Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.298
11.835
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Па, ова ти што го изнарече, тоа не се бели мечки - тоа се сите учесници во сообраќајот во Скопје...
Тоа беше рант додатно на белите мечки а во контекст на темата.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
705
1.005
Баш ме интересира овие со точаци и тротонети што прелетуваат од патека на пешачки, дали и нив ќе ги перцаат.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Читајќи коментари и гледајќи анкети по телевизии, гледам преовладува некој специфичен сентимент на општа пизма (хејт по ново) буквално кон се и желба/потреба од општ реваншизам. Се аплаудира на остри/строги санкции, најави за казнена политика итн, и сите што коментираат завземаат некаква идеализирана позиција како да не се однесува на нив тоа туку на некој друг што греши/крши закони, плука, фрла отпад, вози ко стока, збори на телефон, дава мито/брка врски итн...

Во превод, сите сме чисти, ама ете некој друг таму греши во континуитет, тој некој нема име/презиме/лик, ние не го знаеме кој е и затоа е "работа на институциите", камерите, итн. да го пронајдат и да го казнат - кога тоа ќе се реши конечно ќе не биде.

35 години "независност", 35 години некој друг е крив, анонимен душман, ѓаол, шејтан, ама ние од прв до последен "топ-че до топ-че" (ова топ го замени супер, не знам дали има понов термин).

Во реалност, ова е морално колабирано општество, тотално имплодирано кое си лета на автопилот и чека генетски инженеринг да напредне до ниво да може Др. Тито да биде клониран за да ги оправи работите (и Аца на Коњ, ако го најдат).

Општа култура не може да се изгради ако нема лична култура која зависи од лична одговорност - а очигледно ние сме оперирани од тој феномен па ќе делегираме арбитража на некакви си камери, институции, господ - инфантилно и индолентно однесување.

Во меѓувреме, секој втор, буквално, вози со телефон во рака. Има ликови со телефон во лева рака, бурек во десна рака, волан со колено (.. ии како даваш/гас кочиш? .. со к*рот бе брат, хаха/хаха).

Едно време жолто беше новото зелено, потоа првите 5 секунди црвено (после жолто) станаа новото зелено, па сега некако мислам тоа се оправи па пак е жолто новото зелено, барем во по-отесаниот дел од Ск.

Шпиц веќе нема во одредени саати, шпиц е цел ден, 80% од возачите се сами во кола. Главниот град има радиус од некои 6км.

Со просечен од се стигнува од било која точка до центар за:
а) 1 час пешки, (6км/ч)
б) 15 минути со тротинет/велосипед (25км/ч)
в) 35 минути со автомобил
Според горната математика, нашиот бистар и античко биЛБиски народ, смета дека најдобра е опцијата под в) - затоа што роса, температура под 30с, промаја, сонце или облаци се опасни по живот и најдобро е да си во кола (башка голф, 1.9 тедеј, не троши, шо ќе одам, или на плин ја напраив брат-брат, упаљач еј, стаам и не мислам!).

Да не правиме муабет дека има буквален автопат за пешаци/велосипедисти/тротинетџии покрај кеј на Вардар од Ѓорче до Лисиче (некои 10-12км непрекината рута, со две ленти, покрај река, убав тревник, парк и газови во новите модели на хеланки што подобро дефинираат).

Нејсе, камерите ќе го оправат сообраќајот како што субвенците за инвертери го оправија воздухот на зима. Ова ќе биде уште едно сидро што ќе не влече напред.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Имаше пред некоја година анкета. Како од 1 до 5 го оценувата вашето возење. Просечната оцена беше 4.
Како го оценувате возењето на останатите возачи во сообраќајот? Просечната оцена беше 1.
Е до таму сме.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.723
За сѐ е така. Вината е кај другиот. Сообраќајот го забележуваме, што сѐ друго не се случува во другите сфери на живеењето...
Воспитанието и образованието се коренот на сите проблеми тука. Еден наш познат мислител од Дубаи би рекол ДИЗАСТРОФИ!

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.235
2.670
сум за казнување али треба и пешаци да се казнуваат. Да има некаков facial recognition и да прати кои поминуваат со телефон у раце, кои поминуваат на необележано итн.
 
Kiro619

hello world
5 август 2015
142
106
сум за казнување али треба и пешаци да се казнуваат. Да има некаков facial recognition и да прати кои поминуваат со телефон у раце, кои поминуваат на необележано итн.
Мислам има казни за користење на слушалки/телефон за време на поминување на пешачки. Линк
1746778479027.png
 
k3rnel

read-only
10 октомври 2017
5
2

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.526
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Освен ако нема препознавање (facial recognition), а мислам нема :), ќе треба на лице место да се казнуваат пешаци, велосипедисти, тротинеташи. Може на пример еднаш неделно во живо додека гледаат камери да јавуваат на патроли кои се во близина и да ги сопираат овие прекршители и да ги казнуваат.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
Мислам има казни за користење на слушалки/телефон за време на поминување на пешачки. Линк
Женско, пуштена долга коса, со блутут слушалки во уво. Оди познај дека носи слушалки.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.526
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Македонецот е доста креативен кога се работи за надмудрување на системот.
Инаку ова решение не се носи со цел да стојат полицајци на секој чекор и да ги тераат жените да ја тргаат косата за да видат дали носат слушалки или било кој пешак затоа што е тешко да се фати некој.
Се додава како член за да има основа да се казни некој доколку на пример прави прекршок и е забалежан. Карикирам - се удира некој со велосипед во автомобил и гледаш дека носи слушалки. Ако нема ваков член во законот на никого ништо, ако има треба да добие дополнителна казна.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016

Да, но целта е за превенција да се казнуваат, а не по сторено дело. Друга е поентата, да ако возиш велосипед, тротинет и автомобил и имаш слушалки очигледно губиш можност реагираш на одредена ситуација, но дали на лицата со намален слух им се забранува да користат велосипед, тротинет или автомобил? Од тој поглед може законов да падне на уставен.

Друга работа, што се случува со возачите кои користат хендс фрее или слушаат гласна музика во автомобил, и тие имаат намалена можност за реакција.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.526
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Да, но целта е за превенција да се казнуваат, а не по сторено дело. Друга е поентата, да ако возиш велосипед, тротинет и автомобил и имаш слушалки очигледно губиш можност реагираш на одредена ситуација, но дали на лицата со намален слух им се забранува да користат велосипед, тротинет или автомобил? Од тој поглед може законов да падне на уставен.

Друга работа, што се случува со возачите кои користат хендс фрее или слушаат гласна музика во автомобил, и тие имаат намалена можност за реакција.
Секогаш кога коментираме вакви работи треба да се потсетиме на две работи па потоа да коментираме:

  • Дали се согласуваме дека тоа и тоа (еве во случајов да бидеш учесник во сообраќај како пешак или велосипедист или тротинет) е правилно или неправилно. Сите ќе се согласиме дека слушалки не треба да се користат.
  • Како предметот на расправа е решен во странски земји каде сообраќајот е на повисоко ниво отколку тука - малку сообраќајни незгоди. Сите овие прашања се веќе одговорени вклучувајќи и дали човек со вештачка нога може да вози велосипед, дали наглув може да вози тротинет, дали слеп човек може да биде пешак, дали доколку двајца се возат на тротинет казна плаќа и тој што се вози од позади, дали може да се вози велосипед со три седишта на велосипедска патека, дали можам да имам капче со вентилатор додека се возам и слично.

Интересно е како мозокот при секоја промена оди кон некои исклучоци или речиси фантастични ситуации кои најчесто на никаков начин не те засегаат. Дајте промени па ако не чинат законите се менуваат.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Секогаш кога коментираме вакви работи треба да се потсетиме на две работи па потоа да коментираме:

  • Дали се согласуваме дека тоа и тоа (еве во случајов да бидеш учесник во сообраќај како пешак или велосипедист или тротинет) е правилно или неправилно. Сите ќе се согласиме дека слушалки не треба да се користат.
  • Како предметот на расправа е решен во странски земји каде сообраќајот е на повисоко ниво отколку тука - малку сообраќајни незгоди. Сите овие прашања се веќе одговорени вклучувајќи и дали човек со вештачка нога може да вози велосипед, дали наглув може да вози тротинет, дали слеп човек може да биде пешак, дали доколку двајца се возат на тротинет казна плаќа и тој што се вози од позади, дали може да се вози велосипед со три седишта на велосипедска патека, дали можам да имам капче со вентилатор додека се возам и слично.

Интересно е како мозокот при секоја промена оди кон некои исклучоци или речиси фантастични ситуации кои најчесто на никаков начин не те засегаат. Дајте промени па ако не чинат законите се менуваат.
Промената треба да биде едно нешто, моменталните закони да се почитуваат, ти како пешак или велосипедист да имаш предност во сообраќајот на места каде што треба да имаш предност. Сообраќајната култура, како и свесноста дека покрај тебе живее и некое друго суштество се создава од мали нозе. Ова е исто како и со другите закони, што различна власт ги враќа на претходна состојба или паѓаат на уставен ради copy paste.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Читајќи коментари и гледајќи анкети по телевизии, гледам преовладува некој специфичен сентимент на општа пизма (хејт по ново) буквално кон се и желба/потреба од општ реваншизам. Се аплаудира на остри/строги санкции, најави за казнена политика итн, и сите што коментираат завземаат некаква идеализирана позиција како да не се однесува на нив тоа туку на некој друг што греши/крши закони, плука, фрла отпад, вози ко стока, збори на телефон, дава мито/брка врски итн...

Во превод, сите сме чисти, ама ете некој друг таму греши во континуитет, тој некој нема име/презиме/лик, ние не го знаеме кој е и затоа е "работа на институциите", камерите, итн. да го пронајдат и да го казнат - кога тоа ќе се реши конечно ќе не биде.

35 години "независност", 35 години некој друг е крив, анонимен душман, ѓаол, шејтан, ама ние од прв до последен "топ-че до топ-че" (ова топ го замени супер, не знам дали има понов термин).

Во реалност, ова е морално колабирано општество, тотално имплодирано кое си лета на автопилот и чека генетски инженеринг да напредне до ниво да може Др. Тито да биде клониран за да ги оправи работите (и Аца на Коњ, ако го најдат).

Општа култура не може да се изгради ако нема лична култура која зависи од лична одговорност - а очигледно ние сме оперирани од тој феномен па ќе делегираме арбитража на некакви си камери, институции, господ - инфантилно и индолентно однесување.

Во меѓувреме, секој втор, буквално, вози со телефон во рака. Има ликови со телефон во лева рака, бурек во десна рака, волан со колено (.. ии како даваш/гас кочиш? .. со к*рот бе брат, хаха/хаха).

Едно време жолто беше новото зелено, потоа првите 5 секунди црвено (после жолто) станаа новото зелено, па сега некако мислам тоа се оправи па пак е жолто новото зелено, барем во по-отесаниот дел од Ск.

Шпиц веќе нема во одредени саати, шпиц е цел ден, 80% од возачите се сами во кола. Главниот град има радиус од некои 6км.

Со просечен од се стигнува од било која точка до центар за:
а) 1 час пешки, (6км/ч)
б) 15 минути со тротинет/велосипед (25км/ч)
в) 35 минути со автомобил
Според горната математика, нашиот бистар и античко биЛБиски народ, смета дека најдобра е опцијата под в) - затоа што роса, температура под 30с, промаја, сонце или облаци се опасни по живот и најдобро е да си во кола (башка голф, 1.9 тедеј, не троши, шо ќе одам, или на плин ја напраив брат-брат, упаљач еј, стаам и не мислам!).

Да не правиме муабет дека има буквален автопат за пешаци/велосипедисти/тротинетџии покрај кеј на Вардар од Ѓорче до Лисиче (некои 10-12км непрекината рута, со две ленти, покрај река, убав тревник, парк и газови во новите модели на хеланки што подобро дефинираат).

Нејсе, камерите ќе го оправат сообраќајот како што субвенците за инвертери го оправија воздухот на зима. Ова ќе биде уште едно сидро што ќе не влече напред.
Тоа е тоа! Освен последниот пасус!
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.723
Женски на пешачки со слушалки во уши НЕ УБИВААТ.
Машки зад волан со телефон во раце УБИВААТ.
Види ја статистиката ако не можеш да сфатиш
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.235
2.670
Женски на пешачки со слушалки во уши НЕ УБИВААТ.
Машки зад волан со телефон во раце УБИВААТ.
Види ја статистиката ако не можеш да сфатиш

Несовесноста убива. И носење слушалици и необраќање пажња на околината е несовесност.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.526
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Промената треба да биде едно нешто, моменталните закони да се почитуваат, ти како пешак или велосипедист да имаш предност во сообраќајот на места каде што треба да имаш предност. Сообраќајната култура, како и свесноста дека покрај тебе живее и некое друго суштество се создава од мали нозе. Ова е исто како и со другите закони, што различна власт ги враќа на претходна состојба или паѓаат на уставен ради copy paste.
Многу демагошки од твоја страна. Очигледно со колегата @kirev сте анти-кола лоби па барате некакви оправдувања. Сакате со слушалки да се движите каде сакате, да проаѓате на улица било каде, а возачите на коли со страв да го поминуваат секој метар возејќи 10 на саат. Е па не може. Казни за сите - несовесни возачи на коли, автобуси, тротинети, велосипеди и секако пешаци.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.526
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Се сомневав подолг период, а последниве нивни објави ми ги потврдија тие сомневања. Се работи за мала група тротинеташи кои на перфиден начин се обидува да ја спречи употребата на автомобили.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Баш ме интересира како би го извеле ова. Нели автомобилот е приватна сопственост?
Како функционира ова ако е со туѓо возило прекршокот?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
Како функционира ова ако е со туѓо возило прекршокот?
Ако управувате моторно возило без возачка дозвола, а притоа тој што е сопственик на возилото вие е родител, брат, сестра и ткн. и го знае фактот дека го управувате возилото, возилото се одзема задолжително.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Многу демагошки од твоја страна. Очигледно со колегата @kirev сте анти-кола лоби па барате некакви оправдувања. Сакате со слушалки да се движите каде сакате, да проаѓате на улица било каде, а возачите на коли со страв да го поминуваат секој метар возејќи 10 на саат. Е па не може. Казни за сите - несовесни возачи на коли, автобуси, тротинети, велосипеди и секако пешаци.
Се знае каде се движат пешаци и каде проаѓаат улица, се знае како возач на автомобил се однесува во нормална држава, и моменталните закони се добри ако се почитуваат или има кој да го контролира нивното почитување, едноставно е. Си прошетал во некоја развиена држава да видиш како функционира сообраќајот?
 
HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Дечки на ЕНЕР ги имате објавено законите за безбедност во сообраќајот и законот за прекршоци. Прочитајте ако ве интересира и може да дадете ваши забелешки, плус не е лошо да се дадат и забелешки за овозможување на камера во кола (dash cam).

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв