Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
104
69
Не е проблем ти да се тргнеш, ама некогаш се вози паралелно со друга кола/коли во средната лента, а позади некој ретардиран ти аблендира како да нема утре и како да е на Смоквица - Гевгелија.

Ова се дешава и на автопат, кога веќе претицуваш некој или си започнал да го претицуваш, а некој позади тебе со 180km/h ти аблендира од минимум 200-300m како лудак. Значи - не си му засметал, не си му влегол во лента или било што, туку ти аблендира да се тргнеш, само за да помине како ВОЛ и да не мора господинот да закочи.
Многу возачи што се доведени во таква ситуација паничат и прават глупости (се враќаат во средна лента и кочат како луди за да не го фукнат тој што почнале да го претицуваат и сл).

Јас би ги носел тие лица (што аблендираат) во Бардовци директ.
Би се радувал како мало дете кога камерите ќе ги видиме на сите автопати. Би ги ставил на 500 метра една од друга.
Епа тоа и го кажав погоре, 3 коли возење во шпалир. Да не возел тој од лева лента иста брзина со тој од средна лента ќе немало ваљда на кого да бленда
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
99.99% e заради ова. Порано се пуштаа четири жмигавци и брзаш ако некој е на умирање а возиш накај болница. Ама овие случаи се екстремно ретки.
Мислењето е автоматски споено:


Какво паралелно ти кажува додека претица со 120-30 додека овој свети од 200 метра подоле пошто можеби ќе изгуби моментум - ќе мора да прикочи од 190 на 150 и пак да брка брзина после тоа. Пишав пред некоја страна еден така ми се залепи на 3 метра - јас 140 он 200 - и уште ме помина после тоа и мавта со раката. Тоа се тие ретко моменти кога ми зоврива главата :)

Треба добро да погледнеш на ретровизор пред да почнеш со претекнување.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
паралелното возење е исто така многу небезбедно, ако веќе си толку засекиран за безбедноста. Ако практикуваш паралелно возење, заслужуваш да ти аблендираат. јас лично паралелните возачи што се влечат ги претекнувам на 2 полни и го кочам намерно тој што вози во лева afterwards, да си добие од сопствениот сос. истата сатисфакција ја добивам како ти кога не му се тргаш на некој.

возачка култура и бон-тон не е исто со брзо возење. можеш да возиш брзо а да си фер.
Не постои термин како паралелно возење. Не е небезбедно и нема врска со возачка култура и бонтон. Зборуваме за возење во град и возење во секакви услови. Во град има раскрсници, семафори, ленти за престројување и брзината секогаш се прилагодува според условите на патот и сообраќајот. Ако се погоди иста брзина на движење со возилото што е лево и/или десно од тебе тогаш тоа е коинциденција и така треба да биде, така мора да биде.

Ако зборуваме за возење на автопат тогаш прописот е јасен, имаш лента за застанување (застанување е различно од паркирање), лента за возење и лента за претекнување. Во град имаш само ленти за возење.
Мислењето е автоматски споено:

Треба добро да погледнеш на ретровизор пред да почнеш со претекнување.
А што ако не видиш? што ако е магла, ноќе или мокро, кривина, мртов агол? Ти треба да гледаш или тој зад тебе треба да ги почитува правилата, прописите и да ја прилагоди брзината кон условите на патот?
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Треба добро да погледнеш на ретровизор пред да почнеш со претекнување.
Гледам дека некој позади вози 200 и сметам дека можам да поминам затоа што возам 120 а пред мене доаѓа камион. И сега дали јас треба да кочам да дојдам до 80-90 како камионот или некој што вози 200 (непрописно) треба да закочи на 150-60 (се уште непрописно) за да можам јас да претекнам?
И јас некогаш возам (сум возел) побрзо од дозволеното ама никогаш не сум светел на никого затоа што возам со мисла дека правам прекршок и не можам да му се лутам на некој што вози по пропис.
 

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
104
69
кога ти немаш комон сенсе и не разбираш основни правила и принципи во сообраќајот.
Што е за тебе господине немање комон сенс, дека брза лента може да биде и со 50, наспроти тројца што возат во шпалир со 25-30 км/ч.???
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Не постои термин како паралелно возење. Не е небезбедно и нема врска со возачка култура и бонтон. Зборуваме за возење во град и возење во секакви услови. Во град има раскрсници, семафори, ленти за престројување и брзината секогаш се прилагодува според условите на патот и сообраќајот. Ако се погоди иста брзина на движење со возилото што е лево и/или десно од тебе тогаш тоа е коинциденција и така треба да биде, така мора да биде.

Ако зборуваме за возење на автопат тогаш прописот е јасен, имаш лента за застанување (застанување е различно од паркирање), лента за возење и лента за претекнување. Во град имаш само ленти за возење.

1. небезбедно е, ако секоја клетка во телото не ти кажува дека нешто не е во ред кога подолго возиш паралелно со некого, време е возилото да го пуштиш на оглас!
2. ако некој вози 50 во десна лента, ти можеш со 60 да го поминеш во лева, и сите среќни и безбедни да си стигнеме до дестинацијата.

Гледам дека некој позади вози 200 и сметам дека можам да поминам затоа што возам 120 а пред мене доаѓа камион. И сега дали јас треба да кочам да дојдам до 80-90 како камионот или некој што вози 200 (непрописно) треба да закочи на 150-60 (се уште непрописно) за да можам јас да претекнам?
И јас некогаш возам (сум возел) побрзо од дозволеното ама никогаш не сум светел на никого затоа што возам со мисла дека правам прекршок и не можам да му се лутам на некој што вози по пропис.

ти треба да кочиш. ти си тој што менува лента и го нарушува текот на движење, претекнувањето треба да го планираш. и како процени дека вози баш 200 ?
 

Aowek

user
14 април 2012
1.210
1.167
сите вие bookworms што возите 50 на булевар со 3 ленти веднаш да си ги продадете возилата. веднаш ќе се реши проблемот и со метежот и загадувањето.
ова казнување и нетолеранција што ги барате за возачите да го баравте за урбаната градежна мафија и многу други сфери, Скопје ќе беше многу подобро место за живеење, и немаше да има потреба од камери и радари да не камшикуваат за 53 km/h, wooow каков криминал!
Немаше некоја бесна калибра 2.5 v6 или 2.0 турбо C20LET на времето? :D
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Што е за тебе господине немање комон сенс, дека брза лента може да биде и со 50, наспроти тројца што возат во шпалир со 25-30 км/ч.???
Како што реков, бриши од глава брза лента во град, не постои такво нешто.
Тројца во шпалир можат да возат 30 ама тоа е чиста реткост и хипотетичен случај. Скоро 30 години сум возач и не сум видел ваква случка никаде во светот. Тоа е тогаш координирано попречување на сообраќајот и полиција тука треба да реагира. Во пракса такво нешто речиси никогаш нема да се случи и исклучоците само ги потврдуваат правилата.
Ништо лично господине, само дискутираме. Може и да се опцуеме ама не е лично, фрустрација зборува тука. Мене навистина ми е смачено од некои муабети и немање комон сенс што ги читам тука. Ако имате контра аргументи повелете, драг господине.
Мислењето е автоматски споено:

Немаше некоја бесна калибра 2.5 v6 на времето? :D
Не бе таа беше 2.0. И да била v6 чоекот сака i6, пошто е опелџија јас типувам на Сенатор 3.0, изгледа го фрка некоја носталгија.
Мислењето е автоматски споено:

Само 1.9 тедеи со 3 црвени и!
Мислиш со две црвени а третата фарбана со лак за нокти.
 

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Какви глупости се изнапишале, али добро.
паралелното возење е исто така многу небезбедно, ако веќе си толку засекиран за безбедноста. Ако практикуваш паралелно возење, заслужуваш да ти аблендираат. јас лично паралелните возачи што се влечат ги претекнувам на 2 полни и го кочам намерно тој што вози во лева afterwards, да си добие од сопствениот сос. истата сатисфакција ја добивам како ти кога не му се тргаш на некој.
Паралелно возење во град НЕ ПОСТОИ како термин.
Ако постои - да се укини сообраќајот во Скопје пошто во гужви секогаш е паралелен (2-3 ленти полни со коли една до друга).
Треба добро да погледнеш на ретровизор пред да почнеш со претекнување.

Како што пишав (ама ти или си слеп или не читаш) - при самиот маневар на претекнување не се прави проблем на тој што вози XXX метри позади тебе.
Не си му влегол во лента, си го видел дека е пола километар зад тебе, едноставно им е мака да призакочат.
Дури и тој прави прекршок што вози на лента (со километри) што не е за возење, а не ни претекнува некој.

2. ако некој вози 50 во десна лента, ти можеш со 60 да го поминеш во лева, и сите среќни и безбедни да си стигнеме до дестинацијата.

Свесен си дека со ова тебе ќе ти стигне казна за прекорачена брзина, а нему ништо?
Ова е дефиниција за среќа, со казна?
 
Последна промена:
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Какви глупости се изнапишале, али добро.

Паралелно возење во град НЕ ПОСТОИ како термин.
Ако постои - да се укини сообраќајот во Скопје пошто во гужви секогаш е паралелен (2-3 ленти полни со коли една до друга).


Како што пишав (ама ти или си слеп или не читаш) - при самиот маневар на претекнување не се прави проблем на тој што вози XXX метри позади тебе.
Не си му влегол во лента, си го видел дека е пола километар зад тебе, едноставно им е мака да призакочат.
Дури и тој прави прекршок што вози на лента (со километри) што не е за возење, а не ни претекнува некој.



Свесен си дека со ова тебе ќе ти стигне казна за прекорачена брзина, а нему ништо?
Како што кажав погоре - паралелно возење не постои.

може да ми кажеш каде се проверува кои термини постојат а кои не ? еве јас го користам, точно ме разбираш за што зборувам, само немаш возачки инстинкт и осет или се инаетиш па се правдаш дека „не постои како термин!“ . крени глава и погледни малку пошироко од книгата.
принудното паралелно возење можам да сварам и оправдам, ама на релативно празен булевар 2 коли паралелно кога возат косата ми се исправа.
кочница на автопат (освен на патарина) е wasted energy.
а во врска со казниве, секој здраворазумен човек треба да знае дека возење 60 на булевар НЕ Е НЕБЕЗБЕДНО ! сите што сметате дека најголемиот проблем во градот е возење 60, get a health check.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Во град нема брза и спора лента. Има само лева, средна и десна.
И казната е 25 евра за непотребно менување лента. Мислам ја уведоа пред 10-15 години
Мислењето е автоматски споено:

Кога ве читам ми текнува на еден виц па да го парафразирам:

Вие не сте дебели, вие сте ниски :)

Сакате мојддв, лесно минување низ граници со признат пасош, па и прием во ЕУ, увоз на роба од цел свет, убави улици, ама сето тоа додека плаќате на црно, гледате пиратски иптв, тему да е без царина, со лудачко возење...

Епа нема и јаре и паре. Да бидеме дел од Европа ама со некакви јужно азиски вредности. Биполарност на максимум...
 
Последна промена:

boriseto

lurker
7 јули 2013
524
493
boriseto's setup  
Processor & Cooler
AMD 5900X
Storage
1TB
RAM
96GB
Video card
6700XT
OS
Windows 11
TIL
Многу од државава треба да одат назад на „сообраќајна култура“ во 4то одделение (се радувам што имаше за мене).
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.342
И казната е 25 евра за непотребно менување лента. Мислам ја уведоа пред 10-15 години
Мислењето е автоматски споено:

Кога ве читам ми текнува на еден виц па да го парафразирам:

Вие не сте дебели, вие сте ниски :)

Сакате мојддв, лесно минување низ граници со признат пасош, па и прием во ЕУ, увоз на роба од цел свет, убави улици, ама сето тоа додека плаќате на црно, гледате пиратски иптв, тему да е без царина, со лудачко возење...

Епа нема и јаре и паре. Да бидеме дел од Европа ама со некакви јужно азиски вредности. Биполарност на максимум...
Сакаме да се воведат закони и ред ама само тие што ни одговараат! Ова со брзинава не ни одговара и ако може да не го воведуваат.
Бараме неселективна правда ама јас 53 возев иако 50 е максимална дозволена и ако може да не ме казнете. А иначе неселективна бараме ама не за ова.
Мислењето е автоматски споено:

Како што реков, бриши од глава брза лента во град, не постои такво нешто.
Тројца во шпалир можат да возат 30 ама тоа е чиста реткост и хипотетичен случај. Скоро 30 години сум возач и не сум видел ваква случка никаде во светот. Тоа е тогаш координирано попречување на сообраќајот и полиција тука треба да реагира. Во пракса такво нешто речиси никогаш нема да се случи и исклучоците само ги потврдуваат правилата.
Ништо лично господине, само дискутираме. Може и да се опцуеме ама не е лично, фрустрација зборува тука. Мене навистина ми е смачено од некои муабети и немање комон сенс што ги читам тука. Ако имате контра аргументи повелете, драг господине.
Мислењето е автоматски споено:


Не бе таа беше 2.0. И да била v6 чоекот сака i6, пошто е опелџија јас типувам на Сенатор 3.0, изгледа го фрка некоја носталгија.
Мислењето е автоматски споено:


Мислиш со две црвени а третата фарбана со лак за нокти.
Нема ли со 3 црвени???? Како не им е срам на VW
 

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
104
69
Тројца во шпалир можат да возат 30 ама тоа е чиста реткост и хипотетичен случај.
3ца во шпалир ниту е реткост ниту хипотетички случај, можеби поретко од двајца но и тоа како е секојдневие.
не сум видел ваква случка никаде во светот.
Светот е поголем од тафталиџе, карпош 1,2 и 3.
Скоро 30 години сум возач
Тоа "скоро 30 години" е поблиску до 20 отколку до 30 но и тоа е џабе кога и ден денес кога се паркираш, зафаќаш 3 паркинг места.
Тоа е тогаш координирано попречување на сообраќајот и полиција тука треба да реагира. Во пракса такво нешто речиси никогаш нема да се случи и исклучоците само ги потврдуваат правилата.
После "скоро 30 години сум возач" кажуваш за полицијата дека треба тука да реагира??? Па кога имало сообраќајна или било каква полиција таму каде треба?
Ништо лично господине, само дискутираме. Може и да се опцуеме ама не е лично, фрустрација зборува тука.
Немам никаков проблем и лично да е, небитно дали е немоќ да се види биг пикчр, дали е потикнато од фрустрација, карактер или било каква друга ограниченост.
Мене навистина ми е смачено од некои муабети и немање комон сенс што ги читам тука. Ако имате контра аргументи повелете, драг господине.
Да, и мене ми е смачено и малце е невкусно да кажеш некому"немање комонс сенс" кога од друга страна нештото намерно се премижува или вади од контекст, бат ноу хард филингс и ќе повторам по стоти пат, брза лента може да биде и да постои без пречекорување на брзинскиот лимит од 50км/ч.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
3ца во шпалир ниту е реткост ниту хипотетички случај, можеби поретко од двајца но и тоа како е секојдневие.

Светот е поголем од тафталиџе, карпош 1,2 и 3.

Тоа "скоро 30 години" е поблиску до 20 отколку до 30 но и тоа е џабе кога и ден денес кога се паркираш, зафаќаш 3 паркинг места.

После "скоро 30 години сум возач" кажуваш за полицијата дека треба тука да реагира??? Па кога имало сообраќајна или било каква полиција таму каде треба?

Немам никаков проблем и лично да е, небитно дали е немоќ да се види биг пикчр, дали е потикнато од фрустрација, карактер или било каква друга ограниченост.

Да, и мене ми е смачено и малце е невкусно да кажеш некому"немање комонс сенс" кога од друга страна нештото намерно се премижува или вади од контекст, бат ноу хард филингс и ќе повторам по стоти пат, брза лента може да биде и да постои без пречекорување на брзинскиот лимит од 50км/ч.
Е сега преминуваш во друга категорија на муабети. Ама како викаат, кога се нема аргументи се проѓа на ад-хоминем глупости.
Другиве глупости нема да ти ги коментирам, пошто не ме познаваш па очигледно ти се и погрешни.

Дури и уште 200 пати да повториш нема да се смени фактот дека во град не постои брза лента, исто како што не постои и претекнување од десно. Ама ете, ако некогаш ти ја земат возачката и одиш да полагаш пак, можеби и ќе научиш.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Не ли е казната за брзо возење некоа смешна од 10-20 еур?
ИТ Форум е ова, сите се програмери информатичари со илјадници евра плата.. што се буните за 1000 денари казна..
Јас не сум програмер информатичар. Ниту пак со илјадници евра плата.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Апсолутно сум убеден дека ќе има толеранција, и од самиот почеток е замислено да има толеранција, а ова политичарите го прават од 2 причини:
1. Да ги изманипулираат и убедат луѓето ваков систем им треба и дека ситуацијата е критична (така што регистрираат прекршоци и со 51 km/h, big f*cking crime), и потоа вадат статистики од ~110.000 прекршоци дневно.
2. За да придобијат поени, а потоа да кажат "еве не сме толку лоши, ќе дозволиме толеранција од 2/3/5% како што барате".

Крајно сум разочаран што луѓето (па и голем дел од членовите на форумов за мое лично изненадување) толку лесно паднаа на вакви ефтини трикови и веруваат дека оваа глупост наречена safe city ќе донесе општо добро.
1764858872306.png

 
Последна промена:
15 септември 2012
1.157
1.299
Улегна и јаска д'нске уф ауто и тестираја камере. Добив чуство дека доста пофлуидно се одвива сообраќајот, бар за рутата која ја поминав и најчесто ја одам (Лисиче алфите до ГТЦ и назад, у 07ч.)
Да, видно е успорено тргањето, мора на секој семафор да се најде бар еден што мисли дека со притискање на педалата за гас инстанто го достигнал казнениот лимит па непотребно се влече но па затоа ги немаше закрчените раскрсници со опинците покондурчени (на овој потег/реон мислам дека ги има најмногу) што поминале на жолто или црвено па ја блокирале раскрсницата затоа што се отворил друг семафор.
Не можам само никако да го сварам менталниот склоп на оние кои на лева или трета-втора лента, како и да ја викате, се влечат со 15-30км/ч. Миљон пати сум се расправал со таквите, без разлика што лимитот во градските подрачја е 50, абре ИДИОТУ има некој кој свесно ризикува казна, влегува у макази, ризикува свој или туѓ живот (не дај боже) ама не ја знаеш правата причина!!! ТЕРАЈ СИ ЈА ДЕСНАТА ЛЕНТА ако не ти се брза, остај ја брзата/левата лента да биде брза лента...
Грешка си. Во градска средина сите ленти на сообраќајницата имаат иста важност, односно нема лента за брзи или спори возила.
Има само ленти за лево или десно на раскрсниците.
Мислењето е автоматски споено:

Не е проблем ти да се тргнеш, ама некогаш (и најчесто) се вози паралелно со друга кола/коли во средната лента, а позади некој ретардиран ти аблендира како да нема утре и како да е на Смоквица - Гевгелија.

Ова се дешава и на автопат, кога веќе претицуваш некој или си започнал да го претицуваш, а некој позади тебе со 180km/h ти аблендира од минимум 200-300m како лудак. Значи - не си му засметал, не си му влегол во лента или било што, туку ти аблендира да се тргнеш, само за да помине како ВОЛ и да не мора господинот да закочи.
Многу возачи што се доведени во таква ситуација паничат и прават глупости (се враќаат во средна лента и кочат како луди за да не го фукнат тој што почнале да го претицуваат и сл).

Јас би ги носел тие лица (што аблендираат) во Бардовци директ.
Би се радувал како мало дете кога камерите ќе ги видиме на сите автопати. Би ги ставил на 500 метра една од друга.
На автопат пред да претекнуваш некое возило, погледнуваш на ретровизорот дали некој има позади тебе и почнал да те престигнува, или пак се движи со поголема брзина од твојата?
 
Последна промена:

FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Секоја локација/пат со едносмерен сообраќај и најмалку 2 ленти може да се третира како нормална или спора (како милуваш) и брза лента, не мора да бидат 3 ленти.
"и да ти ослободам лева додека возам 50" ќе те прашам а зашто да не ослободиш?
Тоа е сообраќајната култура, ако сака тој нека вози и 120 ако мисли дека побрзо ќе стигне, пак ќе кажам не секогаш е курташачење причината зошто на некој му се брза, радари имало и се казнувало од секогаш, моментот е ти да си исправен а да не го крчиш сообраќајот а на кој му се гине или му се лежи затвор кој си ти да му го оспориш тоа право? Или можеби гледаш на тоа дека ТИ си херој кој ќе спаси нечиј живот со тоа што нема да му дозволиш на некој да вози 120?
Целта ми беше дека и да ти ослободам лента 120 да возиш, нема побрзо да стигнеш најверојанто... пак мораш на семафор да застанеш? Или ако има коли на семафорот и нив ќе им блендираш? Секој пат коа некој сум пуштил така од „сообраќаен бон тон“ после пак сум бил пред него. Такашто само загрозува туѓ живот.

Нема врска со глумење херој “Охо ја сум велики Супермен овој битангава го успорив хехехехе ама сум кул“, не знам дали имаш некоја фрустрација или случка ти се десила али на одредени улици како пример партизанска не треба да има концепт на брза лента??
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Апсолутно сум убеден дека ќе има толеранција, и од самиот почеток е замислено да има толеранција, а ова политичарите го прават од 2 причини:
1. Да ги изманипулираат и убедат луѓето вакво систем им треба и дека ситуацијата е критична (така што регистрираат прекршоци и со 51 km/h, big f*cking crime), и потоа вадат статистики од ~110.000 прекршоци дневно.
2. За да придобијат поени, а потоа да кажат "еве не сме толку лоши, ќе дозволиме толеранција од 2/3/5% како што барате".

Крајно сум разочаран што луѓето (па и голем дел од членовите на форумов за мое лично изненадување) толку лесно паднаа на вакви ефтини трикови и веруваат дека оваа глупост наречена safe city ќе донесе општо добро.
Погледнете го атачментот 156327

Како да се среди сообраќајот на друг начин? Факт е дека имаме голем број на сообраќајни прекшоци, насилие, своеволие, народот е научен дека што и да прави шансата некој да го казни е мала, и затоа сме тука каде што сме.
Дали власта ова го гледа како извор на приход за буџет? Да, 100% го гледа и факт е дека ни криви ни должни ако можам така да го формулирам, ќе плаќаат казни ако се заборават и поминат со 5-10 км/ч повеќе од дозволеното, но факт е и дека стравот работи и голем дел од безобразните возачи ќе почнат да внимаваат.

Најголемиот проблем во државата е корупцијата и врските, односно тоа што пак ќе гледаме злоупотреби и ќе има имуни луѓе. Сабајлево видов коли со лисја на табличките, навидум мислат дека се високо интелегенти суштества и го изиграле системот, но не сфаќаат дека и покрај скриена бројка од табличката врз база на моделот, бојата и возачот во колата, ќе бидат идентификувани, и се надевам казнети со далеку поголеми казни од некој што ќе биде фатен како вози 10 над дозволеното, затоа што нивниот прекршок е прекршок со умисла кој треба да се казнува со драстично поголеми казни.

Останува на времето да видиме дали ова ќе биде позитивна промена или не.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв