Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Негативно искуство со Нексио

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Замислете колкав обрт има Нексио со дискови, за да има поддршка од добавувачот. :)
За нашиов пазар никој не се замара, не спојуваат со Албанија и Косово заедно за да имаат некаков интерес, да изгледа пазарот поголем. Играта е многу поголема од она што го дискутирате на форумов. Супер опишувате како треба да функционира еден пазар, само тоа се аплицира на пазари со 60 милиони луѓе и ИТ потрошувачка по глава на жител 10-15 пати поголема од нашата. Една Србија троши 7х повеќе по жител од нас. :)
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
Со оглед на малите маржи (околу 20%) и фактот дека немаат којзнае колкав обрт, сигурен сум дека немаат покритие од производителот или добавувачот. Ништо чудно овие "v2" да се набавени од сосема четврто место.
12.720 денари како профит ќе ги добијат од купувачот кога истиот ќе купи цела конфигурација во вредност над 1000 евра.
Многу е лесно да судиме од страна, ама ете пробајте отворете фирма, продадете 4 дискови, 5-тиот да рикне во гарантен рок го губиш профитот од останатите 4 и си на 0. Во случајов, набавната цена на новите е над онаа која ја платил клиентот.
Ај да не релативизираме за бизнис, ја носиш дискусијата во насока која воопшто не е релевантна.

Прашањето тука е - доколку дискот купен 150 еур по 2 години е 100 еур, ќе му го заменат или ќе му вратат 150еур во негов најдобар интерес?
Бидејќи ова што ти го бараш е да ја „разбереме“ компанијата, односно @AleksandarT да трпи во двата случаи.

Што не се грижеле они кога му наплатиле 150еур дали он може да си дозволи таков диск со животниот стандард во МК? Па дали ти знаеш дека дискот има иста цена во МК и во Шведска, каде што куповната моќ е 10 пати поголема?
Мислењето е автоматски споено:

Замислете колкав обрт има Нексио со дискови, за да има поддршка од добавувачот. :)
За нашиов пазар никој не се замара, не спојуваат со Албанија и Косово заедно за да имаат некаков интерес, да изгледа пазарот поголем. Играта е многу поголема од она што го дискутирате на форумов. Супер опишувате како треба да функционира еден пазар, само тоа се аплицира на пазари со 60 милиони луѓе и ИТ потрошувачка по глава на жител 10-15 пати поголема од нашата. Една Србија троши 7х повеќе по жител од нас. :)
Дали ти советуваш да купуваме од голем онлајн retailer со цел да добиеме светски призната гаранција и RMA во случајов?
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Ај да не релативизираме за бизнис, ја носиш дискусијата во насока која воопшто не е релевантна.

Прашањето тука е - доколку дискот купен 150 еур по 2 години е 100 еур, ќе му го заменат или ќе му вратат 150еур во негов најдобар интерес?
Бидејќи ова што ти го бараш е да ја „разбереме“ компанијата, односно @AleksandarT да трпи во двата случаи.

Што не се грижеле они кога му наплатиле 150еур дали он може да си дозволи таков диск со животниот стандард во МК? Па дали ти знаеш дека дискот има иста цена во МК и во Шведска, каде што куповната моќ е 10 пати поголема?

Јас барам/советувам да имате разбирање за двете страни. Верувам дека многу од вас што лаете доколку имате бизнис ќе постапите многу полошо.
И да, доколку падне цената на дискот и си добие нов, фирмата секако повторно трпи загуба, овој пат помала.
Мислењето е автоматски споено:

А ако дискот беше купен поскапо, а сега да е поефтин, пак ќе се постапеше исто?

Верувам дека ќе се дадеше друг соодветен или ист со цел да се минимизира загубата.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Многу е лесно да судиме од страна, ама ете пробајте отворете фирма, продадете 4 дискови, 5-тиот да рикне во гарантен рок го губиш профитот од останатите 4 и си на 0. Во случајов, набавната цена на новите е над онаа која ја платил клиентот.
Профитот, па профитот, па профитот,. Фак јор профит мен, а со купувачот што станува? Што е со неговиот трошок? Или к го боли продавачот?

Значи? Советот е батали македонски продавници, да купуваме онлајн или од Косово или од Грција? Тоа го сугерираш? Затоа што македонскиот купувач НЕ работи за профитот на продавачот.
П.С. НЕ ПОМИНУВА муабетот дека продавачот нема поддршка од производителот или од дистрибутерот. Не поминува тој муабет.
 
Целта на секој бизнис е да оствари профит. Не да ствара другарства и пријателства. Во случајов купувачот не изгубил ништо бидјеќи му е вратен целиот износ кој го платил, без разлика што го користел производот 2 години.
Советот е да имате разбирање, дека ова не е превара од епски пропорции како што ја претставувате. Дали можеле поинаку да постапат и да ја претрпат загубата ? Можеле. Дали една ваква постапка ќе им го потоне бизнисот ? Апсолутно не.
А за Косово, Грција, компјутерски универзум и други, бујрум купувајте. Сеуште никој немал никакво искуство на сервис со нив, можеби ќе излезат и полоши од нексио. ;) А дури и да се подобри, треба или да патувате, или да чекате и да плаќате поштарина, царина и данок. Разликата што ќе ја доплатите на нексио за нов диск можеби ќе биде смешна за останатите трошоци кај надворешни ритејлери. choose wisely.
 
Последна промена:
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Па ставањето /2 верзии на продукти што не постојат ако не е превара не знам што е... @Вајкинг

Како што веќе објаснив, намалуваат загуба.
На тројца како тебе со расипан диск набавен по пониска цена да им го заменат со нов набавен поскапо, отиде заработката од сите дискови што ги продале.
И сега стави се во нивна позиција. Си обезбедил транспорт, плаќаш трошоци, плати на вработени, и уште промените во индустријата со хардвер на свој грб да ги носиш..
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
П.С. НЕ ПОМИНУВА муабетот дека продавачот нема поддршка од производителот или од дистрибутерот. Не поминува тој муабет.
Мене ова ме чуди, освен ако не е по некои сомнителни канали, мора да има трага до AD и потоа да се активира гаранција.

Она што ме наведува да мислам е дека @xenon е во право, фирмава не би се бламирала за 3000 денари. Но, што ако сумата е 6.000 денари?

Односно Нексио си активира гаранција и наместо да даде диск од 12.000 денари и да изгуби 3000 денари приход, они враќаат 9.000 денари и добиваат два диска од 12.000 денари, т.е. +6.000 денари приход.
Мислењето е автоматски споено:

Верувам дека многу од вас што лаете доколку имате бизнис ќе постапите многу полошо.
Имаш бизнис? Јас имам, а и сум вмешан во таа област и од друга страна да кажеме. Целта на бизнисот ако е само профит тогаш тоа е бизнис кој кратко ќе трае. Прочитај си Парето правило за приходи на компанија.

Дали една ваква постапка ќе им го потоне бизнисот ? Апсолутно не.

Не заборавај дека на форумов имаме група на луѓе кои не се просечни потрошувачи, туку бренд евангелисти. Ако почне да ги губи нив, компанијата добива огромна „колатерална“ штета (не е баш колатерална, ама еве невидлива). Тоа се луѓе што во нивните кругови се експерти за PC, па даваат препораки.

Јас барам/советувам да имате разбирање за двете страни.

И јас ти побарав тоа, каде е разбирањето за Александар? Ако била цената сега пониска, ќе му врателе 150 еур за да си купи подобар диск?

Извини, ама за компанија која менува модел на производ своеволно не можам да имам разбирање.
Мислењето е автоматски споено:

И сега стави се во нивна позиција. Си обезбедил транспорт, плаќаш трошоци, плати на вработени, и уште промените во индустријата со хардвер на свој грб да ги носиш..
Така е Вајкинг, вака @AleksandarT има прилика да ги носи на свој грб промените во индустријата. Еднаш го платил дискот по фул цена за да им направи бизнис, а сега ќе го доплати за да им помогне дополнително во бизнисот.
Освен ако нема акции или сопствеништво во фирмата, не знам зашто е нормално да се очекува ова од него?

Нексио овластен дилер ли се на WD? Или се на ниво на мобиларине што носат се и сешто? Барем да знаеме...
 
Последна промена:
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Мене ова ме чуди, освен ако не е по некои сомнителни канали, мора да има трага до AD и потоа да се активира гаранција.

Она што ме наведува да мислам е дека @xenon е во право, фирмава не би се бламирала за 3000 денари. Но, што ако сумата е 6.000 денари?

Односно Нексио си активира гаранција и наместо да даде диск од 12.000 денари и да изгуби 3000 денари приход, они враќаат 9.000 денари и добиваат два диска од 12.000 денари, т.е. +6.000 денари приход.
Мислењето е автоматски споено:

Имаш бизнис? Јас имам, а и сум вмешан во таа област и од друга страна да кажеме. Целта на бизнисот ако е само профит тогаш тоа е бизнис кој кратко ќе трае. Прочитај си Парето правило за приходи на компанија.

Не заборавај дека на форумов имаме група на луѓе кои не се просечни потрошувачи, туку бренд евангелисти. Ако почне да ги губи нив, компанијата добива огромна „колатерална“ штета (не е баш колатерална, ама еве невидлива). Тоа се луѓе што во нивните кругови се експерти за PC, па даваат препораки.

И јас ти побарав тоа, каде е разбирањето за Александар? Ако била цената сега пониска, ќе му врателе 150 еур за да си купи подобар диск?

Извини, ама за компанија која менува модел на производ своеволно не можам да имам разбирање.
Мислењето е автоматски споено:

Така е Вајкинг, вака @AleksandarT има прилика да ги носи на свој грб промените во индустријата. Еднаш го платил дискот по фул цена за да им направи бизнис, а сега ќе го доплати за да им помогне дополнително во бизнисот.
Освен ако нема акции или сопствеништво во фирмата, не знам зашто е нормално да се очекува ова од него?

Нексио овластен дилер ли се на WD? Или се на ниво на мобиларине што носат се и сешто? Барем да знаеме...
1. Со ова докажуваш дека буквално немаш појма што се случува со индустријата за ИТ опрема. Носиш заклучоци и шириш дезинформации без НИКАКВА инсајдерска информација. За разлика од тебе што си вмешан од друга страна, јас сум директно вмешан (од прва страна што би рекол ти) (немам допирна точка со Нексио патем) и ти кажувам дека за малиот обрт што го прави нашата држава поделен на неколку фирми, на многу малку производители им е гајле што се случува тука и многу малку од нив нудат било каква поддршка. Според тебе чим нема поддршка, сигурно е „СОМНИТЕЛЕН“ каналот на набавка. Sorry, it doesn't work like that.

2. Форумов е 0.01% од потрошувачите во Македонија, и влијанието е многу многу помало од што мислиш. Еве за пример @xenon пред неколку месеци им се налути на Анхоч и јавно ги критикуваше дека не му дале дилерска цена, па еве гледам почнаа да ги затвараат сите продавници.
А и не сите на форумов се согласуваат дека ова е некаква голема превара. Лично постапкава нема да ме спречи да купам од кај нив. Кога ќе имаат одреден производ кој ми треба по најдобра цена на пазарот, и јас и ти и многу други ќе го свиткаат опашот на принципите и ќе купат од таму.

3. Александар ја добил целата сума што ја платил. Воопшто не е во загуба. Нексио ја изгубиле сумата што ја платиле за набавка и сумата што ја добиле од Александар.

4. Само затоа што не се овластени дилери на WD или на било кој бренд не значи дека се на ниво на мобиларите. и WD самите по себе не се некој бренд познат по чест и поддршка за купувачите. Всушност е еден од поконтраверзните брендови на пазарот.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.526
Skopje
www.wemaxa.com
Проблемот реков, е ствар на вкус. Нексио одиграл како што одиграл - во рамки на законот. Александар одиграл како што одиграл, негови пари негово право. Наместо вртење во круг, фино би било некој да ги извести Нексио и да искоментираат на темава затоа што со чесни исклучоци тука претежно се малопотрошувачи и се завзема страната која е од интерес на купецот а не продавачот. Секој си го гледа своето нормално но бидејќи сме мал пазар, реално ние немаме капацитет за америчкото "The customer is always right". Нејсе, @D или некој друг сигурно може да издејствува некаков официјален допис од Нексио што можеби ќе ја појасни целата ситуација подетално.
 
18 август 2019
1.210
1.174
Јас барам/советувам да имате разбирање за двете страни. Верувам дека многу од вас што лаете доколку имате бизнис ќе постапите многу полошо.
И да, доколку падне цената на дискот и си добие нов, фирмата секако повторно трпи загуба, овој пат помала.
Само да прашам зошто постои гаранција и зошто служи? За изигрување на потрошувачите?
3. Александар ја добил целата сума што ја платил. Воопшто не е во загуба. Нексио ја изгубиле сумата што ја платиле за набавка и сумата што ја добиле од Александар.
Александар е во загуба. Платил уште 2 000 за диск.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
1. Со ова докажуваш дека буквално немаш појма што се случува со индустријата за ИТ опрема. Носиш заклучоци и шириш дезинформации без НИКАКВА инсајдерска информација. За разлика од тебе што си вмешан од друга страна, јас сум директно вмешан (од прва страна што би рекол ти) (немам допирна точка со Нексио патем) и ти кажувам дека за малиот обрт што го прави нашата држава поделен на неколку фирми, на многу малку производители им е гајле што се случува тука и многу малку од нив нудат било каква поддршка. Според тебе чим нема поддршка, сигурно е „СОМНИТЕЛЕН“ каналот на набавка. Sorry, it doesn't work like that.

2. Форумов е 0.01% од потрошувачите во Македонија, и влијанието е многу многу помало од што мислиш. Еве за пример @xenon пред неколку месеци им се налути на Анхоч и јавно ги критикуваше дека не му дале дилерска цена, па еве гледам почнаа да ги затвараат сите продавници.
А и не сите на форумов се согласуваат дека ова е некаква голема превара. Лично постапкава нема да ме спречи да купам од кај нив. Кога ќе имаат одреден производ кој ми треба по најдобра цена на пазарот, и јас и ти и многу други ќе го свиткаат опашот на принципите и ќе купат од таму.

3. Александар ја добил целата сума што ја платил. Воопшто не е во загуба. Нексио ја изгубиле сумата што ја платиле за набавка и сумата што ја добиле од Александар.

4. Само затоа што не се овластени дилери на WD или на било кој бренд не значи дека се на ниво на мобиларите. и WD самите по себе не се некој бренд познат по чест и поддршка за купувачите. Всушност е еден од поконтраверзните брендови на пазарот.

1. Не ми треба да знам инсајдерски. Ако не ме третираат како потрошувач што плаќа фул сума, тогаш ќе си купувам во странство. Барем за мене лично не е проблем.
2. Не го разбра муабетот за бренд евангелисти...
3. Нексио не изгубиле ништо, ќе си активираат RMA и ќе си добијат два диска во вредност од 24.000 денари, на вратените 9.000 денари од Александар. Или ти имаш инсајдерски информации дека се во загуба со ова?
4. Ако не се овластени, тогаш се точно на ниво на мобиларите. И таму ќе добиеш локална безвезна гаранција, а за Apple дури и ќе добиеш интернационална по дифолт. Уствари во право си, мобиларите се над нив, барем поевтино од овластените цени даваат за компромисот што го правиш. Овде плаќам фул WD цена за да добијам шверцерски услови на поддршка.
 
1 и 4 ќе ти ги врзам во едно.
Плаќаш фул WD цена заради големите давачки (транспорт, данок, ддв) и МАЛИОТ обрт. Набавната цена за 10, 15, 25 или 100 парчиња и 1.000.000 не е иста. Тоа е Македонија. Бујрум купувај во странство. Купи и ДИРЕКТНО од WD и види и увери се сам каква поддршка ќе добиеш. Бидејќи не знаеш, можеш само да сонуваш и да претпоставуваш дека ќе биде подобра. Најверојатно нема. Читни малку по странски форуми и ќе видиш стотици искуства полоши од ова на Александар со Нексио.
2. not worth it
3. како побогу ти знаеш дека ќе активираат RMA? Како ?! Само претпоставуваш и тврдиш со цел да и наштетиш на фирмата.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
Нејсе, @D или некој друг сигурно може да издејствува некаков официјален допис од Нексио што можеби ќе ја појасни целата ситуација подетално.
Мал пазар сме за Нексио на ИТ Форумов (0.1% од инсајдерски извори), ќе не игнорираат они нас како нив големите играчи.... :D
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
1 и 4 ќе ти ги врзам во едно.
Плаќаш фул WD цена заради големите давачки (транспорт, данок, ддв) и МАЛИОТ обрт. Набавната цена за 10, 15, 25 или 100 парчиња и 1.000.000 не е иста. Тоа е Македонија. Бујрум купувај во странство. Купи и ДИРЕКТНО од WD и види и увери се сам каква поддршка ќе добиеш. Бидејќи не знаеш, можеш само да сонуваш и да претпоставуваш дека ќе биде подобра. Најверојатно нема. Читни малку по странски форуми и ќе видиш стотици искуства полоши од ова на Александар со Нексио.
2. not worth it
3. како побогу ти знаеш дека ќе активираат RMA? Како ?! Само претпоставуваш и тврдиш со цел да и наштетиш на фирмата.
1-4. Фала ти, ќе купувам во странство.
3. Како па ти знаеш дека нема да активираат и дека се во губиток?

Логично е ако купиле од WD, да може да активираат и тоа е математиката која е во игра.

Како ги напраивте Нексио на крај уште услуга ни вршат, тогаш дајте да направиме јак регионален играч како Жирафа и да имаме права како потрошувачи. Вака искача Нексио бараат дискови, овие од WD ги шуткаат им викаат еве ви овие 50 што ни паднаа од камион и изгубете ни се да не ве гледаме веќе.
Мислењето е автоматски споено:

Добил нов диск, со нова гаранција која на крај исто ќе биде изиграна.
Не разбираш, едноставно @AleksandarT нема среќа. Да беа поевтини цените сега, пример дискот да му беше 100 еур, сигурен сум дека Нексио ќе му ги вратеа парите повторно, он ќе си купеше нов диск, со нова гаранција и ќе беше 3.000 денари побогат.

Ама тоа е пуста среќа...
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
1-4. Фала ти, ќе купувам во странство.
3. Како па ти знаеш дека нема да активираат и дека се во губиток?

Логично е ако купиле од WD, да може да активираат и тоа е математиката која е во игра.
1-4 Навистина те охрабрувам да купуваш. Додај 5% царина и 18% данок, чекај 10/15 дена додека да ти стигне, моли се на некого при достава во пошта да не му падне и плаќај транспорт кога ќе се расипе. Навистина те охрабрувам да не купуваш од ниту една македонска фирма за ит опрема. Признај дека сепак ќе ја свиткаш опашката и ќе појдеш до најбилската ИТ продавница.
3. Нема да ти ги откријам професионалните тајни, се обидов да ви дадам малку insight да не бидете толку заслепени ама очигледно џабе.
 
Тоа што професионално си вклучен во индустријата не ти е предност во случајов, напротив уште толку те ограничува во размислувањата. Кога муабетот оди во насока „абе знаеш тоа е, немате алтернативи скапете“, тогаш треба да се запрашаш дали може и дали треба подобро.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Крајно земено, цел на секоја продавница е да изгради добар однос со муштериите. Добар публицитет. Вакви анегдоти прават лош публицитет. Значи во равенката влегува не само зијанот од неодобрената замена на дискот, правиот зијан е лошиот публицитет.

Кога некој што си ги цени парите одлучува од каде да купи, еден од факторите е и репутацијата на продавницата. Затоа одредени компании идат со пониски цени (помали маржи) пошто се на релативно лош глас.

Они (нексио) со таа една „заштеда“ направиле многу поголем зијан од тоа.
Претходно маркетинг стратегијата им беше - препораки од муштериите. Задоволни муштерии ја фалат продавницата по пријатели, познаници, и онлајн.
Сега обратното се дешава, незадоволни муштерии прават негативен фидбек онлајн и по познати. Негативен фидбек кој едноставно (и релативно евтино) можел да биде избегнат со замена, или барем понудување дилерска цена за дискот што го имале на лагер. Како да завртиш, лош потег направиле.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Дали една ваква постапка ќе им го потоне бизнисот ? Апсолутно не.
Па една не, али од неколку да. После мое искуство со нив и на OP на темава, барем на 15-20 души коишто не се корисници на форумов а гледаат периодов да прават компјутер им имам кажано да се оддалечат од Нексио... ако вака си продолжат реално има добра шанса да стане во „Апсолутно да“
Сеуште никој немал никакво искуство на сервис со нив, можеби ќе излезат и полоши од нексио. ;)
Ваква фантазија ни Џорџ Лукас не би можел да осмисли..
Мислењето е автоматски споено:

1. Со ова докажуваш дека буквално немаш појма што се случува со индустријата за ИТ опрема. Носиш заклучоци и шириш дезинформации без НИКАКВА инсајдерска информација. За разлика од тебе што си вмешан од друга страна, јас сум директно вмешан (од прва страна што би рекол ти) (немам допирна точка со Нексио патем) и ти кажувам дека за малиот обрт што го прави нашата држава поделен на неколку фирми, на многу малку производители им е гајле што се случува тука и многу малку од нив нудат било каква поддршка. Според тебе чим нема поддршка, сигурно е „СОМНИТЕЛЕН“ каналот на набавка. Sorry, it doesn't work like that.

2. Форумов е 0.01% од потрошувачите во Македонија, и влијанието е многу многу помало од што мислиш. Еве за пример @xenon пред неколку месеци им се налути на Анхоч и јавно ги критикуваше дека не му дале дилерска цена, па еве гледам почнаа да ги затвараат сите продавници.
А и не сите на форумов се согласуваат дека ова е некаква голема превара. Лично постапкава нема да ме спречи да купам од кај нив. Кога ќе имаат одреден производ кој ми треба по најдобра цена на пазарот, и јас и ти и многу други ќе го свиткаат опашот на принципите и ќе купат од таму.

3. Александар ја добил целата сума што ја платил. Воопшто не е во загуба. Нексио ја изгубиле сумата што ја платиле за набавка и сумата што ја добиле од Александар.

4. Само затоа што не се овластени дилери на WD или на било кој бренд не значи дека се на ниво на мобиларите. и WD самите по себе не се некој бренд познат по чест и поддршка за купувачите. Всушност е еден од поконтраверзните брендови на пазарот.
Anhoch Vs Neksio
1767871546269.png
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
3. Александар ја добил целата сума што ја платил. Воопшто не е во загуба. Нексио ја изгубиле сумата што ја платиле за набавка и сумата што ја добиле од Александар.

Вака баш и не работи вредност на парите од пред 2 години. Реалната вредност е таа на новиот диск, можеби малку помала.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
Vlad944

lurker
3 март 2015
781
1.744
Доколку Нексио се во загуба како што се тврди тука за политиката каде производителот како WD не прифаќал назад нивни производи поради дефект истот би важело за Asus,Beko,Gorenje,Samsung,ST итн.
Зашомие тогаш гаранцијата од 2-3 години а и основачите на продавнициве како Анхоч,Сетек,Нептун кои ги има на секој ќош не би се ширеле.
Како излегуваат на крај со нашиов народ кога ќе им се расипи климата,веш машината,лаптопот итн.
Сите пари враќаат?
 
За шкартоината ST маржата е толкава да можат секој уред по два пати да го менуваат. Ако цените рипнат на Asus Beko Gorenje Samsung, верувајте истото ќе ве снајде како Александар, без разлика од која фирма сте купиле.
Мислењето е автоматски споено:

Тоа што професионално си вклучен во индустријата не ти е предност во случајов, напротив уште толку те ограничува во размислувањата. Кога муабетот оди во насока „абе знаеш тоа е, немате алтернативи скапете“, тогаш треба да се запрашаш дали може и дали треба подобро.

„абе знаеш ќе купувам од косово, грција и компјутерски универзум затоа што се по фер и поефтини“

- нема ниту едно искуство со нив и не купува од Косово, Грција и компјутерски универзум.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно