Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Нарачка од интернет (царина, данок)

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
Сакам да го нарачам рутерот од подолу од Амазон.ком. Ме интересира дали во Estimated Import Charges го вклучува нашиот ДДВ или би имал дополнителни трошоци кај нас? Оваа ставка процентуално изнесува 18%, точно колку што е нашето ддв. Благодарам

Јас имав слична нарачка, каде што сите давачки беа платени преку амазон а каде што не доплатив ништо кај нашиве(intime.mk). Само ми бараа документи за царинска постапка и опис на пратката.
this .. kako sto pisuva izracunato i plateno ti e unapred, UPS ke ti stinge i ke te baraat od InTime tuka samo da popolnis dokumenti/izjava za vrednost i sl. Od koga ke pominat carina ke ti isporacat doma.
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.148
3.022
@hicuxx @VerGer
Момци, а колкави се шансите, ако пишат дека шипингот е $21 кај нас кога ќе дојде да биде многу поскап?

Што е со производите каде не се наведени Import Charges? Кога ќе дојдат кај нас да не ја преземе постапката некој друг освен Intime па да треба да плаќам лежарини или да се акам на другиот крај од градот?

Фала ви на информациите. Амазон си го имав тргнато на страна, ама ова отвара многу опции. За некои производи излегува поефтино и од Алиекспрес
 
"... е под режим на F/D (Free Domicile), што значи дека сите давачки и трошоци за оваа пратка се веќе покриени од страна на испраќачот.

Сепак, согласно со Царинскиот закон на Република Северна Македонија, секоја увозна пратка мора да помине низ задолжителна царинска постапка, дури и кога нема дополнителни давачки за примачот.
Ве уверуваме дека оваа постапка нема да предизвика никакви дополнителни трошоци за Вас, но е неопходно да се заврши за да може пратката да биде испорачана."
ако си е наведено тоа е тоа .. само пополнуваш папири кога ќе стигне и чекаш да се испроцесира. Ако не се наведени трошоците ондак има ризик дека сам ќе треба да си бркаш се кога ќе стигне тука како и секоја останата пратка од страна. Ама тоа ти се има десено на amazon.com? или на друга локација ко amazon.de и сл.?
мислам дека и на амазон.ком е можно кај некој испраќачи, ако не стои дека амазон е тој што испраќа/процесира.
 
Освен купување книга, други искуства со Амазон немам. Ти благодарам на информациите
 
mak

hello world
15 април 2009
126
62
Имам пратка од Кина од алиекспрес што е притстигната во царина на 04.12. сега е 22.12. три недели во царина. Страшно. И им плаќаме од наши пари да работат, и чекаш 3 недели во скопје пратката. Страшно.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Имам пратка од Кина од алиекспрес што е притстигната во царина на 04.12. сега е 22.12. три недели во царина. Страшно. И им плаќаме од наши пари да работат, и чекаш 3 недели во скопје пратката. Страшно.
Прати им фактура, они чекаат ти да поднесеш документи за царинење.
 
mak

hello world
15 април 2009
126
62
Си ја земав пратката и си платив царина и ддв. Случајно во декларацијата забележав дека наместо долари, пратката ја пресметале во евра. Шо значи повеќе давачки, со оглед шо доларот е доста понизок. Како е можно до толку да се невнимателни? Типична државна паразитска бирократска работа.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Си ја земав пратката и си платив царина и ддв. Случајно во декларацијата забележав дека наместо долари, пратката ја пресметале во евра. Шо значи повеќе давачки, со оглед шо доларот е доста понизок. Како е можно до толку да се невнимателни? Типична државна паразитска бирократска работа.
Ништо не е случајно...
 
kloki

hello world
24 јули 2015
330
74
На крајот од интервјуто ја прашаа министерката за ова прашање, кажа дека нема да има никакви промени во постапката т.е испораките ќе си бидат како и до сега

Да ми појасните ако министерката за финансии објаснува дека шпедитерските компании кои ќе ги превземаат трошоците при набавка на производи од страна на населението онлајн,зошто тогаш не спомна дека ќе воведат плаќање царина и данок при секој увоз до 20евра? (интервјуто беше пред да се воведе таа одредба по 18,12,25).
Како е можно ако вредноста на производот е 0 да наплаќаат било каков трошок за тоа? (Македонија и се е можно)
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.931
8.426

Затоа што се лоповска багра научени да живеат на грбот на работникот и никако поинаку!
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
214
261
Да ми појасните ако министерката за финансии објаснува дека шпедитерските компании кои ќе ги превземаат трошоците при набавка на производи од страна на населението онлајн,зошто тогаш не спомна дека ќе воведат плаќање царина и данок при секој увоз до 20евра? (интервјуто беше пред да се воведе таа одредба по 18,12,25).
Како е можно ако вредноста на производот е 0 да наплаќаат било каков трошок за тоа? (Македонија и се е можно)
нема нешта со 0 вредност. тоа што не си платил не значи дека е без пари. не е фер, но така се поставени работите тука. јасно ми е дека тоа е начин да се запрат луѓе што ќе сакаат да прават злоупотреби при увоз прикажувајќи фактура со помал износ (или износ нула). но тука не се зема во обзир тоа дека има нешта што навистина се пратени бесплатно и нефер наплаќаат давачки од други луѓе.

на претходната работа каде што бев (ова го имам негде низ форумот пишувано), имавме машина од Италија. се расипа некој дел додека уште беше под гаранција. од производителот ни пуштија заменски дел со фактура со наведена вредност и посебно нагласено дека нема да се наплати ништо бидејќи станува збор за заменски дел во гарантен рок. ИнТајм и царина го заглавија пакетот и на крај газдата се согласи да не се расправа туку да плати 20-30 евра давачки само да го добиеме делот побрзо.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв