомнаа дека е проблем од друго место кој не може да се лоцира или дека едноставно сеа во куќиве многу вода се пуштало бла-бла...

Сега веќе не знам што да правам. Нешто најново што приметив и не знам дали е важно, и жал ми што тек сега го приметувам откако си отидоа, ако го погледнеш водомерот/саатот кратко, да, нема да врти. Но, ако го гледаш 30 секунди се забележува мало вртење од 20 степени да речам. Дали е ова нормално или кога не е пуштена никаде вода, ич ич не смее ни најмало вртење да има?
И уште нешто, кога ќе се изгаси вентилот, треба и да се пушти 20 секунди чешма во тоалетот да дотече водата останата па тек тогаш го снемува шуштењето.

Шуштењето не ми дозволува да спијам. Дење не е проблем, всушност не се ни слуша кога има барем и минимална врева во околината, телевизор, компјутер пуштен... но навечер зезнато.

[edit] Океј, 95% го најдов. Не ми се верува дека не отидовме ни со водоводџијата вчера ни со овие од водовод денес во двор, чешмата ретардирана, скроз кога е затворена си тече (а има црево поврзано и вчера завчера видов, течеше вода од цревото кога го исправив, се доисцеди, и си реков океј останал у цревото, не е ова, а не го извадив цревото). Рачката малку накај пуштено прави да не тече, туку да капе, и со тоа го снемува шуштењето. Во секој случај треба да е смени оваа чешма.
 
Последна промена:

l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
@Avid незнам колку би ти помогнало, но имам бројче од официјалните сервисери на grohe (двајца браќа се, работат и приватно). Пред некое време реновирав стан од корен, имав фирма која ми направи каша попара со водоводот. Си ги побарав дечките како препорака директно од grohe, дојдоа ми средија се. Ми рекоа и тогаш за било што во врска со водовод да ги барам. Е сега незнам во твојот случај колку би можеле да помогнат, пошто сепак е по специфична ситуација.
 
Фала, направив едит, го најдов проблемот...
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Ми треба водоводна нинџа.
Станува збор за бараки во Влае.

Пред 7-8 години, се слушаше шуштење од кај ѕидот што е споен со соседот. Се востанови дека е некој проблем во, да ја речам, главната шахта што се наоѓа во неговиот двор, се бутна таму водоводџија и среди. 4-5 години подоцна се случи истото и повторно се реши на истиот начин.

Сега пред некој ден повторно се појави слично шуштење но не доаѓа од тој ѕид, туку од друг што не е поврзан со соседот. Шуштењето нели тешко е да се објасни но така е некако како вода да тече.

Вчера беше еден водоводџија кај мене, го слушна шуштењето но не можеше баш да го дефинира дали е вода. Ја разгледавме цела куќа, гасевме и струја да не е од некој уред нешто, во подрум влеговме, во подрумот кај соседот влеговме (со кој патем се слушнав пред некој ден и рече дека кога одел во тоалет навечер слушал и он некое шуштење, ако не ни било тешко да влеземе кај него во подрум да исклучиме некоја пумпа што му била за некое греење што не го користел веќе) ја изгаси пумпата и веројатно на соседот му го реши проблемот ама шуштењево кај мене уште е тука. Отидовме и до „главната шахта“ кај соседот и само од надвор ја отвори да ѕирне/слушне ама вика не е до тоа.

Јас вчера-завчера приметив дека кога ќе се изгаси вентилот кај нас, шуштењето престанува.
Но вчера со мајсторов, со гасење на вентилот повторно се слушаше (и си реков дека мене ми се десило некое плацебо кога не го слушав по гасење на вентилот).
Водомерот/саатот не врти (но всушност врти, читај подолу). Од сите овие работи, мајсторов заклучи дека проблемот не е локален, туку дека има на друго место некој проблем, па вибрациите се пренесуваат. Јас во ова ич не сакам да верувам од разбирливи причини... ако е тоа, како побогу ќе се дијагностицира и реши.

Денес дојдоа (четворица) и од водовод. Ги проверија работите исто како водоводџијава вчера, но ништо не можеа да востановат, ама они не беа ни во можност да го слушнат шуштењето... му викам на тој дај викни некој помлад, и ми вика „не бе, ја најдобро слушам...“ вака така, некако и они нешто ко да спомнаа дека е проблем од друго место кој не може да се лоцира или дека едноставно сеа во куќиве многу вода се пуштало бла-бла...

Сега веќе не знам што да правам. Нешто најново што приметив и не знам дали е важно, и жал ми што тек сега го приметувам откако си отидоа, ако го погледнеш водомерот/саатот кратко, да, нема да врти. Но, ако го гледаш 30 секунди се забележува мало вртење од 20 степени да речам. Дали е ова нормално или кога не е пуштена никаде вода, ич ич не смее ни најмало вртење да има?
И уште нешто, кога ќе се изгаси вентилот, треба и да се пушти 20 секунди чешма во тоалетот да дотече водата останата па тек тогаш го снемува шуштењето.

Шуштењето не ми дозволува да спијам. Дење не е проблем, всушност не се ни слуша кога има барем и минимална врева во околината, телевизор, компјутер пуштен... но навечер зезнато.

[edit] Океј, 95% го најдов. Не ми се верува дека не отидовме ни со водоводџијата вчера ни со овие од водовод денес во двор, чешмата ретардирана, скроз кога е затворена си тече (а има црево поврзано и вчера завчера видов, течеше вода од цревото кога го исправив, се доисцеди, и си реков океј останал у цревото, не е ова, а не го извадив цревото). Рачката малку накај пуштено прави да не тече, туку да капе, и со тоа го снемува шуштењето. Во секој случај треба да е смени оваа чешма.

Фала, направив едит, го најдов проблемот...
На него му беше колку да се искаже, да не го јаде во себе многу годишниот проблем.
Се надевам дека сега се чуствува олеснето.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.492
Скопје
На него му беше колку да се искаже, да не го јаде во себе многу годишниот проблем.
Се надевам дека сега се чуствува олеснето.
Ич не ми беше да се искажам, си имав мака и сакав мислење/размислување од друг затоа што веќе беа консултирани засегнатите страни.
Проблемот не е многу годишен, не знаеш да читаш изгледа.
Ете се погоди по пишување на текстот да ми се роди инспирација и да пробам уште да дијагностицирам и ја открив скапаната чешма у двор...
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв