Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.107
2.343
Изгласале измени.

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.258
Семафорите покрај железничка ќе го наполнат буџетот уште пред стара нова година.
 
24 март 2023
5
3
Изгласале измени.

Ја изгласаа ли забраната за слушалки?
 
xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.818
12.858
Skopje
wemaxa.com
Аспект од оваа мерка кој ме радува е дека оние со одземени дозволи ќе гравитираат кон 50ccm скутерчиња, тротинети, велосипеди и сл. и барем за некој % ќе се намали бројот на автомобили со само возач внатре.

Времето додека трае забраната дел од овие возачи трајно ќе ги конвертира во корисници на 2 наместо 4 тркала што барем за Х процент ќе ги намали гужвите низ градот.
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.210
1.228
Скопје
Верувајте како што е к0румпирана државава месечно ќе има само по 2 до 3 одземени возачки и тоа на луѓе дојдени од некое штипско село (никого не навредувам) што дошол на клиничка болница горе и поминал на жолто, и ќе ти искача министерот (кој и да е) на прес ќе се фали за политички поени…
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.267
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
^
Значи да дигнеме раце сите од државава? Нема потреба од промени, се е корумипирано, ништо не вреди, нека не се менува закон и наместо селаните од штипско да плаќаат казни, нека нема казни веќе...
 
Dimson

hello world
14 ноември 2018
119
139
Скопје
Многу нормално дека ќе има прекршоци, пред да ги пуштат камерите нема да биде лошо по некое сообраќајно решение да се направи за секојдневните гужви и нервози низ Скопје. Лесно е да се движиш низ градот со службени коли и ротации, и на секоја втора раскрсница џандарче што ти го ослободува цел булевар а у меѓувреме прави хаос за обичниот народ...
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.656
1.819
Секако ќе има 5% луѓе кои нема да бидат засегнати од системот и ќе си возат 80+, но од друга страна ќе има 95% луѓе без врски, пари и ќе си возат 40/45 по најфреквентните булевари кои ќе ги кочат овие 5%, што по мене е голем успех за овој закон.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
588
258
Ke gi naucat kade se kamerite i posle nekoe vreme ke bide po staro.

Inaku neli prvite 6 meseci ke bide bez kazni, samo so predupreduvanje?
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.107
2.343
Многу нормално дека ќе има прекршоци, пред да ги пуштат камерите нема да биде лошо по некое сообраќајно решение да се направи за секојдневните гужви и нервози низ Скопје. Лесно е да се движиш низ градот со службени коли и ротации, и на секоја втора раскрсница џандарче што ти го ослободува цел булевар а у меѓувреме прави хаос за обичниот народ...
Кога ќе престанат да поминуваат на црвено повеќето раскрсници нема да се закочени и ќе забрза сообраќајот.

Треба да се прифати дека дел од гужвата сме сите ние и не постои сообраќајно решение за rush hour.
Ја изгласаа ли забраната за слушалки?
Да.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.393
978
СИНХРОНИЗИРАНИ СЕМАФОРИ!!

Иначе нема поента да возиш со 50 и да не фатиш ниеден зелен семафор.
дали ќе ги казнуваат и тие што со мотори се пикаат низ редиците автомобили?

кој ќе ги казнува тие од МВР кои треба да ги синхнонизираат семафорите?

многу пати гледам не синхнонизирани семафори кои прават безпотребни гужви.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
многу пати гледам не синхнонизирани семафори кои прават безпотребни гужви.
Тоа ти е тој бенефит што го гледаме со години од „сообраќајните контролори“. Претходниот систем без човечки инпут не го биваше, овие откога дојдоа се опраивме. :)
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.107
2.343
Тоа ти е тој бенефит што го гледаме со години од „сообраќајните контролори“. Претходниот систем без човечки инпут не го биваше, овие откога дојдоа се опраивме. :)
Сообраќајот во Скопје е лош од повеќе причини од кои најмалку е крив системот за контрола на сообраќај.

Културата на сообраќајот на пониско ниво никогаш не била. Кога споредуваш со претходниот систем треба да земеш во предвид дека бројот на возила е многу зголемен во споредба пред да се имплементира автоматскиот систем.

Новите камери доаѓаат со нови можности за контрола на сообраќајот ќе видиме што ќе биде од тоа.

Студија за Скопје во 2011г.

Зелени бранови функционираат само кога не е заситен сообраќајот и само за една насока на движење. Кога ќе се исполни капацитетот на лентата само се закочува дополнително се колку и да трае зелениот бран.

Поради тоа од споредните правци скоро е невозможно да стигнеш некаде кога се фиксни системите.

Моментално многу голем проблем во Скопје е што поминуваат луѓе на црвено и ја закочуваат раскрсницата така, затоа што нема место за нив. Значи системот на време го изгасил семафорот ама раскрсницата е пак закочена.

Друг проблем е на многу места една од лентите е блокирана од паркирани коли постојано и тоа прави проблеми. Наводно тоа ќе се казнува со камерите.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
Зелени бранови функционираат само кога не е заситен сообраќајот и само за една насока на движење. Кога ќе се исполни капацитетот на лентата само се закочува дополнително се колку и да трае зелениот бран.
Oва многу пати сме го дискутирале. ОК, кога се гужви - гужви се... Но никој никогаш нема одговорено - зошто побогу не ги пуштаат тие зелени бранови кога не е заситен сообраќајот.

Навечер на пример и многу рано наутро? Зарем мора и кога нема гужви да нѐ зaeбaвaат? Ги мрзи да го пуштат системот во тој мод на работа? Постои ли логично објасување за малтретирањето што ни го прават на празни улици со тргни застани на секој eбaн семафор. Буквално на секој семафор.

И што е со пешачките семафори што 24/7 се пуштат кога нема пешаци? Дури и навечер на места каде ни дење нема (многу) пешаци. Пошто ако веќе ги плаќаме тие контролорите, па нека контролираат и нека си ја работат работата. Зошто со децении мора да бараме да уведат едноставни ултра евтини можности со КОПЧЕ ЗА СТИСКАЊЕ кога пешак сака да помине?
После оволку години ова станаа реторички прашања. Никој (од надлежните) не ги одговара.
 
Skorp

hello world
25 август 2016
491
509

Ова е веќе научна фантастика. И грешка е тоа горе на членот што вика дека семафорите немале голем удел у гужвата, огромен удел имаат у гужвата. Драстично би се намалила гужвата да има систем што функционира и се санкционираат тие што паркираат на 5 мин во трета лента. Овие проблеми многу лесно се решаваат. Тоа за културата, време треба и казнување.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Oва многу пати сме го дискутирале. ОК, кога се гужви - гужви се... Но никој никогаш нема одговорено - зошто побогу не ги пуштаат тие зелени бранови кога не е заситен сообраќајот.

Навечер на пример и многу рано наутро? Зарем мора и кога нема гужви да нѐ зaeбaвaат? Ги мрзи да го пуштат системот во тој мод на работа? Постои ли логично објасување за малтретирањето што ни го прават на празни улици со тргни застани на секој eбaн семафор. Буквално на секој семафор.

И што е со пешачките семафори што 24/7 се пуштат кога нема пешаци? Дури и навечер на места каде ни дење нема (многу) пешаци. Пошто ако веќе ги плаќаме тие контролорите, па нека контролираат и нека си ја работат работата. Зошто со децении мора да бараме да уведат едноставни ултра евтини можности со КОПЧЕ ЗА СТИСКАЊЕ кога пешак сака да помине?
После оволку години ова станаа реторички прашања. Никој (од надлежните) не ги одговара.

Пред години, кога ги извадија бројачите за црвено / зелено светло на семафорите, објавија дека е купен софтвер кој ќе ги контролира семафорите во зависност од количината на сообраќај во одредено време и демек софтверот (од кога ќе се поврзеле сите семафори со оптички каблови на системот и петелките во асфалтот пред семафорите) во првите 6 месеци ќе ги „учи“ гужвите во сообраќајот и навиките на населението, а потоа автоматски ќе го регулира сообраќајот / зелениот бран / дење - ноќе / утринска гужва - попладневна гужва / првенство на амбулантни возила - противпожарни возила...

Пред неколку месеци во случаен разговор дознав дека скапо платениот софтвер за контрола на сообраќајот нема никогаш да почне да функционира затоа што оптичките кабли ги поставила електро инсталатерска фирма за јакострујни инсталации и речиси сите оптички влакна биле уништени од несоодветно вградување...

Ова треба да го потврди сигурен извор, јас сеуште не можам да поверувам што слушнав.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
Ова треба да го потврди сигурен извор, јас сеуште не можам да поверувам што слушнав.
Oвде сѐ е можно. Всушност повеќе би ме изненадило кога нешто функционира како што е договорено/рекламирано.

Знам само дека на надлежните не им верувам ништо а истовремено со свои очи ги гледам разликите и проблемите. Порано не само касно навечер во ниедно време туку и попладне пред стемнување си имаше зелени бранови и лагано можеше да се извози од Лисиче до Ѓорче со минимален број застанувања на семафор, и со терање некои 40-50 км/ч.

Сега демек целта било да се избегнат гужви. Ок кога се шпицовите, ама сега и касно навечер во ниедно време, и наутро со часови пред гужвите, значи кога нема абер од никакво правење гужви во сообраќајните јазли - сега 24/7 го имаме истото безвезно смарање со застанување на буквално секој семафор. Тоа никако да се разбереме со @DarthJe5us
Мислењето е автоматски споено:

И она дигањето аута за викенди и за празници, а во шпицовите и во сообраќајните гужви игнорирање на застанати со 4 жмигавци... И тоа никако не можам да го разберам.

Празнично си лапаат џандарите, или работат за да има некаков ефект?
 
25 ноември 2014
1.547
1.984
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Само кружни текови место раскрсници и ете ви решен проблем.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.426
5.585
Зелени бранови функционираат само кога не е заситен сообраќајот и само за една насока на движење. Кога ќе се исполни капацитетот на лентата само се закочува дополнително се колку и да трае зелениот бран.

Поради тоа од споредните правци скоро е невозможно да стигнеш некаде кога се фиксни системите.
Поентата на зелениот бран не е долго да трае зеленото светло, туку да се отвора зелено како што наидуваш на семафорот за да може сообраќајот непрекинато да тече. А колку ќе трае зелено кажува пресметката, не може да е произволно и не треба да се продолжува или крати затоа што моментално на некоја раскрсница или повеќе или помалку возила. Може единствено фазно да се поместува.
Џабе е зелено за право на една раскрсница кога не следната е црвено и ја држи колоната и немаш каде да се приклучиш.

Сега имаме црвен бран, како се пали зелено на еден семафоро на следниот се пали црвено и повторно се чека цел циклус.
Не знам дали тие што се одговорни не се способни да го подесат или намерно не го прават тоа.

Покрај зелениот бран, треба да се репрограмираат оние раскрсници каде што е зелено за право и лево и истовремено зелено за право од спротивен правец, како што е онаа кај собрание и градска напр. Секаде каде што има просторна можност да се заменат семафорите со кружни текови.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно