Истиот рент и вент сакав да го пишам пред некое време пред две недели.Рант/Вент, како сакате гледајте го.
Халк блокираат сметка поради неажурирани податоци без никакво известување (а јас сум во странство).
Ги контактирам, го кажуваат горенаведеното и ме упатуваат на OneId.
За среќа го имам инсталирано, се измачив за да се регистрирам на NLB со него.
Го пуштам OneId и ја јавува грешкава.
Им пишувам пак на Халк за проблемов, ме упатуваат на страната на КИБС да побарам поддршка.
Пишувамана КИБС и нормално не одговараат.
Се откажувам.
Се враќам во МК.
Пробувам пак и пак истата грешка.
Деинсталирам OneId, реинсталирам, ми бара лозинка.
Внесувам лозинка, вика нов уред?!?!?!
ОК, ајде, дозволи да го избришам стариот уред иако е истиот (да не пцујам тука) телефон.
И, штама... нема SMS. На А1 сум.
Да им се (ај да не пцујам тука) и на Халк и на OneId и кој го измислил и кој го одржува и кој дава подршка...
И така...
Се мислам да испозатворам сметки во Халк пошто и картичките не им поминуваат секаде (посебно онлајн), ама не сум се решил пошто само они имаат Garmin pay во моментов.
Сакав тогаш но еве ме сега, воедно даискористам прилика да прашам и се едуцирам, дали е некако регулирано, правилно и/или нормално да блокираш сметка на корисник заради неажурирани податоци?
Се сомневам дека штом го прават ова се правно покриени, и дека оваа клаузула е напикана некаде во договорите при отворање на сметката.