Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Повраток на средства од Марнет

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
Тоа е дефинирање кој има право да регистрира домен .мк. Тоа право го користиш преку регистранти, а не преку марнет.
Како да влезеш во полициск станица и да бараш да ти ја регистрираат колата. Тоа право го правиш преку станици за технички преглед каде има и претсавник на мвр.
 
stefan

lurker
13 април 2007
713
552
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS

Како што реков, и пак ке повторам....

Никаде не е јасно наведено дека регистрацијата мора да се изврши преку овластен регистратор. Одредбата е двосмислено и нејасно формулирана и остава простор за различно толкување, а според мене е и контрадикторна со начинот на кој МАРнет ми одговори.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
Како што реков, и пак ке повторам....

Никаде не е јасно наведено дека регистрацијата мора да се изврши преку овластен регистратор. Одредбата е двосмислено и нејасно формулирана и остава простор за различно толкување, а според мене е и контрадикторна со начинот на кој МАРнет ми одговори.
Имаат америте една добра изрена која накратко ја означуваат: FAFO
Те разбирам тоа што го кажуваш, но веројатно тоа дека нема регистрација преку марнет е изгубено во превод и се подразбира за скоро сите.
Тоа што не ти одговараат на пораките е безобразно во најмала мерка.
Ама разбери, државни службеници во лето се на одмор :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.879
5.591
Сакаше да заштедиш 300-350ден. Измилуваше топла вода, дека сите ние другите сме глупи што идеме преку овластени регистратори. Не поднесуваш званична жалба до органот. Сакаш да добиеш одговор од државен орган одма/веднаш. Си има рокови, си има постапка...
Што мислиш кој овде малку се излетува многу со паметот?
 
stefan

lurker
13 април 2007
713
552
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Сакаше да заштедиш 300-350ден. Измилуваше топла вода, дека сите ние другите сме глупи што идеме преку овластени регистратори. Не поднесуваш званична жалба до органот. Сакаш да добиеш одговор од државен орган одма/веднаш. Си има рокови, си има постапка...
Што мислиш кој овде малку се излетува многу со паметот?
Ете опет квази дефектен одговор , не ти требаше ова воопшто.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.879
5.591
Нит е квази, нит дефектен. Само не ти одговара. Ама ако де, терај.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.111
7.798
Ете опет квази дефектен одговор , не ти требаше ова воопшто.
Омилениот спорт на просечен член на форумот е да дискутира за членовите наместо за фактите... Емтое

И ова е намерно дискусија за членови, за да бидам у тон
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.117
3.604
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.752
3.437
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
@stefan марнет не е регистар каде што ти како физичко лице можеш да регистрираш домен. Регистрацијата на домени оди преку овластени регистратори. Она што ти го го имаш видено во делот тарифник како и најверојатно барањето за регистрација, е примерок за регистраторите кои треба да го користат при комуникација со марнет (ресурси за регистратори).

Јас го пингав @bidikov на твитер да ја посети темава и да каже најточно како е, се надевам во теков на неделава ќе се вклучи да пише. И се надевам дека како човек кој е поставен на таа позиција ќе направи мало ажурирање на сајтот како не би дошло до вакви збунки...
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.752
3.437
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Дополнување: Не знам дали е до мене или нешто се промени во стилот на изгледот на сајтот ама целиот е дефектен со темни бои и боја на букви иста со позадината. Највероајтно некој прави некакви измени на самиот сајт.
 
stefan

lurker
13 април 2007
713
552
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Дополнување: Не знам дали е до мене или нешто се промени во стилот на изгледот на сајтот ама целиот е дефектен со темни бои и боја на букви иста со позадината. Највероајтно некој прави некакви измени на самиот сајт.

Самото тоа ти кажува дека ништо не се работи таму. Користат WordPress template, преведен и изменет на македонски јазик. Само не ми е јасно како ги лепат тие титули на вработените "Професор" "Доктор" и останати... а да немаат појма ни два реда код да напишат.

Па ако не знаеш да кодираш, 2026 година сме , имаш готови AI алатки кои ке ти склопат web page за помалку од 5 минути.

Затоа сме дојдени до ова дереџе. Сајтовите на државните институции често имаат сериозни безбедносни пропусти, делумно се "склепани" набрзина само за да се извлечат пари од државниот буџет и се наплатени огромни суми. Оставени се така без редовен maintenance и updates, а дел од нив користат застарени верзии на WordPress со еден куп познати exploits.
 
Последна промена:

bidikov

hello world
8 април 2007
54
42
vladislav.bidikov.com.mk
Здраво Стефан,

Благодарам за „убавите зборови“ кон мене лично и кон институцијата.

Во продолжение дел одговори од мене лично за да работите се појасни...

1. Комуникацијата е двонасочна улица - самиот ја прикажа маил пораката во која доби одговор и во која од тебе беше побаран документ соодветен за реализација на поврат на средства. До моментов таков документ од тебе или од твојата банка преку која си ја извршил погрешната уплата на средства не е пристигнат. Согласно Закон во случај кога граѓанин има уплатено погрешни средства кон буџетски корисник таквиот документ е основа за да се изврши рефундација освен во случаите кога плакашето е со платежна картичка (што во нашиот случај тоа не е така).
Сепак, МАРнет по службена должност се обрати по добиената порака од тебе до соодветната банка при што во почетокот на септември добивме соодветни податоци за да се изврши повратот на средства па сега очекувам неделава да ги видиш средствата рефундирани.

Лично сметам дека не е во ред тука да прикажуваш некаков игнорантски однос од институцијата, но и ти самиот не си одговорил на добиениот одговор од институцијата.

2. Од твоите пораки се добива чуство дека сите институции се исти и дека ништо никако не функционира. Заедницата ќе се согласи дека тоа не е така и дека некогаш треба време работите да мрднат од точката во која застанале. МАРнет е една од тие институции која во 2026 има повеќе предизвици - премалку кадар, ограничени/премали финансии и очекувања од заедницата бидејќи во декември 2026 институцијата конечно доби шанса да направи сериозен исчекор во модернизација и дигитализација. Можеби ако го прочиташ интевјуто од пред некое време ( Интервју со Владислав Бидиков: Нов циклус на техничка револуција во МАРнет ⋆ IT.mk ) и ако малце разгледаш низ заедницава за техничките капацитети на директорот изминативе 15+ години ќе видиш дека и покрај сите овие пречки се работи интензивно со она што го имаме и со огромна поддршка од ИКТ заедницата.

3. Твојата забелешка дека на сајтот не е експлицитно прикажано дека освен со овластените Регистратори (18 правни лица плус неколку нови кандидати) и со Државни институции е сосема во ред. Со оглед дека веќе сме во процес на модернизација и ребрендирање на сајтот во делот кај тарифникот јасно ќе додадеме информации дека физичките и правни лица операциите со .mk и .мкд треба да ги вршат исклучиво преку овластени Регистратори. Оваа информација не е досега таму бидејќи пазарот е одамна либерализиран и оттука не сме имале случај каде што граѓаните прашувале (ниту платиле) за услугата - регистрација на домен. Сепак, кога ова се случи во 2026 со некој кој има високи ИТ познавања, сметам дека има потреба експлицитно да биде прикажано и соодветно адресирано.

Тука ќе застанам со дискусијата - највеќе поради фактот што несакам во оваа форма да дискутирам во однос на професионалноста во ИКТ заедницата (нешто што веќе и дел од другите на темава го посочија) и се надевам дека наместо ова негативност во следниот период ќе почнеш да имаш поинакво мислење па како и многу други компании и поединци ќе сакаш твојата експертиза (во случајот за мрежни уреди) да ја понудиш про-боно за институциите каде што потоа истата може да биде за доброто на сите.

Се надевам дека работите се сега појасни и останувам на располагање за дискусија со заедницата...

П.С:
Дел од портфолиото на изработени апликации оваа година на Директорот на МАРнет:
whois.marnet.mk
tools.marnet.mk
(и 5-6 интерни во рамките на институцијата)

Здраво Владислав,

Благодарам за одговорот и појаснувањето. Драго ми е што конечно се разјаснија работите.

Само би напоменал дека мојата забелешка беше токму за тоа што информацијата за задолжителната регистрација преку овластен регистратор не беше јасно наведена.
Добро е што најави дека тоа ке биде дополнето на сајтот, бидејкки така во иднина ке се избегнат вакви недоразбирања.

Во однос на уплатата како што кажав, не инсистирам нужно на поврат на средствата. Доколку постои можност доменот да се регистрира, слободно може да се искористи веќе извршената уплата за таа намена.

И само да напоменам дека барањето за поврат на средствата го имам испратено повекепати, што може да се види и од приложената email комуникација.

Од моја страна, со ова сметам дека работите се разјаснети.
Поздрав.
Screenshot 2026-09-08 130129.png
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно